Avast! - антивирус

Содржина

...Loading Table of Contents...

    avast! е целосно опремена антивирус програма која ги пронаоѓа и ги отстранува злонамерниот софтвер и вирусите од компјутери или мобилни телефони. Иако avast! е бесплатен за некомерцијална употреба на домашен или персонален компјутер, бесплатниот примерок мора да биде регистриран по инсталацијата. Инаку, по 30 дена нема да бидете во можност ги добиете најновите верзии на програмата Avast!, како и дефинициите за вируси, штом ќе станат достапни.

    Почетна страница:

    www.avast.com

    Системски барања:

    • Сите верзии на Windows

    Верзија што се користи во ова упатство:

    • 10.0

    Последна преработка на ова поглавје

    • Ноември 2014 година

    Лиценца:

    • Бесплатен софтвер

    Задолжителна литература:

    Што ќе добиете:

    • Можност за скенирање за вируси и нивно отстранување од компјутерот
    • Можност да го заштитите компјутерот од појава на нови вируси
    • Можност да добиете бесплатни верзии на програмата и да ги ажурирате дефинициите за вируси од интернет

    GNU Linux, Mac OS и други Microsoft Windows компатибилни програми:

    Иако во ова поглавје го препорачуваме бесплатниот антивирус avast!, постојат и други бесплатни софтверски програми за заштита од злонамерен софтвер, компатибилни со Microsoft Windows што заслужуваат да се споменат:

    Исто така, ако можете да си дозволите да купите комерцијална верзија на анти-вирусниот софтвер наменет за Microsoft Windows тој може да ви понуди поголема заштита.

    Иако оперативните системи како GNU Linux and Mac OS навидум немаат вируси, постои добра причина и кај нив да се инсталираат програми против злонамерен софтвер. Прво, со текот на времето ќе се создадат вируси и за овие оперативни системи, и второ, така ризикувате ненамерно да проширите вируси, дури и ако вашиот систем е заштитен од нив.

    Mac OS или Google Android корисниците можат да инсталираат бесплатни верзии на Avast!, Avira или AVG.

    Во моментов, за жал, не постојат бесплатни антивирусни програми што можеме да ги препорачаме за Linux. Го гледаме ова како голема несигурност и зголемување на потребата за Linux оперативниот систем.

    Инсталација на avast!

    • Прочитајте го краткиот вовед од Практичното упатство
    • Кликнете на иконата avast! подолу за да ја отворите страницата за преземање на датотеката avast!.
    • Кликнете на 'Save File'(Зачувај ја датотеката) за да ја зачувате датотеката 'avast_free_antivirus_setup.exe' на компјутерот, потоа два пати кликнете на датотеката 'avast_free_antivirus_setup.exe' за да започне инсталацијата на програмата.
    • Прочитајте го делот 2.0 Како да го инсталирате и регистрирате avast! пред да продолжите
    • Откако успешно ќе го инсталирате avast! можете да ја избришете програмата за инсталирање од вашиот компјутер

    avast!:

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    Компјутерските вируси се злонамерни програми што можат да уништат датотеки, да го забават компјутерот и да го користат адресарот за да лоцираат и да заразат други компјутери. avast! може да го заштити системот од вируси кои би можеле да го заразат компјутерот преку преземања податоци од интернет, електронска пошта или трансфери од пренослив медиум (ЦД, ДВД, дискети, УСБ-мемории итн.).

    • Уверете се дека немате инсталирано или дека не користите две антивирусни програми во исто време. Доколку сега користите друга антивирусна програма, а сакате да се префрлите на avast!, тогаш морате прво да ја деинсталирате другата антивирусна програма, пред да го инсталирате avast!.

    • Постојано се развива нов софтвер за заштита од вируси и злонамерен софтвер. Базата на податоци на avast! и самиот програм мора да се ажурираат редовно за да го заштитува компјутерот поефикасно.

    • Меѓу поопасните вируси се оние кои, всушност, можат да ја спречат инсталацијата на avast!, и/или вирусите кои avast! не може да ги открие или избрише. Во вакви ситуации, се бараат понапредни методи, а некои од нив се опишани во делот 4.9 Напредни методи за отстранување на вируси.

    Како да го инсталирате и да го регистрирате Avast!

    Делови на оваа страница:

    Како да го инсталирате Avast!

    Чекор 1. Два пати кликнете на датотеката ; може да се појави дијалог-рамката Open File - Security Warning. Ако се појави, кликнете Да за да ја активирате Avast! инсталацијата, како што следи:

    Слика 1: Поставување на бесплатниот антивирус Avast!

    Чекор 2. Одштиклирајте гo Да, инсталирај Dropbox како што е прикажано слика 1 и кликнете на

    Забелешка: Изборот на Прилагодена инсталација ќе ви овозможи да си ги промените поставките за јазик на avast!. Во спротивно ќе сте во можност да ја користите редовната инсталација.

    Чекор 3 Прифатете ја стандардната инсталациона папка и кликнете за да ги активирате следниве дијалог прозорци:

    Слика 2: Прозорецот 'Кои компоненти сакате да се инсталираат?'

    Чекор 4 Избери јазик, прифатете ги сите други основи и кликнете

    Чекор 5 По читањето на договорот за лиценца кликнете на Ве молиме не го прескокнувајте - Прочитајте го внимателно екранот за да започне инсталирањето. Oтстрани опција ќе се дискутира подоцна во ова поглавје.

