Cobian Backup - безбедно чување датотеки

Содржина

...Loading Table of Contents...

    Cobian Backup се користи за создавање на архиви од вашите дигитални датотеки. Можете да ги чувате на вашиот компјутер, канцелариска мрежа, преносни уреди или интернет-сервери.

    Почетна страница

    http://www.cobiansoft.com/cobianbackup.htm

    Системски барања

    • XP, 2003, Vista, 2008, Windows 7

    Верзија која се користи во ова упатство

    • 10

    Лиценца

    • Бесплатен софтвер

    Задолжителна литература

    Ниво: 1: Почетно, 2: Просечно, 3: Средно, 4: Искусно, 5: Напредно

    Време потребно за да се почне со користење на оваа алатка: 30 минути

    Што ќе добиете со ова:

    • Можност да направите резервни копии на сите документи, датотеки и папки.
    • Можност да ги компресирате и декомпресирате вашите резервни датотеки.
    • Можност да ги шифрирате и дешифрирате вашите архивирани датотеки.

    Други програми компатибилни со GNU Linux, Mac OS и Microsoft Windows:

    Архивирањето или правењето резервни копии на вашите документи, датотеки и папки може да биде еднакво едноставно како копирањето на датотеки од една локација до друга безбедна локација; поради оваа причина не се потребни посебни алатки. Меѓутоа, кога се архивираат поголем број документи и датотеки, овој процес ќе биде многу полесен ако имате специјализирана програма за правење резервни копии на датотеките (како Cobian Backup) или алатка за синхронизација на датотеките, програми кои ќе обезбедат комплетно идентична содржина на оригиналната или ’изворната’ локација и новата локација. Покрај Cobian Backup, постојат многу алатки кои помагаат во архивирањето и правењето на резервни копии на вашите документи. Во прилог ви препорачуваме листа на корисни алатки:

    • Freebyte Backup е бесплатна програма за создавање резервни копии, дизајнирана за Microsoft Windows;
    • Unison File Synchronizer е програма со слободен софтвер и отворен код за Microsoft Windows, Mac OS, и GNU/Linux;
    • Allway Sync е бесплатен софтвер за Microsoft Windows, алатка која се користи за синхронизација на датотеки;;
    • FreeFileSync е програма со слободен софтвер и отворен код за GNU/Linux и Microsoft Windows;
    • Time Machine е услуга за правење резервни копии, развиена од Apple, и е вклучена во оперативниот систем Mac (верзија 10.5 и нагоре); и
    • Ubuntu GNU/Linux корисниците треба да го прочитаат упатството Backup Your System кое опишува кои алатки можат да ги користат.

    Инсталација на Cobian

    • Прочитајте го краткиот вовед од Практичното упатство
    • Кликнете на иконата Cobian подолу за да ја отворите веб-страницата www.cobiansoft.com/cobianbackup.htm
    • Кликнете на врската "Download Cobian Backup" (Преземи го Cobian Backup) на страницата.
    • Зачувајте ја датотеката за инсталирање, потоа пронајдете ја кликнете два пати на иконата
    • Прочитајте го „Упатството за инсталација“ подолу пред да продолжите
    • Откако успешно ќе го инсталирате Cobian, можете да ја избришете програмата за инсталирање од вашиот компјутер.

    Cobian:

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    Cobian Backup се користи за архивирање (или правење на резервни копии) на вашите датотеки и директориуми. Резервните копии може да се чуваат на други директориуми или дискови на вашиот компјутер, други компјутери во канцелариската мрежа, или на преносни уреди (ЦД, ДВД и УСБ-меморија). Cobian Backup ви овозможува редовно да ги архивирате вашите директориуми и датотеки. Работи незабележливо во заднина на вашиот систем (т.е. на системската лента), проверувајќи го вашиот распоред и извршувајќи ги процесите на создавање резервни копии, доколку е потребно. Cobian Backup исто така може да ги компресира и шифрира датотеките, во исто време додека ја создава резервната датотека.

