ObscuraCam за уреди со Android

Содржина

...Loading Table of Contents...

    ObscuraCam е бесплатна апликација за камера за уреди со Android платформа, создадена од Guardian Project и има можност да препознава и сокрива лица. Ви овозможува да ги заматите или избришете лицата на луѓето на вашите фотографии со цел да го заштитите нивниот идентитет.

    Почетна страница

    Системски барања на телефонот

    • Android 2.3.3 или понова верзија

    Верзија што се користи во ова упатство

    • 2.0-RC2b

    Последна измена на ова поглавје

    • февруари, 2015

    Лиценца

    • ССОК (GPLv3)

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете:

    • Можност да ги скриете лицата на фотографиите направени со вашиот уред со Android
    • Лесен начин да ги споделите или зачувате овие „скриени“ фотографии

    GNU Linux, Mac OS, Android, iOS и програми компатибилни со Microsoft Windows:

    Алтернативен софтвер што ви овозможува да ги пикселизирате, заматувате или уредувате лицата на фотографиите.

    Windows: Gimp, Pinta OS X: Gimp, Pinta Linux: Gimp, Pinta

    Забелешка: за да ги користите овие алатки, ќе треба да ги пренесете фотографиите од уредот со Android на вашиот компјутер

    Преземање на ObscuraCam

    • Прочитајте го краткиот вовед од Практичното упатство
    • Кликнете на иконата ObscuraCam подолу за да ја инсталирате ObscuraCam од продавницата Google Play
    • Кликнете на копчето Install (Инсталирај) во Google Play
    • Штом ќе ја инсталирате, кликнете на Open (Отвори) за да ја стартувате апликацијата

    ObscuraCam:

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    • Автоматската функција за препознавање лица на ObscuraCam не работи секогаш, но лесно може да ги изберете и да ги скриете лицата рачно.
    • На некои верзии на оперативниот систем Android не работи опцијата delete the original media file (Избриши ја оригиналната медиумска датотека). Ако ја користите оваа опција, уверете се дека нема останато фотографии од ObscuraCam (на кои се гледаат лицата!) некаде на вашиот уред.
    • Ако ја користите апликацијата ObscuraCam за да испраќате фотографии до себе или некој друг, алатката нема да ви понуди дополнителна заштита (шифрирање од едниот до другиот крај на комуникацијата) за фотографијата што се испраќа.
    • Tag (ознака) е место на фотографијата што било заматено со еден од неколкуте методи што може да ги користи ObscuraCam.

    ObscuraCam - Инсталација и употреба

    2. Како да ја инсталирате и да ја користите ObscuraCam

    2.0 Како да ја инсталирате ObscuraCam

    Чекор 1. На вашиот уред со Android, преземете и инсталирајте ја апликацијата од продавницата Google Play со допирање на .

    Слика 1: ObscuraCam во продавницата Google Play

    Чекор 2:. Пред да започне процесот на инсталација, ќе ви биде побарано да го проверите пристапот што апликацијата ќе го има на вашиот телефон. Проверете внимателно. Откако ќе бидете задоволни со овластувањата што ќе се доделат, притиснете и инсталацијата ќе заврши. Ако не се согласувате со овластувањата што ќе се доделат, притиснете го копчето Back (Назад) и инсталацијата ќе се откаже.

    Слика 2: Потребни овластувања

    Чекор 3. Допрете Open (Отвори) за да ја вклучите апликацијата првпат

    Чекор 4: Разгледајте ги Terms of use (Услови за користење) и ако се согласувате со нив притиснете за да преминете на главниот екран на ObscuraCam. Во спротивно, притиснете за да прекинете со користење на апликацијата.

    2.1 Користење на ObscuraCam за камуфлирање фотографии

    Може да ја користите ObscuraCam за да ги скриете некои или сите лица што се појавуваат во вашите фотографии. Функционира со сликите што ги правите со самата апликација ObscuraCam, но може и да заматувате лица во други фотографии, сè додека имате начин да ги копирате или да ги преместите датотеките со слики на вашиот уред со Android.

    2.1.1 Правење и камуфлирање нови фотографии

    За да направите фотографија на вашиот уред со Android без да се прикажат лицата на фотографираните луѓе, извршете ги следниве чекори:

    Чекор 1: Во главниот екран на ObscuraCam допрете

    Слика 3: Почетен екран на ObscuraCam

    Чекор 2: Апликацијата за камера на вашиот телефон ќе се отвори, па направете фотографија како и вообичаено.

    Чекор 3: Ќе се прикаже екран со преглед на фотографијата што ја направивте. Допрете за да продолжите со камуфлирање на фотографијата или допрете за да ја избришете тековната фотографија и да направите друга.