    Слика 3: Прозорецот Инсталирајте го производот

    Чекор 6 Кликнете за да ја завршите инсталацијата. avast! ќе започне брзо скенирање на вашиот компјутер, како што е прикажано подолу:

    Слика 4: !Avast брзо скенирање

    Забелешка Погледнете го делот 4.7 Како да се справите со вируси ако !avast детектира инфицирани датотеки за време на брзо скенирање прикажано на слика 4

    Откако брзото скенирање ќе заврши, на !Avast почетната страница од пребарувачот ќе прикаже како што е прикажано во екранот подолу. Вие завршивте со инсталацијата на !Avast

    Слика 5: Ви благодариме за инсталирањето на бесплатниот антивирус !avast

    Важно Вие мора да ја регистрирате вашата копија на софтверот, за да се осигура дека моторите на софтверот, дефинициите за вируси и самата програма се ажурираат на редовна основа. Ова е опишано во следниот дел.

    2.1 Како да го регистрирате Avast!

    Забелешка: Ако не ја регистрирате копијата на Avast!, таа ќе престане да работи по 30 денови. Мора да бидете поврзани на интернет за да го регистрирате Аvast!.

    За да ја регистрирате вашата копија на Avast!, следете ги следниве чекори:

    Чекор 1. Кликнете на на слика 5 погоре за да го активирате следниот прозорец:

    Слика 9: Изберете го вашето ниво на заштита

    Чекор 2. Кликнете на под колоната Основна заштита како што е означено погоре во слика 9

    Чекор 3. На Регистрирај го твојот бесплатен антивирус Avast! Внесете ја вашата е-мејл адреса како што е прикажано на следниот екран и кликнете на

    Слика 10: Регистрирај го твојот бесплатен антивирус Avast!

    Забелешка: Твојот е-мејл е единственото задолжително поле кое треба да се пополни.

    Чекор 4. Kликнете на Остани со основна заштита како што е означено на следниот екран:

    Слика 11: Скок-прозорецот во кој ви се заблагодаруваат за регистрацијата

    Вие ја завршивте регистрацијата на вашата копија Avast!

    Слика 12: Екран Вие сте заштитени

    2.2 Повлекување заедницата avast!

    За време на инсталациониот процес Avast! автоматски ќе ја вклучи опцијата Учествувај во заедницата на Avast!. Поради приватност и безбедност на интернет, препорачано е да ја исклучите оваа опција како што е прикажано на следните чекори:

    Чекор 1. Кликнете на на колоната кој се наоѓа на левата страна на почетниот екран на Avast!

    Чекор 2. Од картичката Општо одштиклирајте ја Учествувај во заедницата на Avast како што е прикажано во следниот приказ:

    Слика 13: Екран кој прикажува Учествувај во Avast заедницата screen

    2.3 Прилагодени поставувања

    Еднаш кога avast! ќе се инсталира и стартува на вашиот компјутер, наредните поставки можат да бидат прилагодени согласно вашите барања.

    2.3.1 SSL Скенирање на е-мејл конекции

    Стандардно, avast! алатката за штитење на поштата ќе ги скенира сите ваши е-мејл пораки вклучувајќи ги и SSL / TLS енкриптирани врски. Ова може да предизвика проблеми за некои е-мејл клиенти како што е Thunderbird. SSL скенирање на e-мејл конекции можат да бидат исклучени за да спречи avast! да се меша со е-мејл клиенти.

    Чекор 1. Кликнете на на колоната од левата страна на почетната страница на !avast

    Чекор 2. Кликнете на и изберете штит на поштата и прилагодите ја како што е прикажано подолу.

    Слика 14: Штит на пошта – прилагодувања

    Чекор 3. Кликнете на и одштиклирајте SSL скенирање како што е прикажано подолу.

    Слика 15: SSL опции за скенирање

    2.3.2 Оневозможи VoiceOver звуци

    Стандардно, avast! ќе ги вклучи 'Voiceover' звуците каде што е можно. Ова може да се исклучи преку следниве чекори.

    Чекор 1. Кликнете на во левата колона на почетната страна на !avast

    Чекор 2. Кликнете на и изберете ги поставките за Звук како што е нагласено подолу.

    Слика 16: Поставките за звук

    Чекор 3. Одштиклирајте Користи VoiceOver звуци (каде што се достапни) како што е прикажано погоре.

    Како рачно да го ажурирате и да ги користите дополнителните опции на Avast!

    Листа на делови на оваа страница:

    3.1 Како рачно да го ажурирате avast!

    avast! работи незабележително во заднина на компјутерот и автоматски ги ажурира своите дефиниции за вируси и софтвер секогаш кога ќе се поврзете на интернет. Меѓутоа, во ситуации кога немате редовен пристап до интернет, кога пристапот е ограничен или привремен, рачното ажурирање би било посоодветно и покорисно.

    Постојат два начина за рачно ажурирање на avast!: Првиот е преку главниот кориснички интерфејс на avast!, а вториот е преку скок-прозорец кој се појавува со десен клик на иконата на avast! која се наоѓа на Системската лента.

    Забелешка: Препорачливо е да не се исклучува автоматското превземање на надградби додека не е потребно.

