Jitsi - безбедна размена на аудио, видео и инстант текстуални пораки

Содржина

...Loading Table of Contents...

    Jitsi е програма со слободен и отворен код и поддржува размена на инстант-пораки (IM), гласовен и видео разговор преку интернет. Ги поддржува многу од најпопуларните и широко користени протоколи за размена на инстант пораки и телефонија, меѓу кои спаѓаат SIP (Session Initiated Protocol), Jabber/XMPP (кој го користат Facebook и Google Talk), AIM, ICQ, MSN, како и Yahoo! Messenger. Нуди независна криптографија за текстуални разговори преку протоколот OTR (Off-the-Record), и сесии за размена на гласовни и видео пораки (ZRTP, SRTP). Jitsi работи во Microsoft Windows, Mac OS и Linux. Наскоро ќе биде достапна и верзија за Android.

    Почетна страница

    Системски барања

    • Сите верзии на Windows

    Верзија што се користи во ова упатство

    • 2.4

    Последна преработка на ова поглавје

    • Јануари 2014

    Лиценца

    • Слободен софтвер со отворен код

    Што ќе добиете:

    • Можност за систем на приватна и безбедна комуникација, која вклучува сесии на видео разговори..
    • Можност да ја шифрирате комуникацијата независно од давателите на услуги.
    • Можност да регистрирате и користите различни кориснички сметки во исто време (на пр. Facebook, Google Talk, Yahoo Messenger).

    Други програми компатибилни со GNU Linux, Mac OS и Microsoft Windows:

    Jitsi е достапна и за GNU Linux, Mac OS, како и MS Windows (а наскоро и за Android OS). Другите програми со кои може да комуницира Jitsi користејќи независно OTR или ZRTP шифрирање, се препорачани подолу:

    • За размена на текстуални пораки: Pidgin (MS Windows и GNU Linux), Miranda (MS Windows), Adium (Mac OS X), ChatSecure (Android OS и iOS порано познат како Gibberbot)

    • За voice calls: CSipSimple (Android OS), Linphone (GNU Linux, MS Windows, Mac OS X, Android OS, iOS, и други.)

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    Jitsi поддржува многу различни видови на кориснички сметки и протоколи за комуникација и на овој начин може да комуницира со кореспонденти кои користат различни видови програми. Некои од овие програми ќе понудат слични карактеристики за да ја подобрат безбедноста на вашата комуникација (како програмите споменати во делот погоре), кои поддржуваат независно шифрирање на текстуална и гласовна комуникација (OTR и ZRTP). Кај другите програми, особено оние кои се комерцијални (како на пример, разговор на Facebook или Google Talk ), овие карактеристики не се присутни. Сепак ќе можете да комуницирате со контакти кои ги користат тие програми со помош на Jitsi но без придобивките на дополнителните опции на безбедноста на Jitsi.

    Давателите на услуги како Facebook Chat, Google Talk, Yahoo! Messanger, Skype или Viber имаат пристап до вашите разговорни сесии, без разлика дали се работи за текстуални, гласовни или видео сесии и може да го понудат овој пристап на трети лица, како некои корпорации или влади. Jitsi ви овозможува приватна и безбедна комуникација со вашите постоечки кориснички сметки, со помош на дополнително шифрирање. Ова ја прави содржината на вашата комуникација непристапна на давателите на услуги за кориснички сметки и потенцијалните заинтересирани трети страни. Со цел да ги заштити вашите приватни разговори и сесии, Jitsi користи криптографски методи, вклучувајќи Off-the-Record (OTR) (неофицијална комуникација) за текстуалните разговори, и ZRTP/SRTP за гласовните повици.

    Друга забележителна разлика меѓу Jitsi и програмите како Skype е дека таа им овозможува на корисниците да користат постоечки кориснички сметки од различни даватели на услуги, независно од развивачите на програмата. Ова исто така значи дека треба да имате корисничка сметка пред да можете да го користите Jitsi.

    Забелешка: Jitsi користи Java програмски јазик. Притоа програмата Java мора да биде инсталирана на компјутерот за Jitsi да работи правилно. Oracle Java е позната по тоа дека содржи многу слаби точки во однос на сигурноста, кои може да им овозможат на далечните корисници да преземат контрола над вашиот компјутер и да инсталираат шпионски софтвер со цел да пристапат до или да ги набљудуваат сите ваши комуникации и податоци. Строго препорачуваме да го намалите бројот на програми на компјутерот кои користат Java. Погледнете во деловите за Исклучи ги дополнителните компоненти со Java во Firefox и погледнете во чекори за исклучување на Java на сите прелистувачи на вашиот компјутер. Меѓутоа како што ќе видите понатаму во ова поглавје, покрај употребата на Java, постојат неколку сериозни придобивки за сигурноста кои доаѓаат со употребата на Jitsi.

