TextSecure за уреди со Android

Содржина

...Loading Table of Contents...

    TextSecure е апликација за мобилен телефон со Android платформа за испраќање шифрирани текстуални пораки (СМС) преку вашиот оператор и шифрирани пораки преку WiFi, за шифрирање на интернет-врската на телефонот, како и за складирање на сите СМС-пораки и пораки во шифриран склад на вашиот телефон.

    Почетна страница

    Системски барања на телефонот

    • Android 2.3 или понова верзија

    Верзија што се користи во ова упатство

    • 2.3.2

    Лиценца

    • Бесплатен софтвер (GPL v3)

    Последна измена на ова поглавје

    • декември, 2014

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете:

    • Текстуалните пораки до други корисници на TextSecure можат да бидат шифрирани при испраќањето.
    • Текстуалните пораки се испраќаат преку податочна врска до други корисници на TextSecure.
    • Текстуалните пораки се зачувани во шифрирана база на податоци на вашиот уред, заштитена со тајна фраза.
    • Ако вашиот телефон е загубен или украден, вашите пораки ќе останат нечитливи за оние кои не ја знаат тајната фраза.

    GNU Linux, Mac OS, Android, iOS и други програми компатибилни со Microsoft Windows:

    Преземање на TextSecure

    • Прочитајте го краткиот вовед од Практичното упатство
    • Инсталирајте ја TextSecure од Google Play
    • Штом ќе ја инсталирате, кликнете на open (Отвори) за да ја стартувате апликацијата

    TextSecure:

    1.1 Нешта што треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    • Користење на оваа апликација ќе ги спречи сите кои сакаат да ги прочитаат вашите текстуални пораки, но нема да го скрие фактот дека испраќате пораки.

    • TextSecure ќе ја скрие дестинацијата на вашите пораки само кога вашиот телефон се поврзува на интернет и пораките се испраќаат со податочна врска преку сервер WhisperSync. Традиционалните СМС-пораки, без разлика дали се шифрирани или не, се уште ќе ги откриваат примателите кај вашиот мобилен оператор.

    • Во некои земји, програмите за шифрирање, како што е TextSecure може да привлечат внимание, да бидат незаконски или да подлежат на законски ограничувања.

    TextSecure - Инсталација, конфигурација и прво поставување

    2. Како да ја инсталирате и да ја користите TextSecure

    2.0 Како да ја инсталирате TextSecure

    Чекор 1. На вашиот уред Android, преземете ја и инсталирајте ја апликацијата од продавницата Google Play со допирање .

    Слика 1: TextSecure во продавницата на Google Play

    Чекор 2:. Пред да започне процесот на инсталација, ќе ви биде побарано да го проверите пристапот што апликацијата ќе го има на вашиот телефон. Проверете го внимателно, а откако ќе бидете задоволни со овластувањата што ќе се доделат, притиснете и инсталацијата ќе заврши. Ако не се согласувате со овластувањата што ќе се доделат, притиснете го копчето Назад и инсталацијата ќе се откаже.

    Слика 2: Потребни овластувања

    Чекор 3. Допрете Open (Отвори) за да ја стартувате апликацијата за првпат

    2.1 Конфигурација и прво поставување

    2.1.1 Регистрација на TextSecure

    Чекор 1: Започнете го процесот на регистрирање избирајќи ја земјата во којашто била купена СИМ-картичката и внесете го бројот на мобилен и притиснете

    Чекор 2: Проверете дали бројот што го имате внесено е точен и притиснете , а во спротивно притиснете и коригирајте го телефонскиот број.

    Слика 3 и 4: Екран за регистрација и број за потврда

    Чекор 3: TextSecure ќе продолжи со регистрацијата. Во текот на овој процес ќе добиете една СМС порака за завршување на регистрацијата.

    Забелешка: Ако поради која било причина не добиете СМС-порака, ќе добиете можност да примите автоматски телефонски повик и да слушнете 6-цифрен код, што откако ќе го внесете ќе ја заврши регистрацијата.

