KeePass – Безбедно чување лозинки

Содржина

...Loading Table of Contents...

    KeePass е безбедна и лесна за употреба алатка за чување лозинки.

    Почетна страница

    www.keepass.info

    Системски барања

    • Сите верзии на Windows

    Верзија што се користи во ова упатство

    • 1.27

    Последна преработка на ова поглавје

    • Јули 2014 година

    Лиценца

    • Слободен софтвер со отворен код

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете::

    • Можност да ги чувате сите ваши лозинки во една безбедна и лесна за употреба база на податоци
    • Можност да креирате и чувате голем број долги лозинки без да морате да ги паметите

    Други програми компатибилни со GNU Linux, Mac OS и Microsoft Windows:

    KeePass е достапна и за GNU Linux и Mac OS (во верзијата KeePassX). Можете да најдете верзии на KeePass за други платформи како iPhone, BlackBerry, Android, PocketPC, итн. Меѓутоа ако сакате да пробате други безбедни програми, ги препорачуваме:

    • Password Safe достапна за Microsoft Windows и GNU Linux
    • 1Password достапна за Mac OS, Microsoft Windows, iPhone и iPad

    Преземање на KeePass од интернет

    • Прочитајте го краткиот вовед од Практичното упатство
    • Кликнете на иконата KeePass подолу да ја отворите страницата за преземање www.keepass.info/download.html
    • Во делот од страницата "Classic Edition" (Класично издание) кликнете на датотеката за инсталација "KeePass 1.xx (Installer EXE for Windows)"
    • Зачувајте ја датотеката за инсталирање KeePass-1.xx-Setup.exe file, а потоа пронајдете ја и кликнете два пати брзо на неа
    • Откако успешно ќе го инсталирате KeePass, можете да ја избришете програмата за инсталирање од компјутерот.

    Keepass:

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    KeePass е лесна за употреба и моќна алатка за складирање и администрирање на сите лозинки во многу безбедна база на податоци. Можете да ја ставите и таа база на податоци и програмата KeePass на УСБ-меморија и да ја носите со вас. Базата на податоци е заштитена со „главна лозинка“ која вие ја креирате. Оваа лозинка се користи и за да ја шифрирате целата содржина на базата на податоци. Можете да ги чувате вашите постоечки лозинки во KeePass или таа да создава нови за вас. Алатката KeePass не бара никаква претходна конфигурација или специфични инструкции за инсталација. Подготвена е кога сте и вие!

    Како да го инсталирате и употребувате KeePass

    Листа на делови на оваа страна:

    2.0 Како да го инсталирате KeePass

    Чекор 1. Два пати кликнете на датотеката ; може да се појави дијалог-рамката Open File - Security Warning. Ако тоа се случи, кликнете на (Стартувај) за да го активирате следниов прозорец:

    Слика 1: Прозорецот за избор на јазик на инсталација

    Чекор 2. Кликнете на за да го активирате прозорецот Setup (Поставување) - KeePass Password Safe (KeePass сеф на лозинки) – Welcome to the KeePass Password Safe Setup Wizard (Добредојдовте до волшебникот за поставување на KeePass сеф на лозинки).

    Чекор 3. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот со договорот за лиценца „License Agreement“. Прочитајте го договорот за лиценцата, пред да продолжите со остатокот од процесот на инсталација.

    Чекор 4. Изберете ја опцијата I accept the agreement (Го прифаќам договорот) за да се појави копчето Next (Следно), а потоа кликнете на (Следно) да го активирате прозорецот Select Destination Location (Избор на локација за инсталација).

    Чекор 5. Кликнете на (Следно) за да ја прифатите стандардната патека на инсталација.

    Чекор 6. Кликнете на (Следно) за да го активирате следниот прозорец.

    Слика 2: Прозорецот за избор на дополнителни задачи „Select Additional Tasks“

    Чекор 7. Изберете ја опцијата (Поврзувај го KeePass со наставката .kdb) како што е прикажано на погоре на Слика 2.

    Забелешка: Ако ја овозможите опцијата Create a Start Menu folder (Создај папка во менито Старт), инсталацискиот волшебник на KeePass „Setup - KeePass Password Safe“ автоматски ќе создаде икона KeePass за брзо стартување во менито Start (Стартувај).

    Чекор 8. Кликнете на (Следно) за да го стартувате прозорецот Ready to Install (Подготвено за инсталација), а потоа кликнете на (Инсталирај) за да го активирате прозорецот за инсталација и неговата лента што го означува напредокот на инсталацијата.

