KeePassDroid за уреди со Android

Содржина

...Loading Table of Contents...

    KeePassDroid е безбедна и лесна за употреба алатка за управување со лозинки за вашиот уред со Android.

    Почетна страница

    Системски барања на телефонот

    • Android 1.5 или понова верзија

    Верзија што се користи во ова упатство

    • 1.99.11

    Последна измена на ова поглавје

    • јули 2014

    Лиценца

    • Бесплатен софтвер GPL-V2

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете:

    • Можност да ги зачувате сите ваши лозинки во една лесна за употреба и безбедна база на податоци.
    • Можност да создадете и складирате голем број на силни лозинки без да морате да ги паметите.
    • Можност да споделувате датотеки од вашата KeePass база на податоци за лозинки меѓу мобилниот уред и компјутерот.

    GNU Linux, Mac OS и други програми компатибилни со Microsoft Windows:

    Еквиваленти на KeePassDroid се исто така достапни за GNU Linux, Mac OS, Windows и iOS:

    • KeePass за Windows и GNU Linux
    • KeePassX за Windows, OS X и GNU Linux
    • MiniKeePass достапна за уреди со iOS
    • 1Password достапна за Mac OS, Microsoft Windows, iPhone и iPad

    Преземање на KeePassDroid

    • Кликнете на иконата подолу за да ја преземете KeePassDroid од Google Play
    • Штом ќе ја инсталирате, кликнете Open (Отвори) за да ја стартувате апликацијата

    KeePassDroid:

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    KeePassDroid е лесна за употреба, моќна алатка која ви помага да ги чувате и администрирате сите ваши лозинки во база на податоци со голема сигурност. Можете да ја копирате постоечката KeePass датотека – база на податоци од компјутерот во апликацијата KeePassDroid на мобилниот уред (или обратно: од мобилниот уред на компјутерот).

    Забелешка: Пред да ја копирате и отворите вашата база на податоци на лозинки на мобилниот уред, размислете за тоа дека безбедноста и заштитата на мобилниот уред не е иста како онаа на вашиот компјутер и дека базата на податоци со лозинки може да биде изложена на ризик. Наместо да ја копирате базата на податоци од вашиот компјутер, може да создадете единствена база на податоци за вашиот уред којашто ќе ги содржи само лозинките што ви се потребни за неа.

    Базата на податоци е заштитена од „главна лозинка“ која вие ја создадете. Оваа лозинка исто така се користи за шифрирање на целата содржина на базата на податоци. Можете да ги зачувате вашите постоечки лозинки во KeePassDroid или со него да создавате нови. KeePassDroid нема потреба од претходна конфигурација или посебни инструкции за инсталација. Подготвен е за работа во исто време со вас!

    Користејќи ја KeePassDroid цело време, всушност никогаш не мора да ја видите или да ја знаете вашата лозинка. Со користење на функциите копирај/залепи таа се пренесува од базата на податоци во посакуваниот прозорец. На пример, доколку го користите Случајниот генератор на KeePassDroid за да создадете лозинка за нова сметка, ќе користите силна лозинка што нема да мора да ја запомните!

    KeePassDroid – Основна употреба

    2. Како да ја користите KeePassDroid

    2.0 Како да ја инсталирате KeePassDroid

    Чекор 1. На вашиот уред со Android, преземете и инсталирајте ја апликацијата од продавницата Google Play со притискање на

    Слика 1: Страница за преземање на KeyPassDroid

    Чекор 2. Пред да започне процесот на инсталација, ќе ви биде побарано да го проверите пристапот што апликацијата ќе го има на вашиот телефон. Проверете го внимателно, а откако ќе бидете задоволни со овластувањата што ќе се доделат, притиснете и инсталацијата ќе заврши. Ако не се согласувате со овластувањата што ќе се доделат, притиснете го копчето Назад и инсталацијата ќе се откаже.

    Слика 2: Потребни овластувања за KeyPassDroid

    ЗАБЕЛЕШКА: KeePassDroid може да се преземе и од продавницата F-Droid.

    2.1 Како да создадете нова база на податоци со лозинки

    Во деловите кои следат, ќе научите како да создадете главна лозинка, да ја зачувате вашата ново создадена база на податоци, да создадете случајна лозинка за одредена програма и да создадете резервна копија на базата на податоци.

    Чекор 1. За да ја отворите KeePassDroid допрете ја иконата на апликацијата.

    Чекор 2. За да создадете нова база на податоци за лозинки, допрете create (Создади).

    Слика 3: Отвори/Создади база на податоци

    Ова ќе го активира прозорецот за внесување на лозинка за базата на податоци „Enter database password“ како на следнава слика:

    Слика 4: Прозорец за внесување на лозинката за базата на податоци.

    Чекор 3. Во овој чекор ќе креирате единствена, уникатна и силна главна лозинка, што мора да ја запомните, а којашто ќе се користи за заклучување и отклучување на вашата база на податоци со лозинки.

