Алатки за социјално поврзување - Facebook, Twitter и други

Содржина

...Loading Table of Contents...

    Ова поглавје се стреми да ви помогне да се движите низ поставувањата за безбедност и приватност на некои популарни страници за социјално поврзување, со цел да ја направи нивната употреба посигурна, или можеби подобро кажано - помалку несигурни. Конкретно, нуди чекор по чекор упатства за Facebook и Twitter, како и некои општи совети за користење на YouTube и Flickr.

    Овие веб-страници за социјално поврзување се најпопуларните и најшироко користени алатки за социјално поврзување. Тие се во сопственост на приватни компании и како што е наведено во поглавје 9. Како да се заштитите себеси и вашите податоци кога ќе користите социјални мрежи, овие компании заработуваат пари со собирање на информации за корисниците и продавање на истите огласувачи.

    Строгите мерки на владите прво ќе ги имаат како цел овие страници и ќе се обидат да ги блокираат, а компаниите ќе потпаднат под притисоците на владите и ќе цензурираат кога ќе биде потребно. Ако тие не се блокирани, тие се активно следени од страна на бројни влади кои собираат кориснички метаподатоци и правaт барања за приватни информации за поединци од интерес, често вклучувајќи ги и бранителите на човековите права. Имајте на ум, во овој поглед, дека компаниите за управување на сервери за социјално вмрежување имаат пристап до сите ваши информации, вклучувајќи и лични податоци и лозинки.

    Можеби е добро да разгледате алтернативни опции на овие страници, како на пример Diaspora, Crabgrass, Friendica, Pidder, или SecureShare кои биле дизајнирани имајќи ги на ум дигиталната безбедност и активизам. Social Swarm е експертска група водена од страна на непрофитна организација, каде се прават дискусии, кампањи за подигнување на свеста во однос на приватноста на социјалните мрежи и таа може да биде корисен извор за учење.

    Други слични страници може да се популарни во различни региони и можеби поддржувате други опции. Пред да изберете една од нив, треба да размислите за следните точки:

    1. Дали нуди поврзување преку SSL за сите корисници на оваа страница, не само за време на најавувањето? Дали има проблеми со шифрирањето, како на пример проблемите поврзани со сертификати за шифрирање?
    2. Внимателно прочитајте го Договорот за лиценца за крајниот корисник и Политиката за употреба на податоците. Каков е третманот врз вашите содржини и лични податоци? Со кого се споделени? За корисни додатоци кои им помагаат на корисниците да ги разберат условите за користење на многу популарни сајтови, видете го делот Услови на употреба; Не сте ги прочитале?
    3. Кои опции за приватност се обезбедени за корисници? Дали можете безбедно да ги споделите вашите видеа со мал број поединци или сите се јавни по правило?
    4. Дали ја знаете географската локација на серверите, под чија територијална надлежност паѓаат или каде е регистрирана компанијата? Дали сте свесни за тоа како овие информации се поврзани со приватноста и безбедноста на вашата активност на е-пошта и информации? Дали сопствениците на страницата ќе ги предадат информациите ако добијат барање од владата да го сторат тоа?

    Упатство за безбедност на Facebook

    Facebook е популарна социјална мрежа чија скоро универзална пристапност значи дека е навистина важно да ги знаете и контролирате нејзините поставувања за приватност.

    Почетна страница

    Системски барања

    Последна преработка на ова поглавје

    • Јули 2014 година

    Задолжителна литература:

    Што ќе добиете:

    • Можност да ја намалите количината на приватни информации кои се видливи за јавноста кога го користите Facebook.
    • Можност да контролирате кој пристапува до вашиот профил, ажурирањето на статус, фотографии, и други податоци на Facebook и кога можат да пристапат до нив.
    • Можност да ја намалите количината на вашите лични информации кои се достапни за други лица, вклучувајќи ги маркетинг партнерите на Facebook и поврзаните веб-страници.

    1.1 Нешта кои треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    Facebook е најпопуларната социјална мрежа на светот. Може да биде и е користена нашироко од страна на застапниците за човекови права со цел да изградат мрежи, да комуницираат, да се организираат и да ги објавуваат настаните или прашањата. Меѓутоа, исто така е потенцијално богат извор на информации за оние кои се противат на активностите на бранителите на човекови права. Затоа, познавањето на различните достапни поставувања за корисничката сметка и приватноста се исклучително важни.

    Facebook е набљудуван од владата на САД и доста е веројатно дека го набљудуваат и други влади. Политиката за употреба на податоците на Facebook вели дека тие ќе ги споделат вашите информации како одговор на законските барање кои се дел од владините истражувања.

    Важно е да имате на ум дека, поради отворената природа на Facebook, вашата безбедност и приватност зависи во голема мера од вашите пријатели и контакти. Овие упатства ќе ви дадат повеќе приватност и безбедност при употребата на оваа социјална мрежа, но нема да бидат толку ефективни ако и вашите контакти на Facebook не ги практикуваат нив. Притоа, важно е да ги проширите овие навики меѓу вашите пријатели, фамилија и други контакти на Facebook за да ја подобрите вашата, како и нивната безбедност.

