RiseUp - Безбеден сервис за електронска пошта

Содржина

...Loading Table of Contents...

    Riseup е колективна организација која им нуди приватни и безбедни услуги за е-пошта и вдомување на поединци и организации посветени на политичка и општествена правда.

    Почетна страница

    https://riseup.net/

    Системски барања

    • Интернет-врска
    • RiseUp работи најдобро во веб-прелистувачот Firefox

    Последна преработка на ова поглавје

    • Август 2014 година

    Лиценца

    • Бесплатен софтвер

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете:

    • Корисничка сметка за електронска пошта која е погодна за заедници и нема реклами
    • Можност да пристапите до вашата е-пошта преку интернет или програма за е-пошта, и приватна комуникација со електронска пошта преку кодирана врска
    • Можност да ја промените адресата на вашата електронска пошта, да ја поставите големината на сандачето на вашата електронска пошта, и да поканите други корисници да се приклучат на RiseUp

    Други сервиси за е-пошта:

    Иако RiseUp е безбеден сервис за електронска пошта управуван од доверливи поборници за приватност и безбедност на интернет, таквиот необичен сервис за електронска пошта може да привлече непотребно внимание. Би имало повеќе смисла во некои ситуации, да се вклопите со користење на популарен сервис за електронска пошта во вашата земја. Целта е да ја донесете оваа одлука без да се загрозат вашите минимални барања за безбедност. При изборот на сервис за електронска пошта ви предлагаме да ги разгледате следните точки:

    1. Дали ја дозволува употребата на шифрирани канали (како HTTPS, и други SSL шифрирани верзии на протоколи како IMAP, POP3, SMTP) за пренесување на сите информации (вклучувајќи ги информациите за најавувањето и вашите е-пораки), и дали има проблеми со шифрирањето (на пример, проблеми при шифрирање на сертификати)?

    2. Дали серверите за е-пошта се управуваат на безбеден начин? Дали се водени од професионалци кои се посветени на тоа да ги користат најдобрите практики за да ги заштитат вашите информации? Дали им верувате дека нема на некои трети лица да им дозволат пристап до вашите информации по какви било причини (комерцијални, политички, религиозни, итн. )?

    3. Дали ја знаете географската локација на серверите, под чија надлежност паѓаат или каде е регистрирана компанијата? Дали сте свесни за тоа каква врска имаат овие информации за приватноста и безбедноста на вашите активности и информации од е-пошта?

    Во некои делови од светот, Google Mail би бил добра алтернатива на RiseUp, бидејќи нуди ефект „на вклопување со позадината“, без да мора да направите компромис во однос на безбедноста (со оглед на неговата комерцијална природа).

    Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    RiseUp е колективна организација која им нуди приватни и безбедни услуги за е-пошта, список на примачи и вдомување на поединци и организации посветени на политичка и општествена правда. Бидејќи нивните услуги се бесплатни, вашата корисничка сметка за е- пошта ќе биде многу помала отколку во други, комерцијални и небезбедни сервери. Нова сметка може да се регистрира само од оние кои добиле покана со код од два постоечки корисници. Прочитајте повеќе за Riseup на нивниот веб-сајт.

    RiseUp работи само преку Secure Sockets Layer (SSL), на тој начин овозможувајќи безбедна врска меѓу компјутерот и нивниот сервер. Оваа безбедност се одржува при вчитувањето на вашата е-порака на некоја програма за клиенти, преку безбедни POP, IMAP и SMTP врски (овие се однесуваат на посебните протоколи кои се користат од програма за е-пошта за да ја преземе вашата порака). RiseUp е компатибилна со Mozilla Thunderbird. За да научите како да ја поставите Mozilla Thunderbird за да пристапите до вашата RiseUp корисничка сметка на е-пошта, погледнете во поглавјето за Thunderbird.

    Покрај e-mail сметки RiseUp исто така, обезбедува:

    Како се создава корисничка сметка на RiseUp

    RiseUp ви нуди три различни методи за регистрирање на корисничка сметка на е-пошта. Секој метод бара различна инвестиција на работа и време.

