Firefox со додатоци - безбеден прелистувач на веб-страници

Содржина

...Loading Table of Contents...

    Mozilla Firefox е бесплатен и сè попопуларен веб-прелистувач. Mozilla Firefox е уште подобра поради достапноста на многубројни додатоци, вклучувајќи и такви кои се дизајнирани да ја штитат вашата приватност и безбедност кога користите интернет.

    Почетна страница

    Системски барања

    • Сите верзии на Windows

    Верзија што се користи во ова упатство

    • Firefox 24.0
    • NoScript 2.6.8.1
    • HTTPS Everywhere 3.4.1
    • Adblock Plus 2.3
    • Better Privacy 1.68
    • Beef Taco 1.3.7

    Последна преработка на ова поглавје

    • септември 2013

    Лиценца

    • Слободен софтвер со отворен код

    Ниво: 1: Почетно, 2: Просечно 3: Средно, 4: Искусно, 5: Напредно

    Време потребно да се почне со употреба на овие алатки: 20 - 30 минути

    Што ќе добиете:

    • Стабилен и безбеден интернет прелистувач, чии можности можат да бидат подобрени со многубројните додатоци.
    • Можност да се заштитите од потенцијално опасните програми и злонамерни веб-страници.
    • Можност да ги пребришете сите траги од вашите сесии на пребарување од компјутерот.

    Други програми компатибилни со GNU Linux, Mac OS и Microsoft Windows:

    Прелистувачот Mozilla Firefox е достапен за GNU Linux, Mac OS, Microsoft Windows и други оперативни системи. Безбедното администрирање на веб-страниците е од суштинско значење, бидејќи тие се најчестиот извор за појава на злонамерен софтвер. Затоа, се препорачува за оваа цел да го користите Mozilla Firefox и пропишаните додатоци. Предностите во однос на безбедноста достапни со Firefox, програма со слободен софтвер и отворен код која функционира на повеќе платформи, сè уште поважни кога ќе се споредат со неговите комерцијални еквиваленти како Internet Explorer. Меѓутоа, Ако сакате да користите други програми на местото на Mozilla Firefox, ги препорачуваме следните алтернативи достапни за GNU Linux, Mac OS и Microsoft Windows:

    Преземање на Firefox

    • Прочитајте го краткиот вовед од Практичното упатство
    • Кликнете на иконата Firefox подолу за да ја отворите веб-страницата www.mozilla.com/firefox
    • Кликнете на врската за Free Download (Преземи бесплатно) за да ја зачувате инсталационата датотека, потоа пронајдете ја и два пати кликнете на неа
    • Следете ги упатствата и инсталирајте го NoScript и други додатоци кога ќе стасате до деловите 4 и 5
    • За да инсталирате додатоци на вашиот Firefox прелистувач: - Стартувајте го Firefox - Кликнете на иконите подолу, а потоа кликнете на копчето Add to Firefox (Додади на Firefox) на соодветното окно

    • По инсталацијата можете да ги избришете сите програми за инсталација и додатоци кои сте ги зачувале на компјутерот.

    Firefox: NoScript: Adblock Plus: Better Privacy: Beef Taco: HTTPS Everywhere:

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    Ова поглавје е составено под претпоставка дека веќе знаете како да користите веб-прелистувачи; тука нема да биде објаснето како да ги користите функциите за прелистување на Mozilla Firefox. Неговата цел е да објасни некои дополнителни функции кои ќе ја зголемат неговата сигурност при употреба.

    • Додатоците на Mozilla Firefox (исто така именувани како „надградби“), се мали програми кои додаваат нови можности или ги прошируваат постоечките функционалности на Firefox.

    • Дополнителните компоненти на Mozilla Firefox се мали парчиња софтвер, вообичаено дизајнирани од трета страна, за да ја овозможат употребата на нивниот софтвер во склоп на прелистувачот на Firefox.

    Во ова поглавје ќе научите како да ги преземете, инсталирате и користите следните додатоци на Mozilla за да ја зголемите приватноста, безбедноста и сигурноста на вашиот веб-прелистувач Firefox, како и за вашето интернет искуство како целина.

    Додатокот NoScript е документиран посебно во делот за 4.0 Нешто повеќе за NoScript. Другите додатоци се документирани во Други корисни додатоци за Firefox

    Важно: Најголемиот дел од инфекциите со злонамерен софтвер и шпионски софтвер потекнуваат од веб-страници. Многу е важно секогаш да размислите дали е безбедно да отворите одредена веб-адреса, особено ако сте ја добиле по електронска пошта. Пред да одлучите да отворите некоја веб-страница, препорачуваме да ја скенирате адресата на веб-страницата, користејќи ги следните скенери за веб-страници:

    Исто така можете да ја проверите репутацијата на некоја веб-страница, користејќи ги скенерите наведени подолу:

    Како да го инсталирате и конфигурирате Firefox

    Листа на делови на оваа страна:

    2.0 Нешто повеќе за Firefox

    Firefox има многу поставувања за заштита на вашата приватност и безбедност секогаш кога ќе пристапите на интернет што се лесни за користење. Колку често ќе ги конфигурирате овие поставувања, зависи од вашата конкретна ситуација:

    • Ако го користите вашиот личен компјутер и не им дозволувате на други лица да го користат за пребарување на интернет, овие поставувања треба да ги конфигурирате само еднаш.

