Orbot за уреди со Android

Содржина

...Loading Table of Contents...

    Почетна страница

    Системски барања на телефонот

    • Android 2.3 или понова верзија

    Верзија што се користи во ова упатство

    • Orbot: 14.0.4.3

    Последна измена на ова поглавје

    • јули, 2014

    Лиценца

    • Бесплатен софтвер - BSD

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете:

    Кога користите одредени други апликации на Android компатибилни со Orbot:

    • Добивате можност да го скриете вашиот идентитет на интернет од веб-локациите или другите услуги што ги користите.
    • Способноста да ги сокриете вашите активности на прелистување на интернет, како и разговорите од интернет-провајдерите и други механизми за надзор.
    • Можност да ги заобиколите правилата за интернет-филтрирање и цензура.

    Преземање на Orbot

    Од официјалната веб-локација

    • Прочитајте го краткиот вовед од Практичното упатство
    • На вашиот уред со Android допрете на иконата Orbot подолу за да ја отворите страницата https://guardianproject.info/apps/
    • Движете го лизгачот надолу се додека не ја видите иконата на Orbot а потоа кликнете на Direct Download (.apk)
    • Кога ќе ви биде побарано, допрете Install (Инсталирај) што се појавува на екранот
    • Штом ќе го инсталирате, кликнете на Open (Отвори) за да ја стартувате апликацијата

    Од Google Play

    • Можете да ја инсталирате Orbot и од Google Play
    • Штом ќе ја инсталирате, кликнете на Open (Отвори) за да ја стартувате апликацијата

    Orbot:

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    Orbot на уредите со Android платформа им нуди пристап до мрежата на Tor. За повеќе информации погледнете во упатството за Tor - Дигитална анонимност и заобиколување.

    Orbot - Инсталација

    2 Како да ја инсталирате и да ја конфигурирате Orbot

    2.0 Како да ја инсталирате Orbot

    Чекор 1: На вашиот уред со Android преземете ја апликацијата од продавницата на Google Play со притискање на

    Слика 1: Orbot во продавницата на Google Play

    Забелешка: Orbot може да се преземе и директно од или од продавниците F-Droid и Amazon.

    Чекор 2:. Пред да започне процесот на инсталација, ќе ви биде побарано да го проверите пристапот што апликацијата ќе го има на вашиот телефон. Проверете внимателно. Откако ќе бидете задоволни со овластувањата што ќе се доделат, притиснете и инсталацијата ќе заврши. Ако не се согласувате со овластувањата што ќе се доделат, притиснете го копчето Назад и инсталацијата ќе се откаже.

    Слика 2: Потребни овластувања

    2.1 Како да ја конфигурирате Orbot

    Прва употреба на Orbot

    Чекор 1: Допрете ја иконата на апликацијата за да ја отворите Orbot.

    Чекор 2: Изберете го јазикот што го сакате и допрете Next (Следно) .

    Слика 3: Изберете јазик

    Чекор 3: Волшебникот за конфигурација ќе се појави со опис на Orbot.Прочитајте го и допрете Next (Следно).

    Слика 4: Информации за Orbot

    Чекор 4: На екранот ќе се појави предупредување. Откако ќе го прочитате предупредувањето и ќе ги разберете условите, допрете Next (Следно)

    Слика 5: Важно предупредување за како да го користите Orbot

    Чекор 5: Понекогаш ќе се појави екран со барање за овластување, кој ќе побара да и доделите пристап “супер-корисник” на Orbot . За овој пристап е потребно вашиот уред да е насочен, доколку сакате да ги користите функциите Transparent Proxy на Orbot - оваа функција не е опфатена во прирачникот за Orbot.

    Ако вашиот паметен телефон не е насочен, само избрете ја опцијата I understand and would like to continue without Superuser (Разбирам и би сакал(а) да продолжам без Sueperuser). Во следниот екран се објаснува дека за да имате придобивки од Tor, ќе треба да користите апликации кои се создадени за работа со Orbot, или кои поддржуваат HTTP или SOCKS прокси.

    Слики 6 и 7: Забелешка за насочувањето

    Забелешка Ако сакате да дознаете повеќе за насочувањето видете го поглавјето Безбедност на паметен телефон за напредни корисници.