    Како да инсталирате Cobian Backup и да ги архивирате вашите датотеки

    Листа на секции на оваа страна:

    2.0 Како да го инсталирате Cobian Backup

    Упатство за инсталација: Пред да започнете со процесот на инсталација, потврдете дека ги имате најновите верзии на Microsoft Windows Installer и Microsoft.NET Framework.

    Инсталацијата на Cobian Backup е релативно лесна и брза процедура. За да започнете со инсталација на Cobian Backup, треба да ги следите следниве чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на ; може да се појави дијалог-рамката Open File - Security Warning. Доколку тоа се случи, кликнете на (Стартувај) за да ја активирате светло сината лента Extracting the resource, која го прикажува напредокот на отпакувањето на датотеката по која ќе се појави следниов екран:

    Слика 1: Прозорецот на Cobian Setup за избор на јазик „Please Select a language“

    Чекор 2. Кликнете на (Следно) за да го активирате екранот Please read and accept the License Agreement (Прочитај ја и прифати го договорот за лиценцата); Изберете ја опцијата I accept (Прифаќам), а потоа повторно кликнете на (Следно) за да го активирате следниов екран:

    Слика 2: Прозорецот Select an installation directory (Изберете директориум за инсталација)

    Чекор 3. Кликнете на (Следно) за да го активирате следниов екран:

    Слика 3: Прозорецот Installation type and Service options (Вид инсталација и опции за услугата)

    Чекор 4. Изберете ја опцијата Use Local System account (Користи ја корисничката сметка на локалниот систем) во окното Service options (Опции за услугата), така што вашиот екран ќе изгледа како Слика 3 погоре.

    Важно: Оваа опција овозможува Cobian Backup цело време да работи незабележително во заднината, со цел закажаното оздавање датотеки да се одвива како што сте одредиле.

    Чекор 5. Кликнете на (Следно) за да го активирате следниот прозорец со порака:

    Слика 4: Прозорецот Cobian Backup 10 кој ве прашува дали сакате да продолжите понатаму

    Чекор 6. Кликнете на (Да) за да го активирате наредниот екран за инсталација, а потоа кликнете на (Следно) за да продолжите со процесот на инсталација.

    Чекор 7. Кликнете на (Завршено) за да го комплетирате процесот на инсталација. Откако завршил процесот на инсталација, иконата на Cobian Backup ќе се појави на Windows системската лента на следниов начин:

    2.1 Како да создавате резервни копии на вашите директориуми и датотеки

    Во оваа секција ќе научите како да направите едноставни резервни копии или архиви на специфични датотеки и/или папки. Cobian Backup користи наредба за создавање резервни копии која може да се конфигурира да вклучува одредена група на датотеки и/или папки. Наредбата за создавање резервни датотеки може да се закаже да стартува во одреден ден и час.

    За да зададете нова наредба за создавање резервни копии, направете ги следните чекори:

    Чекор 1. Кликнете на за да дадете нова наредба за создавање резервни копии и да го активирате прозорецот New task (Нова задача) на следниот начин:

    Слика 2: Окното New task (Нова задача)

    Легендата од левата страна содржи неколку картички, а нивните соодветни екрани - кои се користат за различни опции и параметри при создавањето резервни копии - се прикажани на окното од десно. Сите опции во картичката General (Општо) се опишани подолу:

    2.1.1 Описи на опциите

    Task Name (Име на задача): Ова поле ви овозможува да внесете назив на задачата за создавање резервни копии. Употребете име кое ја идентификува природата на резервната копија. На пример, ако резервната копија содржи видео датотеки, би можеле да ја наречете Video Backup.

    Disabled (Исклучено): Оваа опција мора да се остави неизбрана.

    Предупредување: Вклучувањето на опцијата Disabled (Исклучено) ќе ги исклучи сите други опции и ќе ја откаже задачата за создавање резервна копија.

    Include Subdirectories (Вклучи ги поддиректориумите): Оваа опција ви овозможува да ги вклучите сите поддиректориуми/папки со избран директориум/папка за задачата за создавање резервна копија. Ова е ефикасен метод за создавање резервни копии на голем број папки и/или датотеки. На пример, ако ја изберете папката My Documents (Мои документи) и ја изберете оваа опција, сите датотеки и папки во My Documents (Мои документи) ќе бидат вклучени во задачата за создавање резервни копии.

