Spybot - протившпионски софтвер

Содржина

...Loading Table of Contents...

    Spybot Search & Destroy се користи за да се пронајдат и отстранат различни видови злонамерен софтвер, рекламен софтвер и шпионски софтвер од компјутерот. Нуди бесплатно ажурирање и ви дозволува да го имунизирате интернет-прелистувачот против евентуална инфекција од познат злонамерен софтвер.

    Почетна страница

    www.safer-networking.org/en

    Системски барања

    • Сите верзии на Windows

    Верзија што се користи во ова упатство

    • 2.4

    Последна преработка на ова поглавје

    • Декември 2014 година

    Лиценца

    • Бесплатен софтвер

    Пренослива верзија

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете::

    • Можност за отстранување различни видови злонамерен софтвер и/или шпионски софтвер
    • Можност за имунизирање на компјутерскиот систем пред да се зарази со злонамерен софтвер и други опасности.

    Други програми компатибилни со GNU Linux, Mac OS и Microsoft Windows:

    Оперативните системи како GNU Linux и Mac OS, навидум немаат злонамерен софтвер (шпионски софтвер, вируси, итн.). За заштита препорачуваме: 1) редовно да го ажурирате оперативниот систем, како и сите програми инсталирани на него; 2) да користите некоја од антивирусните програми наведени во поглавјето за Avast; 3) да користите програма за заштитен ѕид, наведена во Comodo; 4) да користите безбеден прелистувач како Firefox со додатокот NoScript кој спречува преземање скрипти заедно со веб-страниците при нивното подигање. Овие превентивни мерки ќе ги заштитат вашите компјутери со оперативни системи GNU Linux или Mac OS.

    Безбедносната ситуација на компјутерите кои користат Microsoft Windows е многу поразлична. Илјадници нови програми со злонамерен софтвер се создаваат секој ден. Методите на напад стануваат сè пософистицирани. Превентивните мерки наведени во претходниот пасус се задолжителни за компјутери што користат Microsoft Windows. Покрај тоа, треба да го користите Spybot на начинот опишан во ова поглавје.

    Меѓутоа, ако компјутерот се зарази и покрај овие мерки на претпазливост, и ви се потребни дополнителни алатки, ги препорачуваме следните:

    • Инсталирајте го SuperAntiSpyware, ажурирајте ги дефинициите за шпионски софтвер, а потоа скенирајте го компјутерот.
    • Инсталирајте го Malwarebytes Anti-Malware, скенирајте го компјутерот со Quick Scan (Брзо скенирање), а потоа повторно скенирајте го со Scan (Скенирај) кога ќе заврши со првото скенирање, и отстранете го пронајадениот злонамерен софтвер прикажан во Show Results (Прикажи ги резултатите).
    • Користете други бесплатни програми со протившпионски софтвер, како на пример: Microsoft Windows Defender, Ad-Aware Internet Security или SpywareBlaster.

    Преземање на Spybot од интернет

    • Прочитајте го краткиот вовед од Практичното упатство.
    • Кликнете на иконата Spybot подолу за да ја отворите страница за преземање www.safer-networking.org/mirrors/.
    • Изберете било која локација за преземање од листата на отворената страница преку кликнување на копчето "Download here" (Преземи тука).
    • Преземете ја инсталационата програма. Потоа пронајдете ја на компјутерот и кликнете два пати брзо на неа.
    • Откако успешно ќе го инсталирате Spybot можете да ја избришете програмата за инсталирање од компјутерот. Spybot:

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    Spybot S&D е популарна бесплатна програма која се користи за да се пронајдат и отстранат различни видови рекламен софтвер, злонамерен софтвер и шпионски софтвер од компјутерот. Исто така ви овозможува да го заштитите компјутерот од рекламен софтвер, злонамерен софтвер и шпионски софтвер, така што ги спречува да навлезат во компјутерот, штом сте го инсталирале Spybot.

    Spybot S&D не е антивирусна алатка. Меѓутоа, може да работи заедно со антивирусен софтвер за да ја зголеми безбедноста на компјутерот.

    Рекламен софтвер е секој софтвер што прикажува рекламен материјал на компјутерот. Одредени видови рекламен софтвер функционираат исто како шпионскиот софтвер и може да ја нарушат вашата приватност и безбедност.

    Злонамерен софтвер (на пр. тројански вируси и црви) е секој софтвер дизајниран да му наштети или го попречи работењето на компјутерот без ваша согласност или знаење.