    • Ако сте на јавна локација или на работа, може да треба повеќе пати да ги преконфигурирате овие поставувања за вашата сопствена употреба.

    Забелешка: Исто така можете да користите пренослива верзија на Firefox која ќе ја носите на УСБ-меморија со вас. Ова ви овозможува да го конфигурирате Firefox според вашите критериуми, и можете да ја користите оваа верзија на кој било јавен компјутер. За повеќе информации за преносната верзија на Firefox, погледнете во делот за Пренослива верзија на Mozilla Firefox.

    2.1 Како да го инсталирате Firefox

    Инсталацијата на Firefox е брз и едноставен процес. За да започнете со инсталација на Firefox, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на ; може да се појави дијалог-рамката Open File - Security Warning. Ако тоа се случи, кликнете на (Стартувај) за да ја активирате лента за напредокот на отпакувањето.

    За неколку моменти подоцна, ќе се појави прозорецот Welcome to the Firefox Setup Wizard (Добродојдовте во волшебникот за инсталација на Firefox).

    Чекор 2. Следете ги чекорите во водениот процес на инсталација и едноставно прифатете ги стандардните опции и поставувања.

    Забелешка: Не ги изменувајте стандардните опции и поставувања ако не знаете што правите и зошто го правите тоа.

    2.2 Како да гo конфигурирате окното со општи опции

    Да започнете да го конфигурирате Firefox, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете на патеката Tools (Алатки) > Options... (Опции) од менито на Firefox на следниот начин:

    Слика 1: Менито Tools (Алатки) со избрана ставка Options (Опции)

    Ова ќе го активира прозорецот Options (Опции):

    Слика 2: Прозорецот Options (Опции) со стандардното окно General (Општи опции)

    Совет: Кликнете на ако окното General (Општи опции) не се прикаже автоматски, како на Слика 2 погоре.

    Окното General (Општи опции) ви овозможува да конфигурирате неколку основни поставувања на Firefox, меѓу кои почетната страница и локацијата на папката каде ќе ги чувате преземените датотеки Downloads (Преземања).

    Стандардното поставување за паѓачкото мени When Firefox starts (кога ќе стартува Firefox) е Show my home page (прикажи ја мојата почетна страница), а стандардната почетна страница е почетната страница на Mozilla Firefox.

    Совет: Кликнете на (Искористи ја тековната локација) за автоматски да поставите друга сигурна локација за ваша почетна локација.

    2.3 Како да гo конфигурирате окното со опции за приватност

    Окното Privacy (Опции за приватност) ви овозможува да ги администрирате опциите за приватност и безбедност на прелистувачот.

    Чекор 1. Кликнете на за да го активирате прозорецот:

    Слика 3: Прозорецот Options (Опции) со окното Privacy (Опции за приватност)

    Окното Privacy (Опции за приватност) е поделено на три делови: Tracking (Следење на активностите), History (Историја) и Location bar (Поле за внесување адреси на интернет-локации).

    • The Tracking section (Следење на активностите)

    Делот за Do Not Track (Не следи) ви овозможува да одредите дали сакате вашите интернет-активности и навики да бидат набљудувани и следени од страна на трети лица, на пример рекламни компании, аналитички услуги, или истражувачи на пазарот. Првиот пат кога ќе го инсталирате Firefox, стандардното поставување е Do not tell sites anything about my preferences (Не споделувај никакви информации за моите интернет навики) и ова мора да се промени; со овозможување на опцијата Tell sites I do not want to be tracked option (Извести ги локациите дека не сакам да сум следен(а) ги известувате компаниите и организациите, кои учествуваат во неа, дека не сакате да бидете следени.

    Забелешка: Опцијата Do Not Track (Не следи) е базирана на чест и е доброволна; и така, индивидуалните веб-страници не се ниту законски, ниту технички, обврзани да ги почитуваат таквите барања за приватност. Иако се поголем број на почитувани и одговорни организации се учесници во овој систем, опцијата Do Not Track (Не следи) мора да се дополни со други додатоци или дополнителни компоненти кои ефективно ги пронаоѓаат комерцијалните и злонамерни интереси; со овозможување на оваа опција се намалува вашата изложеност на потенцијално штетни огласи на интернет. За повеќе информации за додатоците за Firefox, погледнете во делот за Други корисни додатоци за Firefox.

    Слика 4: Делот за следење на активностите

    Чекор 1. Изберете ја опцијата Tell sites I do not want to be tracked (Извести ги локациите дека не сакам да сум следен(а) (како што е прикажано на Слика 4 погоре) за учесниците да ја почитуваат вашата приватност и безбедност.

    • The History section (Историја)

    Делот за History (Историја) ви овозможува да ја администрирате „историјата“ на вашиот Firefox прелистувач, т.е. таа претставува листа на сите различни страници кои сте ги посетиле од првата употреба на Firefox. Стандардната опција на Firefox will: (Firefox ќе:) е Remember history (Запамети ја историјата) и таа мора да се измени за да ја заштити вашата приватност и безбедност на интернет.

