gpg4usb - шифрирање на текстот на електронски пораки и датотеки

Содржина

...Loading Table of Contents...

    gpg4usb е бесплатна пренослива програма со отворен код, која се користи за шифрирање на текстуални (електронски) пораки и датотеки. Го користи истиот алгоритам за шифрирање со јавен клуч како програмите GPG иPGP.

    Почетна страница

    Системски барања

    • Сите верзии на Windows

    Верзија што се користи во ова упатство

    • 0.3.3

    Последен преглед на ова поглавје

    • јули 2014

    Лиценца

    • Слободен софтвер со отворен код

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете:

    • Можност да ги шифрирате датотеките и текстуалните пораки од кое било место (на пример, во интернет-клуб или на работа)
    • Можност да ги шифрирате пораките кога не сте поврзани или не можете да добиете пристап до интернет, а потоа подоцна да ги испратите од компјутер поврзан со интернет.

    Преземање на gpg4usb

    • Кликнете на иконата gpg4usbподолу за да ја отворите веб-страницата http://www.gpg4usb.org/download.html
    • Кликнете на врската gpg4usb-x.x.x.zip под насловот Filename (Име на датотека) за да ја преземете спакуваната архива.
    • Пронајдете ја датотеката gpg4usb-x.x.x.zip, и отпакувајте ја.
    • Откако сте ги отпакувале сите датотеки, можете да ја избришете онаа спакувана (zip) датотека која претходно сте ја зачувале на компјутерот.

    gpg4usb

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    gpg4usb е едноставна, мала и преносна програма која ви овозможува да ги шифрирате и дешифрирате текстуалните пораки и датотеки. gpg4usb е базирана на криптографија со јавен клуч. Во овој метод, секој поединец мора да создаде сопствен пар на клучеви. Првиот клуч е познат како приватен клуч. Заштитен е со лозинка или тајна фраза, која се заштитува и никогаш не треба да се сподели со други лица.

    Вториот клуч е познат како јавен клуч. Овој клуч можете да го споделите со сите ваши соговорници - и вашите соговорници можат да ги споделат нивните јавни клучеви со вас. Откако ќе го добиете јавниот клуч на вашиот избран соговорник, можете да започнете да испраќате шифрирани електронски пораки до тоа лице. Само тоа ќе може да ги дешифрира и чита вашите е-пораки, бидејќи тоа е единственото лице кое има пристап до соодветниот приватен клуч.

    Исто така, ако испратите копија од вашиот личен приватен клуч до сите ваши контакти на електронската пошта и ако соодветниот приватен клуч го чувате во тајност, само вие ќе можете да ги читате шифрираните пораки од тие контакти.

    Исто така со вашите пораки можете да приложите и дигитален потпис. Примателот на вашата порака кој ја има вистинската копија од вашиот јавен клуч ќе може да потврди дека пораката доаѓа од вас, и дека нејзината содржина не била изменета при испраќањето. Исто така, ако вие го имате јавниот клуч на некој од вашите соговорници, можете да го потврдите дигиталниот потпис на нивните пораки.

    gpg4usb ви овозможува да создадете пар клучеви за шифрирање, да ги извезете јавните клучеви и да ги споделите со други лица, да составите и да шифрирате текстуална порака. Можете или едноставно да го копирате и залепите јавниот клуч и/или шифрирана порака од gpg4usb на содржината на вашата е-порака, или можете да ги зачувате како текстуална датотека, која ќе ја испратите подоцна. Можете да шифрирате и документи и датотеки.

    Забелешка: Имајте на ум дека оригиналните, нешифрирани, верзии на вашите документи можеби сѐ уште постојат на компјутерот, така што вие и вашиот соговорник морате да запаметите да ги отстраните од компјутерите кога тоа ќе биде потребно.

    gpg4usb ви овозможува да разменувате клучеви или шифрирани пораки со други програми слични на GPG или PGP.