    Неколку секунди подоцна ќе се појави прозорецот што укажува дека е завршен волшебникот за поставување на KeePass „Completing the KeePass Password Safe (KeePass Сеф на лозинки) Setup Wizard“.

    Чекор 9. Изберете ја опцијата Launch KeePass (Стартувај го KeePass), а потоа кликнете на (Заврши) за веднаш да го отворите KeePass и да бидете пренасочени кон веб страницата на KeePass - Plugins and Extensions (Дополнителни компоненти и екстензии), ако сте поврзани со интернет.

    2.1 Како да создадете нова база на податоци со лозинки

    Во следните пасуси, ќе научите како да создадете главна лозинка, да ја зачувате новосоздадената база на податоци, да создадете случајна лозинка за одредена програма, да создадете резервна копија на базата на податоци и да ги отпакувате лозинките од KeePass кога тоа ќе ви биде потребно.

    За да го отворите KeePass, треба да ги следиве следните чекори:

    Чекор 1. Изберете Start > All Programs (Програми) > KeePass или кликнете на иконата на работната површина, за да го активирате главниот прозорец на KeePass на следниов начин:

    Слика 3: Конзолата KeePass Password Safe (KeePass Сеф на лозинки)

    2.1.1 Како да создадете нова база на податоци со лозинки

    Создавањето нова база на податоци за лозинки вклучува два чекори:

    Мора да смислите една, уникатна и силна главна лозинка што ќе ја користите за да ја заклучувате и отклучувате вашата база на податоци за лозинки. Потоа мора да ја зачувате таа база на податоци за лозинки.

    За да создадете нова база на податоци за лозинки, следете ги овие чекори:

    Чекор 1. Изберете File (Датотека) > New (Нова) на следниов начин:

    Слика 4: Прозорецот KeePass со избрани File (Датотека) > New (Нова)

    Ова ќе го активира прозорецот Create New Pasword Database (Создај нова база на податоци за лозинки) на следниов начин:

    Слика 5: Прозорецот на KeePass „Create New Pasword Database“ (Создај нова база на податоци за лозинки)

    Чекор 2. Внесете ја главната лозинка што сте ја измислиле во полето за главна лозинка.

    Слика 6: Прозорецот на KeePass „Set Composite Master Key“ (Постави композитен главен клуч) со пополнето поле за главна лозинка „Master Password“

    Под полето за внесување на лозинката ќе видите портокаловозелена лента што ја означува силата на вашата лозинка. Додека ја внесвнесувате лозинката, количината на зелена боја ќе се зголемува во зависност од комплексноста или силата на вашата лозинка, која ќе ја постигнете со употреба на поголем број знаци.

    Совет: Треба да биде исполнета барем половина од лентата кога ќе завршите со внесвнесување на вашата лозинка.

    Чекор 3. Кликнете на за да го активирате прозорецот Repeat Master Password (Повтори ја главната лозинка) и потврдете ја лозинката на следниов начин:

    Слика 7: Прозорецот на KeePass „Repeat Master Password“ (Повтори ја главната лозинка)

    Чекор 4. Внесете ја истата лозинка како претходно, потоа кликнете на

    Чекор 5. Кликнете на да видите дали точно ја внесувате лозинката.

    Предупредување: Не го правете ова доколку се сомневате дека некој ве надгледува одзади.

    Откако успешно сте ја внесле главната лозинка два пати, конзолата на KeePass се активира следниот начин:

    Слика 8: Прозорецот „KeePass Password Safe“ (KeePass Сеф на лозинки) во активен режим

    Откако сте ја создале базата на податоци за лозинки, треба да ја зачувате. За да ја зачувате датотеката база на податоци за лозинки, следете ги овие чекори:

    Чекор 1. Изберете File (Датотека) > Save As (Зачувај како) на следниов начин:

    Слика 9: Прозорецот KeePass Password Safe (KeePass Сеф на лозинки)

    Ова ќе го активира прозорецот Save As (Зачувај како):

    Слика 10: Прозорецот Save As (Зачувај како)

    Чекор 2. Внесете го името за новата датотека - база на податоци за лозинки.

    Чекор 3. Кликнете на (Зачувај) за да ја зачувате вашата база на податоци.

    Совет: Запаметете ја локацијата и името на вашата база на податоци! Ќе ви биде потребна кога ќе создавате нејзина резервна копија.