    Внесете ја главната лозинка која сте ја измислиле во полињата password (лозинка) и confirm password (потврди ја лозинката) како што е прикажано на следнава слика:

    Слика 5: Внесете главна лозинка

    Совет: Потрудете се да создадете силна главна лозинка и за повеќе информации погледнете во поглавјето 3. Како да создадете и одржувате сигурни и безбедни лозинки.

    Чекор 4. Допрете OK за да ја креирате и отворите базата на податоци на Keepass.

    Слика 6: Главен екран на KeePassDroid

    Честитки! Успешно ја создадовте вашата безбедна база на податоци за лозинки. Сега можете да започнете да ја полните со сите ваши тековни и идни лозинки.

    Забелешка: Ако ја користите KeePass на друг мобилен уред или компјутер, може да ја копирате нејзината база на податоци на вашиот уред и потоа да ја отворите со KeePassDroid или со KeePass.

    2.2. Како да додавате внесови во вашата база на податоци

    2.2.1 Додавање група

    KeePassDroid ги чува внесовите на лозинки во групи за да ја одржи организираноста на вашите информации, стандардните групи се eMail и Internet, но можете да создадете и други групи со допирање , и внесување на името на групата и кликнување на .

    Слика 7 и 8: Додавање нова група

    Допрете на новосоздадената група за да ја отворите и да започнете да додавате внесови за лозинки.

    2.2.2 Додавање лозинки

    Екранот Add entry ви овозможува да додадете информации за корисничките сметки, лозинките и други важни детали во вашата ново создадена база на податоци.

    Чекор 1. Допрете за да го активирате прозорецот Add Entry (Додај внес) на следниов начин:

    Слика 9: Додавање нов внес за лозинка.

    Забелешка: Прозорецот Add Entry (Додај внес) ви нуди неколку полиња кои треба да ги пополните. Само полето Name (Име) во слика 9 е задолжително; информациите кои се приложени тука се за ваша полесна употреба. Можат да бидат корисни во ситуации кога пребарувате некој конкретен внес.

    Во следниот пасус наведено е кусо објаснување на овие различни текстуални полиња:

    • Name (Име): Име за да се опише тој конкретен внес на лозинка. На пример, вашата лозинка за twitter.

    • Username (Корисничко име): Корисничкото име поврзано со внесот на лозинка. На пример, TherobotONO

    • URL: Интернет-локацијата на која се однесува внесот на лозинката. На пример, https://twitter.com

    • Password (Лозинка): Лозинката за вашата сметка. Оваа секција ви овозможува и да создадете случајна лозинка ако не сакате самите да смислите лозинка.

    • Confirm passwords (Потврдете ја лозинката): поле за потврдување на лозинката.

    • Comments (Коментари): Тука внесувате описни или општи информации за корисничката сметка или локација за која ги чувате информациите. На пример: Поставувања за серверот за е-пошта: POP3 SSL, pop.gmail.com, Port 995; SMTP TLS, smtp.gmail.com, Port: 465

    Забелешка: Создавање или изменување на внесови на лозинки во KeePassDroid не ја ажурира лозинката за вашата сметка! За KeePassDroid размислувајте како за безбеден електронски адресар за вашите лозинки. Ги чува само оние информации што ќе ги запишете во него, ништо повеќе.

    Чекор 2. Допрете save (Зачувај) за да ги зачувате измените.

    Вашиот нов внес сега ќе се појави во групата.

    Слика 11: Новиот внес во новосоздадената група

    2.3 Копирање лозинка за KeePassDroid

    Со оглед на тоа дека безбедна лозинка не се запомнува лесно, KeePassDroid ви овозможува да ја копирате од базата на податоци и да ја залепите во сметката или веб-локацијата што ја бара таа лозинка.

    Чекор 1. Отворете го внесот за лозинка што сакате да го користите и допрете ја иконата на менито ():

    Слика 12: Опции за лозинка

    Чекор 2. Допрете

    Чекор 3. Отворете ја поврзаната сметка или веб-локација и залепете ја лозинката со допирање и држење на соодветното поле и избирање Paste (Залепи):

    Слика 13: Опции за уредување текст

    KeePassDroid - Напредна употреба

    3. Напредна употреба на KeePassDroid

    3.0 Како да измените внес

    Може да ја смените лозинката или да менувате други детали зачувани во внесот. Општо земено се смета дека најбезбедно е да ја менувате лозинката на секои три до шест месеци.

    Чекор 1. Допрете ја Групата што го содржи внесот што сакате да го измените, а потоа допрете го внесот за да ја видите неговата содржина.

    Слика 1: Содржина на внесот.

    Чекор 2. Допрете за да започнете да ги уредувате информациите.

    Слика 2: Измени ги информациите.

    Чекор 3. Кога ќе завршите, допрете за да ги зачувате сите измени.