    3.1.1 Како да го користите главниот екран за рачно да го ажурирате avast!

    Чекор 1. Кликнете на за да го активирате главниот кориснички интерфејс на avast!:

    Чекор 2. Кликнете на и потоа за да го активирате следниот екран и да се прикаже Програмот и верзиите за Дефинирање на вирусите:

    Слика 1: прозорецот за ажурирање

    Чекор 3: Кликнете на за да ја ажурирате Верзијата на програмот како што следи:

    Слика 2: Ажурирајте го програмот

    Чекор 4. Кликнете на за да ја ажурирате Дефиницијата за вирусот како што следи:

    Слика 3: Ажурирање на Дефинирањето на вирусите

    Слика 4:Статус кој покажува дека сте заштитени

    3.1.2 Како да го користите скок-менито за рачно да го ажурирате avast!

    Ажурирањето на програмската надградба на avast! и дефинициите на вирусите може да се направи преку скок-менито на avast! Скок-менито може да се користи за да се пристапи директно на екранот UPDATE (Ажурирање) како што е прикажано во слика 2.

    Чекор 1. Десен клик на системската лента за да го активирате следното скок-мени:

    Слика 5: Скок-менито на Avast!

    Чекор 2: Изберете Update > Engine и дефинираните вируси за да ги активирате како на Слика 3 во Чекор 3 погоре.

    Чекор 3: Изберете Update > Program за да ги активирате како на Слика 4 во Чекор 3 погоре.

    3.2 Дополнителни алатки на avast!

    avast! нуди дополнителни алатки кои помагаат да се управува со исправноста на компјутерот и одржува софтверот да е секогаш ажуриран. Следните секции ја опишуваат Надградбата на софтверот на avast! Чистење на прелистувачот и Дискот за спасување

    3.2.1 Надградба на софтвер

    Надградбата на софтверот може да го надгледува и ажурира софтверот на вашиот компјутер.

    Чекор 1. Кликнете на и за да стартува скенирањето. Доколку скенирањето детектира дека софтверот не е ажуриран во тој случај ќе се прикаже како што е подолу:

    Слика 6 : Неажуриран софтвер

    Чекор 2. Кликнете на за да започне ажурирањето на апликацијата.

    Слика 7: Софтверот е ажуриран

    Слика 8: Листа на ажуриран софтвер

    3.2.2 Чистење на прелистувачот

    Чистење на прелистувачот може да препознае и избрише несаканите или сомнителните додатоци инсталирани на пребарувачот кој е инсталиран на твојот компјутер. Таквите додатоци можат да ја шпиунираат вашата активност, предизвикаат објави и успорат вашиот пребарувач. За да ги прегледате и избришете несаканите додатоци:

    Чекор 1. Кликнете на на колоната која се наоѓа од левата страна на главниот екран на avast!.

    Чекор 2. Кликнете на за да го активирате Чистење на прелистувачот како што е прикажано подолу:

    Слика 9: Чистење на прелистувачот

    Чекор 3. Одберете ја иконата на прелистувачот од менито кој се наоѓа на левата страна за да се прикажат додатоците за прелистувачот како што е прикажано подолу

    Слика 10: Листа на додатоци за Internet Explorer

    Чекор 4. Кликнете на за одбраните додатоци

    Чекор 5. Кликнете Да на прашањето Дали навистина сакате трајно да ги избришете овие додатоци за да го активирате екранот подолу

    Слика 11: Додатоците се избришани.

    3.2.3 Диск за спасување

    Дискот за спасување овозможува да креирате УСБ илу ЦД кое може да го употребувате за да го стартувате компјутерот. Ова УСБ/ЦД содржи Avast! инсталација. За да креирате спасувачки диск вашиот компјутер треба да биде поврзан на интернет. Откако спасувачкиот диск ќе биде спремен за употреба може да го скенирате било кој компјутер дури и ако не е поврзан на интернет. Ова е корисно во ситуација кога различни компјутери се инфицирани со вирус кој попречува нормално функционирање на компјутерскиот систем, Avast! или друг антивирусен програм. Спасувачкиот диск и времето за Подигање Опциите се комплетни и темелни на скенирање на компјутерскиот систем кој Avast! го нуди. Чекорите подолу опишуваат како да креирате Диск за спасување со користење на УСБ.

    Забелешка Дискот за спасување бара превземање на големи датотеки од интернет. Исто така бара празен УСБ диск со минимум 500 МБ големина или ЦД/ДВД пишувач.

    Чекор 1. Кликнете на на колоната која се наоѓа од левата страна на главниот екран на !avast

    Чекор 2. Кликнете на за да ја активирате опцијата Диск за спасување како што е прикажано подолу:

    Слика 12: Екран со спасувачки диск.

    Чекор 3. Кликнете на за да го активирате следниот екран:

    Слика 13: Креирај Диск за спасување

    Чекор 4. Кликнете на а потоа за да почнете да креирате Диск за спасување како што е прикажано подолу.

    Слика 14: Креирање на спасувачки диск

    Забелешка: Времето за да се креира Дискот за спасување може да потрае и до 30 минути.

    Слика 15: Дискот за спасување е успешно креиран

    Вие сега го креиравте Дискот за спасување. Делот 4.9 Методи за напредно отстранување на вируси опишува како да го користите спасувачкиот диск за спречување на малициозни софтвери.