    Слика 5 и 6: Екрани за завршување на инсталацијата и за проверка/потврдување на гласот

    2.1.2 Увезување пораки

    Бидејќи TextSecure може безбедно да ги складира вашите СМС-пораки, се препорачува да ги увезете пораките од тековната СМС-апликација.

    Чекор 1: Откако регистрацијата ќе заврши, ќе се отвори TextSecure и ќе добиете опција да ги увезете пораките од вашата тековна стандардна апликација за СМС. Притиснете

    Слика 7: Увезување пораки во TextSecure

    Откако процесот на увезување ќе заврши, ќе имате пристап до сите ваши стари пораки преку TextSecure и треба да ги избришете од другата апликација.

    2.1.3 Како да ја направите TextSecure стандардна апликација

    Откако ќе ги увезете старите пораки, треба да ја направите TextSecure стандардна апликација за СМС, за да обезбедите дека сите нови дојдовни пораки се појавуваат во неа, а не старата апликација. Ова може да се направи со допирање на кога тоа ќе се побара.

    Слика 8: Поставете ја TextSecure како стандардна апликација за СМС

    2.1.4 Шифриран склад

    Освен способноста да испраќате шифрирани пораки, TextSecure ви дозволува да ги складирате сите ваши пораки во шифриран склад заштитен со тајна фраза, па ако некој добие пристап до вашиот телефон, нема да може да пристапи до вашите пораки кога TextSecure е заклучен. По одреден временски период, доколку не сте погледнале некакви пораки, TextSecure ќе се заклучи автоматски и ќе треба да ја внесете тајната фраза следниот пат кога ќе сакате да ги читате вашите пораки.

    Чекор 1: Допрете на во горниот десен агол на екранот за да се прикаже менито и изберете (Поставки).

    Чекор 2: Лизгајте надолу до секцијата PASSPHRASE (Тајна фраза) и оставете го необележано полето Disable Password (Оневозможи лозинка).

    Чекор 3: Кога ќе се побара, внесете тајна фраза што ќе се користи за заштита на пораките складирани на вашиот телефон и допрете .

    Слика 9 и 10: опции за тајна фраза и за поставување лозинка

    Чекор 4: За да се заклучи TextSecure автоматски по одреден период на неактивност, проверете го полето до Timeout passphrase (Видете Слика 9 погоре).

    Чекор 5: Допрете Timeout interval и во следниот екран внесете го посакуваниот временски период за кој сакате TextSecure да се заклучи доколку не се користи и допрете .

    Слика 11: Поставки за истекување на сесијата на TextSecure

    TextSecure - Испраќање/примање пораки и дополнителни поставки

    3.0 Испраќање и примање пораки

    Забелешка: За да испраќате шифрирани пораки до вашите контакти, тие мора да ја имаат инсталирано и TextSecure, во спротивно пораката ќе се испрати како небезбедна СМС-порака.

    TextSecure може да испраќа пораки како СМС користејќи го вашиот мобилен оператор за да ја пренесе пораката. Со оваа опција, дури и ако вашиот примател користи TextSecure и СМС-пораката е шифрирана, вашиот мобилен оператор ќе знае дека испраќате шифрирана порака до овој конкретен примател. Ако вашиот телефон е поврзан на интернет, со користењето на податочна врска понудена од мобилниот оператор или со користење локална wifi-врска, TextSecure ќе ја испрати пораката преку шифрирана врска со сервер WhisperSync. Во овој случај, вашиот мобилен оператор нема да знае до кој ги испраќате пораките.

    3.0.1 Испраќање пораки до поединци

    Чекор 1: Отворете ја TextSecure и допрете во горниот дел на екранот за да се прикаже списокот со контакти.

    Чекор 2: Допрете на контактот до којшто сакате да испратите порака.