    1). Директно барање на корисничка сметка од самиот тим на RiseUp. Имајте на ум дека RiseUp работи врз основа на донации, како и ентузијазам и добра волја од страна на нејзините волонтери – и овој метод бара трпение и време.

    2). Поединците и/или организациите се поканети да се придружат од двајца постоечки членови со RiseUp корисничка сметка. Овој метод бара секој од нив да ви испрати код за покана. За да видите како се создаваат таквите кодови, погледнете во делот за 4.3 Страната за покана

    Откако сте ги добиле вашите кодови за покана, треба да ги следите следните чекори за да ја регистрирате вашата бесплатна корисничка сметка на RiseUp на следниот начин:

    Чекор 1. Внесете https://mail.riseup.net во вашиот веб прелистувач, за да ја отворите страницата RiseUp, на следниот начин:

    Слика 1: Страницата https://mail.riseup.net/

    Забелешка: буквата s во адресата https:// покажува дека сега комуницирате преку Secure Socket Layer (SSL) врска и пораката ќе се појави над полето за најава.

    За повеќе информации за оваа тема, погледнете во Брошурата со совети за употреба, поглавје 7. Одржување на приватноста на вашата интернет комуникација или на https://help.riseup.net/security.

    Чекор 2. Кликнете на за да ја активирате страницата Request account (Побарај корисничка сметка) на следниот начин:

    Слика 2: Станицата на RiseUp со формуларот Request an email account (Побарај корисничка сметка на е-пошта)

    Чекор 3. Кликнете на (Следно) за да ја прикажете страницата на RiseUp Request an email account (Побарај корисничка сметка на е-пошта) - About our email service (Нешто повеќе за нашата услуга на е-пошта).

    Важно: Следните опции мора да бидат овозможени за да продолжите понатаму да ја создадете вашата корисничка сметка на RiseUp.

    Чекор 4. Откако сте ги прочитале различните политики на RiseUp, кликнете на полињата за избор на опцијата I accept riseup.net's social contract. (Го прифаќам социјалниот договор на riseup.net, опцијата I accept riseup.net's privacy policy.(Ја прифаќам политиката за безбедност на riseup.net) и опцијата I accept riseup.net's terms of service (Ги прифаќам условите за употреба на riseup.net).

    Чекор 5. Кликнете на (Следно) за да започнете со создавање на вашата RiseUp корисничка сметка со потполнување на еден од онлајн формуларите: Account information

    Чекор 6. Внесете го го избраното корисничко име за вашата сметка. Со него ќе се најавувате и ќе биде дел од вашата адреса на е-пошта. (Во ова упатство, го базиравме нашиот пример на 'ssayyed' за да создадеме корисничка сметка на е-пошта позната како ssayyed@riseup.net.

    Важно: Не користете запирки, точки или празен простор во корисничкото име.

    Слика 3: Пример на комплетиран формулар со Account information (Информации за корисничката сметка)

    Имајте на ум дека на полињата Алтернативен-маил, јазик, земја и временска зона не се менува или се оставени празни, за да се минимизира количината на лични информации кои се чуваат на серверот. Оставање на Алтернативен-маил полето празно ќе обезбеди подобра приватноста, но не ќе може да ја ресетирате вашата лозинка за оваа сметка во случај да ја заборавите.

    Чекор 7. Кликнете на (Следно) штом ќе одберете уникатно корисничко име и продолжете кон формуларот за лозинка.

    Забелешка: Ако слично корисничко име веќе постои, ќе бидете замолени да создадете ново.

    Чекор 8. Кликнете на (Следно) за да продолжите кон формуларот за Mutual aid (Меѓусебна помош)

    Слика 4: Пример за прашање и погрешен одговор во формуларот Password (Лозинка)

    Предупредување: Лозинката за вашата RiseUp корисничка сметка е најважниот фактор во безбедноста на вашата корисничка сметка. За да научите како се создава силна лозинка, погледнете во Брошурата со совети за употреба, поглавје 3. 3. Како се создаваат и одржуваат добри и сигурни лозинки и прирачникот за употреба на KeePass.

    Чекор 9. Пополнете ја формата за активација.