    Исто така посетете го avast! Најчесто поставувани прашања за дополнителни информации за користење на avast! Дискот за спасување

    Како да ги идентификувате и отстраните вирусите со Avast!

    Листа на делови на оваа страница:

    4.0 Пред да започнете

    Постојат два основни процеси кои се дел од заштитата од злонамерен софтвер и други видови вируси кога го користите Avast!. Првиот е да го скенирате вашиот компјутер за да ги идентификувате таквите закани. Вториот вклучува бришење или пренесување на таквите закани во базата на податоци на вирусни дефиниции на Avast! - Вирусниот Ковчег. Бришењето и/или пренесувањето на злонамерен софтвер и вируси во Вирусниот ковчег ефективно ги спречува да влијаат на програмите или датотеки на компјутерот.

    Можеби ви се чини необично да се чува таков вид злонамерен софтвер или вируси во Вирусниот ковчег. Меѓутоа, ако се прикачени на важни или чувствителни информации, можеби ќе сакате да ги повратите или зачувате тие заразени документи, датотеки или програми, барем до степенот до кој е возможно. Во ретки случаи, Avast! може по грешка да ги идентификува легитимните кодови или програми како злонамерен софтвер или вирус. Таквите кодови или програми се нарекуваат „лажни тревоги“ и може да се важни за вашиот систем, па можеби ќе сакате да ги обновите.

    Базата на податоци на вирусни дефиниции на Avast! - Virus Chest, е електронска „мртва зона“ или „карантин“, место каде што можете да го испитате вирусот и да ја одредите потенцијалната закана преку истражување на интернет, или да го испратите во лабораторијата за вируси – опција достапна во Avast! со десен клик на вирусот од базата на податоци на податоци на Вирусниот ковчег. Двојниот клик на некој вирус од базата на податоци на Вирусниот ковчег нема да го активира или да го стартува софтверот или вирусот, бидејќи базата на податоци на Вирусниот ковчег го одржува изолиран од останатиот систем.

    Совет: Исто така можете да пренесете важни или чувствителни информации во базата на податоци на вирусни дефиниции на Avast! - Virus Chest, за да бидат безбедни при напад на вируси.

    4.1 Кратко упатство како да се заштитите при појава на вируси

    Постојат многу мерки на претпазливост кои можете да ги преземете за да ги ограничите непријателските или злонамерните закани за вашиот компјутерски систем, на пример, да користите антивирус или софтвер за протившпионска заштита како Avast! или Spybot, избегнување на сомнителни или проблематични веб страни или документи испратени до вас, или екстремна претпазливост при внесување на пренослив медиум на вашиот компјутер. Ве молиме прочитајте повеќе за чекорите за [спречување на инфекција со вирус] во делот од поглавјето [1. Како да го заштитите вашиот компјутер од малициозен софтвер и хакери] (/mk/chapter-1) . Сепак, и покрај мерките на претпазливост ние понекогаш го сретнуваме нашиот компјутер инфициран со вирус. Следниве точки се предлагаат да се разгледат кога се соочувате со вирусен напад:

    • Исклучете го вашиот компјутер од интернет или од локалната мрежа - физички. Ако имате безжична врска, исклучете го компјутерот од безжичната мрежа. Ако е можно, исклучете ја и/или отстранете ја вашата безжична картичка. Треба да ги исклучите од интернет сите компјутери кои споделуваат локална мрежа со вашиот компјутер.

    • Закажете скенирање на сите компјутери на мрежата за време на подигањето на оперативниот систем. Запишете ги имињата на сите вируси што ќе ги најдете за да можете да ги истражите – и потоа да ги избришете или да ги преместите во базата на податоци на вирусни дефиниции на Avast! - Virus Chest. За да научите како да извршите скенирање при подигањето на системот, погледнете во делот 4.6 Како да извршите скенирање при подигањето на системот.

    • Дури и ако одреден вирус бил избришан или отстранет од датотеката, повторете го претходниот чекор и скенирајте ги сите компјутери пред да се подигнат оперативните системи, сè додека Avast! престане да прикажува предупредувачки пораки. Во зависност од сериозноста на нападот на злонамерен софтвер или вируси, можеби ќе треба да го скенирате компјутерот повеќе од еднаш.

    За повеќе информации за справување со злонамерен софтвер или појава на вируси, погледнете го делот 4.9 Напредни методи за отстранување вируси.

    4.2 Преглед на главниот кориснички интерфејс на Avast!

    Главниот кориснички интерфејс на avast! се состои од повеќе картички кои се лоцирани на левата страна од екранот: Преглед, скенирање, алатки и поставувања. Сите картички на скенирања, алатки и поставувања содржат мени на предмети дискутирани подолу.

    За да го стартувате главниот кориснички интерфејс, кликнете на од системската лента (обично на долниот десен агол на екранот на вашиот компјутер)

    Слика 1: главниот кориснички интерфејс

    Следнава листа ги накратко ги опишува функциите на главните картички и под менија:

    Преглед: Главната кориснички интерфејс страница ги прикажува работниот статус на Avast!.