    3.1 Како да генерирате случајни лозинки

    Долгите, случајно избрани лозинки се сметаат за многу силни бидејќи нивното генерирање се заснова врз математички принципи и едноставно не може да бидат погодени од некој што се обидува да пробие во некоја од вашите сметки. KeePassDroid обезбедува генератор на лозинки Password Generator, за да ви помогне со овој процес.

    Слика 3: Прозорец за уредување на внесот за лозинката

    Чекор 1. Допрете на копчето од кој било од екраните Add Entry (Додај внес) или Edit Entry (Измени го внесот) (Слика 3 погоре), за да го активирате Password Generator (Создавач на лозинки) на следниов начин:

    Слика 4: Создавач на лозинки

    Екранот на Password Generator (Создавачот на лозинки) автоматски ви нуди случајна, кратка лозинка од 8 знаци. Меѓутоа, препорачуваме да користите подолга лозинка. Може да создадете подолга, побезбедна лозинка со избирање на следнива опции како во нашиот пример:

    • Должината да биде најмалку 16 знаци
    • Изберете Upper-case Letter (Големи букви)
    • Изберете Lower-case Letter (Мали букви)
    • Изберете Digits (Цифри)
    • Изберете Minus (Минус)
    • Изберете Underline (Подвлечено)
    • Изберете Brackets (Загради)

    Забелешка: За да создавате лозинки подолги од 16 знаци, заменете го бројот во полето со посакуваната цифра.

    Видете Слика 4 погоре.

    Чекор 2. Допрете за KeePassDroid да создаде нова случајна лозинка.

    Чекор 3. Допрете за да ја копирате создадената лозинка во внесот за вашата сметка и да се вратите на екранот за уредување.

    Слика 5: Информации за внесот

    Чекор 4. Допрете за да ја прифатите лозинката и да се вратите на екранот за внес Entry:

    Слика 6: Екран за внесови

    3.2 Како да ја заклучите базата на податоци на KeePassDroid

    Чекор 1. Допрете на иконата за заклучување () што се наоѓа во горниот дел од главните екрани додека е отворена KeePassDroid. Со тоа вашата база на податоци ќе се заклучи веднаш. Ќе се појави следниов екран барајќи ви да ја внесете главната лозинка за отклучување.

    Слика 7: Заклучена база на податоци

    3.3 Како да создадете резервна копија од базата на податоци со лозинки

    Датотеката на базата на податоци KeePassDroid на вашиот уред со Android е означена со нејзината .kdb наставка. Може да ја копирате оваа датотека на вашиот компјутер или УСБ-меморија. Никој друг нема да може да ја отвори базата на податоци без главната лозинка.

    Стандардно, базата на податоци се складира во папка наречена keepass на вашиот телефон. Точната локација е /mnt/sdcard/keepass.

    Забелешка: За да ја отворите базата на податоци што сте ја копирале од вашиот уред со Android, треба ја имате инсталирано програмата KeePass на компјутерот или да имате преносна верзија од KeePass на вашата УСБ-меморија.

    За повеќе информации погледнете во Поглавјето за KeePass.

    3.4 Како да ја ресетирате главната лозинка

    Главната лозинка може да ја смените во секое време. Ова може да се направи откако ќе ја отворите базата на податоци за лозинки.

    Чекор 1. допрете на иконата () (мени) во горниот десен агол на главните екрани.

    Слика 8: Опции во менито

    Чекор 2. Допрете на за да го активирате следниов прозорец:

    Слика 9: Внесете нова лозинка.

    Чекор 3. Внесете ја вашата нова главна лозинка во полињата Password (Лозинка) и Confirm Password (Потврдете ја лозинката), а потоа допрете OK.

    Слика 10: Внесете нова лозинка

    3.5 Измена на времињата за истекување на сесиите

    3.5.1 Време за бришење на лозинката од складот

    За поголема безбедност, лозинката се копира во складот на ограничено време пред автоматски да се избрише од складот. Имате можност да го измените времетраењето на 30 секунди, 1 минута или 5 минути.

    Исто така, има опција Никогаш, но препорачуваме да не ја избирате.

    Овие опции може да ги видите во следниов екран кликнувајќи на: Menu () > Settings > Application > Clipboard timeout

    Слика 11: Опции за времето за бришење на лозинката од складот.

    3.5.2 Време за заклучување на базата на податоци

    Исто така имате можност да ја заклучите вашата база на податоци кога апликацијата е неактивна одредено време. Вашата база на податоци автоматски ќе се заклучи по 5 минути неактивност. Ако сакате да го скратите тоа време, допрете: Menu () > Settings > Application > Application timeout

    Слика 12: Опции за истекување на сесијата на апликацијата.

    Изберете 30 секунди, 1 минута или, стандардните 5 минути. Како и претходно, има опција да се избере времето Никогаш да не истекува, но не препорачуваме да ја користите.