    Многу луѓе користат Facebook групи, како начин на комуникација и социјално, политички и професионално организирање. Додека Facebook ви ја дава можноста да се создадете "тајна" група, вреди да се напомене дека сите информации споделени во овие групи се споделени не само меѓу членовите на групата, туку и со Facebook и секој кој има пристап до нивните податоци, вклучувајќи ги државните агенции или други трети страни кои го бараат тоа. Како алтернатива ја препорачуваме услугата Crabgrass обезбедена од страна на RiseUp.Net, иако вреди да се напомене дека е специјално дизајниранa за активизам. За повеќе информации, погледнете во Прирачникот: Crabgrass безбедна онлајн платформа за соработка.

    Вие секогаш треба да останете навремено информирани за Facebook поставките за приватност. Поставките опишани во овој водич ќе ви помогнат да го одржите вашиот Facebook профил посигурен (од јуни 2014 година). Сепак, секогаш е препорачливо да погледнете на официјалната Facebook страната за помош за Приватност и безбедносни подесувања за било какви надградби, совети или за било какви прашања кои може да ги имате.

    Како да ги измените основните поставувања за корисничката сметка

    List of sections on this page:

    2.0 Како се создава корисничка сметка на Facebook

    За да создадете корисничка сметка на Facebook отворете го вашиот веб-прелистувач (го препорачуваме веб-прелистувачот Firefox со додатоци за безбедноста или прелистувачот Tor), и внесете ја адресата https://www.facebook.com во лентата за адреси за да бидете пренасочени кон почетната страница на Facebook. Забележете го s во https адресата, кое значи дека комуницирате преку безбедна, шифрирана врска (исто така позната како Secure Socket Layer - SSL).

    Чекор 1. Потполнете ги полињата означени со First Name (Име), Last Name (Презиме), Your Email (Вашата е-пошта) и Password (Лозинка) (Лозинка). Вие областа исто така бара да внесете роденден и да го изберете полот (иако само опциите "машки" и "женски" се дадени).

    Слика 2: Пополнета форма

    Забелешка: Се препорачува поставување на нова e-mail адреса за да се регистрирате со Facebook. Ако го користите вашиот јавен или службен e-мејл, ќе им олесни на противниците да ве пронајдат. Забележете исто така дека Facebook Условите за употреба бараат од вас да го користите вашето вистинско име кога ќе го користите Facebook. Ова секако, ќе направи полесно потенцијалните непријатели да ве најдат и да ги следат вашите активности. Можете да внесете лажно име, иако треба да се напомене дека ова е против Условите за користење на Facebook за употреба и може сеуште да ве идентификуваат според вашата IP адреса, меѓу другите нешта. Поврзување на Facebook преку софтвер како Tor Browser е исто така тешко за Facebook да се сеќава на твоето место и може да ги погреши вашите најави како обиди за упади.

    Имајќи ги во предвид сите од горенаведените, ако сте загрижени дека вашата идентификација, или поврзувањето на вашите Facebook активности со вашите офлајн работи или личен живот, може да претставува закана за вашиот живот, слобода, здравје, или работа, или на вашето семејство или пријатели, можеби е подобро да не се регистрирате или користите Facebook. Прочитајте повеќе за тоа како да останете анонимни на интернет, во поглавјето 8. Како да останете анонимни и да ја избегнете цензурата на интернет

    Забелешка: Не заборавајте, навистина е важно да изберете силна лозинка за да ја заштитите вашата сметка и вашите информации. Погледнете во поглавје 3. Како да создавате и одржувате безбедни лозинки.

    Чекор 2. Бидете сигурни дека сте ги прочитале Правилата на употреба и Политиката за употреба на податоци на Facebook, пред да кликнете на Sign Up (Регистрирај се). Овие содржат важни информации за тоа кои податоци му ги давате на Facebook и како ќе се користат.

    Чекор 3. На екранот Find Your Contacts (Пронајдете ги вашите контакти), Facebook ве прашува ја внесете адресата на вашата е-пошта и лозинката, со цел да побарате контакти од вашата корисничка сметка на е-пошта на Facebook, кои подоцна можете да ги додадете како контакти на Facebook. Ви препорачуваме да го прескокнете овој чекор.

    Слика 3: Екранот Find Your Contacts (Пронајдете ги вашите контакти)

    Чекор 4.На екранот Profile Information (Информации за профилот), Facebook бара од вас да внесете информации како: кое средно училиште (High school), факултет (College) или универзитет (University) сте ги посетувале и вашиот тековен работодавач. Иако овие информации можат да им олеснат на вашите пријатели да ве пронајдат, ова исто така ќе им помогне и на непријателите да ве најдат. Ние Ви препорачуваме да кликнете на прескокни го овој чекор.

    Врз основа на информациите кои ќе ги дадете на овој чекор, Facebook ќе даде предлози за можните соученици или колеги кои можеби би сакале да ги додадете како пријатели. Повторно, размислете внимателно кого би сакале да додадете и не ги додавајте за контакти оние кои не ги познавате и не им верувате.

    Ако не сакате да додадете пријатели во овој момент, исто така можете да го прескокнете овој чекор.

    Слика 4: Екранот Profile Information (Информации за профилот)

    Чекор 5. На екранот за Profile Picture(Фотографија на профилот) на Facebook од вас бара да внесете фотографија од себе или преку прикачување или преку фотографирање со вашата веб-камера.