    Скенирање: Оваа картичка може да се користи за стартување на различни опции за скенирање, вклучувајќи:

    • Паметното скенирање може да изврши скенирање еден-по-еден;
    • Скенирање за вируси како: Брзо скенирање, Целосно системско скенирање, скенирање на преносливи медиуми, Изберете папка за скенирање и Скенирање при подигање на оперативниот систем - објаснето во детали подолу;
    • Скенирање на застарени софтвери;
    • Скенирање на мрежните закани, може да ја провери безбедносната конфигурација на рутерот во вашиот дом и совети за подесувања кои можеби ќе треба да ги ажурирате;
    • Скенирање на проблемите на перформансите – целосната верзија е достапна во платената верзија на Avast!;

    Алатки: Оваа картичка се одликува со под менија на алатки вклучувајќи и Ажурирање на софтвер, Чистење на Прелистувачот и Дискот за спасување опишано во Дел [3.2 дополнителни алатки на avast! ] (/mk/howtouseavast#3.2)

    Подесувања: Оваа картичка се одликува со мени меѓу кои и Општо, Активна заштита, Антивирус и Надградба како што е опишано подолу:

    • Општо вклучува и дел за "одржување" каде што можете да ги конфигурирате Извештаите и Chest големина на вирусите и историја.

    • Менито Активна заштита ви овозможува да ги конфигурирате поставките за датотечниот систем, пошта и веб скенирање. Имајте на ум дека се препорачува да не се менуваат стандардните поставувања, освен ако не се разбере влијанието на вклучување / исклучување на специфични прилагодувања.

    • МенитоАнтивирус ви овозможува да ги конфигурирате глобалните поставувања за скенирање вклучувајќи и Исклучоци и предупредувања

    • Менито Ажурирања ја прикажува моменталната програма и Вирусниот ковчег инсталирани и овозможува рачно ажурирање на двете, како што е опишано во делот 3.1 Како да се ажурира рачно avast!

    4.3 Како да ги идентификувате злонамерниот софтвер и вирусите со скенирање

    Во овој дел ќе научите нешто повеќе за можностите за скенирање и како да ги користите. Исто така ќе научите како да извршите скенирање на целиот систем и скенирање на папките, како и скенирање при подигањето на системот.

    Окното SCAN COMPUTER (Скенирање на компјутерот) > со картичката Scan Now (Скенирај сега) ги прикажува четирите опции за скенирање кои се достапни кај Avast!; за да ги видите, направете го следново:

    Чекор 1. Кликнете на

    Чекор 3. Кликнете на за да го активирате следниов прозорец:

    Слика 2: Картичката за скенирање ја прикажува опцијата Quick Scan (брзо скенирање)

    Следните кратки објаснувања ќе ви овозможат да ја одберете соодветната опција за скенирање:

    Quick scan (Брзо скенирање): Оваа опција се препорачува на корисниците кои немаат доволно време и сакаат да скенираат некоја потенцијална или можна закана.

    Full system scan (Скенирање на целиот систем): Оваа опција се препорачува кога корисниците имаат доволно време да закажат темелно скенирање на својот систем. Исто така се препорачува ова да се направи првиот пат кога ќе употребите антивирусен софтвер на вашиот компјутер. Времетраењето ова скенирање зависи од бројот на документи, датотеки и тврди дискови на компјутерот, како и од неговата брзина. Погледнете во делот 4.4 Како да извршите скенирање на целиот систем.

    Removable media scan (Скенирање на преносливи уреди): Оваа опција се препорачува за скенирање на надворешни тврди дискови, УСБ-меморија и други медиуми, особено оние што не се ваши. Ќе го скенира секој пренослив уред за да се идентификува дали на него има некои злонамерни програми кои автоматски се стартуваат секогаш кога уредот ќе биде поврзан.

    Select folder to scan (Скенирање на избрана папка): Оваа опција се препорачува за скенирање на една конкретна папка или на неколку папки, особено ако знаете или се сомневате дека одредена датотека или папка можеби е заразена. Погледнете во делот 4.5 Како да извршите скенирање на папки.

    Скенирање при подигање на оперативниот систем: Оваа опција ви овозможува да извршите целосно скенирање на вашиот хард диск пред оперативниот систем Microsoft Windows целосно да започне да работи. Оваа опција се препорачува за целосно и темелно скенирање на вашиот компјутер систем и може да бара некое време. Ве молиме погледнете го делот [4.6 Како да се изведе Скенирање при подигање на оперативниот систем]

    Совет: Кликнете на за подетално да ги дефинирате параметрите за скенирање за секоја опција.

    4.4 Како да извршите скенирање на целиот систем

    Чекор 1. Кликнете на кај опцијата за скенирање на целиот систем „Full system scan“ за да го активирате следниов прозорец:

    Слика 3: Окното SCAN NOW го прикажува скенирањето на целиот систем / скенирањето во тек...

    Откако ќе заврши скенирањето на целиот систем, ако на вашиот компјутер се идентификува некоја закана, окното за скенирање на целиот систем ќе ја прикаже следнава порака:

    Слика 4: Ставката за завршено скенирање го прикажува предупредувањето за откриена закана

    Со скенирањето на компјутерот биле откриени неколку закани; кликнете на копчето за да се отвори страната со резултати, погледнете го делот 4.7 Како да ги отстраните вирусите .

    4.5 Како да скенирате папки

    Чекор 1. Одберете ја опцијата Одбери папка за скенирање од менито (погледни слика 2 погоре).