    Шпионски софтвер е секој софтвер кој прибира податоци, ги набљудува и собира вашите лични информации и ги следи вашите интернет-навики. Како и злонамерниот софтвер, тој незабележливо работи на компјутерот. Затоа инсталирањето на програма како Spybot ќе ви помогне да се заштитите самите себеси и компјутерот.

    Note: Windows Vista, 7 and 8 have a built-in anti-spyware program called Windows Defender. However, it seems to allow Spybot to work without any conflict.

    Забелешка: Windows Vista, 7 и 8 имаат своја вградена програма со софтвер за против шпионска заштита која се нарекува Windows Defender. Меѓутоа, му дозволува на Spybot да работи без никакви конфликти.

    Како да го инсталирате и да го користите Spybot

    Листа на секции на оваа страница:

    2.0 Како да го инсталирате Spybot

    Чекор 1. Два пати кликнете на датотеката ; може да се појави во дијалог-рамката Open File - Security Warning. Ако се појави, кликнете на (Стартувај) за да го активирате следниов прозорец:

    Слика 1: Прозорецот за избор на јазик на инсталација

    Чекор 2. Кликнете на за да го активирате прозорецот за инсталација „Setup - Spybot Password Safe – Welcome to the Spybot - Search & Destroy Setup Wizard“.

    Чекор 3. Кликнете на екранот Добредојдовте на Донации со избирање на стандардната опција Јас инсталирам Spybot за лична употреба, и ќе одлучам подоцна.

    Чекор 4. Кликнете на на екранот на режимот за инсталација и екранот на режимот за користење со избирање на стандардната опција Сакам да бидам заштитен/а, без потреба да го правам тоа лично.

    Чекор 5. Кликнете на (Следно) да го активирате прозорецот со договорот за лиценца „License Agreement“. Прочитајте го договорот за лиценца пред да продолжите со процесот на инсталација.

    Чекор 6. Кликнете на прозорецот Подготвено за инсталација за да ја започнете инсталацијата.

    Слика 2: Инсталација

    Чекор 7. Кликнете на (Заврши) да го комплетирате процесот на инсталација и да го стартувате Spybot - Search & Destroy.

    Слика 3: Завршување на волшебникот за подесување на Spybot - Search & Destroy

    Вообичаено, во Провери за нови малициозни потписи е избран како што е прикажано погоре. Забелешка - Ако интернет конекцијата не е на располагање во текот на инсталацијата, одштиклирајте ја оваа кутија и погледнете го Делот 2.3

    Слика 4: Ажурирање (Spybot - Пребарај & Уништи 2.4)

    Чекор 8. Кликни на за да го активирате екранот подолу.

    Слика 5: Проверка за антиспајвер надградби

    Слика 6: антиспајвер надградбата е завршена

    2.1 Нешто повеќе за Spybot

    Во основа постојат два чекори кои се дел од ефективната употреба на Spybot :

    • Ажурирање на Detection Rules (Правилата за откривање) и Immunization databases (Базите на податоци за имунизација) со најновите и најрелевантни надградби на Spybot.

    • Употреба на Spybot. Ова значи дека треба да го имунизирате системот користејќи ги правилата за откривање и базите на податоци за имунизација или надградбите кои веќе сте ги презеле, а потоа да го скенирате системот за постоењето на шпионски софтвер и да го отстраните.

    Забелешка: За краток преглед на клучните напредни опции погледнете во делот за 3.0 Напредни опции.

    2.2 Како да го користите Spybot првпат

    Откако сте ги завршиле процесите на инсталација и поставување, Spybot автоматски ќе се вклучи на Start Center

    Слика 7: Start Center

    Алтернативно, Spybot Start Center може да биде стартуван и од Start > All Programs > Spybot - Search & Destroy 2 > Spybot S&D Start Center или кликнете два пати на Spybot Desktop иконата на десктоп.

    Пред да почнете се препорачува да креирате резервна копија на регистарот. За преглед на Windows регистарот, ве молиме погледнете го CCleaner за повеќе информации.

    Следете ги чекорите подолу за да креирате резервна копија од регистарот на вашите компјутери

    Чекор 1. Кликнете на за приказ на опцијата Напредни алатки.

    Слика 8: Напредни алатки

    Чекор 2. Кликнете на .

    Чекор 3. Кликнете на во Startup Tools прозорецот.

    Чекор 4. Кликнете на како што е прикажано подолу

    Слика 9: Подигнување Алатки

    Чекор 5. Изберете локација и име на датотеката како што е прикажано на Слика 10 подолу во прозорецот Папка за зачувување.