    Преземање на Jitsi

    • Прочитајте го краткиот вовед од Практичното упатство
    • Кликнете на иконата Jitsi за да ја отворите веб локацијата за преземање https://jitsi.org/Main/Download
    • Кликнете на Microsoft Windows installers врската во Jitsi 2.4 and stable build line секцијата за да ја зачувате датотеката за инсталација, и потоа пронајдете ја и кликнете два пати брзо на неа

    Jitsi - Како да инсталирате и додадете различни кориснички сметки во Jitsi

    Листа на делови на оваа страница:

    2.1 Како да го инсталирате Jitsi

    За инсталација на Jitsi, следете ги следните чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на ; може да се појави дијалог-рамката Open File - Security Warning. Ако тоа се случи, кликнете на (Стартувај) за да го активирате прозорецот Windows Installer (Датотека за инсталација на Windows), кој ќе биде проследен од прозорецот Welcome to the Jitsi Setup Wizard (Добредојдовте во волшебникот за инсталација на Jitsi).

    Чекор 2. Кликнете (Следно) за да го активирате прозорецот End User License Agreement (Договор за лиценца за крајниот корисник); изберете ја опцијата I accept the terms in the License Agreement (Јас ги прифаќам условите во договорот за лиценца) за да се вклучи копчето Next (Следно), а потоа кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот Destination Folder (Папка дестинација).

    Чекор 3. Кликнете (Следно) за да го активирате прозорецот Additional Tasks (Дополнителни задачи) и прифатете ги стандардните поставувања кои веќе се одредени.

    Забелешка: Избирањето на опцијата Auto-start when computer restarts or reboots (Автоматски стартувај кога компјутерот одново ќе се подигне или престартува) може да го забави работењето на компјутерот, особено ако веќе имате повеќе апликации кои се конфигурирани да стартуваат во исто време со компјутерот.

    Чекор 4. Кликнете (Следно) за да го активирате прозорецот Ready to Install Jitsi (Подготвен за инсталација на Jitsi), а потоа кликнете на (Инсталирај) за да го активирате прозорецот Installing Jitsi (Инсталација на Jitsi) со лентата која го прикажува напредокот на процесот на инсталација.

    Чекор 5. Кликнете (заврши) за да го комплетирате процесот на инсталација и автоматски да го стартувате прозорецот Jitsi Sign in (Најави се) како што е прикажано:

    Слика 1: Прозорецот Sign in (Најави се) на Jitsi

    Забелешка: Во некои случаи, при првото инсталирање и стартување на Jitsi ќе се појави екран со Windows Security Alert (Известување за безбедноста на Windows) (Слика 2 подолу). Ова известување е нормално за оперативниот систем MS Windows, и во ред е да продолжите со употреба на Jitsi. Дури и ако не кликнете на некое од копчињата и само го затворите прозорецот со предупредувањето, Jitsi сѐ уште може да комуницира преку вообичаените јавни услуги како Jabber/XMPP или SIP, Google Chat и Facebook Chat, или Yahoo Messenger. Меѓутоа, ако кликнете на копчето Allow access (Дозволи пристап) ќе ја вклучите напредната можност на Jitsi по име Registrarless SIP Accounts (Кориснички сметки со SIP без регистрирање). За повеќе информации за овие посебни кориснички сметки, погледнете на страницата Кориснички сметки со SIP без регистрирање.

    Слика 2: Екран со Windows Security Alert (Известување за безбедноста на Windows)

    Чекор 6. Изберете ги двете полиња Private (Приватни) и Public (Јавни) мрежи, а потоа кликнете на Allow access (Дозволи пристап) за да се прикаже прозорецот за најавување во Jitsi (како што е прикажано на Слика 1 погоре) или на прозорецот главниот кориснички интерфејс (како што е прикажано на Слика 4 подолу).

    2.2 Како да додадете кориснички сметки во Jitsi

    Овој дел опишува како да додадете или поставите различни видови кориснички сметки во Jitsi. Jitsi поддржува многу различни видови на кориснички сметки. Корисничките сметки кои се опишани подолу се претежно базирани на комуникациските протоколи Jabber/XMPP и SIP. Покрај многуте услуги, Jitsi ви дозволува да ги користите корисничките сметки на Gmail или Facebook за комуникација. Бидејќи овие се едни од најпопуларните услуги кои се користат на интернет, подолу е прикажано како да ги додадете на Jitsi, заедно со начини како да ја подобрите вашата безбедност кога комуницирате преку овие кориснички сметки, и да ги имате сите придобивки од независното шифрирање на Jitsi покрај заштитата која ја нудат давателите на услугите. Меѓутоа, имајте на ум дека дури и со шифрирањето на Jitsi, давателите на услугите како Google или Facebook го набљудуваат фактот дека комуницирате (можеби и со кого комуницирате), и можат да ги споделат овие информации со трети лица, како некои компании или влади. Затоа можеби најдобро е да избегнувате да ги користите тие кориснички сметки за чувствителна комуникација, дури и со шифрирањето на Jitsi. Во овој дел исто така опишуваме како да создадете побезбедни кориснички сметки (Jabber/XMPP или SIP) и како да ги додадете на Jitsi, и препорачуваме да ги користите овие сметки, наместо некои други

    2.2.1 Како да додадете корисничка сметка од Gmail/Google

    Забелешка: Примерот кој следи е врз основа на корисничка сметка од Google Talk, а процесот на поставување за другите комуникациски протоколи наведени на Слика 1 погоре е сличен. Комуникациите или некои други можности (како независното шифрирање на Jitsi или гласовна и текстуална комуникација - OTR and ZRTP) може да не функционираат меѓу двајца или повеќе корисници од различни услуги (како Facebook, Gmail, Yahoo, итн.). Меѓутоа, тие треба да функционираат кога комуницирате меѓу две кориснички сметки од истата услуга.

