CCleaner – безбедно бришење на датотеки и пребришување на работна сесија

Содржина

...Loading Table of Contents...

    CCleaner е лесна за употреба и ефикасна програма, која е од суштинско значење за заштита на вашата дигитална приватност и безбедност. Со трајното бришење (или пребришување) на историјата од вашиот прелистувач, колачиња, и други привремени датотеки создадени за време на вашата работна сесија, како и слободниот простор на дисковите, CCleaner ги ограничува начините на кои некои злонамерни или злонамерни лица можат да ги набљудуваат вашите работни навики и склоности, или пак да го заразат вашиот систем.

    Почетна страница

    www.ccleaner.com

    Системски барања

    • Сите верзии на Windows

    Верзија што се користи во ова упатство

    • 4.16

    Лиценца

    • Бесплатен софтвер

    Задолжителна литература

    Брошура со совети за употреба, поглавје 6. Како да се уништат чувствителните информации

    Што ќе добиете::

    • Можност трајно да ги избришете сите траги од активност и привремени датотеки зачувани на компјутерот.
    • Можност да го пребришете слободниот простор на дисковите поврзани со на компјутерот
    • Можност да го расчистите Системскиот регистар на Windows
    • Можност да контролирате кои програми стартуваат кога го стартувате компјутерот

    Други програми компатибилни со GNU Linux, Mac OS и Microsoft Windows

    Друга одлична алатка за отстранување на привремени датотеки или алатка за уништување, која што е компатибилна со GNU Linux и Microsoft Windows, е BleachBit. BleachBit ви овозможува да ги пребришете привремените датотеки во 70 од најпопуларните апликации, привремени датотеки од оперативните системи и слободен простор на тврдите дискови. Оваа програма со отворен код и со пренослива верзија -BleachBit– е достапна на 32 јазици.

    CCleaner е исто така достапен за корисниците на Mac OS, кои исто така ќе бидат задоволни со бесплатните алатки од Titanium’s Software, OnyX и Maintenance со кои можат да се избришат сите траги по една работна сесија. За безбедно да го избришете вашето ѓубре, отворете го менито Finder (Пронаоѓач), а потоа изберете Finder (Пронаоѓач) > Empty Trash securely.... За секогаш безбедно да го пребришувате вашето ѓубре, изберете Finder (Пронаоѓач) > Preferences, а потоа кликнете на картичката за напредни поставувања - Advanced. Следно, изберете ја опцијата за безбедно бришење на ѓубрето - Empty Trash securely. За да го избришете слободниот простор на дискот, стартувајте ја системската апликација Disk Utility, изберете го дискот кој би сакале да го исчистите, изберете го картичката Erase (Избриши), а потоа кликнете на копчето Erase (Избриши) Free Space.

    Инсталација на CCleaner

    • Прочитајте го краткиот вовед од Практичното упатство
    • Кликнете на иконата CCleaner подолу да ја отворите страницата за преземање www.piriform.com/ccleaner/builds download page.
    • Во делот за 'CCleaner - Slim' кликнете на копчето 'Download' (Преземи)
    • Зачувајте ја датотеката 'ccsetup_slim.exe' на компјутерот, а потоа пронајдете ја и кликнете два пати на неа за да започне инсталацијата на програмата.
    • Прочитајте ги 'Инструкциите за инсталација' во наредниот дел пред да продолжите
    • Откако успешно ќе го инсталирате CCleaner можете да ја избришете програмата за инсталирање од компјутерот

    CCleaner:

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    Стандардните поставувања на компјутерскиот систем или интернет-прелистувач, автоматски собираат и создаваат трага од податоци, која лесно би можело да ја следи некое лице со доволно знаење и лоши намери – слично на ловецот кој ги следи трагите на својот плен. Секогаш кога користите прелистувач на интернет-содржини или програма за обработка на текст, или кога ќе зачувате некоја програма во компјутерскиот систем ќе се создадат и привремени податоци и датотеки. Исто така возможно е да се создаде листа на скорешни документи или веб-страници. На пример, секогаш кога ќе внесете некоја веб-адреса во вашиот прелистувач на интернет содржини, може да се појави листа од оние адреси кои почнуваат со таа/тие букви, како на следната слика:

    Слика 1: Полето за впишување адреса во еден прелистувач на интернет содржини, кое прикажува различни други адреси:

    Иако историјата на прелистувачот можеби се чини погодна, таа им овозможува на други лица да дознаат кои веб-страници сте ги посетиле, покрај тоа, вашите скорешни активности можат да бидат изложени со привремените податоци кои се собрани од сликите кои се појавуваат на тие веб-страници, вклучувајќи е-пораки и информации внесeни на интернет-форумите.

    За да ги отстраните привремените податоци кои се создаваат секој пат кога ќе искористите некоја програма, би морале да го отворите директориумот на секоја посебна програма, да ги идентификувате, а потоа рачно да ги избришете нејзините привремени програмски датотеки од таму. CCleaner едноставно ќе ви прикаже листа на програми и ви овозможува да ја избере програмата од која би сакале да ги избришете привремените датотеки.

    Важно: Иако CCleaner брише само привремени податоци, не брише цели документи од вашиот компјутер, ви препорачуваме да чувате ажурирана резервна копија на вашите документи (за тоа како да направите резервна копија повеќе може да дознаете во делот 5. How to Recover from Information Loss.

    По користењето на CCleaner може да ги изгубите неодамнешните преземени документи од историјата на вашиот прелистувач, како и зачувани лозинки. Но, токму тоа и е идејата на оваа алатка - да ги сведе на минимум начините на инфицирање или мониторирање на вашиот систем.