    Ако сте примиле Покани со кодови од корисници на RiseUp сметки кои ги знаете лично, внесете ги Кодовите за покана во нивните области. Секоја Покана со код доаѓа од различен корисник. Алтернативно може да побарате сметка од RiseUp.net со пополнување на полето Кажете ни нешто за себе. Ако обезбедите Кодови за покана, не го пополнувајте полето Кажете ни нешто за себе.

    Внесете ги Invite codes (Кодовите за покана) во нивните соодветни полиња за текст.

    Слика 5: Пример на пополнет формулар за Activation (Активација)

    Чекор 10. Кликнете на (Заврши) за да го завршите процесот на создавање на вашата RiseUp корисничка сметка на следниот начин:

    Слика 6: Пример на потврда за успешно создадена сметка

    Чекор 11. Кликнете на (Следно) за да се вратите на Слика 1.

    Честитки! Успешно ја создадовте вашата RiseUp корисничка сметка на е-пошта и сега може да се вратите на прозорецот прикажан на Слика 2 погоре.

    Како да се најавите на вашата RiseUp корисничка сметка

    Листа на делови на оваа страна:

    3.0 Како да се најавите на вашата RiseUp корисничка сметка

    За да се најавите на вашата RiseUp корисничка сметка, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Отворете ја главната страница на RiseUp во SSL режим на следниот начин: https://mail.riseup.net/

    Слика 1: Главната страница за најава на електронската пошта на RiseUp

    Riseup во моментов го користи Roundcube, веб-мејл интерфејс бесплатен и со отворен код. Roundcube бара JavaScript. Доколку не сакате да го користите, Riseup,исто така ви овозможува пристап до вашиот e-mail преку SquirrelMail (види подолу). Riseup веб-поштата исто така, вашиот прелистувач да прифаќа cookies (види Firefox chapter за повеќе информации за cookies).

    Страната на RiseUp за најавување е поделена на страна за логирање во центар и група на линкови подолу:

    Чекор 2. Внесете ги вашите информации во полињата за User (Корсник): и Password (Лозинка):, во кој било од деловите, без разлика дали е Squirrel Webmail или IMP Webmail; меѓутоа, не го вклучувајте делот од адресата - @riseup.net во полето User (Корисник):.

    Чекор 3. Кликнете на (Најави се) за да ја прикажете вашата корисничка сметка на следниот начин:

    Слика 2: Еден пример на корисничка сметка на RiseUp Squirrel Webmail

    Незадолжителен чекор. Изберете го јазикот на кој сакате да работите од паѓачката листа Language (Јазик) на IMP Webmail, ако е потребно.

    Чекор 4. Селектирајте (Прилагодувања) од главното мени. Се појавува прозорецот за прилагодувања како што следува:

    Слика 3: Окното со опции за SquirrelMail

    Чекор 5. Селектирајте за активирање на панелот за прилагодување на кориснички интерфејс како што следува:

    Слика 4: Прилагодувања - панел за прилагодување на кориснички интерфејс

    Чекор 6. Лоцирајте го паѓачкото мени Language (Јазик), како што е прикажано на Слика 4 погоре, а потоа изберете го соодветниот сет карактери за вашите е-пораки.

    3.1 Како да ја користите виртуелната тастатура

    Ако користите компјутер во јавна околина (на пример интернет-клуб, општествен центар или библиотека), можете да внесете ја вашата лозинка со помош на виртуелната тастатура. Таа на вашиот систем му нуди уште еден слој на заштита од key-logger програмите. Key-logger програмите се дизајнирани да ја следат употребата на физичките копчиња од корисниците за да ги дознаат лозинките, кориснички имиња и други витални информации. Виртуелните тастатури им овозможуваат на корисниците да ја заобиколат оваа безбедносна ранливост, допуштајќи му на корисникот да ја внесе неговата/ нејзината лозинка со помош на глувчето.

    За да ја користите виртуелната тастатура на RiseUp, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Отворете ја главната страна на RiseUp во режим SSL https://mail.riseup.net/.