    Чекор 1. Изберете Start > Jitsi или два пати кликнете на Jitsi иконата на работната површина, за да го отворите Jitsi.

    Чекор 2. Во прозорецот sign in (Најава), внесете го корисничкото име и лозинката на корисничката сметка на Gmail која би сакале да ја користите за разговор, така што тој ќе изгледа на следниот начин:

    Слика 3: Прозорецот на Jitsi за Sign in (Најава) (намален)

    Забелешка: Можете да додадете повеќе кориснички сметки, користејќи различни протоколи, во исто време.

    Чекор 3. Кликнете Sign in (Најави се) за да го активирате прозорецот за разговор:

    Слика 4: Пример на главен прозорец на Jitsi откако била додадена корисничка сметка на Gmail

    Забелешка: Ако сте го затвориле прозорецот Sign in (Најава), или сакате да додадете друга корисничка сметка, можете да го направите тоа со избирање на менито selecting File (Датотека) > Add new account...(Додај нова корисничка сметка...). Во новиот прозорец за полето Network изберете Google Talk и внесете го корисничкото име и лозинката на корисничката сметка на Gmail како што е прикажано на сликата:

    Слика 5: Прозорецот Add new account (Додај нова корисничка сметка)

    За да потврдите дека сте ја регистрирале вашата корисничка сметка на Gmail со Jitsi, направете ги следните чекори:

    Чекор 1. Изберете Tools (Алатки) > Options (Опции) во менито за да го активирате прозорецот:

    Слика 6: Прозорецот Options (Опции) со ново регистрираната корисничка сметка на Gmail (намален)

    Забелешка: Ако ја користите опцијата 2-step verification (Потврда во два чекори) за да го заштитите пристапот до корисничката сметка на Gmail, кога ќе се обидете да се најавите од Jitsi со стандардната лозинка, може да видите порака како онаа наведена долу. За да се најавите со Jitsi, ќе треба да создадете "лозинка специфична за конкретна апликација (application-specific password)". Погледнете во инструкциите на Google како да го направите ова.

    Слика 7: Пример за неуспех при утврдување на автентичноста на корисничката сметка на Google Talk

    2.2.2 Регистрирање на нова корисничка сметка со Jabber/XMPP или SIP и нејзино додавање на Jitsi

    Jabber/XMPP и SIP се отворени стандарди за текстуална и гласовна комуникација. Постојат многу сервери кои нудат бесплатни кориснички сметки кои можете да ги користите со Jitsi. Подолу препорачуваме некои од серверите кои можете да ги користите за чувствителна комуникација. Имајте на ум дека исто така е возможно да преземете Jabber/XMPP софтвер за сервер (како ejabberd или Prosody IM), да го инсталирате на личниот сервер компјутер и да го воспоставите за приватна и безбедна комуникација меѓу членовите на вашата група, заедница или организација.

    • Riseup.net Jabber/XMPP корисничка сметка

    Ако имате корисничка сметка на Riseup.net безбедната услуга за е-пошта (лоцирана во САД) можете да ја користите оваа сметка да комуницирате преку мрежата Jabber/XMPP со додавање на оваа сметка на Jitsi - погледнете долу како да додадете една веќе-постоечка корисничка сметка на Jabber/XMPP.

    • Jabber.ccc.de и други кориснички сметки на Jabber/XMPP

    Можете да регистрирате корисничка сметка на Jabber.ccc.de server (лоциран во Германија) следејќи ги следните чекори:

    Чекор 1. Во Jitsi, изберете File (Датотека) > Add new account...(Додај нова корисничка сметка...) од менито. Во новиот прозорец, изберете Network (Мрежа): XMPP и изберете ја опцијата Создај нова XMPP корисничка сметка. Во полето Server (Сервер), внесете jabber.ccc.de, внесето го XMPP корисничкото име кои би сакале да го создадете, и потполнете ги полињата за лозинка и Confirm password (Потврди ја лозинката) на следниот начин:

    Слика 8: Пример на прозорецот "Add new account (Додај нова корисничка сметка)" со избрана опција "Create a new XMPP account (Создај нова XMPP корисничка сметка)"

    Чекор 2. Кликнете Add (Додај). По успешната регистрација, ќе се појави прозорец сличен на оној на Слика 4 горе.