    Како да инсталирате gpg4usb и да создадете пар клучеви

    Листа на делови на оваа страна:

    2.0 Како да инсталирате gpg4usb

    gpg4usb е пренослива алатка која не бара инсталација на вашиот компјутер. Софтверот е дистрибуиран како .zip и треба да се отпакува директно на УСБ меморија или во папка на вашиот компјутер, за да започнете со следните чекори:

    Чекор 1. Пронајдете ја компресираната архивирана датотека gpg4usb, а потоа отпакувајте ги сите датотеки на пренослива УСБ-меморија или папка на компјутерот:

    Слика 1: Избрана локација за програмата gpg4usb

    2.1 Како да создадете пар клучеви со gpg4usb

    Пред да започнете шифрирање и дешифрирање на е-маил, СМС пораки, документи и датотеки, мора да преземете два подготвителни чекори: прво ќе треба да генерирате или увезете ваш пар клучеви за криптирање и на второ ќе треба да го испратите вашиот јавен клуч на вашите контакти и добиете нивните јавни клучеви и да ги увезете на вашиот приврзок. Ние опишуваме како да споделите јавни клучеви на следната страна .gpg4usb за да ви помогне во создавањето на вашиот пар клучеви за првото стартување на проектот од програмата. Имајте на ум дека секогаш може да се вратите на Getting Started прозорецот од Help -> Отвори волшебник менито.

    Чекор 1. За да ја стартувате програмата gpg4usb, два пати кликнете на за да ја отворите папката gpg4usb а потоа два пати кликнете на датотеката . Ова ќе го активира прозорецот Getting Started. Изберете јазик и кликнете Next

    Чекор 2. На екранот Choose your Action (Изберете акција), кликнете на Креирај нов пар клучеви

    Слика 2: Изберете Акција

    Забелешка: другите опции за увоз на постоечките клучеви достапни на екранот First Start Wizard. Ако ја надградувате претходната верзија на gpg4usb, можете да ги изберете поставките за увоз и / или клучеви од gpg4usb. Ако користите Thunderbird with Enigmail, можете да ја изберете опцијата за увоз на клучеви од GnuPG. Можете исто така да изберете да увезете клучеви во некоја подоцнежна фаза на стартување на волшебникот повторно од менито Help -> Open Wizard.

    Чекор 3. На Создади пар клучеви кликнете Создади нов клуч

    Слика 3: Создади нов клуч

    Чекор 4. Внесете ги соодветните податоци во соодветните полиња за текст, така што вашиот сопствен прозорец го прикаже следново:

    Еден пример на пополнет: Создади Клучна форма

    Важно:

    • Поставете безбедна лозинка за заштита на вашиот приватен клуч (ве молиме погледнете го поглавјето 3. Како да се создадат и одржат безбедно лозинките).
    • Ние советуваме да го употребите рокот на траење и го наместите на помалку од 5 години.
    • Ние силно препорачуваме да ги генерирате клучевите од најмалку 2048 бит големина. Клуч од поголема големина е побезбеден, но, исто така, бара повеќе време за да се создаде, да се криптира и декриптира текстовите.

    Забелешка: Вие нема потреба да го користите вашето вистинско име и вистинска е-мејл адреса, при генерирање на Вашиот клуч. Сепак, со користење на е-мејл адресата на сметката која ќе ја користите за комуникација ќе им олесни на вашите контакти да го поврзаат вашиот клуч со овој профил.

    Чекор 6. Кликнете OK за да генерирате пар клучеви.

    Слика 5: Генерирање клуч...

    Слика 6: Нов клуч креиран

    Чекор 7. Кликнете OK за да се вратите на прозорецот на gpg4usb. Откако парот клучеви успешно се генерираат, ќе видите приказ сличен на следниот:

    Слика 7: gpg4usb прозорецот, го прикажува ново креираните пар клучеви

    Сега кога успешно создадовте пар клучеви, треба да научите како да го изнесете вашиот јавен клуч за да го споделите со други луѓе, и како да ги увезете јавните клучеви на вашиот дописници.

    Како да ги извезете и увезете клучевите

    Листа на делови на оваа страна:

    3.1 Како да го извезете вашиот јавен клуч со gpg4usb

    Морате да им го испратите вашиот јавен клуч на соговорниците пред тие да можат да ви испратат шифрирани пораки.

    За да го извезете вашиот јавен клуч со gpg4usb, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на за да ја отворите папката gpg4usb.

    Чекор 2. Два пати кликнете на за да ја отворите програмата gpg4usb

    Чекор 3. Кликнете на да го активирате прозорецот:

    Слика 1: Прозорецот Key Management (Управување со клучевите) ги прикажува сите парови на клучеви

    Чекор 3. Изберете го вашиот сопствен клуч, како што е прикажано на Слика 1 погоре.

