Основни поставувања за безбедноста на уредите со Android

Содржина

...Loading Table of Contents...

    <img align="right" src="/sbox/screen/android-basics/android.png"> Во ова поглавје се наведени чекори што може да ги преземете при поставувањето на вашиот телефон (или уред) со Android. Меѓутоа, пред да ги имплементирате долунаведените измени, препорачуваме да ги прочитате Поглавје 10. Како најбезбедно да ги користите мобилните телефони и Поглавје 11. Како најбезбедно да ги користите паметните телефони. Овие две поглавја ќе ви помогнат да планирате кои информации да ги зачувувате и пренесувате кога го користите уредот со Android.

    Забелешка Инструкциите дадени подолу се наменети за Android 4.4

    Последна измена на ова поглавје

    • февруари 2015

    Задолжителна литература

    Основна конфигурација на Android

    1.0 Основно поставување

    1.1 Пристап до вашиот телефон

    Овозможете Lock SIM Card (Заклучување на СИМ-картичката), опција која можете да ја најдете во Settings (Поставувања) -> Personal (Лични) -> Security (Безбедност) -> Set up SIM card lock (Поставување на заклучувањето на SIM-картичката). Ова ќе значи дека секој пат кога ќе го вклучите телефонот, морате да внесете ПИН-код за да ја отклучите СИМ-картичката. Не може да се воспоставуваат повици без PIN-код.

    Поставете Screen Lock (Заклучување на екранот), опција која можете да ја најдете во Settings (Поставувања) -> Personal (Лични) -> Security (Безбедност) -> Screen Lock (Заклучување на екранот), со што ќе мора да се внесе код, шаблон или лозинка за да се отклучи екранот, откако бил заклучен. Препорачуваме да ја користите опцијата PIN (ПИН-код) или Password (Лозинка), бидејќи тие не се ограничени со должина. Можете да најдете повеќе информации за создавањето на силни лозинки во поглавјето 3. Како да создадете и одржувате сигурни и безбедни лозинки.

    Поставете го security lock timer (време за заклучување на екранот), опција со која телефонот автоматски ќе се заклучи по претходно одредено време. Можете да одредите вредност која ви одговара, во зависност од тоа колку често морате да го отклучувате телефонот.

    1.2 Шифрирање на уредот

    Ако вашиот уред користи Android 4.0 или понова верзија, треба да го вклучите Шифрирањето на уредот. Ова може да се направи од Settings (Поставувања) -> Personal (Лични) -> Security (Безбедност) -> Encryption (Шифрирање). Меѓутоа, пред да можете да ја користите опцијата за шифрирање на уредот, ќе морате да поставите заклучување на екранот со лозинка (опишано погоре).

    Забелешка: Пред да започнете со процесот на шифрирање, проверете дали батеријата на телефонот е целосно полна и дали е приклучен на извор за напојување.

    1.3 Поставувања за мрежата

    Исклучете ги опциите за безжично поврзување на интернет „Wi-Fi“ и Bluetooth, по правило. Проверете дали опциите Tethering (Поврзување) и Portable Hotspots (Преносни пристапни места), кои можете да ги пронајдете во Wireless and Network Settings (Безжични и мрежни поставувања), се исклучени кога не се користат. Settings -> Wireless & Networks -> More -> Tethering & Mobile hotspot

    Ако вашиот уред поддржува комуникација на блиски полиња Near Field Communication (NFC), оваа опција ќе биде вклучена по правило и затоа мора да ја исклучите рачно.

    1.4 Поставувања за локацијата

    Исклучете ја опцијата за Wireless и GPS (Безжична и ГПС) локација (која можете да ја најдете во услугите за локација Location Services) и мобилни податоци (оваа опција можете да ја најдете во Settings -> Personal -> Location).

    Забелешка: Поставувањата за локацијата вклучете ги само доколку ви се потребни. Важно е овие услуги да не бидат вклучени во заднина по правило, бидејќи така ќе се намали ризикот за следење според локацијата, ќе се заштеди батеријата и ќе се намалат несаканите протоци на податоци кои се иницирани од апликациите кои работат во заднината или оддалеку преку вашиот мобилен оператор.

    1.5 Идентификација на повикот

    Доколку сакате да го сокриете вашиот телефонски број при повикувањето, одете во Phone Dialler (Повикувач)-> Settings (Поставувања) -> Additional Settings (Дополнителни поставувања) -> Caller ID (Идентификација на повикот) -> hide number (скриј го бројот).