    Ако корисничкото име кое сте го побарале веќе е зафатено од друг, процесот на регистрација нема да биде успешен и ќе се појави пораката We failed to create your account due to the following error: Could not confirm data. (Не успеавме да ја создадеме вашата корисничка сметка поради следната грешка: Не може да се потврдат податоците). Можете да се обидете повторно да го повторите процесот и да изберете друго корисничко име.

    Имајте на ум дека ако не се најавите во вашата корисничка сметка на jabber.ccc.de подолго од 12 месеци, вашата корисничка сметка, автоматски ќе биде отстранета од серверот и корисничкото име ќе стане достапно за регистрација од други луѓе.

    Друг Jabber/XMPP сервер кој вреди да се спомене е jit.si. Овој сервер е одржуван од развивачите на програмата Jitsi. Можете да регистрирате корисничка сметка на jit.si и многу други јавни Jabber/XMPP сервери на истиот начин како што е опишано горе во овој дел. IM Observatory одржува листа и рангирање на јавните Jabber/XMPP сервери, и ви овозможува да ја тестирате безбедноста на кој било Jabber/XMPP.

    • ostel.co SIP корисничка сметка

    SIP aкорисничките сметки не можат да бидат регистрирани преку програмата Jitsi. Серверот ostel.co (лоциран во САД) нуди регистрација на својата веб-страница. Изберете корисничко име, лозинка и вашата постоечка адреса на е-пошта и кликнете на копчето Sign up (Најави се) на веб-страницата. По успешната регистрација вратете се во програмата Jitsi. Изберете File (Датотека) > Add new account...(Додај нова корисничка сметка...) во менито, за полето Network изберете: SIP, внесето го вашето корисничко име (на пр. terence.the.tester@ostel.co) и лозинката која сте ја создале за време на регистрацијата на интернет и кликнете Add (Додај). За повеќе упатства погледнете ја сликата:

    Слика 9: Пример на прозорецот "Add new account (Додај нова корисничка сметка)" за корисничката сметка SIP

    • Додавање на веќе постоечка корисничка сметка со Jabber/XMPP или SIP на Jitsi

    Ако веќе имате корисничка сметка на Jabber/XMPP или SIP можете да ја додадете на Jitsi преку избирање на File (Датотека) > Add new account...(Додај нова корисничка сметка...) во менито и избор на соодветната Network (Мрежа) (или XMPP или SIP во зависност од видот на корисничка сметка).

    2.2.3 Како да додадете корисничка сметка на Facebook

    Facebook има две поставувања кои можеби ќе треба да ги измените пред Jitsi да го поврзете со вашиот Facebook Chat (Разговор).

    • Facebook Username (Корисничко име)

    Facebook бара корисничко име за Jitsi да се поврзе на алатката за разговор на Facebook. Многу корисници на Facebook веќе имаат корисничко име. За да го проверите вашето корисничко ме, најавете се на вашата корисничка сметка на Facebook: вашето корисничко име е она кое ќе се појави во лентата за локации на вашиот прелистувач, по https://www.facebook.com/ кога го гледате вашиот Timeline (Времеплов) или Page (Страница). Вашето корисничко име е исто така вашата адреса за е-пошта на Facebook за вашата лична корисничка сметка (на пр.: username@facebook.com). Можете да го видите или измените корисничкото име или да добиете корисничко име ако отидете во делот Account Settings (Поставувања на корисничката сметка) > General (Општо) (Општи поставувања) или преку посетување на https://www.facebook.com/username. За да поставите корисничко име Facebook може да побара од вас да ја потвдрите вашата корисничка сметка, што може да бара испраќање на СМС на телефонски број кој ќе треба да го доставите до Facebook во процесот на верификација. За повеќе детали видете го објаснувањето на Facebook за кориснички имиња.

    • Поставувања за апликациите

    “Платформата за апликации“ на Facebook мора да биде вклучена, пред Jitsi да се поврзе на разговорот со Facebook Chat. Посетете го делот на Facebook за Account Settings (Поставувања за корисничката сметка) > Apps (Апликации) и проверете дали Apps you use (Апликации кои ги користите е вклучена On. Ова ја вклучува "платформата за апликации" за вашата корисничка сметка.

    Имајте на ум дека вклучувањето на "application platform" (платформата за апликации) на Facebook отвора голем дел од вашите податоци на Facebook за надворешни развивачи на апликации. Овие податоци се достапни не само за апликациите на Facebook кои ги користите, туку и апликациите на Facebook кои ги користат било кој од вашите пријатели. Откако ќе ја вклучите "application platform" (платформата за апликации) на Facebook, проверете ги поставувањата за "Apps others use (Апликации кои ги користат другите)". Ова поставување ви овозможува да скриете некои лични информации ода апликациите кои ги користат вашите пријатели. За жал, Facebook не нуди поставувања за да ги скриете сите лични информации. Одредени категории на информации (како вашата листа на пријатели, полот, или информации кои сте ги направиле јавни) се видливи сè додека е вклучена "application platform" (платформата за апликации) на Facebook. На вас останува да одлучите дали ова е прифатлива размена за вашата приватност.