    Ви честитаме! Успешно создадовте и зачувавте сигурна база на податоци за лозинки. Сега можете да започнете да ја пополнувате со сите ваши сегашни и идни лозинки.

    2.2. Како да додадете нов внес

    Прозорецот Add Entry (Додај внес) ви овозможува да додавате информации за корисничката сметка, лозинки и други важни детали во новосоздадената база на податоци. Во примерот што следи, ќе додавате нови внесови за да зачувате лозинки и кориснички имиња за различни веб-локации и кориснички сметки за електронска пошта.

    Чекор 1. Изберете Edit (Уреди) > Add Entry (Додај внес) на прозорецот KeePass Password Safe (KeePass Сеф на лозинки) за да го активирате прозорецот Add Entry (Додај внес), на следниов начин:

    Слика 11: Прозорецот KeePass Password Safe (KeePass Сеф на лозинки) со избрана опција Edit (Уреди)> Add Entry (Додај внес)

    Слика 12: Прозорецот на KeePass „Add Entry“ (Додај внес)

    Забелешка: Прозорецот Add Entry (Додај внес) ви нуди голем број полиња кои треба да се пополнат. Ниту едно од овие полиња не е задолжително; информациите доставени тука се во голема мера за ваша корист. Тоа може да биде корисно во ситуации кога барате одреден внес.

    Ова е краток опис на текстуалните полиња:

    • Group (Група): KeePass ви овозможува да ги сортирате лозинките во претходно дефинирани групи. На пример: 'Internet' ќе биде добра локација за чување на лозинки кои се однесуваат на кориснички сметки од некои веб-локаци
    • Title (Наслов): име за опишување на одреден внес на лозинка. На пример: лозинка за Gmail.
    • User name (Корисничко име): Корисничкото име поврзано со лозинката. На пример: securitybox@gmail.com
    • URL (Униформен локатор на ресурси – УРЛ): интернет-страницата поврзана со внесот на лозинката. На пример: https://mail.google.com
    • Password (Лозинка): Оваа функција автоматски создава случајна лозинка кога ќе се активира прозорецот Add Entry (Додај внес). Ако регистрирате нова корисничка сметка на електронска пошта, можете да ја користите стандардната 'default' лозинка за ова поле. Исто така, можете да ја користите оваа функција кога сакате да промените постоечката лозинка со случајно создадена лозинка од KeePass. Бидејќи KeePass секогаш ќе ја памти лозинката за вас, нема потреба ни да ја погледнете лозинката. Случајно создадената лозинка се смета за силна (т.е. тешко е некој натрапник да ја погоди или да ја пробие).

    Создавањето на случајна лозинка по барање ќе биде опишано во следниот дел. Можете, секако, да ја замените стандардната лозинка со ваша. На пример, ако создавате нов внес за корисничка сметка која веќе постои, ќе сакате да ја внесете точната лозинка.

    • Repeat Password (Повтори ја лозинката): Потврдување на лозинката.
    • Quality (Квалитет): Лента што ја означува силата на лозинката според нејзината должина и случајност. Колку повеќе зелена боја има на лентата, толку е посилна избраната лозинка.
    • Notes (Забелешки): Тука ги внесувате описните или општи информации за корисничката сметка или веб-локацијата за којашто зачувувате информации. На пример: Mail server settings: POP3 SSL, pop.gmail.com, Port 995; SMTP TLS, smtp.gmail.com, Port: 465

    Забелешка: Создавањето или изменувањето на внесовите за лозинките во KeePass не ги менува лозинките на корисничките сметки! За KeePass размислувајте како безбеден електронски адресар за вашите лозинки. Ги чува само информациите кои ќе ги запишете во него, ништо повеќе.

    Ако од паѓачката листа Group (Група) изберете Internet (Интернет), вашиот внес за лозинка ќе изгледа на следниов начин:

    Слика 13: Прозорецот на KeePass „Add Entry“ (Додај внес) - завршено

    Чекор 2. Кликнете на за да ги зачувате промените направени во прозорецот „Add Entry“ (Додај внес).

    Вашиот внес на лозинка сега се појавува во групата „Internet“ (Интернет).

    Слика 14: Прозорецот „KeePass Password Safe“(KeePass Сеф на лозинки)

    Забелешка: Долниот панел на овој прозорец прикажува информации за избраниот внес. Ова вклучува создавање, уредување и време на траење, како и можните забелешки. Не ја открива лозинката.

