Одрекување од одговорност

Софтверот и документацијата во оваа збирка на „Безбедност во кутија“ се обезбедени какви што се и ги исклучуваме и изрично се одрекуваме од сите експлицитни и имплицитни гаранции или услови, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на имплицитните гаранции што се однесуваат на погодност за продажба и соодветност за одредена намена, до степенот дозволен за оваа изјава за одрекување од одговорност. Во никој случај Front Line Defenders, Tactical Technology Collective или кој било застапник или нивни претставници нема да бидат одговорни за какви било директни, индиректни, случајни, специјални, казнени или консеквентни штети (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, набавка на заменски стоки или услуги; загуба на употреба, податоци или профит, или прекин во работењето), предизвикани под каква било теорија на одговорност, произлегувајќи на кој било начин поради употребата или неможноста да се употребува овој софтвер, дури и доколку сте биле предупредени дека постои можност да настане таква штета. Ништо од содржаното во оваа изјава за одрекување од одговорност не влијае врз вашите законски права.