    Сега сте подготвени да ја додадете вашата корисничка сметка за Facebook на Jitsi. За да го направите ова, следете ги чекорите:

    Чекор 1. Од главното мени изберете File (Датотека) > Add New Account...(Додај нова корисничка сметка...)

    Чекор 2. Во дијалог прозорецот Add New Account (Додај нова корисничка сметка), во менито за Network (Мрежа изберете Facebook, внесете го вашето корисничко име и лозинка и кликнете "Add (Додај)"

    Слика 10: Пример на прозорецот „Add New Account...(Додај нова корисничка сметка...)“ за корисничка сметка на Facebook

    2.3 Како да ја промените лозинката за корисничка сметка со Jitsi

    Важен елемент на сигурноста е да знаете како да ја промените лозинката за сите кориснички сметки кои ги имате. Многу од корисничките сметки кои можете да ги користите со Jitsi нудат менување на лозинката како дел од нивните поставувања, кои се достапни преку интернет интерфејсот. Меѓутоа, некои кориснички сметки со Jabber/XMPP и SIP немаат интернет интерфејс преку кои би можеле да се администрираат. За овие кориснички сметки можете да ја измените лозинката со употреба на Jitsi, следејќи ги чекорите подолу:

    Чекор 1. изберете Tools (Алатки) > Options (Опции) во менито, изберете ја картичката Accounts (Кориснички сметки)

    Слика 11: Прозорецот Options (Опции) со една избрана корисничка сметка

    Чекор 2. Кликнете на копчето Edit (Уреди) на дното за да го активирате прозорецот:

    Слика 12: Прозорецот Account Registration Wizard (Волшебник за регистрација на корисничка сметка) со копчето Change account Password (Измени ја лозинката на корисничката сметка) на дното

    Чекор 3. Кликнете на Change account password (Измени ја лозинката на корисничката сметка) да го активирате прозорецот Change account password (Измени ја лозинката на корисничката сметка):

    Слика 13: Прозорецот Change account Password (Измени ја лозинката на корисничката сметка)

    Чекор 4. Потполнете ги полињата Enter new password (Внеси нова лозинка) и Re-enter password (Повторно внеси ја лозинката) и кликнете на копчето OK за да го затворите овој прозорец.

    Чекор 5. Затворете го Account Registration Wizard (Волшебникот за регистрација на корисничката сметка).

    2.4 Како да го конфигурирате Jitsi за да ја подобрите неговата сигурност

    2.4.1 Како да ја исклучите и отстраните историјата на повици и разговори

    Jitsi по правило чува информации за дојдовните и појдовните гласовни/видео повици и историја на вашите текстуални разговори – сите пораки кои сте ги испратиле и примиле. Можете да пристапите до гласовните/видео повици со кликнување на иконата со часовник во главниот прозорец на Jitsi:

    Слика 14: Врвот од главниот прозорец на Jitsi со копче за историја на повиците

    Можете да ја погледнете историјата на разговорите со кликнување на иконата која наликува на мерач на времето во прозорецот за текстуален разговор, додека разговарате со некој контакт:

    Слика 15: Прозорецот за разговор со означено копче за историја на разговори

    Овие информации се собираат и чуваат на дискот на вашиот компјутер. Дури и ако го шифрирате текстуалниот разговор со OTR, сите текстуални пораки кои ќе ги испратите и шифрирате се зачувани на вашиот компјутер во формат на отворен текст. Истите тие информации се собираат и чуваат на дискот на контактите со кои комуницирате.

    За да го спречите Jitsi да ги собере овие информации (и да ги отстрани веќе собраните податоци), вие и вашиот контакт треба да ги преземете следните чекори.

    За да го оневозможите Jitsi да ги собира информациите:

    Чекор 1. изберете Tools (Алатки) > Options (Опции) во менито, изберете ја картичката General (Општо) и отстранете го знакот за избор од опцијата Log chat history (Чувај ја историјата на разговори) како што е прикажано подолу:

    Слика 16: Прозорецот „Options“ (Опции), картичката „General (Општо)“ со исклучена опција „Log chat history (Чувај ја историјата на разговори)“

    Чекор 2. Во прозорецот Options (Опции), прво изберете ја картичката Advanced (Напредни поставувања), потоа изберете го делот Logging (Запишување), а потоа исклучете ја опцијата Enable packet logging (Овозможи запишување во пакети) како што е прикажано подолу:

    Слика 17: Прозорецот со „Options“(Опции), картичката „Advanced (Напредни поставувања)“, делот „Logging“(Запишување) со исклучена опција „Enable packet logging“ (Овозможи запишување во пакети)

    Промените ќе бидат применети откако ќе го исклучите и повторно вклучите Jitsi.

    За да ги соберете веќе собраните информации за вашите повици и текстуални пораки:

    Чекор 1. Затворете го Jitsi.