    Чекор 6. Кликнете на

    Слика 10: Папка за зачувување

    2.3 Како да ги ажурирате правилата за пронаоѓање вируси и базите на податоци за имунизација на Spybot

    Важно: Редовното ажурирање на Spybot е навистина важно. Функцијата за автоматско ажурирање не е достапна во бесплатна верзија на Spybot па мора да го стартувате ажурирањето рачно како во следниве чекори:

    Чекор 1. Кликнете на (Ажурирај) во Start Center за да го активирате Ажурирањето

    Чекор 2. Кликнете на за да го активирате како што е прикажано подолу

    Слика 11: Прозорецот за ажурирање

    Кликнете на Прикажи ги Деталите за да ја видите листата на успешно преземените надградби

    Слика 12: Преземете и инсталирајте ажурирања

    2.4 Како да го имунизирате системот

    Spybot помага да го заштитите компјутерот од познат шпионски софтвер со негово "имунизирање" . Овој процес е сличен на примањето вакцина која заштитува од новите заразни болести.

    За да го имунизирате компјутерскиот систем, следете ги овие чекори:

    Чекор 1. Кликнете на (Имунизирај!) во Start Center за да се активира прозорецот Имунизација подолу:

    Слика 13: Прозорец на имунизација

    Забелешка: Ако сте го оставиле вашиот прелистувач отворен поради некоја причина, следниот екран пред да започне процесот на имунизација ќе појави:

    Слика 14: Детектиран отворен прелистувач

    Чекор 2. Кликнете на за да започне проверката за имунизирани датотеки (ако сеуште не сте го имунизирале вашиот систем, малку или не имунизирани датотеки ќе најде).

    Слика 15: Проверката за имунизација заврши

    Чекор 3. Кликнете на за да започне да го имунизира вашиот систем.

    Имунизацијата може да потрае неколку минути.

    Слика 16: имунизирање на вашиот систем сега...

    Чекор 4. Кликнете на Прикажи Детали за да ги видите деталите како што е прикажано подолу

    Слика 17: Примена на Пасивна заштита

    Забелешка: Можете да го поништите или да го вратите процесот на имунизација ако се сомневате дека имунизацијата на вашиот систем негативно влијание врз сите перформанси на вашиот компјутер. Можете да кликнете на за да го вратите процесот на имунизација и вратите Вашиот систем во претходната состојба.

    2.5 Како да проверите дали има проблеми

    Потсетник: Пред да започнете со проверување на потенцијалната опасност или закани, стартувајте го Spybot ажурирањето.

    За да проверите дали постојат проблеми или некаква опасност, следете ги овие чекори:

    Чекор 1. Кликнете на (Пребарај и уништи!) за да го активирате Spybot Start Center

    Чекор 2. Кликнете на (Скенирање на систем) за до активирате следниот екран

    Слика 18: Скенирање на систем (Spybot - Пребарај и Уништи)

    Чекор 3. Кликнете на за да започнете со скенирање на вашиот систем. Забелешка - Ако имате голем број на податоци, датотеки, програми и сл ова би можело да потрае од 20 минути до еден час

    Слика 19: Скенирање на систем (Spybot - Пребарај и Уништи)

    Откако скенирањето ќе заврши, бројот и видовите на потенцијалните малициозни софтвери пронајдение ќе бидат наведени како што е прикажано подолу:

    Слика 20: Скенирањето за малициозни софтвери прикажува потенцијални малициозен софтвери

    Чекор 4. Одберете ја датотеката и да се ревидира кутијата за Детали лево на екранот за секоја пронајдена потенцијална закана да се утврди дали овој малвер е вистинска закана.

    Запомни - лажна позитива значи дека е безопасна датотека, папка, програма или клуч за регистрација може да се категоризира како малициозен софтвер. Бришењето би можело да предизвика проблем, проблем на друга програма.

    Слика 21: Детали за - Скенирање за малициозен софтвер

    Совет: Нивото на закана е прикажано од страна по боја на индикатор. Проценката на рејтингот на опасноста од маргинални или по ниски ќе се прикаже како зелена. Како што нивото на закана се движи од средна до висока, индикаторот на бојата ќе се промени од портокалова во црвена. На прв поглед, ќе биде лесно да се измери потенцијалната опасност. На пример, повеќето пребарувачи користат Следење на Колачиња кога ќе посетите веб-сајт. Ако информациите кои се чуваат не се претерани, рејтинг на проценетата опасност може да биде маргинална или на многу ниско ниво. Можете да изберете да се зачуваат колачињата за одредени веб-сајтови за погодност.

