5. Како да се оправите од загуба на информации

Содржина

...Loading Table of Contents...

    Секој нов метод на чување или пренос на дигитални информации настојува да ви претстави нови начини на кои може да се изгубат, украдат или уништат информациите. Години на работа можат да исчезнат за еден момент, како резултат на кражба, моментална невнимателност, одземање на компјутерскиот диск, или едноставно поради тоа што дигиталната технологија за складирање е кревка по природа. Постои заедничка изрека помеѓу професионалците за компјутерска поддршка: „не е прашање што АКО ги изгубите податоците, прашање е КОГА“. Така, КОГА ова ќе ви се случи и вам, навистина е важно да имате резервна копија и добро тестиран начин за да ја вратите. Денот кога ќе се сетите за важноста на имањето резервен систем е вообичаено денот кога ќе ви затреба.

    Иако е една од најосновните елементи за обезбедување на компјутерите, формулирањето на ефективна политика за резервни копии не е едноставно како што се чини. Планирањето може да биде навистина сложено од повеќе причини: потребата за чување оригиналните податоци и нивна резервна копија на различни физички локации, важноста од чувањето на доверливоста на резервните податоци, и предизвикот во координирањето помеѓу различни корисници кои споделуваат информации помеѓу себе користејќи ги нивните преносни уреди за складирање. Во согласност со тактиките за резервни копии и датотеки за обновување, ова поглавје содржи две специфични алатки, Cobian Backup и Recuva.

    Пример на сценарио

    Елена е еколог во земја со руско говорно подрачје, каде што почнала да создава веб-локација врз основа на креативни презентации со слики, видеа, карти и приказни кои го истакнуваат обемот на нелегалното обесшумување на регионот. Со години таа собирала документи, медиумски датотеки и географски информации за дрвната индустрија, и поголемиот број од овие датотеки ги чува на еден стар компјутер со оперативен систем Windows, кој се наоѓа во канцеларијата на невладината организација во којашто работи. Додека ја дизајнирала веб-локацијата околу овие информации, таа сфатила колку се тие важни и дека треба да ги зачува, во случај да дојде до оштетување на нејзиниот компјутер, особено доколку истото се случи пред да успее сите информации да ги копира на веб-локацијата. Останатите членови на нејзината организација понекогаш го користат компјутерот, па таа сака да научи како да ги врати нејзините податоци ако некој ненамерно ја избрише папката каде што ги чува датотеките. Таа побарала помош од нејзиниот внук Николај, да ѝ помогне со развивањето на стратегија за создавање на резервни копии.

    Што може да научите од ова поглавје

    • Како да организирате и создадете резервни копии од вашите информации
    • Каде треба да ги чувате вашите создадени резервни копии
    • Како безбедно да управувате со вашите резервни копии
    • Како да вратите податоци кои би биле избришани ненамерно

    Идентификација и организација на вашите информации

    Иако е кристално јасно дека треба да се преземаат мерки за да се спречи катастрофа со тоа што ќе се уверите дека вашите информации се физички сигурни, ослободени од злонамерен софтвер и заштитени со добар заштитен ѕид и силна лозинка, овие чекори не се доволни самите по себе. Едноставно постојат многу работи поради кои би можело да тргне на лошо, вклучувајќи напад од вируси, хакери, електричен спој, електричен напон, истурање на вода врз опремата, кражба, конфискација, демагнетизација, пад на оперативниот систем и уништување на меморијата, и овие се само неколку. Подготовката за несреќа е еднакво важна како и обраната од неа.

    Елена: Знам дека резервните копии се важни, Николај, но тоа не мора значи дека некој друг треба да ги направи за мене? Мислам, јас ќе имам доволно време, ресурси и знаење за да го направам самата, нели?

    Николај: Ќе се снајдеш. Смислувањето на добар план за изработка на резервни копии одзема доста ресурси, но тоа не значи дека ќе ти го одземе целото време и пари. И ако го споредиш тоа со губење на сите информации, не можеш да речеш дека не вреди, нели? Впрочем, резервните копии се дефинитивно една од оние работи кои треба сами да ги сработите. Освен ако луѓето кои нудат техничка поддршка не се доверливи и добро информирани за тоа каде ги чуваш дигиталните информации, подобро е сама да ги направиш.