    1.6 Ажурирање на софтверот

    За да бидете сигурни дека вашиот телефон ќе остане безбеден, препорачуваме да го ажурирате софтверот. Има два типа на ажурирања што треба да се проверуваат

    Оперативниот систем на телефонот: одете на: settings -> About phone -> updates -> check for updates

    Апликации што ги имате инсталирано: Отворете ја апликацијата Play store и изберете My Apps (мои апликации) од side menu (страничното мени).

    Забелешка: Кога го ажурирате софтверот на телефонот, важно е тоа да го направите од доверлива локација како што е вашата домашна интернет-врска, наместо од интернет-кафе или друго јавно место за пристап до интернет.

    2.0 Препорачани апликации за Android

    Имаме повеќе практични упатства за апликации за Android што препорачуваме да ги инсталирате на уредот. Овие упатства ќе ве водат низ инсталирањето, конфигурирањето и користењето на апликациите на вашите уреди со Android.

    APG

    Лиценца: ССОК (GPL v3) / Системски барања: Android 1.5 или понова верзија

    Детали: ви овозможува да шифрирате и дешифрирате поединечни датотеки или е-пораки, за лична употреба или за споделување со други лица, користејќи криптографија со јавен клуч или тајна фраза.

    Gibberbot

    Лиценца: ССОК (GPLv3) / Системски барања: Android 1.6 или понова верзија

    Детали: клиент за размена на инстант-пораки што ви овозможува да ги организирате и администрирате сите различни кориснички сметки за размена на инстант-пораки (IM) користејќи еден единствен интерфејс. Ќе се обиде и да ги шифрира вашите разговори користејќи OTR при разговарање со контакти коишто користат клиенти за размена на инстант-пораки што поддржуваат OTR.

    K-9 Mail and APG

    Лиценца: ССОК (Apache 2.0) / Системски барања: Android 1.5 или понова верзија

    Детали: клиент за е-пошта што се интегрира со APG за да ви овозможи лесно испраќање и примање на е-пораки шифрирани со GnuPG

    KeePassDroid

    Лиценца: ССОК (GPL v2) / Системски барања: Android 1.5 и понова верзија

    Детали: безбедна и лесна за употреба алатка за управување со лозинки, што ќе ги чува вашите лозинки во шифрирана база на податоци во вашиот телефон.

    Obscuracam

    Лиценца: ССОК (GPL v3) / Системски барања: Варираат според уредот

    Детали: бесплатна апликација за камера за уреди со Android што може да препознава и сокрива лица. Ви овозможува да ги заматувате или бришете лицата на оние што ги фотографирате, со цел да ги заштитите нивните идентитети.

    Orbot

    Лиценца: ССОК (BSD) / Системски барања: Android 2.3 или понова верзија

    Детали: апликација дизајнирана за да ја зголеми анонимноста на вашите активности на интернет, со испраќање на вашите врски преку мрежата на Tor.

    Orweb

    Лиценца: ССОК (GPL v2) / Системски барања: Android 1.6 или понова верзија

    Детали: веб-прелистувач што се користи во комбинација со Orbot, овозможувајќи да прелистувате на интернет преку мрежата на Tor.

    RedPhone

    Лиценца: ССОК (GPL v3) / Системски барања: Android 2.3 или понова верзија

    Детали: Ви овозможува да воспоставувате шифрирани телефонски повици преку интернет. Потребен ви е важечки телефонски број за да се регистрирате.

    TextSecure

    Лиценца: Слободен софтвер (GPL v3) / Системски барања: Android 2.3 или понова верзија

    Детали: апликација што служи за испраќање шифрирани текстуални пораки (SMS) преку вашиот мобилен оператор, шифрирани пораки преку WiFi и преку интернет-врската на вашиот телефон, како и за складирање на сите SMS-пораки и други пораки во шифриран склад на вашиот телефон.

    3.0 Предлози за дополнителен софтвер

    Покрај софтверот опфатен во нашите Практични упатства за Android, ви ги предложуваме и следниве апликации.

    3.1 Апликации за нерутиран Android

    Applock

    Лиценца: Комерцијална / Системски барања: Варираат според уредот

    Детали: Ви овозможува да ги заштитите апликациите на телефонот со лозинка, за да не може да се вклучуваат без да се внесе точната тајна фраза. На пример, заштитете ја вашата апликација Mail со дополнителна тајна фраза.