    Чекор 5. Ако изберете да избришете некоја датотека или датотеки изберете ја датотеката и кликнете

    Можете исто така да изберете да скенира поединечни фајлови и папки со користење на опцијата скенирај датотека во Start Center - процесот е сличен на Скенирање на системот опишан погоре.

    Забелешка: Добра идеја е да го скенира вашиот систем за проблемите секоја недела.

    2.6 Како да ги оневозможите следење на колачињата

    Следење на колачињата е мал фајл зачуван на вашиот компјутер од страна на интернет пребарувачот, кога ќе ја посетите веб страната. Колачето може да собере информации кои можат да ве идентификуваат на одредена веб-страница. Ова може да вклучува информации како што корисничко име, лозинка, лични податоци кои се користат за да се пополнат онлајн формулари, навики на прелистување итн. Додека колачињата обезбедуваат удобност кога пребарувате, ова претставува ризик за вашата анонимност на интернет.

    Spybot Search & Destroy овозможува да се оневозможи следење на колачиња во сите инсталирани пребарувачи од една централна локација.

    Оневозможете следење на колачите користејќи ги следниве чекори:

    Чекор 1. Кликнете на за да го отворите следниот екран:

    Слика 22: Spybot Search & Destroy - Следење Колачиња

    Чекор 2. Кликнете на за приказ на профилите на прелистувачот на вашиот компјутер, како што е прикажано подолу. Забелешка - може да има други профили пребарувачот на вашиот компјутер

    Слика 23: На Spybot Search & Destroy - Блокирање на колачиња од трети страни

    Чекор 3. Изберете профил и кликнете

    Слика 24: На Spybot Search & Destroy - Следење Колачиња исклучено

    За да го вклучите повторно Следењето на колачињата, кликнете на стрелката надолу покрај и одберете

    2.7 Како да ја користите алатката Restore (Врати) датотека

    Алатката Quarantine ви овозможува да ги вратите или добиете сите претходно избришани или поправени ставки. Ова може да се направи бидејќи Spybot создава резервни копии на сите избришани ставки. Ако избришаниот дел од злонамерен софтвер предизвикува проблеми во системот, можете да го вратите назад со употреба на алатката Quarantine (Карантин) .

    За да вратите една претходно избришана ставка, треба да ги следите следниве чекори:

    Чекор 1. Кликнете на (Карантин) од екранот Start Center подолу :

    Слика 25: Карантин (Spybot Search & Destroy)

    Чекор 2. Изберете ги ставките што сакате да ги вратите од листата на претходно избришани ставки, а потоа кликнете на (Врати ги избраните ставки).

    Чекор 3. Друга опција е да, кликнете на (Отстрани ги избраните ставки) за да ги отстраните сите избрани датотеки целосно. Меѓутоа, имајте предвид дека ставките избришани од овој дел не можат да се вратат.

    Како да го користите напредниот режим на Spybot

    3.0 Нешто повеќе за напредниот режим „Advanced mode“

    Spybot работи во стандарден Default и напреден Advanced режим. Напредниот режим „Advanced Mode“ ви овозможува да ги конфигурирате поставките и да извршувате дополнителни задачи.

    Кликнете во прозорецот на Start Center за да се прикажат напредните алатки Advanced Tools и опцијата професионални алатки Professional Tools.

    Слика 1: Напредни алатки

    3.1 Режим на напредни алатки

    Бесплатната верзија на Spybot ви овозможува да ги користите само некои од опциите достапни во деловите напредни и професионални алатки:

    • Report Creator (Создавачот на извештаи) може да се користи за да им помогне на тимовите за техничка поддршка на Spybot во случај да ви треба помош со софтверот на Spybot. Нивото на поддршка обично зависи од верзијата на софтверот кој го поседувате - на пр. платена во споредба со бесплатна. Иако форумите за поддршка се корисен извор на знаење што ќе ви помогне да одлучите дали датотеката е штетна или не, препорачуваме претпазливост пред да ги поднесете сите датотеки или записи од вашиот компјутер, дололку ви е важно да останете анонимни.

    • Секцијата Settings (Поставки) ви овозможува да ги конфигурирате јазикот, опсегот на скенирање, прелистувачите што Spybot-S&D ќе ги скенира, итн.