    Слика 5: Екранот за Profile Picture(Фотографија на профилот)

    Забелешка: Оваа фотографија, како и вашата насловна фотографија на вашиот Facebook времеплов, ќе биде видлива за сите кои ќе го посетат вашиот профил, вклучувајќи ги лицата кои не ви се пријатели и без разлика на тоа какви се вашите сигурносни поставувања. Размислете навистина внимателно дали сакате да искористите фотографија на која вие, вашите пријатели, фамилија, колеги или организација, можете да бидете препознаени од можните противници.

    Штом ќе кликнете на Skip (Прескокни) или Save and Continue (Зачувај и продолжи), ќе бидете прашани да го проверите главното сандаче на е-поштата која сте ја внесле. Тука треба да пронајдете е-порака од Facebook која бара од вас да ја следите врската за да ја потврдите валидноста на вашата е-пошта. Откако сте го направиле ова, ќе биде креирана вашата Facebook страница.

    2.1 Совети за општите поставувања на корисничката сметка

    Чекор 6. Од вашата Facebook почетна страница, кликнете на малата стрелка покрај Home (Почетна страница) во горниот десен агол и изберете Account Settings (Поставувања на профилот)

    Слика 6: Опции

    Ова ќе ве однесе до менито Settings (Поставувања). На левата страна, можете да изберете различни категории на поставувања. Првата картичка се однесува на General Account Settings (Општи поставувања на профилот), каде што можете да уредувате информации за вашето име, корисничко име, е-пошта, лозинка, мрежи и јазик.

    Слика 7: Општи поставувања на профилот

    Чекор 7. Треба редовно да ја ажурирате вашата лозинка, по можност барем еднаш на секои три месеци. Запаметете, навистина е важно да изберете силна лозинка за да ја заштитите вашата корисничка сметка и информации. Погледнете во Брошурата со совети за употреба, поглавје 3. Како да создавате и одржувате безбедни лозинки.

    Слика 8: Опции за лозинката

    Чекор 8. Вашата мрежа. Facebook ви дозволува да се приклучите на мрежи, врз основа на критериуми како вашето средно училиште, универзитет, работодавец, родниот град или градот во кој се наоѓате моментално, како средство кое им олеснува на други лица да ве пронајдат и да се поврзат со вас. Иако овие информации можат да ви олеснат да најдете контакти, ова исто така ќе им помогне и на непријателите да ве најдат. Имајќи на ум колку корисници има оваа страница, не е корисно да се приклучите на некоја мрежа за да се поврзете преку Facebook со лицата кои ги познавате и на кои им верувате.

    2.2 Поставувања за безбедноста на Facebook

    Чекор 9. Кликнете на (Безбедност) во менито од десната страна. Со ова ќе се отвори страницата со Security Settings (Поставувања за безбедноста).

    Слика 9: Страницата со Security Settings (Поставувања за безбедноста)

    Чекор 10. Кликнете на картичката Login Notifications (Известувања при најава). Тука можете да изберете да бидете известени Ако биде направен обид за најава на вашата Facebook страница од уред кој не сте го користеле претходно. Изберете дали сакате истите да ги добивате по е-пошта (Email) или преку СМС пораки (Text Message/Push Notification).

    Забелешка: Ако одберете да добивате известувања преку текст пораки, тоа значи дека ќе се поврзат вашиот мобилен телефонски број со вашиот Facebook профил, со што вашите активности на сајтот ќе бидат по лесни за идентификување.

    Слика 10: Опции за Login Notifications (Известувања при најава)

    Чекор 11. Одобрување за најава: За поголема безбедност, можете да изберете да внесувате безбедносен код секој пат кога вашата сметка е посетена од некој компјутер или уред кој Facebook не го препознава. Безбедносната шифра ќе се испрати како SMS порака на вашиот мобилен телефон.

    Забелешка: Овозможувањето на оваа опција ќе направи да биде потешко за некој друг да пристапи на вашиот профил, освен ако тие исто така имаат пристап до вашиот мобилен телефон. Сепак, како што е споменато погоре, исто така вклучува поврзувањето на вашиот мобилен телефон со вашиот Facebook профил. Вие треба да размислите на добрите и лошите страни на оваа ситуација и да направите избор за најбезбедното решение.

    Слика 12: Опциите за одобрување на најава

    Чекор 12. Генератор на код: Оваа опција ви овозможува да ја користите Facebook мобилната апликација на вашиот смартфон со цел да генерира кодови или нови лозинки за најавување.

    Чекор 13. Лозинки на апликацијата: Доколку користите апликации на Facebook, оваа опција ви овозможува да генерирате индивидуални лозинки за нив. Освен ако имате посебна потреба да го направите тоа, сепак препорачуваме да ги избегнувате апликациите на Facebook.

    Чекор 14. Доверливи Контакти: Оваа опција ви овозможува да изберете одредени контакти од вашите пријатели на Facebook, кои можат да ви помогнат да пристапите на вашиот профил, ако поради некоја причина не сте можеле да пристапите. Ова е направено преку размена на таен код со вашиот контакт. Ако одлучите да ја користите оваа опција, не заборавајте да го изберете вашиот доверлив контакт внимателно и да воспоставите безбеден начин на комуникација за споделување на кодот.