    Create separated backups using timestamps (Создајте одделни резервни копии со употреба на временски печати): Оваа опција ви овозможува да го одредите датумот и времето на задачата за создавање резервна копија, автоматски да бидат вклучени во името на папката која ја содржи вашата резервна датотека. Ова е добра идеја, бидејќи значи дека лесно ќе можете да идентификувате кога била направена одредена резервна копија.

    Use file attribute logic (Користи логика атрибут на датотека): Оваа опција е релевантна само кога ќе одлучите да направите поединечна или диференцијална резервна копија (види подолу). Атрибутите на датотеката содржат информации за таа датотека.

    Забелешка: Следната опција е достапна само за поновите верзии на Windows OS вклучително Windows XP.

    Use Volume Shadow Copy (Користи ја резервната копија на партицијата): Оваа опција ви овозможува да направите резервни копии на датотеките кои се заклучени.

    Cobian Backup ја потврдува оваа информација за да утврди дали имало промена во изворната датотека од последниот пат кога била создадена резервна датотека. Доколку во тој момент стартувате диференцијално или поединечно создавање резервни датотеки, датотеката ќе биде ажурирана.

    Забелешка: Доколку ја исклучите оваа опција ќе можете да направите само комплетна резервна копија или фиктивна резервна копија „dummy backup“ (фиктивното создавање резервни копии е објаснето подолу).

    2.1.2 Описи на видовите резервни копии

    Full (Комплетна): Оваа опција значи дека секоја датотека од изворната локација ќе биде копирана во вашиот резервен директориум. Ако сте ја овозможиле опцијата Create separated backups using timestamp (Создајте одделни резервни копии со употреба на временски печати), ќе имате неколку копии од истиот извор (идентификувани со времето и датумот на резервната копија во насловот на папката). Во друг случај, Cobian Backup ќе ги избрише претходните верзии (доколку постојат такви).

    Incremental (Поединечна): Оваа опција значи дека програмата ќе утврди дали датотеките избрани за создавање резервни копии биле изменети од кога биле направени претходните резервни копии. Доколку немало никаква промена, ова ќе биде прескокнато во процесот на создавање резервни копии, со што ќе се заштеди време. Опцијата Use file attribute logic (Користи логика атрибут на датотека) треба да биде избрана за да се создадат овие резервни копии.

    Differential (Диференцијална): Програмата ќе провери дали изворот бил променет од последното комплетно создавање резервни копии. Доколку нема потреба да се копира таа датотека, овој чекор ќе биде прескокнат, со што ќе се заштеди време. Ако претходно на истите датотеки сте направиле комплетни резервни копии, тогаш можете само да продолжите со нивно создавање, користејќи го диференцијалниот метод.

    Dummy task (Фиктивна задача): Можете да ја користите оваа опција за да му наредите на вашиот компјутер да стартува или исклучува програми во одредено време. Ова е понапредна опција која не е релевантна за нашата основна процедура на создавање резервни копии.

    Чекор 2. Кликнете на да ги потврдите опциите за пребарување и параметрите за вашата задача за создавање резервни копии.

    2.2 Како се создава резервна датотека

    За да започнете со создавање на резервна датотека, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Кликнете на (Датотеки) во левата лента на прозорецот New task (Нова задача) за да прикажете празна верзија на следниот екран:

    Слика 3: Прозорецот New task (Нова задача)(MyBackup)ги прикажува окната за Source и Destination (Извор и дестинација)

    Чекор 2. Изберете ги датотеките од кои сакате да направите резервни копии. (На Слика 3 погоре, селектирана е папката My Documents)

    Чекор 3. Кликнете на (Додај) во окното Source (Извор) за да го активирате следното мени:

    Слика 4: Окното за извор „Source“ - Менито Add button (Додај копче)

    Чекор 4. Изберете Directory (Директориум) ако сакате да направите резервна копија на целиот директориум, и Files (Датотеки) ако сакате да направите резервни копии на индивидуални датотеки. За да наведете кои поединечни датотеки или директориуми ќе имаат резервни копии, изберете Manually (Рачно) и внесете ја патеката на датотеката или директориумот за создавање на резервната копија.

