8. Како да останете анонимни и да ја заобиколите цензурата на интернет

Содржина

...Loading Table of Contents...

    Многу држави во светот имаат инсталирано софтвер кој ги спречува корисниците на интернет во тие држави да пристапат до одредени веб-страници и интернет услуги. Фирмите, училиштата и јавните библиотеки често користат сличен софтвер да ги заштитат своите вработени, студенти и покровители од содржини кои сметаат дека се непогодни или штетни. Постојат многу различни видови на таквата технологија за филтрирање. Некои филтри блокираат страница врз основа на нејзината ИП адреса, додека други блокираат одредени имиња на домени или пребаруваат низ целата нешифрирана комуникација на интернет, барајќи специфични клучни зборови.

    Без разлика кои методи на филтрирање се користат, скоро секогаш можат да се избегнат со посредни компјутери кои се наоѓаат надвор од државата, за да стасаат до блокираните услуги. Овој процес често се нарекува заобиколување на цензурата, или едноставно заобиколување,, и посредните компјутери се нарекуваат прокси-сервери. Исто така постојат многу видови на прокси-сервери. Ова поглавје вклучува куса искусија на мрежи за анонимност поддржани од повеќе прокси-сервери, а по тоа потемелен опис на едноставните форми на заобиколување прокси-сервери и како тие работат.

    И двата методи се ефективни начини да се избегнат интернет филтрите, но првиот е поприкладен доколку сте спремни да ја жртвувате брзината за да постигнете поголема анонимност на сите активности на интернет. Доколку го познавате или му верувате на поединецот, или организацијата, кој работи со прокси-сервеот, или доколку работењето ви е поважно од анонимноста, тогаш подобро ќе биде да користите едноставни методи на заобиколување и прокси-сервер.

    Пример на сценарио

    Мансур и Магда се брат и сестра, од арапска држава, кои одржуваат блог на кој анонимно објавуваат примери за злоупотреба на човековите права и лобираат за политички промени. Властите во нивната држава не успеале да ја затворат нивната веб-страница, бидејќи е вдомен во друга држава, но многу пати се обиделе да го дознаат идентитетот на администраторите на блогот, преку други активисти. Мансур и Магда се загрижени дека властите можат да ги следат нивните објави и да дознаат за кого се работи. Исто така, тие сакаат да се подготват за моментот кога владата ќе ја филтрира нивната веб-страница, не само за да можат да продолжат да ги ажурираат нејзините содржини, туку и да обезбедат добри совети за заобиколување на читателите во нивната сопствена земја, кои инаку би изгубиле пристап до блогот.

    Што може да научите од ова поглавје

    • Како да пристапите до веб-страница која е блокирана во вашата држава
    • Како да ги спречите веб-страниците кои ги посетувате да ја дознаат вашата локација
    • Како да се уверите дека ниту вашиот ИСП , ниту некоја организација за набљудување во вашата држава, може да одреди кои веб-страници и интернет услуги ги посетувате

    Што значи цензурата на интернет

    Истражувањето кое го прават организациите како OpenNet Initiative (ONI) (Иницијатива за отворен интернет) и [Reporters Without Borders (RSF) (Новинари без граници)](http://www.rsf.org/ укажува на тоа дека многу држави филтрираат голем број на содржини поврзани со социјални, политички прашања, и прашања од национална безбедност, но ретко објавуваат листи за тоа кои страници биле блокирани. Секако, оние кои сакаат да го контролираат пристапот до интернет на нивните граѓани, исто така се трудат да ги блокираат познатите прокси-сервери и веб-страници кои нудат алатки и упатства за помош на луѓето да ги заобиколат тие филтри.

    И покрај гаранција за слободен пристап до информации содржана во член 19 од Универзалната декларација за човекови права, бројот на земји вклучени во цензурата на интернет продолжува да се зголемува драматично во текот на изминатите неколку години. Како низ целиот свет се шири практиката на филтрирање на интернет содржините, така се зголемува и бројот на алатки за заобиколување алатки кои се создадени, поделени и објавени од активисти, програмери и волонтери.