    Чекор 2. Кликнете на (Виртуелна тастатура) за да ја активирате страната за најавување на RiseUp, на следниот начин:

    Слика 5: Страната за најавување на RiseUp со активирана виртуелна тестатура

    Чекор 3. За да ја внесете Вашата лозинка, употребете го вашиот глушец да кликнете на прикажаните копчиња. Може да изберете јазик за виртуелната тестатура преку паѓачкото мени кој се наоѓа на горната лева страна на тестатурата. Можеби ќе имате потреба да ги користите копчињата "Alt" или "AlrGr" за да пристапите до некои букви на виртуелната тестатура..

    Чекор 5. Кликнете на (Најави се) за да пристапите до вашата сметка на RiseUp

    Како да ги смените параметрите на вашата сметка

    Листа на делови на оваа страна:

    4.0 Како да ги смените параметрите на вашата сметка

    RiseUp ви овозможува да ги измените различните параметри на вашата сметка. Можете да ја одредите големината на вашето поштенско сандаче, да го смените името и адресата на корисничката сметка, да додадете псевдоними, и многу повеќе. Исто така можете да создавате кодови за покана, и да им помогнете на вашите пријатели и колеги да ја регистрираат својата корисничка сметка на RiseUp.

    Чекор 1. Отворете ја страната на RiseUp за Account Settings (Поставувања на корисничката сметка) преку следната врска: https://user.riseup.net/

    Слика 1: Страната user.riseup.net

    Чекор 2. Внесете го вашето корисничко име и лозинка во соодветното полето за текст.

    Чекор 3. Кликнете (Најави се) за да го активирате прозорецот:

    Слика 2: Страната за контрола на корисничката сметка riseup.net

    4.1 Поставување на лични параметри

    Поставувањето на My Settings (Моите поставувања) ги прикажува сите информации кои на почетокот сте ги внеле во делот за креирање на корисничка сметка.

    Чекор 1. Кликнете на (Моите поставувања) за да го активирате прозорецот:

    Слика 3: Страната Settings (Поставувања)

    На овој прозорец можете да го промените вашето корисничко име, така што исто ќе се промени адресата на вашата е-пошта. Новото корисничко име исто така треба да биде уникатно. Тука можете ги промените останатите детали на сметката, како алтернативна е-пошта, лозинка, итн.

    Чекор 2. Внесете ги вашите нови информации, а потоа кликнете на за да се прикаже оваа Слика:

    Слика 4: Успешно се ажурирани вашите промени

    4.2 Поставување параметри на електронската пошта

    Поставување параметри на електронската пошта - Email settings ви овозможува да ги модифицирате или прегледате информациите поврзани со чувањето информации на е-поштата. Дури и можете да ја поставите квотата или количината на простор кој е резервиран за вашата корисничка сметка на е-пошта на RiseUp сервер.

    Чекор 1. Кликнете на (Е-пошта) за да го активирате прозорецот:

    Слика 5: Прозорец за Email settings (Поставувања за е-пошта)

    Чекор 2. Внесете соодветен број во полето Quota (Квота).

    Забелешка: Вашата сметка е ограничена на големина до максимум од 47 мегабајти. Ова се смета доволно за важната електронска кореспонденција на вашата е-пошта. Меѓутоа, RiseUp можеби не е најдобриот избор за вас, ако редовно праќате или примате е-пораки со големи прилози или вградена графика.

    На оваа страница можете да создавате и псевдоними за вашата е-пошта. Псевдонимот е како прекар за вашата сметка. Главната сметка ќе остане иста, а луѓето ќе можат да ви праќаат пораки и на вашата адреса со псевдоним.

    Слика 6: Делот Aliases (Алијаси) од прозорецот Email settings (Поставувања за е-пошта)

    Пример: ssayyedd@riseup.net сметката сега има два алијаси. Е-пораките испратени до safeandsecure@riseup.net и salsaytest@riseup.net ќе бидат пренасочени кон главната корисничка сметка. Ова може да биде корисна практика за да ја задржите приватноста на вистинската адреса на вашата сметка.