    Забелешка: Можете да додадете колку сакате датотеки или директориуми. Ако сакате да направите резервни копии на датотеките кои тековно се наоѓаат на вашиот FTP сервер, изберете ја опцијата FTP site (ФТП локација) (ќе треба да ги имате соодветните детали за пријавување на серверот).

    Кога сте ги избрале датотеките и/или папките, тие ќе се појават во делот Source (Извор). Како што можете да видите на Слика 3 погоре, папката My Documents е прикажана таму, што значи дека оваа папка ќе биде вклучена во резервните копии.

    Окното Destination (Дестинација) наведува каде ќе се чуваат резервните копии.

    Чекор 5. Кликнете на (Додај) во окното Destination (Дестинација) за да го активирате следното мени:

    Слика 5: Окното Destination (Дестинација) - менито Add button (Додај копче)

    Чекор 6. Изберете Directory (Директориум) за да отворите прозорец-пребарувач каде што ќе ја изберете папката дека ќе ја зачувате вашата резервна датотека.

    Забелешка:Ако сакате да создадете неколку верзии на резервните копии, тука можете да определите неколку папки. Ако сте ја избрале опцијата Manually (Рачно), морате да ја внесете целосната патека до папката каде што сакате да ја чувате резервната копија. За да користите далечен интернет-сервер за чување на вашата архива, изберете ја опцијата FTP site (ФТП локација) (ќе треба да ги имате соодветните детали за најавување на серверот).

    Екранот сега треба да е сличен на примерот погоре, со папките и/или датотеките во изворната област и папките во целната област. Меѓутоа, сè уште не кликнувајте на OK! Сепак треба да направите распоред за создавањето резервни копии.

    2.3 Како да ја закажете создавање резервни датотеки

    За да функционира вашето автоматско создавање резервни копии, треба да го пополните делот за Schedule (Распоред). Оваа задача ви овозможува да наведете кога сакате да се изврши создавањето резервни копии.

    За да ги дефинирате опциите за распоредот, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете од левата лента, за да го активирате следното окно:

    Слика 6: Прозорецот Properties for myBackup (Параметри за создавање резервни копии) со окното за Schedule type (Вид распоред)

    Опциите за Schedule type (Вид распоред) се наведени во паѓачкото мени и се опишани подолу:

    Once (Еднаш): Резервните копии ќе се создадат само на датумот и во времето наведено во делот за Date/Time (Датум/Време).

    Daily (Секојдневно): Резервните копии ќе се создаваат секој ден во времето наведено во делот за Date/Time (Датум/Време).

    Weekly (Седмично): Резервните копии ќе се создаваат во избраните денови од седмицата. Во примерот погоре, резервните копии ќе се создаваат секој петок. Можете да изберете и други денови од седмицата. Резервните копии ќе се создаваат во деновите избрани и во времето наведено во делот за Date/Time (Датум/Време).

    Monthly (Месечно): Резервните копии ќе се создаваат во деновите внесани во полето за денови од месецот, и во времето наведено во делот за Date/Time (Датум/Време).

    Yearly (Годишно): Резервните копии ќе се создаваат во деновите внесани во полето за денови од месецот, за време на специфицираниот месец и во времето наведено во делот за Date/Time (Датум/Време).

    Timer (Тајмер): Резервните копии ќе се создаваат повеќе пати по ред, во интервали одредени во полето за внесување на тајмерот во делот за Date/Time (Датум/Време).

    Manually (Своерачно): Вие самите морате да го стартувате создавањето резервни копии од главниот прозорец на програмата.