    Чекор 2. Отстранете ја целата папка со запишана историја history_ver1.0 од папката на Jitsi user profile (Кориснички профил). Можете да отстраните и под-папка на history_ver1.0 ако сакате да се ослободите само од дел од историјата. Локацијата на папките user profile (Кориснички профил) и log history (Записи за историјата) зависи од оперативниот систем:

    • На Windows XP и постари верзии, се наоѓаат во *C:and Settings<Windows login/user name>Data_ver1.0*
    • На Windows Vista, 7, 8, се наоѓаат во *C:<Windows login/user name>_ver1.0* (Имајте на ум дека папката "AppData (Податоци за апликациите)" може да биде скриена. Погледнете како да ги видите скриените датотеки).
    • Mac OS X: од вашата почетна папка ~/Library/Application Support/Jitsi/history_ver1.0
    • Linux: од вашата почетна папка ~/.jitsi/history_ver1.0 (Имајте на ум дека папката ".jitsi" може да биде скриена. Погледнете како да ги видите скриените датотеки во Ubuntu)

    Погледнете во поглавјето Како да уништите чувствителни информации за како безбедно да се ослободите од информациите.

    2.4.2 Како да вклучите приватна размена на пораки при текстуалните разговори

    Се препорачува да го поставате Jitsi да бара приватна размена на шифрирани текстуални пораки со користење на OTR шифрирање секој пат кога е возможно. За да го направите ова, изберете Tools (Алатки) > Options (Опции) во менито, изберете ја картичката Security (Безбедност), изберета ја под-картичката Chat (Разговор) и изберете ја опцијата Require private messaging (Барај приватна размена на пораки) која се наоѓа на дното на екранот како на долната слика:

    Слика 18: Прозорецот „Options“(Опции), картичката Security (Безбедност), изберете ја подкартичката Chat (Разговор) и означената опција Require private messaging (Барај приватна размена на пораки)

    2.4.3 Како да ги заштитите лозинките за сите ваши сметки со една главна лозинка

    Најдобро е да не му дозволите на Jitsi да ги памети лозинките за вашите кориснички сметки. Ако не го направите тоа за да ви биде полесна употребата, секој кој ќе добие пристап до вашиот компјутер ќе може да се најави на вашите кориснички сметки, едноставно со стартување на Jitsi. Исто така ќе може да ги види вашите лозинки во прозорецот Options (Опции). Затоа силно ви препорачуваме да ги заштитите лозинките за вашите кориснички сметки со главна лозинка. Штом ќе ја поставите главната лозинка, Jitsi ќе ви побара да ја вметнете штом ќе ја стартувате програмата.

    Чекор 1. Отворете го прозорецот Options (Опции) со избриање на Tools (Алатки) > Options (Опции) во менито, избирање на картичката Security (Безбедност) и подкартичката Passwords (Лозинки), и изберете ја опцијата Use a master password (Користи главна лозинка) за да го активирате прозорецот Master Password (Главна лозинка).

    Чекор 2. Во новиот прозорец внесете ја вашата лозинка како што е прикажано на сликата долу. За повеќе информации за создавањето силни лозинки, погледнете во поглавјето Како да создадете и одржувате сигурни и безбедни лозинки.

    Слика 19: Прозорецот Master Password (Главна лозинка)

    Чекор 3. Кликнете на OK за да ја потврдите лозинката и да активирате нов прозорец во кој треба да пишува Master Password successfully set up (Успешно поставена главна лозинка). Кликнете на "OK" за да го затворите и да се вратите на прозорецот Options (Опции) кој треба да изгледа на следниот начин:

    Слика 20: Прозорецот Options (Опции), картичката Security (Безбедност), подкартичката Password (Лозинка) со означена опција Use a master Password (Користи главна лозинка)

    Забелешка: Копчето Change Master Password (Промени ја главната лозинка) ви овозможува да ја промените главната лозинка и копчето Saved Passwords...(Зачувани лозинки) ви дозволува да пристапите до листата на лозинки кои се запаметени од Jitsi и да ги отстраните доколку има потреба од тоа

    Jitsi – Додавање контакти и текстуална и гласовна комуникација

    Листа на делови на оваа страница:

    3.1 Додај контакти (пријатели) на Jitsi

    Откако ќе додадете барем една корисничка сметка на Jitsi и ќе се најавите, подготвени сте да ги додадете вашите контакти и да комуницирате со нив.

    За да додадете контакт на Jitsi следете ги чекорите:

    Чекор 0. Отворете го главниот прозорец на Jitsi со избирање на Start > Jitsi или два пати кликнете на Jitsi иконата на работната површина.

    Чекор 1. изберете File (Датотека) > Add contact...(Додај контакт...) по што ќе се отвори следниот прозорец:

    Слика 1: Прозорецот Add contact (Додај контакт)

    Чекор 2. Изберете на која од вашите кориснички сметки би сакале да го додадете овој контакт (на пример terance.the.tester@jit.si).