    Чекор 4. Изберете ја ставката Export To File (Извези кон датотека) од менито Key (Клуч) како што е прикажано на Сликата:

    Слика 2: Прозорецот Key Management (Управување со клучевите) со избрана ставка -Export To File (Извези кон датотека)

    Ова ќе го активира прозорецот:

    Слика 3: Пребарување на папки за извезување на датотеката

    Чекор 5. Кликнете на (Зачувај) за да го зачувате вашиот пар со клучеви на програмската папка gpg4usb.

    Чекор 6: Испратете ја експортираната датотека заедно со јавниот клуч како прилог до вашиот соговорник.

    3.2 Како да го увезете јавниот клуч на вашиот соговорник со gpg4usb

    Пред да можете да шифрирате информации и истите да ги испраќате до вашиот соговорник, морате да го добиете и увезете неговиот/нејзиниот јавен клуч. За да го увезете јавниот клуч на вашиот соговорник преку gpg4usb, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на за да ја отворите програмата gpg4usb.

    Чекор 2. Кликнете на за да го активирате прозорецот:

    Слика 4: Дијалог-прозорецот Import Key (Увези клуч)

    Чекор 3. Пребарајте и изберете го клучот кој сакате да го увезете.

    Слика 5: Отвори Клуч

    Чекор 4. Кликни Отвори за да го активирате следниот прозорец.

    Слика 6: Детали за увоз на клучот

    Чекор 5. Кликнете OK за да го затворите горниот прозеорец и вратете се на главниот прозорец на gpg4usb. Ќе ги прикаже ново увезените јавни клучеви како што е подолу.

    Слика 7: Конзолата gpg4usb ги прикажува ново увезените јавни клучеви поврзани со сметката на вашиот соговорник.

    Откако успешно го увезовте јавниот клуч на вашиот дописник, сега ќе мора да го потврдите и внесете увезениот клуч.

    3.3 Како да ја потврдите автентичноста на парот клучеви со gpg4usb

    Морате да проверите дали увезениот клуч навистина припаѓа на личноста која наводно го испратила а потоа да ја потврдите неговата автентичност. Ова е важен чекор кој треба да го следите, вие и вашите контакти од електронската пошта, за секој јавен клуч кој ќе го добиете.

    За да ја потврдите автентичноста на пар клучеви, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Остварете контакт со вашиот соговорник преку друг медиум кој не е електронска пошта.

    Забелешка: Можете да користите телефон, СМС пораки, глас преку интернет-протокол (VoIP) или кој било друг метод, но се додека сте сигурни дека разговарате со вистинската личност. Затоа најдобро е да го пренесете клучот преку телефонски разговор или средба во живо, доколку ви одговара и е безбедно.

    Чекор 2. Вие и вашиот соговорник треба да ги потврдите „отпечатоците“ на јавните клучеви кои сте ги размениле.

    Забелешка: Еден отпечаток е уникатна серија на броеви и букви, која го идентификува секој од клучевите. Самиот отпечаток не е таен и може да биде запишан и подоцна да се користи за верификација или која било друга потреба.

    За да го видите отпечатокот на конкретен пар клучеви кои сте ги создале и јавните клучеви кои сте ги внесле, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете еден клуч, а потоа со десен клик активирајте го неговото скок-мени.

    Чекор 2. Изберете ја ставката Show Keydetails (Прикажи детали за клучот) како што е прикажано подолу на Слика 8.

    Слика 8: Скок-менито за пар од клучеви на вашиот контакт/соговорник

    Ова ќе го активира прозорецот:

    Слика 9: Скок-менито за соговорникот на Теренс, парот од клучевите на Салима, со отпечатокот означен со црно

    Чекор 3. Споредете го овој отпечаток со оној кој вашиот соговорник ќе го види во својата gpg4usb програма.

    И вашиот соговорник треба да ги повтори истите чекори. Потврдете си еден со друг дека отпечатоците, за клучевите кои сте ги размениле, се поклопуваат со оригиналот на испраќачот. Ако не се совпаѓаат, повторно разменете ги вашите јавни клучеви и повторете го процесот на верификација.

    Ако отпечатоците точно се поклопуваат, тогаш сте подготвени безбедно да испраќате шифрирани пораки и датотеки меѓу себе.

