Поимник

Some of the technical terms that you will encounter, as you read through these chapters, are defined below:

  • Android: оперативен систем со отворен код, базиран на Linux, за паметни телефони и таблет-компјутери, развиен од Google.

  • APG: ССОК апликација за паметните телефони со Android што олеснува шифрирање OpenPGP. Може да биде интегриран со K9 Mail..

  • .apk file: наставка за датотека што се користи за апликациите на Android.

  • App Store (Продавница за апликации): стандардното складиште каде што можат да се пронајдат и да се преземат апликации за iPhone

  • Avast - бесплатна антивирусна алатка.

  • Basic Input/Output System (BIOS) - првото и најдлабоко ниво на софтвер на компјутерот. БИОС ви овозможува да поставите многу напредни параметри поврзани со хардверот на компјутерот, вклучувајќи и лозинка при подигањето на системот.

  • ; BlackBerry: бренд на паметни телефони кои работат на оперативен систем BlackBerry развиен од компанијата Research In Motion (RIM).

  • Црна листа -листа на блокирани веб-локации и други интернет-услуги до кои не може да се пристапи поради ограничувачката политика за филтрирање.

  • Bluetooth - физички безжичен комуникациски стандард за размена на податоци на мало растојание, од фиксни и мобилни уреди. Bluetooth користи пренос со кратки радиобранови.

  • Подигање - вклучување/стартување на компјутерот.

  • CCleaner - бесплатна алатка која отстранува привремени датотеки и потенцијално чувствителни отпечатоци, кои останале на тврдиот диск од програмите што сте ги користеле неодамна и од оперативниот систем Windows.

  • ЦД-режач - компјутерски ЦД-РОМ-уред кој може да запишува податоци на празни ЦД дискови. ДВД-режачите можат да го направат истото со празни ДВД-дискови. Уредите CD -RW и DVD-RW можат да бришат и презапишуваат информации повеќе од еднаш на истиот CD-RW или DVD-RW диск.

  • Заобиколување - заобиколување на интернет-филтрите за да се добие пристап до блокирани интернет-локации и други интернет –слуги.

  • Clam Win - ССОК антивирусна програма за Windows

  • Cobian Backup - ССОК алатка за создавање резервни копии. Најновата верзија на Cobian бесплатен софтвер е со затворен код, но претходните верзии се објавени како слободен софтвер.

  • Comodo Firewall - бесплатна алатка за заштитен ѕид

  • Колаче -мала датотека, зачувана на компјутерот од прелистувачот, која се користи за складирање информации, или за да ве идентификува, за одредена веб-локација.

  • Cryptonite: слободен софтверза шифрирање датотеки на паметни телефони со Android.

  • Дигитален потпис - начин на користење на шифрирањето за да се докаже дека одредена датотека или порака навистина била испратена од личноста која тврди дека ја испратила.

  • Име на домен - адресата, со зборови, на една веб-локација или интернет-услуга; на пример: www.securityinabox.org

  • EDGE, GPRS, UMTS: Enhanced Data Rates for GSM Evolution (Подобрен проток на податоци за GSM Evolution,), General Packet Radio Service Генерален пакет на радио услуги) и Universal Mobile Telecommunications System (Универзален мобилен телекомуникациски систем ) – технологија која им овозможува на мобилните уреди да се поврзат на интернет.

  • Шифрирање - начин на користење паметна математика за шифрирање или мешање информации, така што тие можат да се дешифрираат и прочитаат само од ние лица кои имаат конкретни информации,  како на пример лозинка или клуч за шифрирање.

  • Enigmail - додаток за програмата за е-пошта Thunderbird што овозможува испраќање шифрирани и дигитално потпишани е-пораки

  • Eraser - алатка која безбедно и трајно брише информации од компјутерот или преносните уреди за складирање.

  • F-Droid: алтернатива на складиште од каде што можат да се преземат и пронајдат голем број на апликации како слободен софтвер за Android.