    Чекор 15. Доверливи прелистувачи: Тука можете да ги видите прелистувачите кои најчесто се користат за пристап до вашиот Facebook профил.

    Чекор 16. Кликнете на картичката Active Sessions (Активни сесии), за да видите повеќе детали за која било Facebook сесија од која може сте заборавиле да се одјавите - на пример во интернет-клуб, или компјутерот на некој пријател – и притоа сѐ уште активна. Локацијата е одредена од страна на IP адресата.

    Слика. 14: Пример на листа со неколку активни сесии.

    Многу е важно да се затворат овие сесии за да спречите некој друг да пристапи до вашата корисничка сметка на Facebook, особено ако на листата забележите некои уреди кои не се ваши или кои не ги препознавате. За да го направите ова едноставно кликнете на End Activity (Запри активност) до секоја активна сесија.

    Упатство за безбедност на Twitter

    Twitter е социјална мрежа каде луѓето споделуваат информации преку текстуални објави од 140 знаци. Овие објави на почетокот одговараа на прашањето „what are you doing now? (што правите во моментот)“, но од тогаш еволуираше во средство за ширење различни видови на информации. За разлика од Facebook, на Twitter ги „следите“ другите корисници кои ви се интересни, а не луѓето кои ги познавате.

    Почетна страница

    Последна преработка на ова поглавје

    • Септември 2014

    Системски барања

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете::

    • Можност да го намалите бројот на вашите лични информации да станат јавни кога го користите Twitter
    • Можност да контролирате кој може да ги види вашите нови објави, фотографии и фруги податоци кои сте ги споделиле преку Twitter
    • Можност да го намалите бројот на вашите лични информации да станат достапни за надворешни субјекти

    1.1 Нешта кои треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    Twitter во своите Правила на употреба, наведува: „Оваа лиценца значи дека вие нè овластувате да ги направиме вашите твитови достапни за остатокот од светот и да им дозволите на други лица да го направат истото. Но она што е ваше е ваше – вие сте сопственици на вашите содржини.“ Покрај тоа, Twitter го задржува правото да ги предаде вашите информации на владите, ако тоа го побараат од нас.

    Though Twitter is a website, many people interact with and manage Twitter via desktop and smartphone applications that are known as Twitter clients. If you use a Twitter client you should make sure it is connecting to the site securely, over an encrypted connection, see Одржување на приватноста на вашата корисничка сметка на клиент за е-пошта in поглавје 7: Како да ја одржите приватноста на вашата интернет-комуникација.

    Покрај тоа, како и Facebook, многу луѓе го користат Twitter во комбинација до многу други веб-страници и апликации за да споделат нови објави, фотографии, локации, врски итн. Користењето на овие апликации може да предизвика многу слаби точки во безбедноста и е многу важно поставувањата за безбедноста на други апликации да бидат колку е можно побезбедни.

    Министерство за внатрешна безбедност на САД го следи Twitter и другите социјални мрежи, а веројатно и другите влади го прават истото. За повеќе информации за Политиката за приватноста на Twitter, погледнете ги иконографи на веб-страницата Извештај за транспарентност.

    Како да ги измените општите поставувања на корисничката сметка на Twitter

    2.1 Општи поставувања на корисничката сметка на Twitter

    Basic Account Settings (Општи поставувања за кориснички сметки) на Twitter ви овозможуваат да контролирате како луѓето можат да го пронајдат вашиот профил, кој може да ги види вашите твитови, да ја контролирате информациите за локација кои ги оддавате, меѓу другото, додека користите веб-прелистувач за да работите на Twitter (т.е, не преку друг клиент, апликација за паметен телефон или мобилен телефон).

    Чекор 1.За да пристапите до поставките на вашата сметка најавете се на вашата сметка користејќи Mozilla Firefox прелистувач и кликнете на иконата во горниот десен агол на екранот за да го отворите менито со опции.

    Слика 1: Менито Опции

    Чекор 2. Во паѓачкото мени, одберете Settings (Поставувања). Ова ќе ја отвори страницата за поставувања.

    Чекор 3. На страницата со поставувања, има листа на страници на левата страна каде што можете да кликнете меѓу различните категории на поставувања.

    Слика 2: Категории на поставувања

    Првата категорија е основни поставувања за сметката.

    Чекор 4. На врвот на листата со општи поставувања на корисничката сметка ќе ги најдете поставувањата за корисничко име и е-пошта. Изберете внимателно дали сакате да го користите вашето вистинско име или псевдоним како корисничко име, и на која е-мејл адреса сакате да го поврзете со вашиот профил. Можеби е најдобро да се постави нова e-mail адреса со користење на Tor прелистувач и да ги поврзете на Twitter само со користење на Tor ако сакате да го заштитите вашиот идентитет.

    Слика 2: Поставувања за корисничко име и е-пошта

    2.2 Поставувања за бебедност и приватност

    Чекор 5. Кликнете на Безбедност и приватност во лентата од левата страна, со цел за да пристапите на страната за поставувања на Безбедност и Приватност.

    Чекор 6. Верификација при најава. Twitter Ви дава можност за испраќање порака на вашиот мобилен телефон или smartphone секое време кога ќе пристапувате на вашиот профил. Ова е препорачливо ако исто така ја користите апликација на Twitter на вашиот smartphone. Во овој случај, изберете ја опцијата Прати верификации при најава за Twitter апликацијата.