    Чекор 6: Ќе се појави список со апликации што работат со Orbot. Разгледајте ги и допрете Next (Следно)

    Слика 8: Апликации што ја поддржуваат Orbot

    Чекор 7: Конфигурацијата на Orbot заврши. Ќе се појави последниот екран што ги опишува типичните корисници на Tor и Orbot, откако ќе го прочитате допрете Finish

    Слика 9: Orbot е подготвен!

    Чекор 8: Откако ќе притиснете Finish (слика 9) ќе се прикаже екранот што ве информира дека Orbot е деактивирана.

    Слика 10: Orbot е деактивирана

    Orbot - Употреба

    3. Како да ја користите Orbot


    Orbot е апликација за мобилни телефони со Android платформа, создадена од Guardian Project, која е дизајнирана за да ја зголеми анонимноста на вашите активности на интернет.

    3.0 Основна употреба

    3.0.1 Вклучување и стопирање на Orbot

    Чекор 1: Допрете ја и држете ја иконата Orbot во центарот на екранот додека да стане жолта и да прикаже Orbot is starting.

    Слики 1 и 2: Активација на Orbot

    Чекор 2: Првиот пат кога ќе ја вклучите Orbot ќе се појави известување за да ви потврди дека сте се поврзале на мрежата Tor успешно. Допрете на OK за да го видите зелениот знак што покажува дека Orbot работи.

    Слики 3 и 4: Orbot го комплетира поврзувањето

    Забелешка: Првиот пат кога ќе ја стартувате Orbot по инсталацијата, ќе го видите само екранот за известување (Слика. 3).

    Чекор 3: За да го исклучите поврзувањето на Orbot допрете и задржете го зелениот знак Orbot додека да стане сив. Ако сакате да го исклучите поврзувањето на Orbot и да ја затворите апликацијата, допрете на иконата за мени () во горниот десен агол на екранот и изберете .

    Слика 5: Излез од Orbot

    3.0.2 Анонимно прелистување интернет-содржини

    За анонимно да прелистувате интернет-содржини или да разговарате преку интернет, треба да инсталирате апликација-прелистувач која може да ја пренасочи вашата комуникација преку прокси-сервер во комбинација со Orbot. Прочитајте ги соодветните Практични упатства за користење на Orweb и Gibberbot со Orbot.

    3.1 Напредна употреба

    3.1.1 Нов идентитет

    Ако во кое било време сакате да изгледа дека доаѓате од нова локација, може да добиете нов идентитет од Orbot со лизгање лево или десно на зелената слика на Orbot. Сликата накратко ќе се сврти и ќе прикаже You've switched to a new Tor Identity (се префрливте на нов идентитет на Tor).

    Слика 6: Добивање нов идентитет на Tor

    3.1.2 Користење мостови

    Ако пристапот до Tor е ограничен или сакате да го прикриете фактот дека користите Tor, може да го конфигурирате Orbot да користи мостови.

    Чекор 1: Допрете ја иконата во горниот дел од екранот за да ве однесе до екранот со поставки.

    Чекор 2: Лизгајте надолу до секцијата мостови и проверете го полето до Use Bridges (користи мостови).

    Слика 7: Овозможување мостови

    Чекор 3: Допрете ја секцијата Bridges (Мостови) под Use Bridges (користи мостови) за да добиете екран за внесување на IP-адресата на мостот што сакате да го користите. Откако ќе ја внесете правилно, допрете . Престартувајте ја Orbot за да започнете да го користите мостот.

    Слика 8: Додавање мост

    Забелешка: за да дознаете повеќе за тоа како да добиете адреси на мостови, видете го Практичното упатство за Tor.

    3.1.3 Автоматско вклучување на Orbot

    За да обезбедите дека никогаш нема да заборавите да го вклучите Orbot може да се конфигурира да се вклучува кога ќе го вклучите уредот со Android.

    Чекор 1: Допрете ја иконата во горниот дел на екранот за да ве однесе до екранот со поставки.

    Чекор 2: Обележете ја опцијата Start Orbot on boot (Вклучи ја Orbit при стартувањето) во горниот дел на екранот со поставки.

    Слика 9: Автоматско вклучување на Orbot