Android Privacy Guard (APG) за уреди со Android

Содржина

...Loading Table of Contents...

    Android Privacy Guard (APG) е апликација со слободен софтвер со отворен код за уредите со Android платформа, создадена од Thialfiar, која ви овозможува да шифрирате и дешифрирате поединечни датотеки или е-пораки. Има за цел да овозможи шифрирање OpenPGP за уреди со Android платформа, иако сè уште не се имплементирани сите функции на OpenPGP. Неговата шема на јавен/приватен клуч ви овозможува да шифрирате и потпишувате датотеки и пораки. Исто така, можете да го користите без пар на јавен/приватен клуч за да шифрирате поединечни датотеки со асиметрично шифрирање, обезбедувајќи ги датотеките со лозинка или тајна фраза. За шифрирање на е-пораки препорачуваме да го користите во комбинација со K9, Android клиент за е-пошта, за кој исто така има практично упатство.

    Почетна страница

    Системски барања на телефонот

    • Android 1.5 или понова верзија

    Верзија што се користи во ова упатство

    • 1.1.1

    Последна измена на ова поглавје

    • декември, 2014

    Лиценца

    • ССОК (Gnu GPL v3)

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете:

    • Можност да користите шифрирање за поединечни датотеки и за комуникација преку е-пошта

    GNU Linux, Mac OS, Android, iOS и други програми компатибилни со Microsoft Windows:

    Преземање на Andoid Privacy Guard

    Од официјалната веб-локација

    • Прочитајте го краткиот вовед од Практичното упатство
    • Инсталирајте ја APG од Google Play
    • Штом ќе ја инсталирате, кликнете на open за да ја стартувате апликацијата

    APG:

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    • APG се интегрира со K9 клиентот за е-пошта за Android и навистина го олеснува шифрирањето на е-пораки. Но прво, треба да знаете како функционира шифрирањето е-пораки. Ова е објаснето во поглавје 7.4.Напредни поставувања за безбедност на е-пошта.
    • APG може да се користи за шифрирање и дешифрирање на датотеки локално на вашиот уред, со тајна фраза или со пар на јавен/приватен клуч.
    • Поради природата на складирањето податоци на паметни телефони, приватниот клуч што ќе го генерирате или увезете не може да се избрише безбедно.