    Прв чекор при формулирање на политиката на резервни копии е да има точна слика за тоа каде се наоѓаат вашите лични и деловни информации. Вашата е-пошта, на пример, можете да ја чувате на серверот, на вашиот компјутер или на двете места одеднаш. И секако, може да имате повеќе кориснички сметки на е-пошта. Сигурно имате важни документи на компјутерот кој го користите во канцеларијата или домот. Имате и листа на контакти, историја на разговори и лични програмски подресувања. Исто така можно е некои информации да се зачувани на пренослив уред, вклучувајќи УСБ-меморија, надворешни дискови, ЦД дискови, ДВД дискови и постари дискети. Во мобилниот телефон имате листа на контакти и можеби важни пораки. Ако имате веб-локација, таа може да содржи голема колекција на статии собрани со текот на годините на работа. И конечно, не заборавајте ги вашите недигитални информации, како на пример тетратки, дневници и писма.

    Следно, што треба да дефинирате е, кои од овие податоци се ‘главни копии’, а кои дупликати. Главната копија е копија на одреден податок, или група податоци, која почесто се ажурира, и таа има своја копија која ја изменувате само ако имате потреба да ја ажурирате содржината. Очигледно, оваа разлика не се однесува на датотеки од кои имате само една копија, но е исклучително важно за одредени видови на информации. Најчестото лошо сценарио е кога се обезбедени само дупликатите од важните документи, а главната копија е уништена или изгубена, пред тие дупликати да се ажурираат. Замислете, на пример, дека сте патувале цела недела и во меѓу време сте ја ажурирале копијата од одредена табела која ја чувате на вашата УСБ-меморија. Од овој момент натаму, треба да размислувате на таа копија како ваша главна копија, бидејќи периодичните, автоматски ажурирања на вашата застарена верзија на компјутерот во вашата канцеларија повеќе не се корисни.

    Обидете се да ги внесете физичките локации на сите главни копии и дупликати од информациите идентификувани понатаму. Ова ќе ви ги појасни вашите потреби и како треба да почнете со дефинирање квалитетна политика за создавање резервни копии. Табелата понатаму е основен пример. Секако, веројатно ќе воочите дека вашата листа е многу подолга, и содржи некои ‘уреди за складирање’ со повеќе од еден ‘тип на податок’ и некои типови на податоци кои се присутни на повеќе уреди.

    <table border="1"> <tbody> <tr> <th>Вид податоци</th> <th>Главна/Дупликат</th> <th>Уред за складирање</th> <th>Локација</th> </tr> <tr> <td>Електронски документи</td> <td>Главна копија</td> <td>Компјутерска меморија</td> <td>Канцеларија</td> </tr> <tr> <td>Некои важни електронски документи</td> <td>Дупликат</td> <td>УСБ-меморија</td> <td>Со мене</td> </tr> <tr> <td>Програмска база на податоци (фотографии, листа на контакти, календар итн.) </td> <td>Главна</td> <td>Компјутерска меморија</td> <td>Канцеларија</td> </tr> <tr> <td>Некои важни електронски документи</td> <td>Дупликат</td> <td>ЦД</td> <td>Дома</td> </tr> <tr> <td>Е-пошта &amp; контакти од е-пошта</td> <td>Главна</td> <td>Gmail корисничка сметка</td> <td>На интернет </td> </tr> <tr> <td>Пораки &amp; телефонски контакти</td> <td>Главна</td> <td>Мобилен телефон</td> <td>Со мене</td> </tr> <tr> <td>Печатени документи (контакти, фактури, итн.)</td> <td>Главна</td> <td>Фиока од бирото</td> <td>Канцеларија</td> </tr> </tbody> </table>

    Во табелата погоре, можете да видите дека:

    • Единствените документи кои ќе преостанат ако се уништи внатрешната меморија на вашиот компјутер во канцеларија, се дупликатите од УСБ-меморијата и копиите на ЦД дискови во вашиот дом.
    • Немате копии од вашите е-пораки или листата со адреси, па доколку ја заборавите лозинката (или доколку некој успее злонамерно да ја промени) ќе го изгубите пристапот до нив.
    • Немате копии од каков било податок од вашиот мобилен телефон.
    • Немате дупликат копии, дигитални или физички, или отпечатени документи како на пример договори или фактури.