  • &Firefox - Популарен прелистувач на веб содржини со ССОК, како алтернативно решение за Internet Explorer од Microsoft

  • Заштитен ѕид - алатка што го штити вашиот компјутер од недоверливи врски од или до локалните мрежи и интернет.

  • Слободен софтвер со отворен код (ССОК ) - oваа фамилија на софтвер е бесплатна и нема законски ограничувања кои би го спречиле корисникот да ја тестира, сподели или измени.

  • Бесплатен софтвер „Freeware“ - тука е вклучен бесплатниот софтвер кој подлежи на законски или технички ограничувања кои ги спречуваат корисниците да пристапат до изворниот код кој се користел за да биде создаден.

  • Gibberbot: ССОК апликација за Android која ги олеснува безбедните разговори преку протоколот XMPP (што го користи и Google Talk). Компатибилен е со Off-the-Record и, кога се користи во комбинација со Orbot, може да ги насочи разговорите низ мрежата на Tor.

  • Google Play: стандардното складиште каде што можат да се пронајдат и преземат апликациите за Android.

  • GNU/Linux - ССОК оперативен систем како алтернатива на Microsoft Windows

  • Глобален систем за позиционирање (GPS) - глобален сателитски систем за позиционирање во просторот што обезбедува информации за локацијата и времето во сите годишни времиња, или секаде на или до планетата Земја, каде што има (речиси) непречен поглед на небото.

  • Guardian Project: организација што креира апликации за паметни телефони, додатоци и приспособувања за оперативниот систем на мобилните уреди за подобрување на нивната приватност и сигурност.

  • Hacker - во овој контекст, злонамерен компјутерски криминалец кој можеби се обидува да пристапи до вашите чувствителни информации или од далечина да ја преземе контролата над вашиот компјутер.

  • iPhone: бренд на паметни телефони дизајнирани од Apple, кои работат со оперативниот систем на Apple iOS..

  • Адреса на интернет протокол (ИП-адреса) - единствен идентификатор доделен на компјутерот кога е поврзан на интернет.

  • Давател на интернет-услуги (ИСП) - компанијата или организација која го овозможува вашето прво поврзување на интернет. Владите на многу земји имаат контрола над интернетот, користејќи средства како филтрирање и надзор, преку ИСП кои постојат во тие земји.

  • Инфрацрвена порта за размена на податоци „Infrared Data Association (IrDA) - стандард за физичка безжична размена на податоци на краток опсег, со користење на спектар инфрацрвена светлина. IrDA се заменува со Bluetooth во современите уреди.

  • Java апликации (Applets) - мали програми кои можат да работат во многу оперативни системи и на повеќе платформи. Тие често се користат за да се подобри функционалноста во склоп на веб-страниците.

  • Jailbreaking: процесот на отклучување функции на iPhone кои инаку се блокирани од производителот или мобилниот оператор со цел да се добие целосен пристап до оперативниот систем.

  • K9 Mail: ССОК клиент за е-пошта за паметни телефони со Android, кој овозможува OpenPGP шифрирање кога се користи со апликацијата APG..

  • Keylogger - вид шпионски софтвер кој чува записи за тоа кои копчиња сте ги притиснале на тастатурата на вашиот компјутер и ги испраќа овие информации до надворешни субјекти. Keylogger често се користи за да украде лозинки од е-пошта или други кориснички сметки.

  • KeePass - бесплатен софтвер за безбедно чување лозинки

  • LiveCD - ЦД кое му овозможува на вашиот компјутер привремено да стартува друг оперативен систем.

  • Злонамерен софтвер - општ термин за сите видови злонамерен софтвер, вклучувајќи вируси, шпионски софтвер, тројанци и слични закани.

  • Мнемониски уред - едноставен трик што може да ви помогне да запаметите комплексни лозинки.