    • Expires (Рокот на траење истекува на): Изберете ја оваа ставка за да го активирате полето во кое можете да го одредите датумот на траење. Со ова, можете да додадете потсетник за да се сетите да ја промените лозинката во одредено време (на пример, секои 3 месеци). Кога една лозинка ќе истече, ќе се појави црвен крст до нејзиното име, како што е прикажано во примерот подолу:

    Слика 15: Пример на лозинка со истечен рок на прозорецот „NetSecureDb.kdb“

    2.3 Како да уредувате постоечки внес

    Moжете да уредувате постоечки внес во KeePass во секое време. Можете да ја промените вашата лозинка (генерално се смета за добра практика лозинката да се менува на секои шест месеци), или да измените други детали во внесот за лозинка.

    За да уредите еден внес, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете ја точната група „Group“ на десната страна за да ги активирате внесовите кои се однесуваат на неа.

    Чекор 2. Изберете го потребниот внес, а потоа со десен клик на тој избран внес можете да го активирате следниов прозорец:

    Слика 16: Прозорецот KeePass Password Safe (KeePass Сеф на лозинки) со менито Edit (Уреди)

    Чекор 3. Кликнете на за да ги зачувате сте потребни промени на оваа информација, вклучувајќи ја и лозинката.

    За да промените постоечка лозинка (која претходно самите сте ја создале) со лозинка генерирана и препорачана од KeePass, ве молиме прочитајте го следниов дел.

    2.4 Како да создавате лозинки по случаен избор

    Долгите, случајно избрани лозинки се сметаат за силни во светот на безбедноста. Нивната случајност е врз основа на математички принципи и не може едноставно да се „претпостави“ од оние кои сакаат да пробијат некоја од вашите кориснички сметки. KeePass обезбедува Password Generator (Создавач на лозинки), за да ви помогне со овој процес. Како што видовте погоре, лозинката автоматски се создава кога ќе додадете нов внес. Овој дел ќе ви опише како самите можете да создадете лозинка.

    Забелешка: Password Generator (Создавачот на лозинки) може да биде активиран од прозорците Add Entry (Додај внес) и Edit/View Entry (Уреди/Види внес). Дополнително, можете да изберете: Tools (Алатки) > Password Generator (Создавач на лозинки).

    Чекор 1. Кликнете на од прозорецот Add Entry (Додај внес) или Edit/View Entry (Уреди/Види внес) за да го активирате прозорецот „Password Generator“ (Создавач на лозинки) на следниов начин:

    Слика 17: Прозорецот на KeePass „Password Generator“ (Создавач на лозинки)

    Прозорецот Password Generator (Создавач на лозинки) нуди различни избори за создавање лозинка. Можете да ја наведете должината на посакуваната лозинка, групата на знаци од кои сакате да биде создадена и многу други. За нашите цели, можеме да ги користиме стандардните опции кои се претставени. Ова значи дека создадената лозинка ќе содржи 20 знаци и ќе биде составена од големи и мали букви, како и броеви

    Чекор 2. Кликнете на (Создај) за да започнете со процесот. Кога ќе заврши, KeePass ќе ви ја прикаже создадената лозинка.

    Слика 18: Делот со создадената лозинка „KeePass Generated Password“

    Забелешка: Можете да ја видите создадената лозинка со кликнување на . Меѓутоа, ова претставува ризик за безбедноста, како што веќе споменавме погоре. Ќе објасниме повеќе за ова во делот за 3.0 Користење на лозинки од KeePass.

    Чекор 3. Кликнете на (Прифати) за да ја прифатите лозинката и да се вратите на прозорецот Add Entry (Додај внес) на следниов начин:

    Слика 19: Прозорецот на KeePass „Add Entry“ (Додај внес)

    Чекор 4. Кликнете на за да го зачувате овој внес.

    Чекор 5. Изберете File (Датотека) > Save (Зачувај) за да ја зачувате вашата ажурирана база на податоци за лозинки.

    2.5 Како да излезете, да го минимизирате и да го вратите KeePass

    Во секој момент можете да го минимизирате или да излезете од KeePass. Кога ќе го отворите или максимизирате повторно, ќе се побара повторно да ја внесете вашата главна лозинка.

    KeePass се минимизира и се појавува во системската фиока (на долниот десен агол од прозорецот) на следниов начин:

    .