    Имајте на ум дека иако ова може да биде корисно за да ве алармира вас на неавторизиран обид за пристап на вашиот профил, поврзувањето на вашиот мобилен телефон со вашиот Twitter профил го прави вашиот профил полесно да се идентификува и не е препорачливо да го користите Twitter ако сакате да останете анонимни или под псевдоним.

    Чекор 7. Фото-означување. Twitter ви овозможува да контролирате кој, ако некој, може да ве означи на сликите кои ги прикачуваат. Бидејќи не постои опција да се одобри или да не се одобри означување на слики, препорачливо е да ја одберете опцијата Не дозволувај некој да ме означува на слики. Ова е особено важно во случаите каде што може да ве фотографираат за време на протести, на пример, кои подоцна може да се користат како доказ.

    Слика 3: Опции за означување

    Чекор 8. Твит приватност. Twitter ви овозможува да контролирате кој може да ги види вашите твитови: јавноста во целина или само тие на кои ќе им овозможите да ве следат. Имајте на ум дека дури и ако ја изберете опцијата Заштити ги моите твитови, тие се уште се пристапни на Twitter, и можат да бидат снимени и предадени на трети лица.

    Чекор 9. Твит локација. Twitter ви дава опција за додавање на локацијата на вашите твитови. Оваа опција е вообичаено исклучена. Ако споделувањето на Вашата локација во голема мера е соодветна со цел да останете безбедни, тогаш оваа опција може да биде корисна. Сепак, е препорачано да ја оставите оваа функција исклучена затоа што вашите информации за локацијата, исто така, може да бидат многу корисни за вашите противници.

    Чекор 10. Можност за пронаоѓање. Twitter ви дава опција да им овозможувате на луѓето да го најдат вашиот Twitter профил, ако ја имаат вашата e-мејл адреса. Ако сакате да ја одржувате приватноста на вашиот Twitter профил, препорачуваме да ја исклучите оваа опција.

    Слика 4: Опции за пронаоѓање

    Чекор 11. Персонализација и промоција. Twitter ви дава опција да им дозволите да го следат вашето однесување на Twitter и други веб-сајтови и прилагодите содржината и реклами кои ги гледате врз основа на ова, како и споделување на вашите податоци со трети страни. Се препорачува да ги одштиклирате овие кутии за поголема приватност.

    2.3 Подесувања за лозинка

    Step 12. Here, Twitter allows you to change your password. It's reccommended that you select a strong, memorable password and update it regularly. For more, see Како да креирате и одржувате силни лозинки.

    Чекор 12. Twitter ви овозможува да ја смените вашата лозинка. Се препорачува да изберете силна, незаборавна лозинка и надградба на истата редовно. За повеќе, погледнете во делот Како да креирате и одржувате силни лозинки.

    Слика 5: Опции за лозинка

    Имајте на ум дека Twitter ви нуди можност за поврзување на вашиот мобилен телефон со вашиот профил за "зголемена сигурност". Иако ова може да биде корисно во одредени околности, како што е наведено погоре, не е препорачливо ако сакате да одржите одреден степен на приватност во однос на вашиот идентитет при користење на Twitter.

    Чекор 13. Откако ќе ја ажурирате вашата лозинка, кликнете на Зачувај промени.

    2.4 Подесувања за мобилен

    Чекор 14. Можете да ги отворите подесувањата за мобилен на Twitter со кликнување на Mobile (мобилен) во менито на левата страна.

    Twitter ве поттикнува да ја симнете апликацијата на smartphone и исто така ви дава опција да активирате Twitter текст пораки, кои ви овозможуваат да твитате директно од вашиот мобилен телефон. Како што е наведено погоре, не е препорачливо да ја поврзете вашата Twitter сметка со вашиот мобилен телефон ако сакате да одржите одреден степен на приватност или анонимност, додека твитате. Исто така, не заборавајте дека текстуални пораки испратени преку GSM мрежата не се енкриптирани и се следат лесно. За повеќе, погледнете Како да користите мобилни телефони што е можно побезбедно.

    Клиенти и апликации за Twitter

    Листа на делови на оваа страна:

    3.0 Општи упатства за клиенти и апликации

    Корисниците на Twitter можат да им дозволат на неколку надворешни апликации, вклучувајќи и други социјални мрежи и страници за споделување на фотографии, да комуницираат со нивните Twitter сметки, на пример со цел да споделат фотографии прикачени на веб-страници како TwitPic, YFrog или Flickr. Меѓутоа како што е споменато во поглавје Како да се заштитите себе и вашите податоци кога ќе користите социјални мрежи морате да бидете внимателни кога ги интегрирате вашите профили на различни социјални мрежи. Овие надворешни страници имаат свои сопствени правила на употреба, политики за приватност и поставувања за приватност кои не мора да се исти со оние на Twitter. Затоа, иако вашиот Twitter профил може да е релативно сигурен, вашите профили на надворешни веб-страници можат да бидат целосно изложени, и ако го користите истото корисничко име или адреса на е-пошта за сите вакви веб-страници, лесно можете да бидете следени. Бројот на ваквите веб-страници и апликации е огромен, а само неколку се проверени во ова упатство. Меѓутоа од суштинско значење да ги проверите и ажурирате вашите поставки за безбедност на сите надворешни апликации поврзани со вашиот Twitter профил. Ако сметате дека не се доволно безбедни, избришете го својот профил на нив и укинете го нивниот пристап до вашиот Twitter профил.