    За да ги елиминирате трагите од историјата на вашето пребарување, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Активирајте ја паѓачката листа Firefox will: (Firefox ќе:) и изберете ја ставката Never remember history (Никогаш не ја памети историјата) како што е прикажано на Слика 3.

    Чекор 2. Кликнете на (Избриши ја целата тековна историја) за да го активирате прозорецот:

    Слика 5: Прозорецот Clear All History (Избриши ја целата историја)

    Чекор 3. Изберете ги ги сите полиња и кликнете на (Исчисти сега) за да го исчистите Firefox од сите потенцијално откривачки податоци и вратете се на окното Privacy (Опции за приватноста).

    • The Location Bar section (Поле за внесување адреси на интернет-локации)

    Полето за внесување адреси на интернет-локации користи адреси, колачиња и други привремени податоци од обележаните веб-страници и историјата за прелистување на интернет, за да предложи или прикаже адреси во лентата за адреси на Firefox Universal Resource Locator (URL) за да го олесни процесот на прелистување. Стандардната опција When using the location bar, suggest: (Кога се користи лентата за адреси, предложи) е History and Bookmarks (Историја и запаметени локации), и неа морате да ја промените за да ја заштитите својата приватност и безбедност кога сте приклучени на интернет.

    За да ги елиминирате сите траги од вашите интернет навики и историја, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Активирајте ја паѓачката листа When using the location bar, suggest (Кога се користи лентата за адреси, предложи) а потоа изберете ја ставката Nothing (Ништо) како што е прикажано на Слика 6 подолу и Слика 3 погоре:

    Слика 6: Окното за запаметени локации ја прикажува ставката Nothing (Ништо)

    Чекор 2. Кликнете на за да ги потврдите вашите поставувања и да излезете од прозорецот Options (Опции).

    Забелешка: За посигурен и темелен пристап кон бришењето на привремени податоци, погледнете во поглавјето за CCleaner.

    2.4 Како да гo конфигурирате окното со опции за безбедност

    Окното Security (Опции за безбедност) е поделено на два дела: првиот се однесува на потенцијално опасните активности од надворешни извори, а вториот, делот Passwords (Лозинки), се занимава со администрирање на лозинките.

    Забелешка: За повеќе информации за чувањето лозинки, погледнете во поглавјето за KeePass.

    Чекор 1. Изберете ја патеката Tools (Алатки) > Options (Опции) во лентата за мени на Firefox за да го активирате прозорецот Options (Опции), а потоа кликнете на картичката Security (Опции за безбедност) за да го активирате прозорецот:

    Слика 7: Прозорецот Options (Опции) со окното Security (Опции за безбедност)

    Чекор 2. Прифатете ги стандардните поставувања во првиот дел.

    • Делот за администрирање лозинки

    Делот Passwords (Лозинки) ви овозможува да ги администрирате вашите лозинки. Стандардната опција за Remember passwords for sites (Запамети ги лозинките на сите локации) е вклучена првиот пат кога ќе го инсталирате и стартувате Firefox, и мора да биде исклучена, за вашите лозинки да останат приватни и безбедни. Ви препорачуваме безбедно да ги чувате лозинките во KeePass.

    Чекор 3. Кликнете на да ја комплетирате конфигурацијата на окното Security во прозорецот со Options (Опции).

    2.5 Како да гo конфигурирате окното со напредни опции

    Картичката Advanced (Напредни опции), како што укажува и нејзиното име, е дизајнирана за напредните или искусни Firefox корисници. Меѓутоа, корисниците на сите ивоа ќе имаат придобивки ако ја вклучат следната опција од картичката General (Општи опции).

    • Опцијата Warn me when websites try to redirect or reload the page (Предупреди ме кога веб-локациите ќе се обидат да се пренасочат или повторно вчитаат страницата) му овозможува на Firefox да ги спречи веб-страниците во тоа автоматски да ве пренасочат кон друга страница, или да повторно се вчитаат без ваша дозвола или знаење.

    Слика 8: Advanced (Напредни опции), со избрана картичка General (Општи опции)

    Чекор 1. Изберете ја опцијата Warn me when websites try to redirect or reload the page (Предупреди ме кога веб-локациите ќе се обидат да ја пренасочат или повторно вчитаат страницата) како што е прикажано на Слика 8 погоре.

    Чекор 2. Кликнете на за да ги примените овие промени и да го затворите картичката Advanced.

    Честитки! Firefox е сега успешно конфигуриран за прелистување на интернет страници на приватен и безбеден начин.

    Како да инсталирате додатоци на Firefox

    Листа на делови на оваа страна:

    3.0 Нешто повеќе за додатоците на Mozilla

    Во контекст на производите кои ги нуди Mozilla, додатокот е само мал софтвер кој додава нови можности или ги проширува постоечките функционалности. Затоа, додатоците понекогаш се нарекуваат надградби. На пример, додатокот NoScript ја проширува функционалноста на Firefox да ги блокира скриптите на одредени сервери.