    Чекор 2. Кликнете на за да ги потврдите опциите и поставувањата за распоредот на создавање резервни копии на следниот начин:

    Слика 7: Прозорецот New task (Нова задача) го прикажува конфигурирано окно за Schedule type (Вид распоред)

    Штом ќе се одлучите за видот распоред за создавање резервни копии, сте го завршиле последниот чекор. Создавањето резервни копии сега ќе работи со папките одредени во согласност со распоредот кој сте го избрале.

    Once you have decided on a backup schedule, you have completed the final step. The backup will now run on the folders specified according to the schedule you have chosen.

    Како да ги компресирате и декомпресирате вашите резервни датотеки

    Листа на секции на оваа страница:

    3.0 Како да ги компресирате вашите резервни датотеки

    Чекор 1. Создајте задача за создавање резервни копии, како што е документирано во делот 2.3 Како се создава резервна датотека, која ги содржи резервните датотеки кои сакате да ги архивирате.

    Чекор 2. Изберете (Архива) од левата лента за да го активирате екранот New task (Нова задача) на следниот начин:

    Слика 1: Екранот New task (Нова задача) ги прикажува окната за Compression (Компресија) и Strong Encryption (Силно шифрирање)

    Окното за Compression (Компресија) се користи да се определи методот на компресирање на вашите резервни копии.

    Забелешка: Компресијата се користи за да се намали количината на просторот кој го зафаќа датотеката. Ако имате група на стари датотеки кои ги користите само повремено, но сепак сакате да ги задржите, би било логично да ги зачувате во формат, во кој ќе заземаат колку е можно помалку простор. Компресијата работи со отстранување на многу непотребно кодирање од вашите документи, оставајќи ги важните информации недопрени. Компресијата не ги оштетува вашите оригинални податоци. Датотеките не може да се гледаат кога се компресирани. Процесот мора да биде изведен во спротивна насока и вашите датотеки треба да бидат „декомпресирани“ за повторно да можете да ги видите датотеките.

    Трите подопции во паѓачката листа Compression type (Вид компресија) се:

    No Compression (Нема компресија): Како што очекувате, оваа опција не подразбира никаква компресија.

    Zip Compression (Компресија во архива): Оваа опција е стандардната техника на компресија во Windows системите, и најзгодна за употреба. Откако ќе се создадат архивите, тие можат да бидат отворени со стандардни алатки на Windows (или пак можете да ја преземете програмата ZipGenius за да пристапите до нив).

    Избирањето на вид компресија автоматски ја вклучува секцијата Split options (Опции за делење на датотеките), и нејзиното паѓачко мени.

    Split options (Опции за делење на датотеките) може да се примени за чување на преносливи медиуми, на пример ЦД, ДВД, дискети и УСБ-меморија. Неколкуте опции за делење ќе ја поделат архивата на делови кои ќе ги собере на уредот за складирање.

    Пример: Да речеме дека архивирате голем број на датотеки и сакате да ги изрежете на ЦД. Меѓутоа, големината на вашата архива е поголема од 700MB (големината на ЦД). Функцијата за поделба ќе ја подели архивата во делови помали или еднакви на 700MB, кои можете потоа да ги изрежете на вашите цедиња. Ако планирате да направите резервна копија на тврдиот диск од вашиот компјутер, или датотеките за кои сакате да направите резервни копии се помали од уредот на кој сакате да ги зачувате, можете да го прескокнете овој дел.

    Следните опции ќе ви бидат достапни кога ќе кликнете на паѓачката листа Split options. Вашиот избор ќе зависи од видот на пренослив уред кој ви е достапен.

    Слика 2: Паѓачката листа Split Options (Опции за делење на датотеките)

    • 3,5" - Дискета. Оваа опција е доволно опширна за да создаде резервни датотеки за мал број документи
    • Zip - Архива диск (Проверете го капацитетот на оној кој го користите). Ќе ви бидат потребни посебен Zip Drive на вашиот компјутер и посебно прилагодените дискови
    • ЦД-R – ЦД-диск (Проверете го капацитетот на оној што го користите). Ќе ви треба ЦД режач на вашиот компјутер и програма за режење ЦД-дискови (види DeepBurner Free верзија или други алатки за режење дискови).
    • ДВД – ДВД-диск (Проверете го капацитетот на оној што го користите). Ќе ви треба ДВД режач на вашиот компјутер и програма за режење ДВД-дискови (види DeepBurner Free верзија или други алатки за режење дискови).