    Чекор 2. Кликнете на за да го активирате следниот прозорец:

    Слика 5: Дијалог-прозорецот за избор на области

    Дијалог-прозорецот Select the areas (Изберете ги областите) ви овозможува да одредите која папка сакате да ја скенирате. Можете да изберете повеќе од една папка за скенирање. Откако ќе ги изберете празните полиња покрај секоја папка, патеката до папката се прикажува во текстуалното поле за избрани патеки - Selected paths:

    Чекор 3. Кликнете на за да започнете да ги скенирате папките и да го активирате следниов прозорец:

    Слика 6: Скенирањето на папките е во тек.

    Совет: Avast! ви овозможува да скенирате засебни папки преку стандардно скок-мени во Windows што се појавува кога со десен клик ќе кликнете на некоја папка. Едноставно изберете ја иконата што се појавува до името на папката од којашто би сакале да започнете со скенирање за вируси.

    Ако скенирањето на папката открие какви било закани кликнете на копчето за да ја отворите страница со резултати. Ве молиме погледнете го делот 4.7 Како да се справите со вируси за понатамошните чекори

    4.6 Како да извршите скенирање при подигањето на системот

    Avast! скенирањето при подигањето на системот ви овозможува целосно да го скенирате тврдиот диск пред да започне да работи оперативниот систем Microsoft Windows. При скенирањето при подигањето на системот, поголемиот број програми со злонамерен софтвер и вируси сè уште не се активни, т.е. сè уште немале можност да се активираат или да се вмешаат во други системски процеси. Како такви, тие навистина лесно се пронаоѓаат и се отстрануваат. Исто така, скенирањето при подигањето на системот директно пристапува до дискот и ги заобиколува двигателите за датотечниот систем на Windows, кој е омилена цел на повеќето компјутерски закани. Прикажува информации дури и за најупорните „rootkits“ - име за особено агресивна форма на злонамерен софтвер.

    Се препорачува да го стартувате скенирањето при подигањето на системот, дури и ако има само мал сомнеж дека компјутерскиот систем е нападнат или заразен. Опцијата Boot-time Scan и Дискот за спасување (опишано во делот [3.2.3 Дискот за спасување] (/mk/howtouseavast#3.3.3)) опциите се најповолни за целосно и темелно скенирање на компјутерски систем кој avast! го нуди. За скенирање при подигање на системот може да бара некое време, во зависност од брзината на вашиот компјутер и количината на податоци и бројот на хард дискови кои ги имате.

    За да го скенирате системот во моментот на подигање, треба да ги следите следниве чекори:

    Чекор 1. Кликнете на за да го активирате окното за скенирање при подигањето на системот.

    Чекор 2. Одберете ја опцијата од паѓачкото мени.

    Чекор 3. Кликнете на за да закажете скенирање при подигањето на системот следниот пат кога ќе го стартувате компјутерот.

    Чекор 3. Кликнете на Restart your computer ако сакате веднаш да започнете со скенирањето при подигањето на системот.

    Забелешка: Скенирањето при подигањето на системот започнува пред да се подигне оперативниот систем и интерфејсот. Притоа ќе се појави син екран што го прикажува напредокот на скенирањето на следниов начин:

    Слика 7: Avast! Скенирање при подигањето на системот

    Avast! ќе ве прашува - ако се откриени вируси. Вие одберете можни акции со притискање на копчињата со соодветните броеви на вашата тастатура. Ви препорачуваме да го изберете копчето 2 Поправи ги сите автоматски за да се справи со сите вируси автоматски Avast!.

    Имајте на ум дека движењето на инфицирани датотеки со вируси градите или отстранување може да резултира со некои информации или функционалноста на вашиот систем да се недостапни. Во екстремни ситуации, кога вирусот инфицирал датотеки од витално значење за функционирањето на оперативниот систем, поместувањето или отстранување на оваа датотека може да резултира на вашиот компјутер и нема да бидете во можност успешно да го подигнете оперативниот систем повторно.

    4.7 Како да ги отстраните вирусите

    Делот 4.5 и 4.6 погоре покажаа како avast! рачно да скенира мануелно вируси. Кога вирусот ќе биде пронајден во било кои скенирања, avast! ве информира за ова како што е прикажано на слика 8. За да започнете да се занимава со малициозен софтвер или детектирани вируси за време на скенирањето, направете ги следниве чекори:

    ]

    Слика 8: Скенирањето заврши - откриени закани

    Чекор 1. Кликнете на за да го активирате следниот екран:

    Слика 9: Прозорецот Резултати од скенирањето прикажува Детектирани Закани! предупредување

    Чекор 2. За да се прикаже паѓачката листа на можни акции за применување, кликнете на стрелката под Акции како што е прикажано подолу.

    Слика 10: Постапки - Премести во ковчег (Move to chest)

    Забелешка: Во оваа вежба, ние сме загрижени со поместувањето на инфицирани датотеки во карантин (Вирусниот ковчег). Сепак, паѓачката листа прикажува три други опции и тие се опишани подолу:

    Repair (Поправи): Ова дејство ќе се обиде да ја поправи заразената датотека .

    Delete (Избриши): Ова дејство ќе ја избрише трајно заразената датотека .

    Do nothing (Не прави ништо):Ова дејство значи игнорирање на заразената датотека и дефинитивно не се препорачува за потенцијално штетниот злонамерен софтвер или вирусни закани.