    Дополнителнa компонентa во суштина е софтвер, вообичаено дизајниран од трета страна, за да ја овозможи употребата на нивниот софтвер во склоп на прелистувачот на Firefox. Еден пример за вообичаена дополнителна компонента ќе биде дополнителната компонента Flash дизајнирана за прикажување на Adobe Flash содржини во склоп на Firefox прозорецот за прелистување.

    3.1 Како да инсталирате додатоци на Mozilla

    Преземањето и инсталацијата на додатоците на Mozilla е брзо и едноставно. За да започнете со преземање и инсталација на различни додатоци, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете Start > Mozilla Firefox или два пати кликнете на иконата на Firefox на работната површина, за да го отворите Firefox.

    Чекор 2. Внесете https://addons.mozilla.org/ во лентата за адреси на Firefox, а потоа притиснете Enter за да ја активирате локацијата на Mozilla Add-ons for Firefox (Додатоци за Firefox).

    Чекор 3. Внесете го го името на додатокот во полето за пребарување на Mozilla (во овој пример се користи додатокот Adblock Plus) на следниот начин:

    Слика 1: Mozilla Firefox Add-ons Search bar (Лентата за пребарување на додатоци за Mozilla Firefox) со Adblock Plus

    Чекор 4. Кликнете или притиснете Enter за да се прикаже следниот екран:

    Слика 2: Окното Search Results for Adblock Plus (Резултати од пребарувањето за Adblock Plus)

    Совет: Зеленото копче Add to Firefox (Додади на Firefox) се појавува само кога покажувачот е поставен во конкретен дел од додатокот.

    Чекор 5. Кликнете на (Додади на Firefox) за да ги активирате следните екрани:

    Слика 3: Прозорецот Adblock Plus :: Search :: Add-ons for Firefox - Mozilla Firefox (Пребарување на додатоци за Firefox)

    Чекор 6. Кликнете на (Дозволи) за да ги активирате следните прозорци:

    Слика 4: Прозорецот Adblock Plus :: Search :: Add-ons for Firefox - Mozilla Firefox (Пребарување на додатоци за Firefox) со предупредување

    Слика 5: Прозорецот Adblock Plus Software Installation (Инсталација на софтверот на Adblock Plus)

    Чекор 7. Кликнете на (Инсталирај сега) откако ќе се вклучи, за да започнете со инсталација на додатокот; откако инсталацијата била комплетирана, ќе се појави екранот:

    Слика 6: Прозорецот Adblock Plus :: Search :: Add-ons for Firefox - Mozilla Firefox (Пребарување на додатоци за Firefox) со известување

    Совет: Многу додатоци и екстензии бараат рестартирање на Firefox за успешно да бидат инсталирани. Кликнете на (Престартувај сега) или , за да ја изберете ставката Not Now (Не веднаш) ако преферирате да го рестарирате Firefox подоцна.

    Чекор 8. Изберете ја ставката Add-ons (Додатоци) од менито Tools (Алатки) во лентата со мени на Firefox да го активирате екранот:

    Слика 7: Менито Tools (Алатки) со избрана ставка Add-ons (Додатоци)

    Слика 8: Картичката Add-ons Manager (Управување со додатоци) го прикажува новоинсталираниот додаток Adblock Plus

    Важно: Не инсталирајте додатоци од непознати извори. Наместо тоа, секогаш инсталирајте додатоци од веб-локацијата https://addons.mozilla.org/ за подобра сигурност.

    3.2 Како да исклучите или отстраните додаток на Mozilla

    Картичката Add-ons (Додатоци) ги прикажува сите инсталирани додатоци како што е прикажано на Слика 8. Секој Mozilla додаток може да биде или привремено исклучен со кликнување на (Исклучи) или комплетно отстранет со кликнување на (Отстрани). Меѓутоа, во некои случаи Firefox мора се престартува за да се спроведат промените.

    3.3 Како да ги ажурирате додатоците на Mozilla

    Одвреме-навреме, неколкуте додатоци кои се дизајнирани за употреба мора да се ажурираат за да бидат компатибилни со најновата верзија на Firefox. Во зависност од брзината на вашата врска, можете да изберете овие додатоци да се ажурираат автоматски или рачно.

    Чекор 1. Кликнете на за да се активира менито, а потоа изберете ја ставката Check for updates (Провери дали има надградби) за рачно да ги ажурирате вашите додатоци како што е прикажано на Слика 9 подолу.

    Слика 9: Копчето за ажурирање во Add-ons Manager (Управување со додатоци) со соодветната паѓачка листа

    Чекор 2. Исто така можете да ја изберете ставката Update Add-ons Automatically (Автоматски ажурирај ги додатоците) за да ги ажурирате додатоците како на Слика 9 погоре.

    3.4 Како да ги ажурирате дополнителните компоненти на Mozilla

    Бидејќи неколку од дополнителните компоненти не се ажурираат автоматски, на корисниците им се препорачува да проверат дали има нови верзии на дополнителните компоненти на Mozilla.