    Како да шифрирате и дешифрирате датотеки и текст

    Листа на делови на оваа страница:

    4.0 Како да шифрирате текстуални пораки со gpg4usb

    Процесот на шифрирање текстуални пораки е лесен и брз; во примерот што следи, Теренс ќе шифрира е-порака за неговата пријателка Салима, следејќи ги следните чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на за да ја отворите конзолата на gpg4usb.

    Чекор 2. Составете ја вашата порака како што е прикажано на примерот подолу:

    Слика 1: Конзолата на gpg4usb со пример на порака

    Чекор 3. Изберете го полето за примачот на вашата порака, на следниот начин:

    Слика 2: Конзолата на gpg4usb го прикажува примачот означен со црно

    Забелешка: Можете да шифрирате порака до повеќе примачи, едноставно со избирање на полињата до нивните адреси во окното за шифрирање Encrypt for: (Шифрирај за). Исто така би било корисно, за ваша лична евиденција, да ја шифрирате и испратите истата порака до себе, за подоцна да можете да прочитате што сте испратиле.

    Чекор 4. Кликнете на (Шифрирај) или изберете Encrypt (Шифрирај) од менито Crypt за да ја шифрирате вашата порака на следниот начин:

    Слика 3: Конзолата на gpg4usb со пример на шифрирана порака

    Чекор 5. Кликнете на (Избери се) за да ја изберете целата шифрирана порака, а потоа кликнете на (Копирај) за да ја копирате пораката во складиштето.

    Забелешка: Како алтернатива можете да ги користите кратенките на тастатурата за секоја од ставките на менито, во овој случај кратенката Ctrl + E ќе ја шифрира пораката, Ctrl + A ќе ја опфати целата шифрирана порака, а Ctrl + C ќе ја копира пораката на таблата.

    Чекор 6. Отворете ја вашата корисничка сметка, а потоа отворете празна порака и залепете ја шифрираната порака на следниот начин:

    Слика 4: Пример на порака шифрирана со gpg4usb и вметната во е-порака од корисничка сметка на Gmail

    Забелешка: Rich Text Formats (RTF) можат да го корумпираат форматот на шифрираната порака; затоа подобро е да ги составувате вашите пораки со едноставен текст. За да го конвертирате RTF во обичен текст во Gmail само кликнете на More Options (Повеќе опции) and изберете Plain Text Mode (Едноставен текст) прикажано на лентата со алатки за форматирање над окното за пораки.

    Слика 5: Gmail Опции за форматирање

    4.1 Како да дешифрирате текстуални пораки со gpg4usb

    За да дешифрирате една шифрирана е-порака, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на за да ја отворите програмата gpg4usb.

    Чекор 2. Отворете ја вашата корисничка сметка на е-пошта, а потоа отворете ја пораката.

    Чекор 3. Изберете, копирајте ја, а потоа залепете ја шифрираната порака во конзолата на gpg4usb, картичката untitled1.txt на следниот начин::

    Слика 6: Конзолата gpg4usb прикажува порака за дешифрирање

    Забелешка: Ако шифрираниот текст е прикажан со двојно растојание меѓу редовите, како што е прикажано на Слика 7 подолу, gpg4usb нема да може автоматски да го дешифрира. За да се отстрани ова двојно растојание меѓу редовите, изберете ја ставката Remove double Linebreaks (Отстрани го двојното растојание меѓу редовите) од менито Edit (Уреди), за да ги отстраните и да продолжите со процесот на дешифрирање од Чекор 4.

    Слика 7: Конзолата на gpg4usb прикажува порака за дешифрирање со двојно растојание меѓу редовите

    Чекор 4. Кликнете на (Дешифрирај) и внесете ја лозинката создадена при создавањето на пар клучеви, како што е прикажано на следната Слика:

    Слика 8: Прозорецот кој бара да ја внесете лозинката

    Чекор 5. Кликнете на OK за да ја активирате конзолата на gpg4usb како на Слика 2 погоре.

    4.2 Како да шифрирате датотеки со gpg4usb

    Процесот на шифрирање датотеки е сличен на шифрирањето текстуални пораки; во примерот што следи, Салима ќе шифрира датотека за Теренс, следејќи ги следните чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на за да ја отворите програмата gpg4usb.