    Дефинирање на вашата резервна стратегија

    За да можете да вратите податоци од сите видови уреди прикажани погоре, ќе ви треба комбинација од софтверски решенија и процеси. Во суштина, треба да бидете сигурни дека секој вид податоци е зачуван на барем две различни локации.

    Електронски документи – Создадете резервни копии на сите документи на компјутерот користејќи програма како Cobian Backup, која подетално е опишана понатаму во текстот. Зачувајте ги резервните копии на некој пренослив уред, за да можете да ги однесете дома или на некоја друга безбедна локација. Некои од можните решенија се надворешните тврди дискови, ЦД/ДВД дискови или УСБ меморија. Некои луѓе користат ЦД или ДВД дискови за оваа цел, бидејќи ризикот да ги презапишете и изгубите вашите резервни копии е помал. Празните ЦД се доволно евтини за да можете да користите нов секој пат кога ќе направите резервна копија на документите.

    Бидејќи оваа категорија на податоци често ги содржи најчувствителните информации, особено е важно со шифрирање да ги заштитите вашите резервни копии на електронски документи. Можете да научите како да го правите ова во поглавје 4: Како да ги заштитите чувствителните датотеки на компјутероти во Упатството за TrueCrypt.

    Бази на податоци за програмите – Откако ќе ја утврдите локацијата на базите на податоци на вашите програми, од нив можете да направите резервни копии на истиот начин како со електронските документи.

    Електронска пошта – Наместо да пристапите до вашата е-пошта само преку веб-прелистувач, инсталирајте клиент за електронска пошта како Thunderbird и конфигурирајте го да работи со вашата е-пошта. Упатството за употреба на Thunderbird детално објаснува како да го направите ова. Исто така, поголемиот број на клиенти за е-пошта на интернет ќе обезбедат инструкции за тоа како да ги користите таквите програми, и како во нив да ја увезете вашата адреса на електронска пошта. Можете да научите нешто повеќе во делот за дополнителни информации понатаму во овој текст. Доколку изберете да ги преместите вашите стари е-пораки на компјутерот за да не се чуваат на серверот (на пример: од безбедносни причини), бидете сигурни дека сте ги вклучиле во резервните копии на електронските документи, кои ги споменавме погоре во текстот.

    Содржини на мобилен телефон – За да направите резервна копија на телефонските броеви и текст пораки на вашиот мобилен телефон, можете да го поврзете со компјутерот користејќи го соодветниот софтвер, кој вообичаено е достапен од веб-локацијата на компанијата која го произвела вашиот телефон. Можеби ќе треба да купите посебен УСБ кабел за да го направите ова.

    Отпечатени документи – Каде што е возможно, треба да ги скенирате сите ваши важни документи, и да направите резервни копии на истите заедно со останатите ваши електронски документи, како што е споменато погоре во текстот.

    На крај, треба да ги преуредите вашите уредите за складирање на податоци, видови податоци и резервни копии, на начин на кој вашите информации ќе бидат поотпорни на катастрофи:

    <table width="100%" border="1"> <tbody> <tr> <th>Вид податоци</th> <th>Главна/Дупликат</th> <th>Уред за складирање </th> <th>Локација</th> </td> </tr> <tr> <td>Електронски документи</td> <td>Главна</td> <td>Тврд диск на компјутерот</td> <td>Канцеларија </td> </tr> <tr> <td>Електронски документи</td> <td>Дупликат</td> <td>ЦД</td> <td>Дома </td> </tr> <tr> <td>Неколку важни електронски документи</td> <td>Дупликат</td> <td>УСБ-меморија</td> <td>Со мене </td> </tr> </tbody> </table>

    <table width="100%" border="1"> <tbody> <tr> <th>Вид податоци</th> <th>Главна/Дупликат</th> <th>Уред за складирање </th> <th>Локација</th> </td> </tr> <tr> <td>Бази на податоци за програмите</td> <td>Главна</td> <td>Тврд диск на компјутерот</td> <td>Канцеларија </td> </tr> <tr> <td>Бази на податоци за програмите</td> <td>Дупликат</td> <td>ЦД</td> <td>Дома </td> </tr> </tbody> </table>