    За рачно да проверите дали дополнителните компоненти треба да се ажурираат, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Кликнете на https://www.mozilla.com/plugincheck за да ја активирате следната локација:

    Слика 10: Веб-локацијата за Mozilla Firefox Plugin Check & Updates (Проверка и ажурирање на дополнителните компоненти за Mozilla Firefox)

    Чекор 2. Решете го секое прашање за дополнителните компоненти претставени на веб-страницата, кое е означено со статусот на копчето:

    • За дополнителните компоненти со (Ажурирај сега) силно се препорачува веднаш да ги ажурирате, со кликнување на следното копче, и следење на упатствата на страната. (Како алтернатива можете да ги следите чекорите по оваа листа на копчиња, да ги исклучите или отстраните непотребните дополнителни компоненти.)

    • За дополнителните компоненти со (Истражи), размислете да ги отстраните или исклучите, освен ако не се потребни и се ажурираат едно по едно.

    • За дополнителните компоненти со (Ажурирани), прегледајте ги една по една, за да одлучите кои се потребни, и исклучете ги или отстранете ги оние кои ви се непознати или непотребни.

    За да исклучите некоја непозната дополнителна компонента, или компонента која повеќе не е потребна, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете Tools (Алатки) > Add-ons (Додатоци) за да ја активирате картичката Add-ons Manager (Управување со додатоци).

    Чекор 2. Кликнете на (Дополнителни компоненти) за да се прикаже комплетната листа на дополнителни компоненти на Mozilla Firefox, пронајдете ја компонентата која би сакале да ја исклучите, а потоа кликнете на (Исклучи).

    Да отстраните дополнителна компонента од компјутерот:

    Чекор 1. Кликнете Start > Control Panel.

    Чекор 2. Кликнете на (Програми – Деинсталирај програма).

    Чекор 3. Изберете ја релевантната програма од прозорецот, а потоа кликнете на (Деинсталирај).

    Повторувајте ги овие чекори се додека не се разрешат сите прашања на страницата Plugin Check & Updates. Од суштинско значење е да проверувате дали има нови верзии, барем еднаш во месецот како минимум. Дополнителните компоненти постојано се подобруваат и надградуваат за да се справат со сите проблеми со безбедноста, кои исто така постојано се менуваат.

    ВАЖНО: Adobe Flash и Oracle Java се познати по тоа дека содржат многу ранливи точки во однос на безбедноста, кои би можеле да им допуштат на далечните корисници да преземат контрола над компјутерот, и да инсталираат шпионски софтвер за да пристапат до или да ги следат сите ваши комуникации и податоци. Силно се препорачува да ги избришете овие две програми од вашиот компјутерот/компјутерите, или барем да ги исклучите нивните дополнителни компоненти во Firefox. За повеќе информации за тоа како да ја исклучите или отстраните Java, погледнете во делот чекори да исклучите Java на сите прелистувачи на компјутерот или упатство како да деинсталирате Java од компјутерот.

    Како да го користите додатокот NoScript

    Листа на делови на оваа страница:

    4.0 Нешто повеќе за NoScript

    NoScript е навистина корисен додаток за Mozilla кој може да ви помогне да го заштитите компјутерот од злонамерни веб-страници на интернет. Работи со имплементирање на една бела листа “white list“ на веб-страници кои сте ги одредиле како прифатливи, безбедни или доверливи (како страница за е-банка, или електронско издание на весник). Сите други страници се сметаат за потенцијално штетни и нивните функции се ограничени, се додека не сте одредиле дека содржината на одредена страница не може да ви наштети; во овој момент можете да ја додадете на белата листа.

    NoScript автоматски ќе ги блокира сите реклами, скокачки реклами, JavaScript и Java кодови, како и други потенцијално опасни атрибути на веб-страниците. NoScript не може да разликува меѓу штетната содржина и содржината која е потребна за правилно да биде прикажана една веб-страница. Од вас зависи дали ќе направите исклучоци за оние страници со содржина која сметате дека е безбедна.

    4.1 Како да го користите NoScript

    Пред да започнете со употреба на NoScript проверете дали бил успешно инсталиран со избирање на Tools (Алатки) > Add-ons (Додатоци) за да го активирате прозорецот Add-ons (Додатоци) и да потврдите дека бил инсталиран.

    Совет: Иако NoScript на почетокот може да ве фрустрира (бидејќи веб-страниците кои сте ги посетувале секогаш нема да бидат прикажани соодветно), веднаш ќе видите придобивки од можноста за автоматско блокирање на објекти. Ова ќе ги блокира сите здодевни реклами, скок-пораки и злонамерни кодови кои се вградени (или хакирани) во веб-страниците.

    NoScript ќе работи тивко во заднината, се додека не го забележи присуството на JavaScript, Adobe Flash или други содржини кои наликуваат на скрипти. Тогаш NoScript ќе ја блокира оваа содржина и ќе се појави статусна лента на дното на прозорецот на Firefox на следниот начин:

    Слика 1: статусна лента NoScript

    Статусната лента NoScript прикажува информации за тоа кои објекти (на пример, реклами и скок-пораки) и скрипти се тековно спречени да стартуваат во вашиот систем. Следните две слики се добри примери за работењето на NoScript: На Слика 2, NoScript успешно блокирал реклама создадена во Adobe Flash Player на комерцијална веб-страница.