    Чекор 3. Изберете ја ставката за пренесување во базата на податоци - Move to Chest - а потоа кликнете на

    Слика 11: Вирусите се успешно префрлени во базата на податоци на вирусни дефиниции

    Avast! исто така постојано ги следи вирусите и малициозните софтвери на компјутерот во позадина и кога работите. Кога Avast! детектира малициозен софтвер или сомнителни фајлови, ќе ве извести со порака слична како на приказот подолу.

    Слика 12: Пронајден е вирус

    Стандардното дејство ќе ја премести датотеката во карантин (Вирусниот ковчег). Следниот дел опишува како да се справите со било кој малициозен софтвер или вируси детектирани за време на скенирањето кој се преместува во Карантин Вирусниот ковчег

    4.8 Како да го користите вирусниот ковчег

    При процесот на инсталација на avast! , avast! Virus Chest е креиран на вашиот тврд диск. Virus Chest е папка која е изолирана од останатиот дел од компјутерскиот систем, и се користи за складирање на злонамерен софтвер и вируси што се идентификувани при скенирањето, како и за складирање на заразени документи, датотеки и папки.

    Можете да пристапите до базата на податоци на Virus Chest и да одлучите како ќе се справите со собраните датотеки:

    Чекор 1. Кликнете на и кликнете на за да го активирате следниов прозорец:

    Слика 13: Вирусниот ковчег прикажува еден вирус

    Чекор 2: Со кликнување на десното копче од глувчето на некој од вирусите ќе се прикаже менито на дејства што можат да се применат врз избраниот вирус на следниов начин:

    Слика 14: Скок-мени со дејства што можат да се применат на вирусите во базата на податоци на вирусни дефиниции

    Забелешка: Ако кликнете два пати на некој вирус во базата на податоци на вирусни дефиниции, нема да го активирате. Само ќе се прикажат карактеристиките на вирусот, или само истите информации кои би ги добиле со избор на ставката Properties (Својства) од скок-менито.

    Следната листа ги опишува дејствата што можат да се применат на вирусите од скок-менито на следниот начин:

    Delete (Избриши): Оваа ставка ќе го избрише вирусот неповратно.

    Restore (Обнови): Оваа ставка ќе го врати вирусот на неговата оригинална локација.

    Extract (Извлечи): Оваа ставка ќе ја копира датотеката или вирусот во папка што вие сте ја избрале.

    Scan (Скенирај): Со оваа ставка повторно можете да го скенирате вирусот

    Submit to virus lab... (Поднеси до лабораторијата на вируси...): Оваа ставка ќе ви овозможи да го доставите вирусот за понатамошна анализа во базата на податоци за познати вируси. Со избирање на оваа ставка ќе активирате формулар за поднесување вируси, кој треба да го потполните и да го приложите.

    Properties (Својства): Оваа ставка ќе ви открие повеќе детали за својствата на избраниот вирус.

    Add... (Додај...): Оваа ставка ви овозможува да пребарувате низ системот за други датотеки што би сакале да ги додадете на базата на податоци на вирусни дефиниции. Ова е навистина корисно ако имате датотеки што би сакале да ги заштитите при можната појава на вируси.

    Refresh all files (Освежи ги сите датотеки): Оваа ставка ќе ги освежи сите датотеки во базата на податоци, така што ќе можете да ги видите најновите датотеки.

    4.9 Напредни методи за отстранување вируси

    Понекогаш заштитата што ја нудат програмите како avast!, Comodo Firewall и Spybot едноставно не е доволна. Покрај нашиот огромен труд, нашите лични и работни системи се заразени од злонамерен софтвер и други вируси. Во делот 4.1 Кратко упатство како да се заштитите при појава на вируси, понудени се неколку методи за справување со упорен злонамерен софтвер и вируси. Меѓутоа, може да се стори повеќе за да се елиминираат таквите закани од компјутерот.

    Метод А: Користење на ЦД/ДВД за заштита од злонамерен софтвер

    Некои софтверски компании кои произведуваат програми за заштита од злонамерен софтвер, нудат и бесплатни ЦД/ДВД дискови за „спасување“ од вируси. Тие можат да се преземат во ISO формат на слика (т.е. формат што лесно може да се изреже на ЦД или ДВД).

    За да започнете со користење на овие ЦД/ДВД дискови за заштита од злонамерен софтвер, направете го следново:

    1. Преземете ги и изрежете ги софтверските програми против злонамерен софтвер на CD. Можете да користите бесплатни програми како ImgBurn за да ја изрежете сликата на дискот. Или можете да ја користите бесплатната програмата како Универзален USB инсталер за да се стави сликата на USB<br>

    2. Внесете го дискот во заразените компјутери, во уредот за ЦД/ДВД, а потоа престартувајте го компјутерот со ова ЦД/ДВД.<br> Често можете да го направите ова со притискање на копчето F10 или F12 на тастатурата, само по вклучувањето на компјутерот. Обрнете посебно внимание на инструкциите на прозорецот на компјутерот додека се вклучува, за да научите како да го направите тоа на вашиот компјутер.