    Ако сакате да го укинете пристапот на една апликација до вашиот Twitter профил:

    Чекор 1. Одете на Settings (Поставувања) од вашата корисничка сметка и кликнете на картичката Apps (Апликации) на левата страна.

    Слика 1: Менито со поставувања

    Чекор 2. Откако сте ја отвориле листата со апликации кои се поврзани со вашата корисничка сметка на Twitter, изберете ја апликацијата чиј пристап сакате да го укинете и кликнете на (Укини го пристапот).

    Слика 2: Пример на листа на апликации

    3.1 Instagram

    Instagram е популарна апликација за споделување на слики за smartphone која и припаѓа на Facebook и често се користи во комбинација со Twitter. Бидејќи тоа е првенствено мобилна апликација, користењето на Instagram со Twitter го поврзува вашиот профил со вашиот мобилен уред, кој може да значи дека многу информации како што е вашата локација, ќе биде споделена со Facebook, Twitter и Instagram, кои понатаму може да ги споделат со трети страни вклучувајќи ја и државата. Затоа не се препорачува да го користите Instagram на истата сметка или уред преку било кој вид на чувствителни информации може да поминат.

    3.2 TwitPic

    Многу корисници на Twitter ја користат веб-страницата TwitPic за прикачување и чување на фотографиите кои ги споделуваат преку Twitter. Имајте на ум дека TwitPic е посебна компанија која не припаѓа на Twitter и има поинакви Правила на употреба и поинаква Политика за приватноста. Така, важно е да се знае дека TwitPic не им овозможува на корисниците да ги скријат своите фотографии и профил. Сите фотографии прикачени на TwitPic се јавни по правило и ова не може да се смени. Ако го користите истото корисничко име за вашите кориснички сметки на Twitter и TwitPic, некој злонамерен субјект многу лесно би можел да има пристап до сликите кои сте ги прикачиле на TwitPic.

    TwitPic им дозволува на други корисници да го означат фотографиите кои ги снимиле. Ова потенцијално би можело да ве стави во ризик ако некој ве означи на чувствителна фотографија, а потоа овие информации да ги објави. Затоа се препорачува да им оневозможите на други корисници да ве означат во своите фотографии.

    Чекор 1. Најавете се на Вашата TwitPic сметка преку Firefox прелистувачот и кликнете на Settings (Поставувања) во менито кое се наоѓа горе десно на екранот.

    Слика 3: Лентата со мени на почетната страница на TwitPic

    Чекор 2. Во делот за Privacy (Приватност), одштиклирајте ја коцката Allow others to tag my photos (Дозволи им на другите корисници да ги означуваат моите фотографии) и кликнете на копчето Save Changes (Зачувај ги промените).

    Слика 4: Опции за означување

    Ако сакате да избришете чувствителни слики од TwitPic:

    Чекор 3. Кликнете на Profile (Профил) во менито на горниот десен агол од екранот.

    Чекор 4. Кликнете на Delete (Избриши) покрај фотографијата што сакате да ја избришете.

    Слика 5: Опции за слики

    Ако сакате да ја избришете вашата корисничка сметка на TwitPic.

    Чекор 5. Кликнете на Settings (Поставувања) во менито на горниот десен агол од екранот.

    Чекор 6. Во делот зата Delete Account (Избриши ја корисничката сметка), внесете ги зборовите од сликата со код „captcha“ во полето за текст.

    Слика 6: Оваа слика со код е прикажана пред да го избришете вашиот профил.

    Step 7. Click .

    3.3 Апликации од паметни телефони

    Голем број на клиенти и апликации за интеракција со Twitter се исто така достапни за паметни телефони, како на iPhone, Android, Blackberry или Windows телефони. Многу важно да се има на ум дека телефоните имаат одредени безбедносни прашања кои се својствени и употребата на овие апликации или клиенти на паметните телефони може да се повеќе несигурни отколку да ги користите на вашиот компјутер: на пример, тие не можат да се поврзат со Twitter серверот на шифриран начин, оставајќи ја содржината на вашите твитови изложени. За повеќе информации за тоа како да се намали ризикот при користење на паметни телефони, видете Како да ги користите паметните телефони колку е можно по безбедно.

    YouTube

    YouTube е веб-услуга во сопственост на Google, кој им овозможува на корисниците да испратат и споделуваат видео содржини. Стана популарен меѓу бранителите на човековите права за споделување на кампањи и докази за кршење на човековите права, меѓу другите нешта.

    Главна страница

    Последна преработка на ова поглавје

    • Септември 2014

    Системски барања

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете:

    • Совети за тоа како да се заштити вашата приватност и од други лица при користење на YouTube за споделување на видео материјал.