    Пред да ги истражите различните начини на преминување на цензурата на интернет, треба прво да разберете како работат овие филтри. Така, би било добро да погледнете еден навистина едноставен модел кој ја отсликува вашата интернет-врска.

    Вашата интернет-врска

    Првиот чекор од вашето поврзување на интернет, вообичаено се прави <i>давател на интернет-услуги (ИСП) во вашиот дом, канцеларија, училиште, библиотека или интернет-клуб. ИСП му назначува на компјутерот ИП-адреса, која различните интернет услуги можат да ја користат за да ве идентификуваат и да ви испратат информации, како на пример адресите на е-пошта и веб-локациите кои ќе ги побарате. Секој кој ќе ја дознае вашата ИП-адреса може да открие во кој град се наоѓате. Меѓутоа некои доброповрзани организации во вашата земја, можат да ги искористат овие информации за да ја откријат вашата точна локација.

    • вашиот ИСП ќе знае во која зграда се наоѓате или која телефонска линија ја користите доколку пристапите до интернет преку модем.
    • Вашиот интернет-клуб, библиотека или компанија ќе знае кој компјутер сте го користеле во одредено време, како и која порта или на која безжична пристапна точка сте биле поврзани.
    • Владините агенции можат да ги дознаат сите овие детали, како резултат на нивното влијание врз организациите наведени погоре.

    Во оваа фаза, вашиот ИСП се потпира на мрежната инфраструктура во вашата држава за да ги поврзе своите корисници, вклучувајќи ве и вас, со остатокот на светот. На другиот крај на вашата врска, веб-страницата или интернет-услуга до која сте пристапиле, поминала низ сличен процес, бидејќи добила своја сопствена ИП адреса од ИСП во сопствената држава. Дури и без сите технички детали, овој основен модел може да ви биде од помош кога ќе размислувате за различните алатки кои можат да ви овозможат да ги заобиколите филтрите и да останете анонимни на интернет.

    Како се блокираат веб-страници

    Во основа, кога ќе отидете на одредена веб-локација, ја прикажувате ИП адресата на таа локација на вашиот ИСП и од него барате да ве поврзе со ИСП на веб-серверот. А, доколку имате нефилтрирана интернет-врска, прво ќе се консултира со црната листа на забранети веб-страници, а потоа ќе се одучи дали да го исполни вашето барање.

    Во некои случаи, може да постои централна организација која се занимава со филтрирањето на место на самите даватели на интернет услуги. Често, црната листа ќе содржи имиња на домени, како на пример www.blogger.com, наместо ИП адреси. И во некои држави, софтвер за филтрирање ја надгледува вашата врска, наместо да се обидува да блокира специфични адреси на интернет. Овој вид на софтвер минува низ барањата кои сте ги направиле и локациите кои ви биле дадени, пребарувајќи а чувствителни клучни зборови, а потоа одлучува дали да ви дозволи да ги видите резултатите.

    И за нештата да бидат уште полоши, кога една веб-локација е блокирана, вие можеби не ни знаете дека е така. Некои филтри прикажуваат 'block page' (блокирај ја локацијата) што објаснува зошто одредена локација била цензурирана, други пак прикажуваат лажни пораки за грешка. Овие пораки може да значат на пример дека страницата не може да биде најдена, или дека адресата била погрешно напишана.

    Општо земено, најлесно е најпесимистички да гледате на цензурата на интернет, отколку да се обидувате да ги пронајдете сите сили и слабости на технологиите за филтрирање кои се користат во вашата држава. Со други зборови, можете да претпоставите дека:

    • Вашиот сообраќај на интернет се набљудува во потрагата по клучни зборови
    • Филтрирањето е имплементирано директно на нивото на ИСП
    • Блокираните страници се ставени на црната листа со нивните ИП-адреси и имиња на домени
    • Може да ви биде дадена нејасна или грешна причина зошто не се појавува некоја блокирана страница.