    Слика 2: Пример како NoScript блокира скок-прозорец со реклама на една комерцијална страница

    На Слика 3, веб-страницата Twitter ве известува дека мора да се вклучи JavaScript (барем привремено) за да можете да ја видите оваа страница.

    Слика 3: Веб-страницата Twitter бара да се овозможи JavaScript

    Бидејќи NoScript не разликува меѓу злонамерни и вистински кодови, може да недостигаат одредени клучни можности и функции (на пример лентата со алатки). Некои веб-страници претставуваат содржини, вклучувајќи содржини како скрипти, од повеќе од една страница. На пример, веб-страница како www.twitter.com има два извори на скрипти (twitter.com и twimg.com):

    Слика 4: Пример на статусната лента на NoScript во менито со опции

    За да ги деблокирате скриптите во такви околности, започнете со избирање на Temporarily allow [website name](Привремено дозволи пристап на [име на веб-локација] (во овој случај, привремена дозвола на twitter.com). Меѓутоа, ако ова не ви овозможува да ја гледате страницата, можете преку процес на обиди и грешки да утврдите кој е минималниот број на веб-страници кои се потребни за да ја видите содржината која сакате. На пример, на Twitter, морате да ги изберете опциите Temporarily allow (Привремено дозволи ја) twitter.com и Temporarily allow (Привремено дозволи ја) twimg.com, за Twitter да функционира.

    Предупредување! Под никакви околности не ја избирајте опцијата Allow Scripts Globally (dangerous) )(Секогаш дозволувај ги скриптите (Опасно). Колку што е возможно, избегнете да ја изберете опцијата Allow all from this page (Дозволи сè од оваа страница). Повремено, може да треба да ги дозволите сите скрипти; во оваа ситуација, уверете се дека ова е само привремено и за веб-страници на кои навистина им верувате, т.е. до моментот додека не завршите со работата на интернет. Потребна е само една инјекција на злонамерен код за да ја компромитира вашата приватност и безбедност на интернет.

    За веб-страници на кои им верувате и често ги посетувате, изберете the Allow [website name] option. (Во примерот погоре, избрани се Allow (Дозволи ја) twitter.com и Allow (Дозволи ја) twimg.com). Со избор на оваа опција, NoScript трајно ги означува тие веб-страници како доверливи.

    Други корисни додатоци за Firefox

    Листа на делови на оваа страна:

    5.0 Нешто повеќе за додатоците

    Додатоците на Mozilla Firefox кои се опфатени во оваа делот за се дизајнирани да ги подобрат и заштитат анонимноста, приватноста и безбедноста на вашите сесии на прелистување интернет содржини. За да ги преземете, погледнете во делот за Преземање на Firefox section.

    5.1 Како да го користите HTTPS Everywhere

    HTTPS Everywhere е наставка на Mozilla Firefox која обезбедува дека секогаш ќе комуницирате со специфицирана листа на веб-страници преку шифриран (https) канал. Иако многу веб-страници нудат шифрирање, повообичаено е да имаат нешифрирана http адреса. Наставката HTTPS Everywhere ги поправа овие проблеми со презапишување на вашите барања до овие страници со протоколот HTTPS. Работи незабележливо во позадина, обезбедувајќи ја безбедноста и сигурноста на вашите интернет сесии со тие избрани страници. Меѓутоа, ова функционира само кога тие страници и самите го користат протоколот HTTPS.

    Откако наставката HTTPS Everywhere била успешно инсталирана, ќе се појави прозорецот:

    Слика 1: Екранот Should HTTPS Everywhere Use the SSL Observatory?( Дали HTTPS Everywhere да ја користи SSL Observatory?)

    Чекор 1. Кликнете на за да го активирате екранот:

    Слика 2: Прозорецот со The SSL Observatory Preferences (Параметри за SSL Observatory)

    Забелешка: Ако HTTPS Everywhere веќе била успешно инсталирана на вашиот Firefox прелистувач, изберете Tools (Алатки) > HTTPS Everywhere > SSL Observatory Preferences (Параметри за SSL Observatory) и потврдете дека се вклучени опциите Use the Observatory (Користи ја опсерваторијата) и When you see a new certificate, tell the Observatory which ISP you are connected to (Кога ќе се прикаже нов сертификат, известете ја опсерваторијата на кој давател на интернет-услуги сте поврзани). Ако не го користите Tor, вклучете ја и опцијата Check certificates even if Tor is not available (Провери ги сертификатите дури и ако Tor не е достапен).

    5.2 Како да го користите Adblock Plus

    Adblock Plus е наставка за филтрирање на содржината, дизајнирана да го ограничи или спречи појавувањето на реклами.

    Откако Adblock Plus бил успешно инсталиран, ќе се вклучи следната веб-страница: chrome://adblockplus/content/ui/firstRun.html

    Слика 3: Страницата со содржина на Adblock Plus

    Чекор 1. Кликнете на (Исклучено) за да се промени во (Вклучено) за опциите Malware Blocking (Блокирање на злонамерен софтвер), Remove Social Media Buttons (Отстрани ги копчињата од социјалните мрежи) и Disable Tracking (Оневозможи го следењето) (како што е прикажано на Слика 1 горе).