    <table width="100%" border="1"> <tbody> <tr> <th>Вид податоци</th> <th>Главна/Дупликат</th> <th>Уред за складирање </th> <th>Локација</th> </td> </tr> <tr> <td>Е-пошта и контакти</td> <td>Дупликат</td> <td>Корисничка сметка на Gmail</td> <td>Интернет </td> </tr> <tr> <td>Е-пошта и контакти на е-пошта</td> <td>Главна</td> <td>Thunderbird на компјутерот од работа</td> <td>Канцеларија </td> </tr> </tbody> </table>

    <table width="100%" border="1"> <tbody> <tr> <th>Вид податоци</th> <th>Главна/Дупликат</th> <th>Уред за складирање </th> <th>Локација</th> </td> </tr> <tr> <td>СМС пораки и контакти на мобилен телефон</td> <td>Главна</td> <td>Мобилен телефон</td> <td>Со мене </td> </tr> <tr> <td>СМС пораки и контакти на мобилен телефон</td> <td> Дупликат </td> <td>Тврд диск на компјутерот</td> <td> Канцеларија </td> </tr> <tr> <td>СМС пораки и контакти на мобилен телефон</td> <td> Дупликат </td> <td>Резервна копија на SIM картичката</td> <td>Дома </td> </tr> </tbody> </table>

    <table width="100%" border="1"> <tbody> <tr> <th>Вид податоци</th> <th>Главна/Дупликат</th> <th>Уред за складирање </th> <th>Локација</th> </td> </tr> <tr> <td>Отпечатени документи</td> <td> Главна </td> <td>Фиока на бирото</td> <td>Канцеларија </td> </tr> <tr> <td>Скенирани документи</td> <td> Дупликат </td> <td>ЦД</td> <td>Дома </td> </tr> </tbody> </table>

    Елена: Познавам некои луѓе кои ги чуваат сите свои важни документи на Gmail, прикачувајќи ги на „нацрт“ пораки или со испраќање на е-пораки до себе. Дали ова би можело да биде ’втора физичка локација’ за моите датотеки?

    Николај: Може да ти помогне да се оправиш ако си изгубила еден или два важни документи, но не е многу згодно. Искрено, за колку документи неделно би направила резервна копија на овој начин? Плус треба да размислиш за тоа дали тие прилози се безбедни, особено ако си загрижена дека некој ја набљудува електронската пошта. Освен ако врската до Gmail не е обезбедена, ова е како на сребрен послужавник на некого да му ги предадеш чувствителните информации. Користењето на HTTPS врска на Gmail со цел да се направат резервни копии на мали партиции од TrueCrypt или датотеки со бази на податоци на KeePass ќе биде прилично безбедно, затоа што тие се шифрирани, но јас навистина не би го препорачал ова како општа резервна стратегија.

    Создавање дигитални резервни копии

    Од различните видови на податоци споменати тука, 'електронските документи' се оние за кои луѓето се грижат најмногу кога донесуваат одлуки за политиката на создавање резервни копии. Овој термин е малку двосмислен, но генерално се однесува на датотеки кои ги чувате самите и ги отворате рачно, со кликање два пати на нив или со користење на менито за датотеки (File) на одредена апликација. Поконкретно, тука се вклучени текстуалните датотеки, документите направени со програми за обработка на текст, презентациите, PDF датотеки и табеларни пресметки меѓу другите примери. За разлика од е-пораките, на пример, електронските документи, генерално, не се синхронизирани со далечински копии преку интернет.

    Кога ќе создадете резервни копии на вашите електронски документи, треба да се сетите да направите резервни копии и на вашите бази на податоци за програмите. Ако користите апликација за календар или електронски адресар, на пример, ќе треба да ја најдете папката каде овие програми ги складираат своите податоци. Надежно, овие бази на податоци ќе бидат на истата локација како и вашите електронски документи, бидејќи често се чуваат во папката My Documents (Мои документи) на компјутер каде што има оперативен систем Windows. Меѓутоа, доколку кај вас не е така, треба да ги додадете соодветните папки на вашите стандардни резервни датотеки.

    Е-пораката складирана со апликација, како на пример Thunderbird е посебен пример на програмска датотека. Ако користите програма за е-пошта, особено ако не можете или не сакате да чувате копија на вашите пораки на серверот, морате да бидете сигурни дека оваа база на податоци од е-пошта е вклучена во вашето редовно правење на резервни копии. Можете да ги сметате сликите и видео датотеките како електронски документи во една програмска база на податоци, во зависност од тоа како ги користите. На пример, апликациите како Windows Media player и iTunes, работат како бази на податоци. Ако користите вакви програми, можеби ќе треба да го пребарате вашиот тврд диск за да пронајдете каде ги складираат вистинските медиумски датотеки кои ги администрираат.