    Доколку чувате копии на неколку УСБ-мемории, можеби би било добро да одредите една прилагодена големина.

    За да го направите ова, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете ја опцијата Custom size (Прилагодена големина) (бајти), а потоа внесете ја <b>type</b> ја големината на архивата во бајти во полето за текст на следниот начин:

    Слика 10: Полето за текст Custom size (Прилагодена големина)

    За да имате некаков преглед за можните големини, погледнете ја следната листа:

    • 1KB (килобајт) = 1024 бајти – текст-документ со една страна, направен во Open Office е приближно 20kb
    • 1MB (мегабајти) = 1024 KB - слика направена со дигитална камера е вообичаено меѓу 1 - 3 MB
    • 1GB (гигабајт) = 1024 MB - приближно половина час од квалитетен ДВД-филм

    Забелешка: Кога ќе одбирате стандардна прилагодена големина за да ги поделите резервните копии за ЦД или ДВД, Cobian Backup нема автоматски да ги копира резервните датотеки на вашиот пренослив уред. Наместо тоа, таа ќе ја создаде вашата архива во тие датотеки на компјутерот и ќе самите треба да ги изрежете на ЦД или ДВД диск.

    Password Protect (Заштита со лозинка): Оваа опција ви овозможува да внесете лозинка за да ја заштитите архивата. Едноставно внесете ја, а потоа уште еднаш внесете ја лозинката во двете полиња кои се дадени. Кога се ќе се обидете да ја декомпресирате архивата, ќе ви биде побарана лозинката пред да започне задачата.

    Забелешка: Ако сакате да ја обезбедите вашата архива, треба да размислите за користење на друг метод, наместо лозинка. Cobian Backup ви овозможува да ја шифрирате вашата архива. Оваа тема ќе биде покриена во секција 4. Како да ја шифрирате резервната датотека. Како алтернатива, можете да го погледнете Практичното упатство за Truecrypt за да дознаете како се создава простор за шифрирани датотеки на вашиот компјутер или пренослив уред.

    Comment (Коментар): Оваа опција ви овозможува да вметнете нешто описно за архивата, но не е задолжителна.

    3.1 Како да ги декомпресирате вашите резервни датотеки

    За да ги декомпресирате вашите резервни датотеки, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете > Tools (Алатки) > Decompressor (Декомпресор) како што е прикажано подолу;

    Слика 3: Менито Tools (Алатки) ја прикажува опцијата Decompressor (Декомпресор)

    Прозорецот Decompressor (Декомпресор) се појавува на следниот начин:

    Слика 4: Прозорецот на Cobian 10 Backup - Decompressor (Декомпресор)

    Чекор 2. Кликнете на за да отворите прозорец за пребарување, за да можете да ја изберете архивата што сакате да ја декомпресирате.

    Чекор 3. Изберете ја архивата (.zip или .7x датотека) , а потоа кликнете на .

    Чекор 4. Изберете директориум во кој ќе ја отпакувате (пренесете) архивираната датотека.

    Чекор 5. Кликнете на за да отворите друг прозорец кој ви овозможува да ја изберете папката каде сакате да ја отпакувате архивата.

    Чекор 6. Изберете папка, а потоа кликнете на .

    Користете го Windows Explorer за да ги прегледате датотеките кои ќе одат во таа папка.

    Како да ја шифрирате вашата резервна датотека

    Листа на секции на оваа страна:

    4.0 Нешто повеќе за шифрирањето

    Шифрирање може да е потреба за оние кои сакаат своите резервни копии да ги одржуваат безбедни од неавторизиран пристап.