  • NoScript - безбедносен додаток на прелистувачот Firefox кој го штити од злонамерни програми кои може да бидат присутни на непознати веб-страници.

  • Obscuracam: ССОК апликација за паметни телефони со Android, која го заштитува идентитетот на луѓето, овозможувајќи уредување како што е заматувањето на лицата на фотографии.

  • Orbot: ССОК апликација за паметни телефони со Android која овозможува апликациите како Orweb и Gibberbot да се поврзат на мрежата на Tor.

  • Orweb: ССОК веб-прелистувач за паметни телефони со Android кој, кога се употребува во комбинација со Orbot, олеснува прелистување преку мрежата на Tor.

  • Off the Record (OTR) - дополнителна компонента за шифрирање за програмата Pidgin за размена на инстант-пораки.

  • Peacefire - претплатниците на овој бесплатен сервис добиваат периодични пораки кои содржат ажурирана листа на прокси-сервери за заобиколување на интернет-цензура.

  • Физичка закана - во овој контекст, секоја закана за вашите чувствителни информации која резултира од директниот физички пристап до хардверот на  компјутерот од други лица, или од други физички ризици како на пример кршење, несреќи и природни катастрофи.

  • Pidgin - ССОК алатка за размена на инстант-пораки  која поддржува дополнителна компонента за шифрирање наречена Off the Record (OTR).

  • Прокси-сервер - услуга за посредување преку која можете да пренасочите дел или целата интернет-комуникација и која можете да ја користите за да ја заобиколите цензурата на интернет. Прокси-серверот може да биде јавен, или можеби ќе треба да се најавите со корисничко име и лозинка за пристап до неа. Само некои прокси сервери се безбедни, што значи дека тие користат шифрирање за заштита на приватноста на информациите што минуваат меѓу вашиот компјутер и интернет-услугите на кои ќе се поврзете преку прокси-серверот.

  • Комерцијален софтвер - спротивно на слободниот софтвер со отворен код (ССОК ). Овие апликации вообичаено се комерцијални, но можат да бидат и бесплатни, со одредени ограничувања во лиценцата.

  • RiseUp -услуга за електронска пошта што ја администрираат активисти, до која може да се пристапи преку интернет-страница за е-пошта или преку клиент за е-пошта, како на пример Mozilla Thunderbird.

  • Насочување: процесот на отклучување карактеристики на Android телефон кои инаку се блокирани од производителот или мобилниот оператор, со цел да се добие целосен пристап до оперативниот систем.

  • Насочувач -парче опрема за мрежно поврзување преку која компјутерите се поврзуваат со нивните локални мрежи и преку кои различни локални мрежи пристапуваат до интернет. Прекинувачи, портали и хабови извршуваат слични задачи, како и безжични пристапни точки за компјутерите кои се соодветно опремени да ги користат.

  • База на податоци за безбедно чување лозинки - алатка што може да ги шифрира и да ги складира вашите лозинки користејќи една единствена главна лозинка.

  • Secure Sockets Layer (SSL) - технологијата која ви овозможува да одржувате безбедна, шифрирана врска меѓу компјутерот и некои од веб-локациите и интернет-услугите што ги посетувате. Кога сте поврзани со веб-локација преку SSL, адресата на веб-локацијата започнува со HTTPS наместо со HTTP.

  • Безбедносен сертификат - начин за безбедните веб-локации и други интернет-услуги да докажат, со употреба на шифрирање, дека се оние за коишто се претставуваат. За вашиот прелистувач да прифати еден безбедносен сертификат како валиден, услугата мора да плати за дигитален потпис од веродостојна организација. Бидејќи за ова се потребни пари кои некои оператори на услуги не се подготвени, или не можат, да ги потрошат, повремено ќе видите грешка во безбедносниот сертификат дури и кога користите валидна услуга.