    Avira

    Лиценца: Комерцијална / Системски барања: Android 2.2 или понова верзија

    Детали: Антивирусен софтвер што ќе го скенира телефонот, барајќи злонамерни апликации и датотеки. Ќе ви овозможи и да го најдете вашиот телефон доколку го изгубите.

    Cerberus

    Лиценца: Комерцијална / Системски барања: Android 4.0.3 и понова верзија

    Детали: Решение против кражба што ќе ви овозможи да го лоцирате телефонот доколку го изгубите или ви го украдат. Ќе ви овозможи и од далечина да го заклучите или да ги избришете содржините на вашиот телефон.

    Firefox

    Лиценца: ССОК / Системски барања: Во зависност од уредот

    Детали: ви го овозможува доживувањето на Прелистувачот Firefox за десктоп на мобилниот телефон

    Notecipher

    Лиценца: ССОК (Apache v2) / Системски барања: Android 3.0 или понова верзија

    Детали: Апликација за запишување забелешки што ги складира сите белешки во шифриран склад заштитен со тајна фраза.

    OpenVPN за Android

    Лиценца: ССОК (GPL v2) / Системски барања: Android 4.0 и понова верзија

    Детали: Ви овозможува да ги поврзувате вашите апликации на интернет преку VPN-мрежи базирани на OpenVPN, заштитувајќи ве од следење.

    Panic Button

    Лиценца: ССОК (GPL v3) / Системски барања: Android 2.3.3 или понова верзија

    Детали: Ви овозможува тајно да поставите телефонот да испрати SMS-порака известувајќи претходно одреден список со контакти да знаат дека можеби сте во опасност.

    Psiphon3

    Лиценца: ССОК (GPL v3) / Системски барања: Во зависност од уредот

    Детали: ви помага да се обидете да ја избегнете цензурата и надзорот со тунелирање на интернет-врската низ повеќе различни шифрирани типови тунели, како што се VPN-мрежи и прокси-сервери.

    Spideroak

    Лиценца: Комерцијална / Системски барања: Во зависност од уредот

    Детали: е алатка за синхронизирање датотеки што ќе ви дозволи лесно да ги споделувате датотеките меѓу компјутерите и уредите со Android devices преку посреднички сервер на интернет. Сите датотеки се шифрираат од страна на апликацијата пред да се постават на серверите на Spideroak.

    Surespot

    Лиценца: ССОК (GPL v3+) / Системски барања: Android 2.3.3 или понова верзија

    Детали: апликација за безбедно испраќање и примање пораки што обезбедува целосно шифрирање на сите пораки и датотеки што се испраќаат. Не се потребни лични информации (телефон, адреса на е-пошта) за регистрирање.

    3.2 Апликации за рутиран Android

    Следниве апликации се наменети за напредни корисници на Android и бараат вашиот телефон да биде рутиран

    AFwall+

    Лиценца: ССОК (GPL v3) / Системски барања: Android 2.2 или понова верзија

    Детали: Заштитен ѕид за вашиот уред со Android што ви овозможува да контролирате кои апликации можат да пристапуваат на интернет.

    CryptFS

    Лиценца: ССОК (Apache v2) / Системски барања: Android 3.0 или понова верзија

    Детали: ви овозможува да ја смените лозинката во Android за шифрирање диск, што значи дека може да имате една тајна фраза за дешифрирање на телефонот кога го вклучувате и друга тајна фраза за отклучување на телефонот при вообичаена употреба.

    Cryptonite

    Лиценца: FOSS (GPL v2) / Системски барања: Android 2.2 или понова верзија

    Детали: ви овозможува да создавате шифрирани складови заштитени со тајна фраза на вашиот уред со Android, во коишто може да складирате „чувствителни“ датотеки.

    SnoopSnitch

    Лиценца: ССОК (GPL v3) / Системски барања: Android 4.1 - 4.4 и само конкретни телефони

    Детали: апликација за Android што собира и анализира мобилни радио податоци за да ве известува за безбедноста на мобилната мрежа и да ве предупредува за опасности како што се лажни базни станици, следење корисници и ажурирања во етерот.

    X-Privacy

    Лиценца: ССОК (GPL v3) / Системски барања: Android 4.0.3 или понова верзија

    Детали: апликација што спречува протекување чувствителни информации од вашиот уред со Android (како што се вашиот телефонски број, контакти, локација итн.) во други апликации инсталирани на телефонот. X-Privacy е бесплатна, но има и професионална верзија што може да се купи, а којашто ви овозможува да преземате правила за ограничување наместо сами да ги создавате.