    Шифрирање е процесот на кодирање, или шифрирање, податоци на таков начин, што тие ќе бидат нечитливи за било кој што го нема специфичниот код потребен да ја декодира пораката. За повеќе информации за шифрирањето, погледнете во делот за Брошура со совети за употреба, Поглавје 4.Како да ги заштитите чувствителните датотеки на вашиот компјутер

    4.1 Како да ја шифрирате вашата резервна датотека

    Окното Strong encryption (Силно шифрирање) се користи да се определи методот на шифрирање што ќе се користи.

    Чекор 1. Кликнете на паѓачкото мени Encryption type (Вид на шифрирање) за да ја активирате неговата листа на методи на шифрирање, на следниот начин:

    Слика 1: Паѓачката листа Encryption type (Вид шифрирање)

    За да бидат нештата поедноставни, препорачуваме да изберете еден од методите Blowfish или Rijndael (128 бита). Овие ќе обезбедат одлична сигурност за вашата архива и ќе ви овозможат да пристапите до шифрираните податоци со претходно одредена лозинка.

    Чекор 2. Изберете го Encryption type (Вид шифрирање) што сакате да го користите.

    Забелешка: Rijndael и Blowfish го нудат приближно истото ниво на безбедност. DES е послаб, но процесот на шифрирање е побрз.

    Чекор 3. Внесете ја, и потоа уште еднаш внесете ја лозинката во двете полиња кои се дадени подолу.

    Слика 2: Полињата за текст Encryption type (Вид на шифрирање)и Passphrase (Лозинка)

    Силата на лозинката е прикажана на лентата означена со 'Passphrase quality' (Квалитет на лозинката). Колку лентата се приближува кон десната страна, толку посилна е лозинката. Погледнете во Брошура со совети за употреба, поглавје 3.Како се создаваат и одржуваат безбедни лозинки и KeePass Практичното упатство за инструкции Како се создаваат и чуваат безбедни тајни фрази (или лозинки).

    Чекор 4. Кликнете на .

    4.2 Како да ја дешифрирате вашата резервна датотека

    Дешифрирањето на вашата резервна датотека е лесно и брзо. За да ја дешифрирате вашата резервна датотека, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете > Tools (Алатки) > Decrypter and Keys (Дешифрирање и клучеви) како што е прикажано подолу :

    Слика 3: Менито Tools (Алатки) со избрана ставка Decrypter and Keys (Дешифрирање и клучеви)

    Ова ќе го активира прозорецот Decrypter and Keys (Дешифрирање и клучеви):

    Слика 4: Прозорецот на Cobian Backup 10 Decrypter and Keys (Дешифрирање и клучеви)

    Чекор 2. Кликнете на (Избери) за да ја изберете архивата која сакате да ја дешифрирате.

    Чекор 3. Кликнете на (Дестинација) за да ја изберете папката во која сакате да ја чувате дешифрираната архива.

    Чекор 4. Изберете го истиот вид шифрирање кој сте го одбрале во секција 4.1 Како да ја шифрирате вашата резервна датотека, во паѓачката листа Methods (Методи).

    Слика 5: Паѓачката листа New Methods (Нови методи)

    Чекор 4. Изберете го соодветниот метод за шифрирање (оној кој сте го користеле да ја шифрирате вашата резервна датотека).

    Чекор 5. Внесете ја вашата тајна фраза во полето „Passphrase“.

    Чекор 6. Кликнете на (Дешифрирај).

    Датотеките ќе бидат дешифрирани на локацијата која сте ја одредиле. Ако датотеките биле и компресирани, ќе треба да ги декомпресирате како што е наведено во секција 3.1 Како да ги декомпресирате вашите резервни датотеки.

    Најчесто поставувани прашања и општа проверка на знаењето

    5.0 Најчесто поставувани прашања и општа проверка на знаењето

    Елена и Никола се мошне свесни за важноста на создавање резервни копии на нивните документи: Тие еднаш изгубиле важни датотеки како резултат на уривањето на системот, проследено со напад на вирус. Cobian Backup се чини како добро решение за поедноставување на процесот на создавање резервни копии, иако тие веруваат дека е потребно време да се воспостави и да се навикнат на него.