    Забелешка Постојат и други прилагодувања на располагање за конфигурација на оваа страница на кои можете да пристапите од табовите и линковите како што е прикажано на слика 5. Некои од нив се:

    • Спам прилагодувања : Ви овозможува да прилагодите како RiseUp серверот ќе го менаџира осомничениот спам (несаканите мејлови);
    • Мејл филтери : Ви овозможува да прилагодите RiseUp сервер да ги подреди вашите дојдовни мејлови во различни папки или избрише одредени мејлови;
    • Поправи сандаче: Може да ви помогне во ситуација кога вашето сандаче ќе престане да работи;
    • Вратете мејл од бекап: може да ги врати вашите содржини во сандаче од резервните копии се чуваат на серверот RiseUp
    • Уништи сандаче: ќе го отстрани вашето сандаче во целост, заедно со сите пораки во сите папки. Вие ќе бидете во можност да се најавите на оваа сметка повторно и да создаде ново (празно) мејл сандаче.

    Чекор 3. Кликнете на (Зачувај ги промените) за да ги зачувате вашите нови псевдоними.

    4.3 Покана на други корисници

    Страницата за Invites (Покани) ви овозможува да создадете кодови за покана кои се користат за да ги поканите вашите пријатели и колеги да се приклучат RiseUp.

    Важно: Секоја нова сметка треба да има код за покана од двајца различни корисници. Може да создадете колку сакате кодови за покана.

    Чекор 1. Кликнете на (Покани) за да го активирате прозорецот:

    Слика 7: Страницата Invites (Покани)

    Чекор 2. Кликнете на (Создај нов код за покана) за да создадете кодови за покана на следниот начин:

    Слика 8: Пример за создадени кодови за покана

    Забелешка: Секој код за покана важи само еден месец.

    Чекор 3. Кликнете на Print invites за да испечатите копија на кодовите а покана и да ѝ ги дадете на личноста која сака да создаде RiseUp корисничка сметка на е-пошта

    Чекор 4. Кликнете на (Одјави се) за да се одјавите од корисничкиот панел.

    Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    5.0 Најчести прашања

    П: Не можам да се најавам на мојот профил Riseup

    О: Ве молиме погледнете го Troubleshooting webmail login (Решавање на проблем при најавување на веб-мејл) во Riseup Email Помош.Исто така види Riseup Помош: Често поставувани прашања за многу други теми за многу други теми.

    П: Во кои околности треба да го користам IMP webmail наместо Squirrelmail?

    О: Добро прашање! Всушност не постои вистинска разлика. Ако поради некоја причина еден од сервисите за електронска пошта не функционира, или мора да помине низ рутинското одржување или сервисирање, секогаш можете да продолжите на другиот, без прекини. Исто така сервисот IMP webmail има подобра поддршка за други јазици покрај англискиот.

    П: Кога ја создадов мојата корисничка сметка, сфатив дека не морам да дадам никакви информации за себе.

    О: Точно, не сте обврзани да го направите тоа. Не заборавајте да ја променувате вашата лозинка на секои 3 до 6 месеци.

    П: Како да креирам сметка за активист кој го знам?

    О: И двајцата треба да создадете код за покана и да го испратите до колегата. Кога јас ќе ја создадам и ќе ја регистрирам мојата сметка на RiseUp, ќе ми бидат потребни вашите кодови за покана за да го направам тоа.

    П: Јас забележав дво-факторно прилагодување за автентикација на Roundcube веб-мејл интерфејсот, дали да го користам?

    О: Дво-факторната автентикација обезбедува дополнителен слој на заштита на вашата е-мејл сметка преку барање за внес по случаен избор, се менува кодот во прилог на вашата лозинка при најавување. Сепак во овој момент, дури и ако го поставите и активирате Вие сеуште можете да пристапите кон вашите е-мејл пораки, без потреба од користење на дво-факторна поддршка за автентикација преку SquirrelMail веб-mail интерфејсот или е-мејл клиент (како Thunderbird), преку POP / IMAP пристап. Ние сме во потрага и очекуваме понатамошен развој на дво-факторна поддршка за автентикација на Riseup.

    5.1 Проверка на знаењето

    • Која е разликата меѓу читањето на вашата е-пошта преку интернет-сервис или преку програма за електронска пошта ?
    • Што е Secure Socket Layer (SSL) и како работи?
    • Што е виртуелна тастатура и како работи?
    • Како можете да додадете псевдоним на вашата корисничка сметка на е-пошта?
    • Колку време важи еден новосоздаден код за покана?