    Бидејќи најефективните алатки за заобиколување може да се користат без разлика кои методи на филтрирање со поставени, нема никаква штета од тоа да се направат овие песимистички претпоставки.

    Мансур: Значи, ако некој ден забележам дека не можам да пристапам до блогот, но мој пријател во друга држава може да го види, дали тоа ќе значи дека државата го блокирала?

    Магда: Не мора да значи. Може да има некои проблем само за луѓето кои се обидуваат да пристапат до веб-страницата од тука. Или може да има некој проблем кај компјутерот кој се појавува само кај одредени видови веб-локации. Но добро размислуваш. Можеш и самиот да се обидеш да пристапиш до неа со употреба на алатка за заобиколување. Сепак поголемиот број од овие алатки се потпираат на надворешни прокси-сервери, што е слично на тоа да замолиш пријател во друга држава да тестира некоја веб-страница за тебе, но всушност ти самиот да го направиш тоа.

    Што значи заобиколување на цензурата

    Ако не можете директно да отидете на веб-страницата бидејќи е блокирана со еден од методите споменати погоре, ќе треба да пронајдете некој начин да ја заобиколите таа пречка. Безбедниот прокси-сервер, лоциран во држава која не го филтрира интернетот, може да обезбеди таков обиколен пат, преку преземање на веб-локациите кои сте ги побарале и да ви ги достави. Од перспективата на вашиот давател на интернет услуги (ИСП), едноставно ќе се чини дека комуницирате преку безбедна врска со непознат компјутер ( прокси-серверот) некаде на интернет.

    Секако владината агенција која е одговорна за цензурата на интернет во вашата држава (или компанијата која обезбедува надградби за софтверот кој го користи за филтрирање) може со тек на време да дознае дека овој „непознат компјутер“ е всушност прокси-сервер за заобиколување на филтри. Ако тоа се случи, неговата ИП адреса може да биде додадена на црната листа, и повеќе нема да функционира. Вообичаено потребно е некое време за успешно да се блокираат прокси-серверите, и оние кои ги создаваат и ажурираат овие алатки за заобиколување се свесни за оваа закана. Тие вообичаено се борат против ова со еден од следните методи:

    • Скриените прокси-сервери се потешки за идентификација. Ова е уште една од важните причините да користите безбедни прокси-сервери, кои не се толку очигледни. Меѓутоа шифрирањето е само дел од решението. Операторите на прокси-сервер мора исто така внимаваат кога ја откриваат нивната локација на новите корисници, ако сакаат да останат скриени.

    • Еднократните прокси-сервери можат да се заменат многу брзо откако ќе бидат блокирани. Во овој случај, процесот на информирање на корисниците како можат да најдат други прокси-сервери може да не е безбеден. Наместо тоа, алатките за заобиколување од овој вид само се обидуваат да го распределат новите прокси-сервери побрзо пред да ги блокираат.

    На крајот, сè додека можете да пронајдете прокси-сервер на кој му верувате дека ќе ги пронајде услугите кои ги барате, се што треба да направите е да му ги испратите вашите барања и да проверите што ќе добиете назад користејќи ја соодветната апликација за интернет. Вообичаено, деталите на овој процес се решаваат автоматски со софтвер за заобиколување кој се инсталира на компјутерот, преку изменување на поставувањата на вашиот прелистувач или преку насочување на вашиот прелистувач на интернет-базирана локација на прокси-сервер. Анонимната мрежа на Tor, опишана понатаму, го користи првиот метод. По тоа следи опис на основните алатки за заобиколување со еден прокси-сервер, секоја од кои работи на малку поразличен начин.