    • Секцијата Startup Tools (Алатки за стартување) ви овозможува детално да ги разгледате процесите што се активни на вашиот компјутер, програмите што се вклучуваат кога стартува компјутерот, закажаните задачи на вашиот систем, приклучоците, системските услуги, инсталираните програми итн.

    • Секцијата Rootkit Scan (Скенирање Rootkit) го проверува оперативниот систем на вашиот компјутер за присуство на rootkits, малициозни програми кои се кријат на системско ниво, а поради што не може да се откријат со стандардни алатки против злонамерен софтвер.

    3.2 Напреден режим - „Rootkit Scan“

    „Rootkit Scan“ (Скенирање Rootkit) може да се користи за да се означат сомнителните датотеки и записи во регистерот за понатамошна анализа или за нивно отстранување. Во чекорите подолу е објаснето како се врши „Rootkit Scan“.

    Чекор 1. Кликнете во окното Advanced Tools (Напредни алатки) за да го активирате прозорецот подолу. Разгледајте ги Quick scan test results (Резултатите од тестот со брзо скенирање).

    Слика 5: Rootkit Scan (Скенирање Rootkit)

    Чекор 2. Кликнете

    Чекор 3. Изберете ги партициите и регистрите што сакате да ги скенирате. Препорачуваме да ги изберете сите достапни ставки. Кликнете . Имајте предвид дека ова скенирање може да потрае (можеби околу еден час).

    Слика 6: Rootkit Scan - изберете партиции

    Слика 7: Скенирањето Rootkit е во тек

    Кога скенирањето ќе заврши, Search for rootkits (Пребарувањето rootkits) ќе ги прикаже сите сомнителни пронајдени датотеки. Потоа, може да ги разгледате наодите и опциите за да утврдите дали датотеката е легитимна.

    Слика 7: Пребарување rootkits

    Чекор 4. Десен клик на која било од пронајдените ставки за да се прикажат опциите:

    Слика 8: опции за скенирање rootkits

    Чекор 5. Изберете Show properties (Прикажи својства) за да се прикажат деталите.

    Чекор 6. Изберете Scan file for malware (Скенирај датотека за злонамерен софтвер) доколку оваа опција е достапна. Со тоа ќе се активира прозорецот File Scan (Скенирање датотека). Резултатот од скенирањето ќе се прикаже како што е наведено подолу.

    Слика 9: Скенирање датотека - чистење на датотеката

    Забелешка Откриените ставки со својства „rootkit“ не се секогаш злонамерен софтвер. Нивното бришење би можело да предизвика проблем кај друга програма. Видете го делот 2.5 Како да скенирате закани и 2.6 Како да се врати датотека кога се справувате со датотеки пронајдени за време на Rootkit Scan (Скенирање Rootkit).

    Чекор 7. Кога сте сигурни дека пронајдената ставка е сомнителна може да ја избришете )Delete) од вашиот систем.

    Ако не сте сигурни во врска со откриените ставки, може да побарате помош (‘help’) во Spybot RootAlyzer Forum пред да избришете нешто. Бришењето е конечно и не може да се врати преку Quarantine (Карантин). Ако сè уште сакате да ги отстраните пронајдените ставки, пред да го сторите тоа препорачуваме да создадете точка за обнова на системот.

    Пренослива верзија на Spybot

    4.1 Разлики меѓу инсталираната и преносливата верзија на Spybot - Search & Destroy

    Со оглед на тоа што преносливите алатки не се инсталираат на локален компјутер, нивното постоење и употреба може да останат незабележани. Меѓутоа, имајте предвид дека надворешниот уред или УСБ-меморија и други преносливи алатки, се толку безбедни колку што е компјутерот што го користите, па постои ризик да бидат изложени на рекламен софтвер, злонамерен софтвер, шпионски софтвер и вируси.

    Не постојат други разлики меѓу преносливата верзија на Spybot и верзијата што е дизајнирана да биде инсталирана на локален компјутер.

    Забелешка: Проверете ја употребата на корисните преносни алатки за „спасување“ за отстранување вируси, рекламен софтвер, злонамерен софтвер и шпионски софтвер во делот за Напредни методи за отстранување вируси од поглавјето Како да ги идентификувате злонамерниот софтвер и вирусите со скенирање.

    4.2 Како да ја преземете и отпакувате преносливата верзија на Spybot - Search & Destroy

    За да започнете со преземање и отпакување на преносливата верзија на Spybot - Search & Destroy, треба да ги следите следниве чекори:

    Чекор 1. Кликнете http://portableapps.com/apps/security/spybot_portable за да бидете пренасочени кон соодветната веб-локација за преземање.