    KeePass ви овозможува и да ја заклучите програмата преку следниве чекори:

    Чекор 1. Изберете File (Датотека) > Lock Workspace (Заклучи го работниот простор) за да го активирате следниов прозорец:

    Слика 20: Прозорецот што ве прашува дали да ги зачува измените пред да се затвори/заклучи „KeePass - Safe Before Close/Lock“

    Чекор 2. Кликнете на (save), за да ги зачувате информациите и да ја исклучите конзолата на KeePass, на начинот прикажан на Слика 3, а во системската фиока ќе се појави следнава икона:

    За да го вратите KeePass на првичните поставки повторете го следниот чекор:

    Чекор 1. Два пати кликнете на оваа икона за да го вратите KeePass во неговата нормална големина и активирајте го следниот прозорец:

    Слика 21: Прозорецот на KeePass за отворена база на податоци „Open Database - NetSecureDb.kdb“

    Чекор 2. Внесете ја вашата главна лозинка за да го отворите KeePass

    За да го затворите KeePass направете го следниов чекор :

    Чекор 1. Изберете File (Датотека) > Exit (Излези) за целосно да ја затворите програмата KeePass.

    Ако имате незачувани промени во базата на податоци, KeePass ќе ве праша дали сакате да ги зачувате.

    2.6 Како да создадете резервна копија од една датотека на лозинки

    Датотеката со база на податоци на KeePass, е означена на компјутерот со наставката .kdb. Оваа датотека можете да ја копирате на УСБ-меморија. Никој друг нема да може да ја отвори оваа база на податоци, ако ја нема вашата главна лозинка.

    Чекор 1. Изберете File (Датотека) > Save As (Зачувај како) од главниот прозорец и зачувајте копија на базата на податоци на друга локација.

    Можете да ја стартувате целосната KeePass програма од УСБ-меморија. Погледнете во делот што се однесува на преносната верзија на KeePass.

    2.7 Како да ја ресетирате вашата главна лозинка

    Во секое време можете да ја смените вашата главна лозинка. Ова може да се направи откако сте ја отвориле базата на податоци за лозинки.

    Чекор 1. Изберете File (Датотека) > Change Master Key (Смени го главниот клуч)

    Слика 22: Прозорецот на KeePass Change Master Key (Смени го главниот клуч)

    Чекор 2. Внесете ја новата главна лозинка двапати штом програмата ќе ја побара.

    Слика 23: Прозорецот KeePass Change Master Key (Смени го главниот клуч)

    Користење на лозинки од KeePass

    3.0 Користење на лозинки од KeePass

    Со оглед на тоа што безбедната лозинка не може лесно да се запомни, KeePass ви овозможува да ја копирате од базата на податоци и да ја внесете во секоја корисничка сметка или веб-локација, каде што ќе биде потребно. За поголема безбедност, копираната лозинка ќе остане во складиштето само околу 10 секунди, па така ќе заштедите време да ги отворите и стартувате вашата корисничка сметка или веб-локација, така што можете ја внесете соодветната лозинка таму каде што е потребно.

    Чекор 1. Со десен клик на потребната запишана лозинка ќе се активира паѓачка листа

    Чекор 2. Изберете Copy Password (Копирај ја лозинката) на следниов начин:

    Слика 1: Прозорецот KeePass Password Safe (KeePass Сеф на лозинки)

    Чекор 3. Одете на соодветната корисничка сметка или веб-локација и внесете ја лозинката во соодветното поле:

    Слика 2: Корисничка сметка на Gmail со внесената лозинка

    Совет: За ефикасно копирање, внесување и менување меѓу прозорци, користете ги кратенките на тастатурата. Притиснете го и задржете го копчето Ctrl, а потоа притиснете C за да копирате некоја лозинка. Притиснете го и задржете го копчето Ctrl, а потоа притиснете V за да ја вметнете таа лозинка. Притиснете го и задржете го копчето Alt, а потоа притиснете го копчето Tab за да менувате меѓу отворените програми и прозорци.

    Забелешка: Со користење на KeePass цело време, никогаш не морате да ја видите или да знаете која е вашата лозинка. Функциите за копирање/внесување (copy/paste) се грижат за нејзиното преместување од базата на податоци до потребниот прозорец. Ако ја користите функцијата Random Generator(Случаен создавач), а потоа ја префрлите ја оваа лозинка кон нова корисничка сметка на електронска пошта при процесот на регистрација, ќе користите лозинка што никогаш не сте ја ни виделе. А сепак функционира !