    1.1 Работи што треба да ги знаете

    YouTube е одлична страница за да го споделите вашето видео со милијарди корисници. Меѓутоа, бидејќи YouTube е сопственост на Google, ако лицата од Google сметаат дека содржината на вашето видео е сомнителна, тие ќе го избришат. Google може да ги собере и да ги сподели корисничките метаподатоци масовно и да ги сподели тие со владите, вклучувајќи ја и Владата на САД. Покрај тоа, Google може да сподели специфични информации поврзани со вашето видео (како што се, на пример, податоците за локацијата) со трети страни вклучувајќи ги државните органи кои го бараат тоа. Ова значи дека YouTube не е добро место за безбедно чување на вашите видеа. Google е исто така познат по тоа што попушта под притисок за да отстрани некоја содржина од YouTube со цел да избегне цензура на страницата. Така, ако сакате да го споделите вашето видео со поголем број луѓе, поставете копија од него на YouTube – но не поставувајте ја вашата единствена копија како место за безбедно чување.

    Содржината која ја објавувате на YouTube останува ваша; со нејзино објавување на YouTube, на Google му давате дозвола да ја распределува таа содржина.

    Пријавено е дека YouTube не е достапен во неколку држави, како на пример:

    • Кина
    • Бурма
    • Иран
    • Либија
    • Сирија
    • Узбекистан
    • Тунис
    • Туркменистан
    • Турција

    Погледнете го делот за сообраќај на Google во нивниот извештај за транспарентност ако сакате да дознаете повеќе информации за оваа тема.

    Совети за YouTube:

    • Никогаш не објавувајте видео од некој поединец без негова согласност. Па дури и со нивната согласност, обидете се да размислите за можните последици пред да го објавите.

    • Кога го посетувате YouTube, направете го тоа преку внесување на https://www.youtube.com во полето за адреса на вашиот прелистувач – на овој начин ќе бидете сигурни дека комуникацијата меѓу компјутерот и серверите на YouTube ќе биде шифрирана со Secure Socket Layer (SSL) врска. За да избегнете да го правите ова секој пат кога ќе се поврзувате, препорачуваме да се поврзете на YouTube користејќи го Firefox со додатоците како HTTPS Everywhere.

    • За поголема приватност, обидете се да создадете нова, анонимизирана Google сметка која е создадена и се пристапува само при користење на Tor прелистувач. Користете само оваа сметка за поставување видеа на YouTube и вашата локација и други идентификување на податоци ќе бидат скриени од Google и други, како што вашиот Интернет сервис провајдер. Сепак, тоа е често е невозможно да ја видите видеа на YouTube со користење на Tor прелистувач. За гледање на видеа, тоа може да биде најдобро да се создаде друга сметка и употреба на пребарувач како Firefox со додатоци

    • За да испратите чувствителни видеа од Android уред, сметајте дека користењето на InformaCam апликацијата на Guardian Project, кој им овозможува на корисниците одредена количина на контрола над метаподатоците и нивните видеа и го олеснува прикачувањето преку Tor мрежата кога се користи во комбинација со Orbot.

    • Искористете ја можноста на YouTube за замаглување на лицата на луѓето кои не сакаат да бидат идентификувани, како на пример на протести. За повеќе информации на оваа тема прочитајте тука.

    • Секогаш чувајте резервна копија од било кое видео кое ќе го споделите преку YouTube.

    • Користете ги поставувањата за приватност за да споделите видео само со одредени поединци.

    Алтернативни решенија на YouTube

    Ако не сакате да ги поврзете вашите видеа со вашиот профил на Google, постои број на алтернативни решенија, како Vimeo. Vimeo е посетувана од помала група на корисници отколку YouTube. Како и YouTube, го олеснува поврзувањето преку SSL, а на корисниците им дава многубројни опции за приватност и контрола со лиценците Криејтив Комонс за нивните видеа. Други слични страници може да се популарни во различни региони, така што можете и самите да истражувате други опции. Пред да изберете една од овие опции, треба да размислите за следните аспекти:

    1. Дали овозможува поврзување преку SSL за сите корисници на страницата, или само за време на најавувањето? Дали постојат проблеми со шифрирањето, како на пример проблеми со шифрирањето на сертификати?
    2. Внимателно прочитајте ги: Договорот за лиценца за крајниот корисник и Политиката за приватност или Политиката за употреба на податоци. Како се третирани вашите содржини и лични податоци? Со кого се споделени?
    3. Кои опции за приватност се обезбедени за корисници? Можете ли да изберете вашите видеа безбедно со мал број на лица или тие се јавно достапни по правило?
    4. Ако поставите некои чувствителни слики, како снимка од некој протест, дали страницата олеснува заштита на оние кои сте ги снимале, на пример преку заматување на лицата?
    5. Дали ја знаете географската локација на серверите, под чија надлежност припаѓаат или каде е регистрирана компанијата? Дали сте свесни за тоа каква врска имаат овие информации за приватноста и безбедноста на вашите активности и информации од е-пошта? Дали сопствениците на страницата ќе ги предадат информациите ако добијат барање од владата за тоа?

    Flickr

    Flickr pопуларен хостинг за споделување на фотографии во сопственост на Yahoo!.

    Главна страна

    Последна промена на ова поглавје

    • Септември 2014

    Системски барања

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете:

    • Совети за тоа како да се заштити вашата приватност и од други лица при користење на Flickr за споделување на слики.