    Уреди за складирање

    Пред да направите резервни копии на вашите електронски документи, морате да одлучите каков вид уред за складирање ќе користите.

    УСБ-меморија - УСБ-мемориите не се премногу скапи и нудат доста голем капацитет за складирање. Лесни се за бришења или презапишувања, колку пати ќе биде потребно. УСБ-мемориите имаат ограничен рок на траење, кој во голема мера зависи од начините и честотата на употреба, но во главно се проценува на околу 10 години.

    Компактни дискови (ЦД) - Компактните дискови собираат околу 700 мегабајти (MB) на податоци. Ќе ви биде потребен ЦД режач и празни дискови за да создадете резервна копија на ЦД диск. Ако сакате да избришете некое ЦД и да ги ажурирате датотеките зачувани на него, ќе треба да имате CD-RW режач и CD-RW диск. Сите главни оперативни системи, вклучувајќи го и Windows XP, сега содржат вграден софтвер кој може да реже ЦД дискови и CD-RW дискови. Имајте на ум дека информациите запишани на овие дискови можат да почнат да го губат квалитетот по пет до десет години. Ако ви требаат резервни копии за подолг период, тогаш од време на време повторно ќе треба да го режете ЦД дискот, да купите посебни „долготрајни“ дискови или да користите поинаков метод на создавање резервни копии.

    Дигитални видео дискови (ДВД) – Дигиталните видео дискови собираат околу 4,7 гигабајти (GB) на податоци. Работат слично на ЦД дисковите, но бараат малку поскапа опрема. Ќе ви биде потребен ДВД режач или DVD-RW режач и соодветни дискови. Како и кај ЦД дискот, податоците запишани на нормален ДВД диск ќе започнат да избледуваат со текот на времето.

    Далечен сервер – Добро одржуван сервер за резервни копи на една мрежа може да има скоро неограничен капацитет, но брзината и стабилноста на вашата интернет-врска ќе одреди дали ова е реално решение. Имајте на ум дека користењето на сервер за резервни копии во вашата сопствена канцеларија, иако можеби е побрзо од копирањето на информации преку интернет, го прекршува критериумот дека треба да чувате копии од вашите важни податоци на две различни физички локации. Постојат бесплатни сервери за складирање податоци и на интернет, но морате навистина внимателно да размислите за ризиците од поставувањето на вашите информации на интернет, и секогаш треба да ги шифрирате вашите резервни копии пред да ги прикачите на сервери кои се водени од организации или поединци кои не ги познавате и не им верувате. Погледнете во делот со Дополнителни информации за неколку примери.

    Софтвер за создавање резервни копии

    Cobian Backup е лесна за употреба алатка која може да се постави да стартува автоматски, или во редовно закажани периоди, и да ги вклучи само датотеките кои биле изменети од вашето последно создавање на резервни копии. Исто така може да ги збие резервните копии за да ја намали нивната големина.

    Практично упатство: Започнете со употреба на Cobian Backup

    Како и секогаш, добра идеја е да ги шифрирате вашите резервни датотеки користејќи алатка како TrueCrypt. Повеќе информации за шифрирањето на податоците можат да се најдат во поглавје 4: Како да ги заштитите чувствителните датотеки на компјутерот.

    Практично упатство: Започнете со употреба на TrueCrypt – Безбедно чување на датотеки

    <p> Кога ќе ги користите овие алатки за создавање на резервни копии, постојат неколку нешта кои можат да помогнат за непреченото работење вашиот систем при создавање резервни копии:

    • Организирајте ги датотеките на компјутерот. Обидете се да ги пренесете сите папки, кои содржат електронски документи и за кои планирате да направите резервни копии, на една единствена локација, како на пример во папката My Documents (Мои документи).
    • Доколку користите софтвер кој ги складира своите податоци во апликација за база на податоци, треба прво да ја пронајдете локацијата на таа база на податоци. Доколку не се наоѓа на лесно достапна локација, проверете дали програмата ќе ви дозволи да изберете нова локација за нејзината база на податоци. Доколку тоа е возможно, можете да ја ставите во истата папка како и вашите електронски документи.
    • Направете распоред за редовно создавање резервни копии.
    • Обидете се да воспоставите процедури за сите вработени во канцеларијата, кои сè уште немаат доверлива и безбедна политика на создавање резервни копии. Помогнете им на вашите соработници да ја разберат важноста на ова прашање.
    • Тестирајте го процесот на преземање податоци од вашите резервни копии. Не заборавајте дека, сепак она кое навистина е важно е процедурата на преземање на податоците назад од резервните копии, а не нивното создавање.