    Пренослива верзија на KeePass

    Листа на делови на оваа страница:

    4.1 Разлики меѓу инсталираната и преносливата верзија на KeePass

    Со оглед на тоа што преносливите алатки не се инсталирани на локалниот компјутер, нивното постоење и употреба може да остане незабележано. Сепак, имајте предвид дека надворешниот уред или УСБ-меморија, како и преносливите алатки се безбедни колку што е компјутерот што ќе го користите, и може да се случи да бидете изложени на рекламен софтвер, злонамерен софтвер, шпионски софтвер и вируси.

    Не постојат други разлики помеѓу преносливата верзија на KeePass и верзијата дизајнирана за инсталирање.

    4.2 Како да го преземете и отпакувате KeePass

    Чекор 1. Кликнете на http://keepass.info/download.html за да бидете пренасочени кон соодветната веб-локација за преземање.

    Чекор 2. Кликнете на за да ја активирате страница за преземање Source Forge.

    Чекор 3. Кликнете на за да ја зачувате инсталациската датотека на компјутерот; а потоа пронајдете ја.

    Чекор 4. Со десен клик на ќе го активирате скокачкото мени, а потоа изберете ја опцијата Extract files...(Отпакувај ги датотеките) за да го активирате следниов прозорец:

    Слика 1: Прозорецот Extraction path and options (Опции и патека за отпакување)

    Чекор 5. Пронајдете го надворешниот диск или УСБ-меморија како што е прикажано на Слика 2 подолу, а потоа кликнете на (Нова папка) за да создадете нова папка во која можете да ја отпакувате датотеката

    Чекор 6. Внесете име за новата папка во или во стеблото на документи како што е прикажано на Слика 3 подолу :

    Слика 2: Патеката на отпакување и прозорецот со опции на стеблото со документи (со сменета големина)

    Забелешка: Ако изберете различно име за папката каде што ќе ја чувате преносливата верзија на KeePass, можете да скриете дека ја користите оваа програма.

    Чекор 7. Кликнете на за да ја отпакувате содржината во новосоздадената преносна папка на Пренослива верзија на KeePass.

    Чекор 8. Одете до вашиот надворешен диск или УСБ-меморија, а потоа отворете го за да ја видите папката со преносливата верзија на KeePass.

    Слика 3: Прозорецот за надворешниот диск кој ја прикажува отпакуваната папка со преносливата верзија на KeePass.

    Чекор 9. Два пати кликнете на за да започнете со користење на Преносливата верзија на KeePass.

    Погледнете во поглавјето за KeePass за повеќе инструкции за употреба на KeePass.

    Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    5.0 Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    KeePass изгледа како лесна програма за употреба за Никола и Елена. Единствениот дел кој им се чини потежок е да се навикнат да создаваат нови лозинки во KeePass. На Елена ѝ е тешко да се навикне на тоа дека повеќе нема потреба ни да ги види лозинките, но дефинитивно е полесно отколку да мора да ги памети!

    П: Никола, бев изненадена колку е лесен за употреба KeePass. Меѓутоа, ако ја заборавам мојата главна лозинка, дали има нешто што можам да го направам за да пристапам до KeePass и да ја вратам мојата база на податоци за лозинки?

    О: Па тоа е многу лесно прашање, Елена! Нема. Извини но во таква ситуација ништо не можеш да направиш. Но за среќа никој нема да може да пристапи до твојата база на податоци за лозинки! За да го спречиш ова, би можела да користиш некои методи за паметење на лозинка кои се опишани во Брошурата со совети за употреба, поглавје 3. Како се создаваат и одржуваат добри и сигурни лозинки.

    П: А ако го деинсталирам KeePass, што ќе се случи со моите лозинки?

    О: Програмата ќе биде избришана од твојот компјутер; меѓутоа,твојата база на податоци (зачувана како .kdb датотека) ќе остане. Можеш да ја отвориш оваа датотека во секое време, ако во иднина повторно го инсталираш KeePass.

    П: Мислам дека по грешка ја избришав датотеката со базата на податоци!

    О: Се надевам дека претходно сте направиле резервна копија. Исто така, биди сигурна дека случајно не си заборавила каде си ја зачувала датотеката на почетокот. Пребарај го твојот компјутер за датотеки со наставката .kdb. Ако навистина си ја избришала, погледни го практичното упатство за Recuva. Би можело да ти помогне да ги вратиш податоците.

    5.1 Проверка на знаењето

    • Што ја прави една лозинка силна?
    • Како може да се промени внес на постоечка лозинка во KeePass?
    • Како може да се создаде лозинка од триесет знаци во KeePass?