    Овој чекор не е задолжителен: Исто така можете да го додадете контактот на група со други контакти. Меѓутоа, прво морате да создадете група. Ова можете да го направите со избирање на File (Датотека) > Create group...(Создај група...) од менито).

    Внесето гокорисничкото име или адреса на вашиот контакт во полето ID or Number (Идентификација или број) (на пример, sally.the.doer@jit.si).

    Можете да го изберете името или прекарот за контактот, кое ќе биде видливо на листата на контакти во главниот прозорец на Jitsi; внесете го во полето Display name (Прикажано име).

    Чекор 3. Кликнете на Add (Додај) за да го затворите прозорецот Add contact (Додај контакт) и да се вратите на главниот прозорец на Jitsi. Сега во вашата листа на контакти ќе го видите новиот контакт додаден со забелешката "Waiting for authorisation (Чека за авторизација)" како што можете да видите на сликата:

    Слика 2: Главниот прозорец на Jitsi со додаден контакт кој чека авторизација

    Чекор 4. Кога вашиот контакт (sally.the.doer@jit.si) ќе се најави на својата корисничка сметка, скок-прозорец ќе ја информира дека сте ѝ пратиле барање да ја додадете на вашата листа контакти:

    Слика 3: Прозорецот кој бара авторизација на нов контакт

    Вашиот контакт може да ја избере опцијата Ignore (Игнорира), при што вашето барање и понатаму ќе чека авторизација; Deny (Одбиј), при што ќе добиете известување дека вашето барање било одбиено; и Authorise (Авторизирај), при што ќе добиете информации дека вашиот контакт го прифатил вашето барање за авторизација, и внесот за вашиот контакт во листата на контакти ќе стане активен:

    Слика 4: Главниот прозорец на Jitsi со нов авторизиран контакт

    3.2 Текстуален разговор (Размена на инстант-пораки) со OTR шифрирање

    Сега откако сте го додале и авторизирале вашиот контакт, можете да кликнете на нивното име во листата на контакти и да започнете текстуален разговор, видео или гласовни повици, и споделување на работната површина со избор на соодветната икона под нивното име:

    Слика 5: Избран контакт во главниот прозорец на Jitsi со икони за размена на инстант пораки (IM), гласовни и видео повици и споделување на работната површина

    Чекор 1. Сега ќе ја истражиме една од најважните можности на Jitsi: можноста за безбедна размена на текст, преку шифрирање на пораките со OTR. OTR работи на сличен начин како GPG/PGP кои се опишани во други поглавја на овој пакет алатки. Исто како со PGP, пред вие и вашиот контакт да можете да ја шифрирате вашата комуникација, и двајцата треба да го конфигурирате Jitsi да создаде клучеви за шифрирање. Ова можете да го направите со избирање на Tools (алатки) > Options (Опции) менито и избирање на картичката Security (Безбедност) и под-картичката Chat (Разговори). Тогаш ќе се појави следниот прозорец:

    Слика 6: Дел од прозорецот Chat Options (Опциите за разговори) каде што можете да создадете клучеви за шифрирање на вашите текстуални разговори

    Чекор 2. Следно, кликнете на копчето Generate (Создај). Како резултат ќе го добиете отпечатокот на клучот кој бил создаден:

    Слика 7: Дел од прозорецот Chat Options (Опциите за разговори) го прикажува отпечатокот за вашиот создаден безбеден разговор шифриран со OTR

    За секоја корисничка сметка е создаден по еден клуч. Ова треба да го повторите само ако додадете нова корисничка сметка или ако го инсталирате Jitsi на друг уред и не преместите постоечки клучеви на уредот.

    Сега сте подготвени за комуникација:

    Чекор 3. Изберете контакт од главниот прозорец Jitsi и кликнете на иконата send message (Испрати порака) (прва од лево под името на контактот) да отворите прозорец за текстуален разговор:

    Слика 8: Прозорец за текстуален разговор со означено OTR шифрирање, но не е вклучено

    Забележете ја иконата Encrypt chat with OTR (Шифрирај го разговорот со OTR), отворениот катанец на горниот десен агол од прозорецот. Овој незабележителен симбол ве информира дали разговорот е шифриран или не. Сега катанецот е отворен (има мал простор меѓу рачката и остатокот од катанецот!).

    Чекор 4. Кликнете на иконата Encrypt chat with OTR (Шифрирај го разговорот со OTR). Забележете ги промените во прозорецот:

    Слика 9: Прозорец за текстуален разговор по кликнување на иконата Encrypt chat with OTR (Шифрирај го разговорот со OTR)

    Забележете дека сега катанецот е заклучен. Ова значи дека сите пораки кои ќе ги испратите вие и вашиот контакт се шифрирани. Забележете ја пораката дека ова е unverified private conversation (Непотврден приватен разговор) и дека треба да ја authenticate (проверите автентичноста на) sally.the.doer@jit.si.