    Анонимни мрежи и основни прокси-сервери

    Анонимни мрежи

    Анонимните мрежи вообичаено го „префрлаат“ вашиот интернет-сообраќај меѓу неколку безбедни прокси-сервери со цел да ја скријат вашата локација и локацијата на страницата до која се обидувате да пристапите. Ова може значително да ја намали брзината со која можете да ги стартувате веб-страниците и други интернет-услуги. Меѓутоа, во случајот на Tor, исто така обезбедува сигурен, безбеден и јавен начин на заобиколување, кој ви овозможува да не се грижите дали можете да им верувате на поединците кои работат со вашите прокси-сервери и веб-страниците кои ги посетувате. Како и секогаш, морате да проверите дали имате шифрирана врска, HTTPS, до сигурна веб-страница, пред да разменувате чувствителни информации, како на пример лозинки и е-пораки, преку прелистувач.

    Ќе морате да инсталирате софтвер за да го користите Tor, но резултатот е алатка која овозможува анонимност, како и заобиколување на филтрите. Секој пат кога ќе се поврзете на мрежата на Tor, избирате случајна патека меѓу три безбедни Tor прокси-сервери. Ова овозможува ниту вашите ИСП ниту пак самите прокси-сервери да ја знаат и ИП-адресата на компјутерот, и локацијата на интернет услугите кои сте ги побарале. Можете да научите повеќе за оваа алатка од упатството за употреба на Tor.

    <div class="getstarted" markdown="1"> Практично упатство: Започнете со употреба на <br> Tor - Дигитална анонимност и заобиколување на интернет филтри </div>

    Една од силните страни на Tor е дека не работи само со прелистувачи, туку може да се користи со различни видови на софтвер за пристапување на интернет. Програмите за е-пошта како Mozilla Thunderbird, и програмите за размена на инстант-пораки како Pidgin, можат да работат преку Tor, или да пристапат до филтрирани услуги или да ја скријат вашата употреба на тие сервери.

    Основни алатки за заобиколување на интернет филтри и прокси-сервери

    Постојат три важни прашања кои треба да си ги поставите при изборот на основните алатки за заобиколување на интернет филтри и прокси-сервери. Прво, дали е алатка која побарува интернет врска, дали бара од вас да ги измените поставувањата или да инсталирате софтвер на компјутерот. Второ, дали е безбедна? И трето, дали е приватна или јавна?

    Сервери базирани на интернет и други прокси-сервери:

    Прокси-серверите базирани на интернет се најверојатно најлесни за употреба. Бараат само да го насочите вашиот прелистувач на веб-локација на прокси-сервер, да ја внесете филтрираната адреса која сакате да ја видите и да кликнете едно копче. Притоа прокси-серверот ќе ја прикаже бараната содржина во сопствената веб-локација. Можете да ги следите овие врски нормално или да внесете нова адреса во прокси-серверот ако сакате да погледнете друга локација. Не треба да инсталирате никаков софтвер или да смените поставувања на прелистувачот, што значи дека тие интернет-базирани прокси-сервери се:

    • Лесни за употреба
    • Употребливи од јавни компјутери, како на пример од интернет-клуб, кои може не дозволуваат инсталација на програми или промена на поставувањата
    • Потенцијално побезбедни ако сте загрижени дека ќе биде откриен софтверот за заобиколување на филтри на компјутерот

    Веб-базираните прокси-сервери имаат и одредени недостатоци. Не секогаш ги прикажуваат страниците правилно и многу веб-базирани прокси-сервери нема да ги прикажат комплексните веб-страници, вклучувајќи ги оние со аудио и видео содржини. Исто така, иако секој прокси-сервери ќе биде побавен со зголемувањето на бројот на корисниците, ова претставува поголем проблем за веб-базираните прокси-сервери. И секако веб-базираните прокси-сервери можат да се користат само со веб-локации. На пример, преку веб-базиран прокси-сервер не може да се користи програма за размена на инстант-пораки или клиент за е-пошта за пристап до блокирани услуги. И како последно, безбедните веб-базирани прокси-сервери нудат ограничена доверливост бидејќи самите мораат да пристапат до и да ги изменат информациите кои пристигнуваат до вас од веб-страниците кои ги посетувате. Доколку не го прават тоа, нема да можете да кликнете на некоја врска без да го напуштите прокси-сервеот и директно да се поврзете со целната веб-локација. Ова е повеќе објаснето во наредната секција.