    1.1 Работи кои треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    Flickr е сопственост на Yahoo! и го посредува најавувањето преку други кориснички сметки како Google и Facebook. Содржините објавени на Flickr остануваат ваши, на кои можете да прилепите различни лиценци Криејтив Комонс или авторски права. Со поднесувањето содржини, на Yahoo! му давате лиценца да ги дистрибуира вашите фотографии или видеа. Поради различните видови на лиценци, Flickr е одличен за пронаоѓање на слики за употреба во кампањи и како алатка за споделување на фотографии со колеги, соработници и членови во вашите мрежи. Сепак, многу е веројатно дека Фликр податоците на корисникот се собираат и се следат од страна на голем број на влади.

    За повеќе информации, прочитајте ја политиката за приватност на Yahoo!.

    Ажурирање на вашите Flickr поставки за приватност

    Чекор 1. Со цел да пристапите до поставувањата за приватност и дозволи на Flickr, најавете се на Flickr користејќи Mozilla Firefox и кликнете на иконата во горниот десен агол на екранот и одберете Settings (Поставки).

    Чекор 2. Од главната страна за прилагодувања, одберете Приватност и дозволи.

    Слика 2: Поставки за приватност и дозволи на Flickr

    Чекор 3. Вообичаено, Flickr му овозможува на секој да ги гледа вашите фотографии. Ако сакате да добиете повеќе приватност, кликнете Уреди на опцијата Кој може да пристапи на вашите оригинални датотеки со слики и одберете Само јас. Потоа кликнете на Зачувај.

    Слика 3: Кој може да пристапи до вашите оригинални датотеки со слики

    Чекор 4. Вообичаено, Flickr, им овозможува на луѓето кои можат да пристапат до вашите содржини да ги споделат на сајтови како Facebook или Twitter. Ова би значело дека, во случај кога имате слики со чувствителна содржина, тие лесно можат да паднат во погрешни раце. За да може сами да одлучите како сликите да се споделуваат, препорачано е да ја исклучите оваа опција. За да го направите тоа, кликнете на Уреди покрај дозволи на другите да ги споделат вашите содржини и одберете Не, благодарам. Потоа кликнете на Зачувај.

    Слика 4: Дозволи другите да ги споделуваат вашите содржини

    Чекор 5. Вообичаено, Flickr му овозможува на било кој друг член да ве тагнува на слики. Ова би можело да биде опасно, на пример, некој да додаде ознака од вас на слика од протест или друг вид на граѓанска непослушност. Затоа, е препорачано да селектирате само вие да бидете во можност да се означувате на слики.

    Слика 5: Оневозможи ознаки од другите

    Чекор 6. Вообичаено, Flickr ги споделува вашите EXIF податоци – т.е, метаподатоците од вашите фотографии, како што се марка и модел на вашиот фото апарат, локацијата и времето во кое е направена фотографијата, итн - со други корисници. Ако оваа информација е чувствителна, се препорачува да не ја споделувате.

    Слика 6: EXIF опции на податоци

    Чекор 7. Вообичаено, Flickr ги прави вашите фотографии и јавниот профил достапни преку пребарувачите. За поголема приватност и контрола за тоа кој може да пристапи до вашите информации и слики, се препорачува да ги подесите како скриени вашиот профил и слики од јавните пребарувања.

    Слика 7: Опции за јавно пребарување

    Чекор 8. Нови прикачувања: Стандардните поставувања на Flickr промовираат што е можно повеќе споделувања на информации и интеракции, кога испраќате нови содржини. Се препорачува да изберете повеќе приватни опции како стандардни, како што се:

    • Оневозможувајќи другите да ги видат веднаш, да споделат или коментираат на вашите ново објавени слики
    • Оневозможува другите да ги видат податоците за локацијата или вашите неодамна објавени слики
    • Овозможување на само ограничена публика да има пристап до вашите неодамна објавени слики

    Овие поставувања може, се разбира, да се променат врз основ на прикачувањата, на пример, ако сакате да се вклучат EXIF податоците како доказ.

    Слика 8: Повеќе приватни можности за нови поставувања

    Алтернативни решенија на Flickr

    Ако не сакате да ги поврзете вашите слики со вашите профили на Yahoo, Google или Facebook, може да постојат други алтернативни решенија. Слични страници може да се популарни во различни региони, а можеби поддржувате други опции. Пред да изберете една од нив, треба да размислите за следните точки:

    1. Дали овозможува поврзување преку SSL за сите корисници на страницата, или само за време на најавувањето? Дали постојат проблеми со шифрирањето, како на пример проблеми со шифрирањето на сертификати?
    2. Внимателно прочитајте ги: Договорот за лиценца за крајниот корисник и Политиката за приватност или Политиката за употреба на податоци. Како се третирани вашите содржини и лични податоци? Со кого се споделени?
    3. Кои опции за приватност се обезбедени за корисниците? Можете ли да изберете вашите видеа безбедно со мал број на лица или тие се јавно достапни по правило?
    4. Ако прикачите некои чувствителни слики, како снимка од некој протест, дали страницата олеснува заштита на оние кои сте ги снимале, на пример преку заматување на лицата?
    5. Дали ја знаете географската локација на серверите, под чија надлежност припаѓаат или каде е регистрирана компанијата? Дали сте свесни за тоа каква врска имаат овие информации за приватноста и безбедноста на вашите активности и информации од е-пошта? Дали сопствениците на страницата ќе ги предадат информациите ако добијат барање од владата за тоа?