    Чекор 2. Изберете Tools (Алатки) > Adblock Plus > Filter preferences... (Параметри за филтрирање...) за да го активирате следниот прозорец:

    Слика 4: Прозорецот Add Adblock Plus Filter Preferences (Додај параметри за филтрирање во Adblock Plus) прикажува три претплатни на филтри

    Чекор 2. Кликнете на секое поле за избор на филтер за употреба, за да ги вклучите (како што е прикажано на Слика 2 погоре), а потоа исклучете ја опцијата за да го спречите појавувањето на сите реклами кои се опишани или наведени во овие филтри.

    Чекор 3. Ако работите на повеќе јазици, кликнете на (Додај потпис на филтер) за да ги видите различните потписи на филтри, а потоа кликнете на да ја активирате паѓачката листа со различни потписи на филтри, изберете го соодветниот, а потоа кликнете на (Додај).

    Чекор 4. За да ги ажурирате сите потписи на филтри, кликнете на , (Дејства), а потоа изберете ја ставката Update filters (Ажурирај ги филтрите) од скок менито.

    5.3 Како да го користите Beef Taco (Исклучување на колачињата за целни реклами)

    Beef Taco е додаток за Mozilla Firefox кој ви овозможува да ги администрирате колачињата кои се поврзани со рекламите од различни компании, меѓу кои спаѓаат и Google, Microsoft и Yahoo. Може да биде конфигуриран да брише колачиња, процес наречен автоматско отстранување на колачиња од рекламирање на целни групи Targeted Advertising Cookies Opt-Out. Меѓутоа, исто така им овозможува на искусните и напредните корисници да специфицираат подетално на кои колачиња им е дозволено да постојат на вашиот систем и кои треба да бидат отстранети.

    5.4 Како да го користите Better Privacy

    Better Privacy е додаток на Mozilla Firefox кој помага да се заштити вашиот систем од посебни колачиња кои се наречени LSO (Local Shared Objects) кои може да бидат ставени на компјутерот со Flash скрипта. Тие колачиња не се отстрануваат со стандардната процедура на Firefox за чистење на колачиња.

    5.5 Други корисни додатоци

    Овој дел опишува неколку корисни додатоци и екстензии кои се слободни екстензии и додатоци, со отворен код (или во процес да станат такви), кои можат да ја подобрат или прошират вашата способност да прелистувате интернет содржини на приватен и безбеден начин.

    5.5.1 Cryptocat

    Cryptocat додаток со отворен код за шифрирани, приватни инстант-пораки, кој работи во склоп на вашиот прелистувач. Така во одредени ситуации може да е полесен за употреба од други слични софтвери за електронска комуникација. Cryptocat ви овозможува да создадете виртуелна соба за разговори, каде можете да разговарате со сите членови, или да имате приватни, еден на еден разговори со индивидуални учесници. Сите разговори се шифрираат и дешифрираат во прелистувачот на корисникот, пред да бидат испратени и откако ќе бидат примени. Cryptocat е достапен како наставка за прелистувач за Mozilla Firefox, Google Chrome и Apple Safari и како апликација за Mac OS X. За повеќе информации...

    5.5.2 Disconnect

    Disconnect е додаток дизајниран да ги одржува вашите податоци безбедни од трети лица – сервери трагачи, со тоа што ги анализира трагачите и ги сортира во различни групи, на пример рекламни, аналитички и социјални. За повеќе информации...

    5.5.3 DuckDuckGo

    DuckDuckGo е додаток дизајниран да обезбеди приватна и безбедна алтернатива за пребарување на интернет на пребарувачите како Google или Bing. DuckDuckGo ниту ги запишува ниту споделува корисничките информации, и сите корисници имаат пристап до истите информации. Можете или директно да отидете на веб-страницата DuckDuckGo, или кликнете на DuckDuckGo иконата да го инсталирате како ваш стандарден пребарувач во лентата за пребарување.

    5.5.4 vtzilla

    vtzilla е наставка на прелистувачот Mozilla Firefox дизајнирана да ги скенира преземањата и веб-страниците во потрага по злонамерен софтвер и вируси. Откако наставката vtzilla била успешно инсталирана, лентата со алатки на vtzilla (која може да биде преклопена по потреба) се појавува под лентата со алатки за навигација на Firefox. копирајте и залепете, или внесете адреса на веб-страница во полето за пребарување на vtzilla, и вашето барање за пребарување ќе биде пренасочено кон Virus Total, веб-страница која ќе го пренасочи специфичниот лик или веб-страница, до повеќе од 40 различни видови скенери за злонамерен софтвер или вируси. Покрај ова, vtzilla го намалува ризикот од инфекција со додавање на уште едно ниво на заштита на веќе постоечката антивирусна програма (на пример avast!), со скенирање на вашите преземени датотеки. За повеќе информации....