    Другите видови на прокси-сервери вообичаено бараат да инсталирате програма или да конфигурирате надворешна адреса на прокси-сервер во вашиот прелистувач или оперативен систем. Во првиот случај, вашата програма за заобиколување на интернет филтри ќе ви понуди некој начин да ја исклучите/вклучите алатката, што ќе му каже на вашиот прелистувач дали да го користи тој прокси-сервер. Таквиот софтвер вообичаено овозможува автоматски да ги смените прокси-сервери, ако еден од нив е блокира, како што споменавме погоре. Доколку треба да конфигурирате адреса на надворешен прокси-сервер во вашиот прелистувач или оперативен систем, ќе треба да ја дознаете точната адреса на тој прокси-сервер, која може да се промени ако тој прокси-сервер биде блокиран или забави до тој степен што ќе стане неупотреблив.

    Иако овој вид сервер се чини малку потежок за употреба од веб-базиран прокси-сервер, овој метод на заобиколување точно ги прикажува покомплексните локации и подолго време ќе помине додека тој забави доколку повеќе лица започнат да го користат тој прокси-сервер. Исто така, прокси-сервери можат да се пронајдат за различни интернет апликации. Пример за ова се HTTP прокси-сервер за прелистувачи, SOCKS прокси-сервер за е-пошта и програми за разговор и ВПН прокси-сервер, кои можат да го пренасочат вашиот интернет-сообраќај за да избегнат филтрирање.

    Безбедни и небезбедни прокси-сервери:

    Еден безбеден прокси-сервер, во ова поглавје, се однесува на секој прокси-сервер кој поддржува шифрирани врски од неговите корисници. Еден небезбеден прокси-сервер ќе ви овозможи да заобиколите многу видови на филтри, но нема да ве заштити доколку вашата интернет врска биде скенирана за клучни зборови или конкретни адреси на веб-страници. Лоша идеа е да се користи небезбеден прокси-сервер кога пристапувате до веб-страници кои вообичаено се шифрирани, како на пример кориснички сметки на веб-базирани сервиси за е пошта и веб-страници за банкарство. Со ова можете да ги откриете чувствителните информации кои по правило се скриени. И како што споменавме претходно, несигурните прокси-сервер е полесно да бидат откриени и блокирани од оние кои го ажурираат софтверот и политиките за филтрирање на интернет. На крај, самиот факт дека постојат бесплатни, брзи и безбедни прокси-сервери значи дека не треба да се задоволите со несигурен сервер.

    Ќе знаете дека некој веб-базиран прокси-сервер е безбеден кога можете да пристапите до веб-локација која користи HTTPS адреса преку тој прокси-сервер. Исто како веб-услугите за е-пошта, може да поддржува безбедни и небезбедни врски, и затоа треба да проверите дали ја користите безбедната врска. Често во таквите случаи ќе треба да прифатите 'security certificate warning' (предупредување за сертификатот за безбедност) од вашите прелистувачи за да продолжите. Ова се случува кај прокси-серверите Psiphon2 и Peacefire, како што е објаснето. Овој вид на предупредувања ве известуваат дека некој, на пример вашиот ИСП или хакер, може да ја набљудува вашата врска до прокси-серверот. Покрај овие предупредувања, сепак добра идеа е кога можете да користите безбедни прокси-сервери. Меѓутоа, кога се потпирате на такви прокси-сервери за заобиколување на филтри, треба да избегнувате да користите безбедни веб-страници, внесување лозинки или размена на чувствителни информации, доколку не го потврдите SSL отпечатокот на прокси-серверот. Со цел да го направите ова, ќе треба да најдете начин да комуницирате со администраторот на прокси-серверот.