    Откако научи како, Елена со задоволство ја користи основната функција за создавање резервни копии на Cobian Backup, и знае дека може да создаде архива на резервни датотеки на УСБ-меморија или ДВД, кои може да ги чува на безбедна локација, настрана од нејзиниот компјутер и канцеларија. Исто така навистина е корисна функцијата за компресија на резервните датотеки, со цел да заштеди простор на компјутерот. Никола особено е задоволен од тоа дека може со една програма и да ја шифрира архивата со документи и да направи нејзина резервна копија. Тој би сакал во иднина и да ја проба опцијата Backup to FTP server (Создај резервна копија на FTP сервер), за да може да чува резервни копии на важните датотеки на далечна локација на друг сервер каде било во светот.

    Меѓутоа, и двајцата имаат неколку прашања за Cobian Backup, на кои би сакале да добијат одговори:

    П: Ако моите архиви на датотеки ги имама на ДВД, дали можам да ги декомпресирам и дешифрирам моите датотеки на друг компјутер? И дали можам да ги користам во интернет-клуб?

    О: Можете да ја вратите вашата архива, без разлика дали е шифрирана или компресирана, на кој било компјутер со користење на програмата Cobian Backup.

    П: Имам голем проблем со недостатокот на простор на компјутерот. Не сум сигурна колку простор можам да зачувам со компресирање на моите датотеки. Дали можете да ми дадете неколку примери?

    О: Повеќето од просторот на вашиот компјутер вообичаено е зафатен од фотографии, видео и аудио датотеки. Можете да проверите колку простор зафаќаат на вашиот компјутер со десен клик на папката во која ги чувате и со избор на ставката properties. Ако немате многу простор на вашиот компјутер, размислете за тоа да создадете архива на овие датотеки и потоа да ги отстраните оригиналите од вашиот компјутер.

    П: Постојано има потреба да ги ажурирам програмите кои сум ги презел од интернет. Доколку се појави нова верзија на Cobian Backup и јас ја преземам од интернет, се плашам дека ќе изгубам пристап до моите компресирани и шифрирани датотеки. Треба ли да ја преземам новата верзија?

    О: Секогаш треба да ја преземете последната верзија на програмата, бидејќи вообичаено тие нудат подобрувања во безбедноста и работењето. Cobian Backup ќе продолжи да работи добро на вашиот компјутер, и секоја нова верзија секогаш ќе биде компатибилна со сите резервни копии кои сте ги направиле со старата верзија.

    П: Бидејќи ја имам оваа програма на мојот компјутер, нема ли да биде поочигледно дека имам шифрирани документи?

    О: Не мора да ги чувате шифрираните датотеки на вашиот компјутер. Cobian Backup не е позната програма за шифрирање на податоци, бидејќи тоа не е нејзината главна функција.

    П: Дали е подобро да се користи оваа програма или TrueCrypt за шифрирање на датотеки?

    О: Подобро е да ја користите TrueCrypt за да ги шифрирате датотеките на вашиот компјутер. Механизмот на шифрирање е многу посилен и ќе ја имате можноста да додавате и бришете датотеки од шифрираната партиција. Исто така можете да направите резервна копија на TrueCrypt партиција, користејќи го Cobian Backup.

    П: Дали има некои други работи кои би требало да ги знам доколку ја имплементирам опцијата 'Backup to ftp server'?

    О: Треба да знаете дали вашиот давател на интернет-услуги ја нуди FTP-услугата и потребните детали за најавување. Подобро е да ја користите безбедната верзија на FTP позната како SFTP, доколку вашиот давател на интернет-услуги ја нуди таа можност.

    5.1 Проверка на знаењето

    • Која е разликата меѓу инкрементална и диференцијална резервна копија?
    • Кој е најдобриот начин да ги обезбедите вашите резервни копии?
    • Како можете да соберете 1GB резервни копии на ЦД?
    • Како можете да вратите само една датотека од резервните копии?
    • Дали е можно да се создаде автоматска задача за вашиот компјутер да ги ажурира седмичните резервни копии, секој петок попладне? Како се постигнува ова?