    <div class="background" markdown="1"> Елена: Во ред, додека бев на работа направив шифрирани резервни копии на моите податоци и ги префрлив истите на ЦД. Во Cobian има зададено наредби да ги ажурира моите резервни копии за неколку денови. Моето биро на работа има фиока која се заклучува, и планирам таму да ги чувам ЦД дисковите со резервни копии, за да не се изгубат или скршат.

    <i>Николај: Но што ќе се случи доколку твојата канцеларија изгори? Компјутерот, бирото, дисковите со резервните копии и сè друго? Или, што ако форумот на веб-страницата се користи за да се планира некоја огромна демонстрација за заштита на животната средина, властите реагираат на тоа, нештата ви испаднат надвор од контрола и организацијата стане предмет на инспекција? Се сомневам дека твојата безбедна брава ќе ја спречи полицијата да ги конфискува тие ЦД-дискови. Што мислиш за тоа да ги чуваш дома или да замолиш пријател да ги чува за тебе? </div>

    Оправување од ненамерно бришење на датотеки

    Кога ќе избришете некоја датотека во Windows, таа ќе исчезне од екранот, но нејзината содржина останува на компјутерот. Дури и ако ја испразните корпата за податоци, информациите од датотеките кои сте ги избришале вообичаено сè уште можат да се пронајдат на тврдиот диск. Погледнете во поглавје 6: Како да ги уништите чувствителните информации за да научите нешто повеќе на оваа тема. Повремено, доколку ненамерно избришете некоја важна датотека или папка, оваа слаба точка во безбедноста може да ви биде од корист. Постојат неколку програми кои можат да го обноват пристапот до неодамна избришаните датотеки, вклучувајќи ја алатката наречена Recuva.

    Практично упатство: Започнете со употреба на Recuva - враќање на датотеки

    Овие алатки не функционираат секогаш, бидејќи Windows можеби презапишал нови податоци врз вашите избришани информации. Затоа е важно да правите колку е можно помалку операции со компјутерот пред да избришете датотека и да се обидете да ја повратите со алатка како Recuva. Колку подолго го користите компјутерот пред да се обидете да ја повратите датотеката, толку е помала веројатноста дека ќе успеете во тоа. Ова исто така значи дека треба да ја користите преносната верзија на Recuva, наместо да ја инсталирате откако ќе избришете некоја важна датотека. Софтверот за инсталација бара запишување на нови информации на системот со датотеки, при што може случајно да бидат презапишани податоците кои се обидувате да ги повратите.

    Иако се чини како да е потребен многу труд за да ги имплементирате политиките и да ги научите алатките опишани во ова поглавје, одржувањето на вашата стратегија за создавање на резервни копии, откако ќе го воспоставите таквиот систем е многу полесно, отколку за прв пат да го поставите. А бидејќи резервните копии можеби се и најважниот аспект од безбедноста на податоците, можете да бидете сигурни навистина вреди дека да се помине низ овој процес.

    Дополнителни информации

    • Повеќе информации за резервни копии и повраќање на податоци можат да се најдат во поглавјето 2.3 Резервни копии, уништување и враќање на информации книгата за Дигитална безбедност и приватност за бранителите на човекови права.
    • Имајте на ум дека создавањето на резервни копии преку интернет има свои ризици. Во најлош случај, сетете се да ги шифрирате вашите чувствителни информации посебно, пред да ги поставите на серверот. Под претпоставка дека ќе го направите горенаведениот чекор, постојат бесплатни услуги за складирање на податоци на интернет, кои се навистина лесен начин да направите резервни копии на вашите информации. Некои од опциите се: Wuala, SpiderOak, Google Drive, tahoe-lafs.
    • На веб-локацијата Wikipedia постои одлична статија за враќање на податоците Wikipedia.