    Исто така треба да избегнувате да пристапувате до чувствителни информации преку веб-базиран прокси-сервер, доколку не и верувате на личноста која го администрира истиот. Ова важи без разлика дали ќе видите предупредување за сертификатот за безбедност кога ќе го посетите прокси-серверот. Ова важи и доколку го знаете операторот на прокси-серверот доволно добро за да го потврдите отпечатокот на серверот пред да го насочите вашиот прелистувач да го прифати предупредувањето. Кога се потпирате на само еден прокси-сервер за заобиколување, неговиот администратор секогаш ќе ја познава вашата ИП адреса и кои веб-страници ги посетувате. Меѓутоа она што е најважно е дека ако тој прокси-сервер е базиран на интернет, злонамерниот оператор би можел да добие пристап до сите информации кои поминуваат меѓу вашиот веб-прелистувач и веб-страниците кои ги посетувате, вклучувајќи ја содржината на вашата корисничка сметка на е-пошта и вашите лозинки.

    За прокси-сервери кои не се веб-базирани, можеби ќе треба да направите мало истражување за да утврдите дали се поддржани безбедни врски. Сите прокси-сервери и анонимни мрежи препорачани во ова поглавје се безбедни.

    Приватни и јавни прокси-сервери:

    Јавните прокси-сервери прифаќаат врски од сите извори, додека приватните прокси-сервери вообичаено бараат корисничко име и лозинка. Додека јавните прокси-сервери ја имаат очигледната предност да бидат слободно достапни, доколку можат да се пронајдат, често се случува навистина брзо да се преполнат. Како резултат на ова, иако јавните прокси-сервери можеби не се технички софистицирани и добро одржани како приватните, тие се релативно бавни. И за крај, приватните прокси-сервери се вообичаено водени или како комерцијални бизниси или од администратори кои создаваат кориснички сметки за корисници кои ги знаат лично или со кои контактираат. Поради оваа причина, лесно е да се открие што ги мотивира операторите на приватните прокси-сервери прокси-сервери. Меѓутоа не треба да претпоставите дека приватните прокси-сервери се почувствителни. Сепак, мотивот за остварување профит и во минатото ги навел онлајн услугите да ги откријат своите корисници.

    Едноставните, небезбедни , јавни прокси-сервери често можат да бидат пронајдени со пребарување на термини како 'јавен прокси-сервер' во некој пребарувач, но не треба да верувате во прокси-серверите откриени на овој начин. Доколку имате избор, подобро е да користите приватен, безбеден прокси-сервер кој го администрираат луѓе кои ги знаете и на кои им верувате, без разлика дали лично или по репутација, и кои имаат технички вештини за да ја одржат сигурноста на серверот. Дали ќе користите веб-базиран прокси-сервер зависи од вашите потреби и желби. Секој пат кога ќе користите прокси-сервер за заобиколување, добра идеја е да го користите прелистувачот Firefox и да ја инсталирате екстензијата NoScript, како што е споменато во упатството за Firefox. Со ова можете да се заштитите од злонамерните прокси-сервери [134] и од веб-страници кои може ќе се обидат да ја откријат вашата вистинска ИП адреса. И на крај, имајте на ум дека и шифрираниот прокси-сервер нема да ги направи безбедни небезбедните страници. Сепак морате да проверите дали имате HTTPS врска, пред да испратите или примите чувствителни информации.

    If you are unable to find an individual, organisation or company whose proxy service you consider trustworthy, affordable and accessible from your country, you should consider using the Tor anonymity network, which is discussed above, under Anonymity networks.

    Ако не можете да пронајдете поединец, организација или компанија чија услуга на прокси-сервер сметате дека е доверлива, евтина и достапна од вашата држава, треба да размислите да ја користите анонимната мрежа на Tor, која е спомената погоре во текстот, во делот за Анонимни мрежи.

    Специфични алатки за заобиколување и прокси-сервери

    Понатаму се наведени неколку специфични алатки и прокси-сервери кои можат да ви помогнат да ги заобиколите филтрите на интернет. Постојано се создаваат нови алатки за заобиколување, а оние кои веќе постојат се надградуваат често, затоа треба да ја посетите веб-страницата на Security in-a-Box (Безбедност во една кутија), и ресурсите споменати во делот Дополнителни информации, да дознаете повеќе.