  • Безбедносна политика - писмен документ што опишува како вашата организација може најдобро да се заштити од разни закани, вклучувајќи и листа на чекори што треба да се преземат ако се случат одредени настани поврзани со безбедноста.

  • Безбедносен кабел - кабел за заклучување кој може да се користи за да се прицврсти лаптопот или друг хардвер, вклучувајќи ги надворешните тврди дискови и некои статични компјутери, на некој ѕид или биро, за да не може физички да се отстрани.

  • Сервер - компјутер што останува вклучен и поврзан на интернет за да обезбеди некоја услуга, како на пример вдомување на веб-страница или испраќање или примање е-пошта, за употреба од други компјутери.

  • СИМ-картичка - мала, пренослива картичка што може да се стави во мобилен телефон за да обезбеди услуга од одреден оператор за мобилна телефонија. Исто така, на СИМ-картичките можат да се чуваат телефонски броеви и текстуални пораки.

  • Skype - бесплатна алатка за говорна комуникација преку интернет (VoIP) што ви овозможува бесплатно да разговарате со други корисници на Skype и да правите телефонски повици за одредена сума. Компанијата што го одржува Skype тврди дека разговорите со други корисници на Skype се шифрирани. Бидејќи е алатка со затворен извор, не постои начин да се провери ова, но многу луѓе веруваат дека е вистина. Исто така, Skype поддржува размена на инстант-пораки.

  • Изворен код - основниот код, напишан од компјутерски програмери, што дозволува создавање софтвер. Изворниот код за одредена алатка ќе открие како работи таа и дали е несигурна или злонамерна.

  • Spybot - бесплатна алатка со протившпионски софтвер што скенира, го отстранува и помага да го заштитите компјутерот од шпионски софтвер.

  • Стеганографија - секој метод на маскирање на чувствителни информации да личат како нешто други за да избегнете да привлечете несакано внимание на нив.

  • Помошна датотека - датотека на вашиот компјутер во која повремено се зачувуваат информации, кои би можеле да бидат чувствителни, со цел да се подобри работењето.

  • Textsecure: ССОК апликација за Android што го олеснува шифрираното испраќање и складирање на текстуални пораки.

  • Thunderbird - ССОК програма за е-пошта со неколку функционалности за подобрување на безбедноста, вклучувајќи и поддршка за додатокот за  шифрирање Enigmail.

  • Tor - алатка за анонимност што ви овозможува да ја заобиколите цензурата на интернет и да ги скриете веб-локациите и интернет-услугите кои ги посетувате, од сите кои можеби ја надгледуваат вашата интернет-врска, и во исто време да ја скриете сопствената локација од овие веб-локации.

  • TrueCrypt - ССОК алатка за шифрирање на датотеки која ви овозможува безбедно да складирате чувствителни информации.

  • Undelete Plus - бесплатна алатка која некогаш може да ги врати информациите кои ненамерно сте ги избришале.

  • Uninterruptable Power Supply (UPS) - опрема што ви овозможува најважните делови од хардверот да продолжат со работа, или да се исклучат постепено, во случај на брзо губење на напојување.

  • VautletSuite 2 Go - бесплатна шифрирана програма за е-пошта.

  • Voice over IP (VoIP) - технологијата што ви овозможува да го користите интернетот за гласовна комуникација со други корисници на гласовна комуникација и телефони.

  • Бела листа (Whitelist) - листа на веб-локации или интернет-услуги до кои е дозволена некоја форма на пристап, кога други страници се автоматски блокирани.

  • Windows телефон: паметен телефон со оперативен систем развиен од Microsoft.

  • Пребришување - процесот на безбедно и трајно бришење на информации.

  • Your-Freedom - бесплатна алатка за заобиколување која ви овозможува да ги заобиколите филтрите со поврзување на интернет преку приватен прокси-сервер. Ако Your-Freedom се конфигурира правилно, вашата врска до овие прокси сервери ќе биде шифрирана за да се заштити приватноста на комуникацијата.