    3. Повторно поврзете го системот на интернет, така што софтверските програми против злонамерен софтвер автоматски ќе ги ажурираат своите дефиниции на вирусите, ако е потребно.<br> Можеби е подобро да се поврзете на интернет преку кабел.
    4. Почнете со скенирање на тврдите дискови на компјутерот за да се отстранат сите идентификувани софтверски закани.

    Следната листа набројува неколку дискови за „спасување“:

    Вие исто така може ги најдете следниве ресурси со дополнителни алатки и методи како интересни и корисни: - Како лесно да се чисти заразениот компјутер (Водич за отстранување на малциозен софтвер) - Водич за отстранување на малциозен софтвер за Windows

    Забелешка: Можете посебно да користите секоја од алатките наведени погоре за да ја зголемите способноста ефективно да го исчистите компјутерот.

    Метод Б: Повторна инсталација на оперативниот систем Microsoft Windows

    Во ретки случаи, една вирусна инфекција може да биде толку уништувачка што софтверските алатки препорачани претходно се бескорисни. Во таква ситуација, ви препорачуваме да го направите следново:

    Забелешка: Пред да започнете, бидете сигурни дека ги имате сите соодветни лиценци или сериски броеви, и копии за инсталација на оперативниот систем MS Windows и другите програми што ќе ви бидат потребни. Оваа постапка можеби одзема време, но вреди да се направи напор, ако на друг начин не може да се елиминира злонамерниот софтвер и заканите од вирусите.

    1. Создајте резервна копија на сите лични датотеки на компјутерот.

    2. Повторно инсталирајте го оперативниот систем Microsoft Windows со форматирање на целиот диск.

    3. Ажурирајте го оперативниот систем Microsoft Windows откако сте завршиле со инсталацијата.

    4. Инсталирајте го Avast! (или антивирусната програма што вие ја користите) и ажурирајте ја.

    5. Инсталирајте ги сите програми што ви се потребни и не заборавајте да ги преземете најновите верзии и сите надградби за секоја од програмите. Забелешка: Во никој случај немојте да го поврзете дискот со резервни копии на вашиот компјутер, пред успешното завршување на претходните чекори. Така ризикувате повторно да го заразите компјутерот.

    6. Поврзете го резервниот диск на компјутерот и скенирајте го темелно за да ги пронајдете и да ги елиминирате проблемите.

    7. Откако сте ги пронашле и сте ги избришале сите пронајдени проблеми, можете да ги копирате вашите датотеки од резервниот диск на компјутерскиот тврд диск.

    4.10 Паметен скен

    Паметното скенирање може да изврши неколку скенирања дискутирани во ова поглавје се одеднаш. Ова е лесен начин да се стартува "здравствен преглед" за за откривање на малициозен софтвер, ажурирање на софтверот и мрежна безбедност. Во примерот подолу, паметното скенирање детектира некои застарени софтвери кои бараат ажурирање.

    Чекор 1. Кликнете на и за да го активирате прозорецот подолу:

    Слика 19: Паметно скенирање

    Кога Паметното Скенирањето е завршено, статусот на секое скенирање ќе биде прикажано како што е прикажано во екранот подолу.

    Слика 20: Паметно Скенирање – Пронајдени проблеми

    Чекор 2. кликнете на за да започне разгледувањето на сите откриени проблеми. Забелешка GrimeFighter не е достапен во бесплатната верзија на Avast!

    Слика 21: Ажурирање на софтвер

    Чекор 3. кликнете на за да започне ажурирањето на секоја апликација што треба да се ажурира.

    Слика 22: Ажуриран софтвер

    Чекор 4. Следете ги чекорите од 1 до 3 погоре за да се преиспита здравјето на вашиот компјутер

    Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    5.0 Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    П: Ако морам да го користам компјутерот во интернет-клуб каде што нема инсталирано антивирусна програма, како можам да бидам сигурен дека моите документи нема да се заразат?

    О: Ова е одлично прашање! Се забележува дека разбирате колку се опасни вирусите. Користењето на јавни компјутери е секогаш ризично, бидејќи нема начин да дознаете каков вид злонамерен софтвер може да ве демне на нив. Избегнувајте користење на јавни компјутери за приватни или чувствителни работи, освен ако немате апсолутно никаква друга алтернатива.

    П: Имам неколку компјутери на една мрежа – но и бавна интернет-врска. Како можам да ги преземам ажурираните дефиниции на вирусите и да ги споделам со сите мои компјутери?

    О: Можете да ги преземете последните ажурирања за програмата (VPS - Virus Protection Software) (Софтвер за заштита од вируси) од веб-локацијата на Avast!, и да ги дистрибуирате на секој компјутер на вашата мрежа.

    П: Што ќе се случи со датотеките во базата на податоци за вирусни дефиниции ако го деинсталирам Avast!?

    О: Сите датотеки во базата на податоци на вирусни дефиниции ќе бидат избришани ако ја избришете програмата.

    5.1 Проверка на знаењето

    • Како можете да скенирате специфични датотеки или вируси со Avast!?
    • Колку денови ќе работи нерегистрираната копија на Avast!?
    • Дали е можно да се префрли еден документ, кој не заразен со вирус, во базата на податоци на вирусни дефиниции?
    • Која е разликата помеѓу бришење на вирус и негово префрлање во базата на податоци на вирусни дефиниции?
    • Која е разликата помеѓу скенирање при подигањето на системот и комплетното скенирање на системот?