    Прокси-сервери базирани на виртуелни приватни мрежи (ВПН)

    ВПН прокси-серверите наведени понатаму ја присилуваат целата ваша интернет врска да помине низ прокси-серверот додека сте „поврзани“. Ова може да биде корисно ако користите даватели на услуги за е-пошта и размена на инстант-пораки, кои се филтрирани во вашата држава.

    Riseup ВПН. Овој сервер е за корисници кои имаат кориснички сметки на серверот Riseup. Колективот ја нуди можноста за поврзување на безбеден, приватен, бесплатен ВПН прокси-сервер. Прочитајте Нешто повеќе за Riseup ВПН и како да се поврзете на него.

    Your-Freedom е јавен, безбеден, бесплатен ВПН/SOCKS прокси-сервер за заобиколување на филтри. Постојат ограничувања на широкопојасноста и колку долго можете да ја користите (3 часа на ден, и до 9 часа во неделата). Исто така можете да платите надоместок за да пристапите до комерцијалната услуга, која е побрза и има помалку ограничувања. За да го користите Your-Freedom, ќе треба да ја преземете алатката и да создадете корисничка сметка, и овие две работи можете да ги направите од веб-страницата на Your-Freedom website. Ќе треба и да го конфигурирате вашиот прелистувач да го користи прокси-серверот OpenVPN кога ќе се поврзува на интернет. Можете да прочитате повеќе во документацијата на Your-Freedom documentation.

    Freegate е јавен, безбеден, бесплатен ВПН прокси-сервер за заобиколување на филтри . Можете да ја преземете најновата верзија на Freegate или да прочитате интересна статија за неа.

    SecurityKISS е јавен, безбеден, бесплатен ВПН прокси-сервер за заобиколување на филтри. За да го користите ќе треба да ја преземете и стартувате бесплатната програма. Нема потреба да регистрирате корисничка сметка. Бесплатните корисници се ограничени на употреба 300 MB на ден и со повисок сообраќај на интернет преку прокси-серверот. Платените понуди за членство нудат употреба слободна од употреба и повеќе ВПН сервери. Погледнете на почетната страница на SecurityKISS да научите повеќе.

    <!-- Psiphon1 may be a good option if you know someone who has a Windows computer that she leaves on, running and connected to a fast, unfiltered Internet connection in another country. In order to use Psiphon, you must ask this person to download the program from the Civisec webpage, install it, create an account for you, and send you the proxy's IP address along with your username and password. This will give you access to your own personal account on a trusted, secure, private, web-based circumvention proxy. Before using it, however, you should verify the proxy's fingerprint as discussed in the Secure and insecure proxies section, above, and in Appendix C of the included Psiphon User's Guide. -->

    Psiphon3 е јавна, безбедна алатка за заобиколување на филтри која користи ВПН, SSH и HTTP прокси-сервер технологија за да ви достави нецензуриран пристап до интернет-содржини. Со цел да ја користите, треба да ја преземете програмата од почетната страница на Psiphon3 homepage и да ја стартувате за да изберете кој режим би сакале да го користите [ВПН, SSH, SSH+]. Phiphon3 работи на уреди со Android. Погледнете на почетната страница во делот за повеќе информации.

    Веб-базирани прокси-сервери::

    Peacefire одржува на голем број на јавни, веб-базирани прокси-сервери, кои можат да бидат безбедни или небезбедни, во зависност од тоа како пристапувате до нив. Кога го користите прокси-серверот на Peacefire, морате да внесете HTTPS адреса, со цел да имате безбедна врска меѓу вас и прокси-серверот. Новите прокси-сервери редовно се најавуваат и испраќаат на сите контакти од голема листа на адреси на е-пошта. Можете да се пријавите да добивате нови информации од веб-страницата на Peacefire.

    Дополнителни информации