    Чекор 4: ObscuraCam ќе се обиде да ги идентификува лицата автоматски.

    Слика 4: Откривање лица со ObscuraCam

    Чекор 5: Ако ObscuraCam може да ги открие лицата во фотографијата, ќе додаде "tag (ознака)" на фотографијата (правоаголник што се користи за избирање содржина што треба да биде скриена) врз лицето и ќе го пикселизира. Ако ObscuraCam не открие лица или ако треба да камуфлирате дополнителни делови од фотографијата, допрете на саканото место за да додадете дополнителни ознаки.

    Забелешка: За да дознаете како да ги измените или да додадете дополнително заматување или ефекти, видете секција 2.2 Модифицирање на режимот за „заматување“ подолу.

    Слика 5: ObscuraCam - заматено лице

    Чекор 6: За да видите краток преглед на фотографијата може да допрете , а за да се вратите во екранот за уредување допрете каде било на сликата за преглед.

    Чекор 7: За да ја споделите камуфлираната фотографија преку постојна апликација на вашиот телефон како што е K-9 Mail или TextSecure допрете .

    Чекор 8: За да ја зачувате заматената фотографија на вашиот телефон, допрете . Ќе бидете прашани дали сакате да ја избришете првобитната, незаматена фотографија од вашиот телефон, а ако повеќе не ви е потребна првобитната фотографија допрете или допрете за да зачувате копија од камуфлираната и некамуфлираната фотографија

    Слика 6: Потврдете го бришењето на првобитната фотографија

    2.1.2 Камуфлирање постојни фотографии

    Покрај тоа што камуфлира фотографии кога ги правите, ObscuraCam може да камуфлира и стари фотографии на вашиот телефон, како и фотографии што ги копирате во вашиот телефон.

    Чекор 1: Од главниот екран на ObscuraCam допрете

    Чекор 2: Одете на датотеката на вашиот телефон што сакате да ја камуфлирате.

    Чекор 3: ObscuraCam ќе се обиде да открие лица во фотографијата (Видете Слика 6) и пикселизирајте ги.

    Чекор 4: Доколку ObscuraCam не открие лица или сакате да камуфлирате дополнителни лица или предмети во фотографијата, допрете на релевантната област за да додадете дополнителна пикселизација.

    Забелешка: За да дознаете како да ги измените или да додадете дополнително замаглување или ефекти, видете секција 2.2 Модифицирање на режимот за „заматување“ подолу.

    Слика 7: ObscuraCam - заматено лице

    Чекор 5: За да видите краток преглед на фотографијата може да допрете , а за да се вратите во екранот за уредување допрете каде било на сликата за преглед.

    Чекор 6: За да ја споделите камуфлираната фотографија преку постојна апликација на вашиот телефон како што е K-9 Mail или TextSecure допрете .

    Чекор 7: За да ја зачувате заматената фотографија на вашиот телефон, допрете . Ќе бидете прашани дали сакате да ја избришете првобитната, незаматена фотографија од вашиот телефон, а ако повеќе не ви е потребна првобитната фотографија допрете или допрете за да зачувате копија од камуфлираната и некамуфлираната фотографија.

    2.2 Модифицирање на режимот за „заматување“

    2.2.1 Редимензионирање или преместување на ознаката

    Додека уредувате фотографија во ObscuraCam, ако треба да ја редимензионирате ознаката, допрете на еден од четирите агли на белата кутија за обележување, за да се претвори во зелена и повлечете ја за да ја зголемите или намалите.

    Ако треба да ја преместите ознаката за да биде во подобра положба на фотографијата, допрете го центарот на пикселизираното место за да се претвори белата опкружувачка кутија во зелена опкружувачка кутија, а потоа повлечете ја кутијата до саканата положба.

    Слика 8: Пикселизирана ознака подготвена за редимензионирање или преместување

    2.2.2 Менување на типот на камуфлирање

    ObscuraCam ви дава неколку опции за камуфлирање фотографии. За да се прикажат опциите за камуфлирање, во екранот за уредување допрете на постојната камуфлирана област:

    Слика 9: Опции за камуфлирање

    Со опцијата Pixelate (пикселизирај) ќе се камуфлира делот од фотографијата што се наоѓа во рамки на ознаката, со тоа што ќе се пикселизира

    Слика 10: Пикселизирана област

    Со опцијата Redact (редактирај) ќе се камуфлира делот од фотографијата што се наоѓа во рамки на ознаката, со тоа што ќе се постави црна кутија врз него

    Слика 11: Редактирана област

    Со опцијата Mask (маскирај) ќе се камуфлира делот од фотографијата што се наоѓа во рамки на ознаката, со тоа што ќе се постави смешна маска врз лицето

    Слика 12: Маска

    Со опцијата Crowd Pixel (пикселизирање на околината) ќе се камуфлира делот од фотографијата што се наоѓа надвор од ознаката, со тоа што ќе се пикселизира

    Слика 13: Пикселизирање на околината

    Со опцијата Clear Tag (избриши ознака) избраната ознака ќе се отстрани од фотографијата.