    Чекор 2. Кликнете на (Шифрирање на датотеки) и Encrypt File (Шифрирај датотека) за да го активирате прозорецот:

    Слика 9: Прозорецот Encrypt

    Лизгачката листа од прозорецот Encrypt File (Шифрирај ја датотеката) (означена со црно) ви овозможува да ја изберете корисничката сметка на е-пошта и соодветниот клуч, кои ќе ги користите да ја шифрирате пораката.

    Чекор 3. Изберете ја а потоа кликнете на Input за да го активирате прозорецот:

    Слика 10: Прозорецот Open File (Отвори ја датотеката)

    Чекор 4. Кликнете на (Отвори) за да ја прикачите датотеката која треба да биде шифрирана и да се вратите на прозорецот Encrypt на следниот начин:

    Слика 11: Прозорецот за шифрирање ја прикажува датотеката избрана за шифрирање

    Чекор 5. Кликнете на OK за да го активирате прозорецот:

    Слика 12: Дијалог-прозорец кој потврдува дека датотеката била шифрирана

    Дијалог-прозорецот Done (Завршено) покажува каде сте ја зачувале новошифрираната датотека. Една шифрирана датотека исто може да биде идентификувана според наставката за датотека .asc, на пример,Meeting Minutes.doc.asc.

    Чекор 6. Кликнете на OK да го комплетирате процесот на шифрирање на датотеки.

    Забелешка: Текстуална порака која ќе ја испратите со шифрираната датотека можете да ја шифрирате посебно.

    Чекор 7. Преку вашата корисничка сметка на електронска пошта, пронајдете ја локацијата одредена во дијалог-прозорецот Done (Слика 12), а потоа прикачете ја шифрираната датотека на вашата е-порака, како и секоја друга датотека.

    Важно: Забележете дека името на датотеката не е шифрирано. Бидете сигурни дека името не открива важни информации! Не заборавајте дека на вашиот диск сѐ уште постои нешифрирана верзија на датотеката.

    4.3 Како да дешифрирате датотеки со gpg4usb

    Во примерот кој следи, Теренс ќе ја дешифрира датотеката која му ја испрати Салима, користејќи ги следните чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на за да ја отворите програмата gpg4usb.

    Чекор 2. Отворете ја вашата корисничка сметка на е-пошта, отворете ја пораката и преземете ја приложената датотека.

    Забелешка: Ако вашиот соговорник ви испратил порака со шифрираната датотека, можете да ја дешифрирате таа порака користејќи го методот опишан во делот за 4.1 Како да ги дешифрирате текстуалните пораки со gpg4usb

    Чекор 3. Во конзолата на gpg4usb (како што е прикажано на Слика 1 погоре), кликнете на (Шифрирање датотека) за да го активирате прозорецот Decrypt File (Дешифрирај ја датотеката) (како што е прикажано на Слика 13 подолу ).

    Чекор 4. Кликнете на покрај иконата Input за да ја пронајдете локацијата на превземената шифрирана датотека на следниот начин:

    Слика 13: Прозорецот за дешифрирање ја прикажува патеката до шифрираната датотека

    Чекор 5. Кликнете на OK за да го активирате прозорецот:

    Слика 14: Дијалог-прозорецот кој потврдува дека завршила потрагата по локацијата на шифрираната датотека

    Важно: Ако работите од интернет кафе или друга работна станица каде што други личности исто така имаат пристап, подобро е да ја копирате датотеката со наставка .asc на вашата УСБ-меморија или преносна верзија на уред, да ја земете со вас, и да ја дешифрирате во приватноста на вашиот дом.

    Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    5.0 Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    П: Дали gpg4usb мора да се користи од УСБ-меморија?

    О: Не. Може да се инсталира и користи од тврдиот диск на компјутерот.

    П: За колку кориснички сметки можам да создадам парови клучеви?

    О: Колку имате, толку.

    П: Ми се допаѓа тоа што тука се користат едноставни операции на отсечи и залепи.

    О: Да, тоа е добро. Меѓутоа, не заборавај дека насловот на вашата е-порака останува нешифрирана. Затоа, бидете внимателни и не внесувајте наслови кои се премногу описи или можат да ги издадат вашите информации!

    5.1 Проверка на знаењето

    • Која е разликата меѓу потпишувањето и потврдата на автентичноста на еден јавен клуч?
    • • Што е отпечаток и како се користи?