    Чекор 5. Кликнете на врската authenticate sally.the.doer@jit.si за да го отворите прозорецот Authenticate Buddy (Провери ја автентичноста на пријателот):

    Слика 10: Прозорецот Authenticate Buddy (Провери ја автентичноста на пријателот) со отпечатоци за вас и вашиот контакт

    Забележете ја пораката која ве охрабрува да ги споредите отпечатоците за вашите клучеви со вашиот контакт преку друг канал (не овој текстуален разговор). Со ова можете да бидете посигурни дека комуницирате со вашиот контакт и не некој друг. Добро е споредбата на клучевите да ја направите во лице, или преку видео или гласовна комуникација, бидејќи овие нудат полесен начин да ја проверите автентичноста на идентитетот на другото лице. Откако ќе ги споредите отпечатоците, изберете ја опцијата Потврден е отпечатокот од менито на извлекување и кликнете на Authenticate Buddy (Провери ја автентичноста на пријателот):

    Слика 11: Дел од прозорецот Authenticate Buddy (Провери ја автентичноста на пријателот) избрана опција „I have verified“ (Потврден е) отпечатокот за вашиот контакт.

    Затворањето на прозорецот Authenticate Buddy (Провери ја автентичноста на пријателот) ве враќа на прозорецот за разговор:

    Слика 12: Прозорец за текстуален разговор со OTR шифрирање и проверена автентичност

    Забележите дека катанецот веќе не го содржи портокаловиот триаголник со белиот извичник. Ова значи дека сте ја провериле автентичноста на вашиот контакт. Автентичноста треба да биде проверена само еднаш за секој поединечен контакт. Ако се врати триаголникот со белиот извичник, тоа значи дека разговарате со личност чија автентичност не сте ја утврдиле. Ова може да се случи кога вашиот контакт ќе се префрли на друг уред со друг код за шифрирање (друга инсталација на Jitsi, или друга програма со OTR, итн.). Во овој случај ќе морате повторно да ја потврдите автентичноста еден на друг за да бидете сигурни во идентитетот на личноста со која комуницирате.

    Jitsi ви дозволува да разменувате текстуални пораки со повеќе од една личност во исто време. OTR шифрирањето ќе работи само кога разговарате со една личност.

    3.3 Гласовни и видео разговори со ZRTP шифрирање

    Jitsi нуди гласовни и видео разговори кои можат независно да бидат шифрирани со отворен стандард наречен ZRTP. За да започнете разговор треба да:

    Чекор 1. Кликнете на контактот од листата на контакти во Jitsi и кликнете на иконата за глас (втората икона од лево под името на корисникот) или видео (третата) - погледнете наа Слика 5 погоре. Нов прозорец ќе се појави, кој означува дека Jitsi воспоставува врска:

    Слика 13: Прозорецот за повик со статусот Ringing (Ѕвони)

    Вашиот контакт ќе го види известувањето за дојдовен повик:

    Слика 14: Известувањето за дојдовен повик

    Чекор 2. Ако вашиот контакт го прифати повикот ќе добиете известување дека сте поврзани:

    Слика 15: Добиен повик без ZRTP шифрирање

    Погледнете го црвениот отворен катанец. Ова значи дека вашиот повик не е шифриран со ZRTP.

    Чекор 3. Почекајте... вашата програма и програмата на вашиот контакт воспоставуваат шифрирана врска, што може да потрае некоја минута. Ако успее, ќе ги видите буквите zrtp на портокалова позадина со затворен катанец како долу. Доколку програмите не успеат да воспостават врска, сеуште можете да разговарате, но без шифрирање. Можете да се исклучите, повторно да го стартувате Jitsi и повторно обидете се да видите дали овој пат програмите ќе се поврзат со шифрирана врска. ZRTP може да не работи при повиците меѓу кориснички сметки од различни даватели на услуги (како на пример меѓу Google и Jit.si).

    Слика 16: Дел од прозорецот за повикот со вклучено ZRTP шифрирање, но сѐ уште не е потврден

    Чекор 4. Набљудувајте го делот под буквите zrtp и катанецот со пораката "Compare with partner (Споредете со партнер)" проследен со 4 карактери. Прочитајте ги овие букви на вашиот контакт и прашајте дали тој ги гледа истите карактери. Ако е така, значи дека вашата комуникација е шифрирана и дека никој не може да се вмеша. Можете да кликнете Confirm (Потврди). Портокаловото поле со zrtp ќе стане зелено:

    Слика 17: Дел од прозорецот за повикот со потврдено и вклучено ZRTP шифрирање

    Чекор 5. Можете да ја затворите црниот дел за потврда со кликнување на белиот знак x на горниот десен дел од црниот дел:

    Слика 18: Дел од прозорецот за повикот со потврдено и вклучено ZRTP шифрирање

    Jitsi ви дозволува гласовен и видео разговор со повеќе од една личност. Забележете дека со оваа комуникација, ZRTP шифрирањето може да биде вклучено меѓу оној кој го започнал повикот, но не меѓу двете страни.