    2.3 Користење на ObscuraCam со видеа

    Obscuracam може да камуфлира и лица или предмети во видеа, но за разлика од фотографиите, може да камуфлира само постојни фотографии што сте ги направиле со телефонот или што сте ги копирале во вашиот телефон

    2.3.1 Автоматско камуфлирање видеа

    Чекор 1: Од почетниот екран (Видете слика 3) на Obscuracam допрете

    Чекор 2: Од вашиот телефон, изберете го видеото што сакате да го камуфлирате

    Чекор 3 Допрете кога ќе бидете прашани Would you like to detect faces in this video („Дали сакате да се откријат лица во ова видео?“).

    Чекор 3: Видеото ќе се пушти и ObscuraCam ќе се обиде да ги открие лицата.

    Забелешка: Процесот за откривање лица трае приближно 4 секунди за секоја секунда од видеото.

    Слика 14: Откривање лица

    Чекор 4: Откако откривањето лица ќе заврши, може да допрете за да го прегледате видеото. Со тоа ќе се прикажат пикселизираните ознаки врз лицата, како и зелена патека што го покажува патот на ознаката низ видеото, додека се движи лицето.

    Слика 15: Откриени лица

    Чекор 5: Откако ќе го прегледате видеото и откако ќе видите дека сите лица се камуфлирани, допрете во горниот дел од екранот за да го зачувате видеото во складот на вашиот телефон.

    Слика 16: Зачувување на видеото

    Забелешка: Ако ObscuraCam не ги камуфлирала лицата соодветно или не открила некои од лицата, може да видите како рачно да ги камуфлирате во секцијата 2.3.2 Рачно камуфлирање видеа

    2.3.2 Рачно камуфлирање видеа

    Ако ObscuraCam не можела да ги открие лицата соодветно за време на автоматскиот процес или ако сакате дополнителна обработка покрај процесот за камуфлирање, може рачно да го камуфлирате видеото.

    Чекор 1: Од главниот екран (Видете слика 3) на Obscuracam допрете

    Чекор 2: Од вашиот телефон изберете го видеото што сакате да го камуфлирате

    Чекор 3: Допрете кога ќе бидете прашани Would you like to detect faces in this video („Дали сакате да се откријат лица во ова видео?“).

    Чекор 4: Допрете за да се пушти видеото

    Чекор 5: Додека се репродуцира видеото, допрете и задржете на лице во видеото за да додадете ознака врз него, повлечете ја ознаката околу екранот со прстот, следејќи го движењето на лицето. Кренете го прстот од екранот за да прекинете со камуфлирање на видеото.

    Забелешка: додека го следите лицето на екранот, ќе видите како остава зелена трага, а тоа е патеката по која ќе се движи пикселизираната ознака откако видеото ќе се зачува.

    Чекор 6: Ако има други лица во видеото што сакате да ги камуфлирате, допрете и задржете и преместете го лизгачот до временската точка каде што се појавува следното лице на видеото и повторете го чекор 5 даден погоре.

    Чекор 7: Откако ќе завршите со рачното камуфлирање на лицата, може да допрете за да го прегледате видеото. Со ова ќе се прикажат пикселизираните ознаки преку лицата, како и зелена трага што ја прикажува патеката по која ќе се движи ознаката низ видеото, додека се движи лицето.

    Чекор 8: Откако ќе го прегледате видеото и откако ќе видите дека сите лица се камуфлирани, допрете во горниот дел од екранот за да го зачувате видеото во складот на вашиот телефон.

    Слика 17: Камуфлиран дел од видеото

    2.3.3 Менување на излезниот квалитет на видеото

    ObscuraCam го избира стандардниот квалитет на видеото при зачувувањето, со што видеото се прави доволно мало за да се сподели лесно преку е-пошта или на други начини, но ги намалува резолуцијата и квалитетот на видеото.

    За да задржите повисока резолуција на камуфлираното видео

    Чекор 1: Откако автоматски или рачно ќе ги откриете лицата и пред да го зачувате видеото, допрете за да се прикаже менито и изберете

    Чекор 2: Прегледајте и изменете ги саканите поставки, каде што ObscuraCam веројатно ќе ви даде опсег во кој секоја поставка може да се менува.

    Слика 18: Претпочитани вредности за зачувување/излезен квалитет на видеото

    Чекор 3: Откако ќе ги извршите посакуваните измени на излезниот квалитет, допрете го копчето back (назад) на вашиот телефон и зачувајте го видеото.