    Чекор 2. Кликнете (Преземи) за да ја активирате страницата за преземање Source Forge;

    Step 3. Кликнете на (Зачувај ја датотеката) за да ја зачувате инсталациската датотека на компјутерот, а потоа пронајдете ја.

    Чекор 4. Кликнете двапати на ; може да се појави дијалог-рамката Open File - Security Warning; ако се појави, кликнете (Стартувај) за да го активирате следниов прозорец:

    Слика 1: Прозорец за избор на јазик на инсталацијата

    Чекор 5. Кликнете на за да го активирате следниов прозорец:

    Слика 2: Прозорецот за инсталација на Spybot - Search & Destroy, Portable Edition | Portableapps.com

    Чекор 6. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот со договорот за лиценца License Agreement.

    Чекор 7. Кликнете (Ги прифаќам условите на договорот за лиценца) откако ќе го прочитате License Agreement (Договорот за лиценца), за да го активирате следниов прозорец:

    Слика 3: Прозорецот за избор на локација за инсталирање „Choose Install Location

    Чекор 8. Кликнете на (Пребарај) за да го активирате следниов прозорец:

    Слика 4: Прозорецот за пребарување папки „Browse for Folder“

    Чекор 9. Пронајдете го потребниот надворешен диск или УСБ-меморија, како што е прикажано на Слика 4 погоре, а потоа кликнете на за да ја потврдите локацијата на датотеката за преносливата верзија на Spybot - Search & Destroy и вратете се на прозорецот за избор на локација за инсталација „Choose Install Location“.

    Чекор 10. Кликнете на (Инсталирај) за да започнете со инсталација на преносливата верзија на Spybot - Search & Destroy, кликнете на за да го завршите процесот на инсталација, а потоа пронајдете го надворешниот диск или УСБ-меморија каде што била зачувана преносливата верзија на Spybot - Search & Destroy.

    Слика 5: Ново инсталираната програма Пренослива верзија на Spybot - Search & Destroy со нејзината папка означена со сина боја

    Чекор 11. Отворете ја папката со преносливата верзија на Spybot - Search & Destroy, а потоа кликнете двапати на датотеката и стартувајте ја преносливата верзија на Spybot - Search & Destroy.

    Откако успешно сте ја отпакувале преносливата верзија на Spybot - Search & Destroy, погледнете во поглавјето за Spybot - Search & Destroy за да започнете со употреба.

    Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    5.0 Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    П: Ако ја деинсталирам програмата, што ќе се случи со шпионскиот софтвер што Spybot го има најдено во минатите пребарувања? Дали ќе остане на мојот компјутер во „карантин“, или ќе се отстрани?

    О: Кога го деинсталирате Spybot, тој ги брише и сите датотеки од карантинот.

    П: Дали можам да спречам колачиња или тракери да се поправаат или да се отстрануваат?

    О: Има неколку начини да ги заштитите корисните колачиња и тракери. Откако Spybot ќе го скенира вашиот систем, ќе прикаже список со откриени сомнителни датотеки или потенцијални опасностиit. Кликнете на секоја ставка за да се прикажат повеќе информации и да одлучите што сакате да избришете или да задржите. Алтернативно, отворете го Spybot Start Center и изберете > Advanced User Mode > Settings. Овде може попрецизно да изберете кои датотеки не сакате да бидат вклучени во пребарувањето за уништување штетни датотеки.

    П: Дали е тешко да се деинсталира Spybot?

    О: Всушност многу е лесно. Едноставно изберете > Start (Старт) > All Programs (Сите програми) > Spybot - Search & Destroy 2 > Uninstall Spybot-S&D (Деинсталирај го Spybot-S&D).

    П: Зошто Spybot автоматски не ги ажурира своите правила за откривање и бази на податоци за имунизација кога ќе го отворам?

    О: Автоматското ажурирање е возможно во професионалната верзија на Spybot. Бидејќи ја користите бесплатната верзија, некои од функциите не се достапни. Сепак, релативно лесно е самите да ги ажурирате правилата за откривање и бази на податоци за имунизација на Spybot.

    5.1 Проверка на знаењето

    • Што е злонамерен софтвер и како може да го зарази компјутерот?
    • Ако избришете нешто со Spybot, дали е можно да го вратите подоцна?
    • Покрај пребарувањето и уништувањето на злонамерен софтвер, кои се другите функции на Spybot?