    5.5.5 ShareMeNot

    ShareMeNot е додаток дизајниран ги спречи копчињата од трети страни (како копчето “Like” на Facebook или копчето“tweet” на Twitter) вметнати од некои страници низ други интернет локации, да ве следат, се додека не кликнете на нив. За повеќе информации...

    5.5.6 Click&Clean

    Click&Clean е дизајниран за автоматски да ги избрише приватните податоци по затворањето на Firefox; ова значи да ги избрише записите од вашата историја на преземања, да ја избрише историјата на пребарување и да ги отстрани колачињата, вклучувајќи ги Flash Local Shared Objects (LSO). Исто така ги брише привремените датотеки и ја празни вашата локална кеш-меморија.

    Забелешка: Како алтернатива корисниците исто така можат да користат надворешни апликации, како CCleaner, Wise Disk Cleaner и други на оперативниот систем Windows, или Janitor или BleachBit на Linux.

    Пренослива верзија на Firefox

    1.0 Разлики меѓу инсталираната и преносливата верзија на Firefox

    Со оглед на тоа дека преносливите алатки не се инсталираат на локален компјутер, нивното постоење и употреба може да остане незабележано. Сепак, имајте на ум дека вашиот надворешен уред или УСБ-меморија, и преносливи алатки се еднакво безбедни како и компјутерот кој го користите и може да ризикувате да бидете изложени на рекламен софтвер, злонамерен софтвер, шпионски софтвер и вируси.

    Не постојат други разлики меѓу преносливата верзија на Mozilla Firefox, и верзијата наменета за инсталација на локален компјутер.

    2.0 Како да ја преземете и отпакувате преносливата верзија на Firefox

    За да започнете со преземање и отпакување на преносливата верзија на Firefox, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Кликнете на http://portableapps.com/apps/internet/firefox_portable за да бидете пренасочени кон соодветната веб-страница за преземање.

    Чекор 2. Кликнете на за да започнете со преземање на датотеката за инсталација Пренослива верзија на Firefox.

    Чекор 3. Кликнете на (зачувај ја датотеката) за да ја зачувате инсталационата датотека на компјутерот, а потоа пронајдете ја.

    Чекор 4. Два пати кликнете на ; може да се појави дијалог-рамката Open File - Security Warning. Ако тоа се случи, кликнете на (Стартувај) за да го активирате прозорецот Mozilla Firefox, Portable Edition | Portableapps.com Installer (Инсталација на преносната верзија на Mozilla Firefox).

    Чекор 5. Кликнете на за да го активирате екранот:

    Слика 2: Прозорецот Choose Install Location (Избери локација на инсталацијата)

    Чекор 6. Кликнете на да го активирате прозорецот Browse for Folders (Пребарај папка) на следниот начин:

    Слика 3: Прозорецот Browse for Folder (Пребарај папка)

    Чекор 7. Пронајдете го избраниот надворешен тврд диск или УСБ-меморија, како што е прикажано на Слика 3 погоре, потоа кликнете на за да ја потврдите дестинацијата на датотеката Пренослива верзија на Mozilla Firefox и вратете се на прозорецот Choose Install Location (Избери локација на инсталацијата).

    Чекор 8. Кликнете на (Инсталирај) за да започнете со процесот на отпакување, а потоа кликнете на (Заврши) за да го комплетирате процесот на инсталација, а потоа пронајдете го надворешниот диск или УСБ-меморија каде сте ја зачувале датотеката Пренослива верзија на Mozilla Firefox.

    Чекор 9. Отворете го вашиот преносна верзија на уред или УСБ-меморија и тоа треба да изгледа на следниот начин:

    Слика 4: Новоинсталираната пренослива верзија на Mozilla Firefox со папката за Пренослива верзија на Firefox означена со сина боја

    Чекор 10. Отворете ја папката Пренослива верзија на Mozilla Firefox, а потоа два пати кликнете на за да започнете со употреба на преносливата верзија на Firefox..

    Погледнете во поглавјето за Firefox за да започнете да го конфигурирате и користите.

    Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    6.0 Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    П: Зошто би сакал толку различни додатоци за да се заштитам од злонамерните веб-страници? Ако NoScript ме штити од потенцијално опасните скрипти, на пример, зошто би ми требале други додатоци кои функционираат на сличен начин?

    О: Секогаш е добра идеја да се користи повеќе од една алатка за да се разреши истото општо безбедносно прашање. (Антивирусните програми се важен исклучок за ова правило, бидејќи се во конфликт една со друга). Овие додатоци за Firefox користат многу различни техники за да го штитат вашиот пребарувач од многу закани. На пример, NoScript ги блокира сите скрипти од непознати страници, но корисниците имаат тенденција да ги ставаат на „белата листа“ страниците кои ги посетуваат често, што ним им овозможува да префрлаат потенцијално злонамерни скрипти. Корисниците на NoScript исто така имаат тенденција да им овозможуваат на непознати страници да пренесуваат скрипти привремено, ако тие скрипти се потребни за страницата да функционира правилно.

    6.1 Проверка на знаењето

    • Како можете да ја избришете вашата привремена интернет-историја, колачиња (cookies) и кеш-меморија од вашиот прелистувач?
    • Од каков вид напади NoScript може да го заштити вашиот систем?