    Забелешка: Списокот со контакти ќе се прикаже врз сите контакти кои исто така ја користат TextSecure (под насловот TextSecure Users (Корисници на TextSecure) а потоа врз целиот список со контакти (што ги вклучува корисниците на TextSecure) во секцијата All Contacts (Сите контакти).

    Слика 1: Список со контакти што користат TextSecure

    Чекор 3: Составете ја пораката во полето и допрете за да ја испратите.

    Забелешка Ако испратите порака до друг корисник на TextSecure и сте поврзани на интернет, стандардната опција е да се испрати преку интернет. Ако сакате да испратите шифрирана СМС-порака (користејќи го вашиот мобилен оператор) или небезбедна СМС-порака наместо шифрирана порака притиснете долго на за да се појават опциите за алтернативно испраќање.

    Слика 2 и 3: Опции за испратена порака / Алтернативно испраќање

    Нешта што треба да ги знаете

    Вашите испратени пораки добиваат различни заднински бои / показатели за да ви помогнат да идентификувате како биле испратени:

    Сино со икона : Пораката била испратена како шифрирана преку интернет.

    Слика 4: Шифрирана порака испратена преку мобилна податочна врска

    Зелено со икона : Пораката била испратена како шифрирана СМС-порака.

    Слика 5: Шифрирана СМС-порака

    Зелено: Пораката се испрати како небезбедна СМС-порака.

    Слика 6: Небезбедна СМС-порака

    Икона во вашата порака покажува дека истата била доставена. Забелешка: се појавува само стандардно кога пораките се испраќаат преку интернет, за да ги видите кога испраќате СМС треба да го овозможите SMS delivery report (Извештајот за испорака на СМС) во settings (Поставки).

    Пораките што ги добивате од вашиот контакт секогаш ќе бидат означени со сива боја. Доколку имаат икона , тие биле примени како шифрирани. Ако нема икона , пораката била примена на небезбеден начин.

    3.0.2 Испраќање пораки до групи

    TextSecure ви овозможува да испраќате пораки и до повеќе луѓе одеднаш.

    Забелешка: Ако најмалку едно од лицата до коишто испраќате порака не ја користи TextSecure, пораките ќе се испраќаат како MMS и нема да се шифрираат.

    Чекор 1: Допрете на во горниот десен агол на екранот за да се прикаже менито и изберете .

    Чекор 2: Внесете го името на вашата група за разговор и допрете за да ги додавате вашите контакти.

    Чекор 3: Допрете го полето десно од сите контакти за да ги додадете во групата и притиснете .

    Слика 7 и 8: Избирање контакти и креирање групи

    Чекор 4: Допрете за да го завршите создавањето на групата и да се вратите во главниот екран на TextSecure.

    Чекор 5: Допрете на групата што сте ја создале и започнете да испраќате пораки до групата.

    Слика 9: Групен разговор

    3.0.3 Испраќање датотеки

    TextSecure ви овозможува да испраќате слики, видео и аудиозаписи до вашите контакти.

    Чекор 1: Започнете разговор со лицето на коешто сакате да му ја испратите датотеката.

    Чекор 2: Допрете во горниот десен агол на екранот за да се прикаже менито и изберете .

    Чекор 3: Од списокот изберете го типот на датотека што сакате да ја испратите - Слика / Видео / Аудио

    Чекор 4: Изберете ја датотеката што сакате да ја испратите.

    Чекор 5: Потврдете дека датотеката што сакате да ја испратите е во прозорецот за составување пораки и притиснете за да ја испратите.

    Слика 10 & 11: Избирање тип датотека / Сликата е испратена до контактот

    3.1 Проверка на идентитетот

    За да потврдите дека пораките што ги испраќате и примате се кај вистинското лице, треба да меѓусебно да ги проверите вашите идентитети на TextSecure.

    3.1.1 Читање отпечатоци

    Двете страни ќе треба да ги извршат следниве чекори.

    Чекор 1: Отворете постоен разговор со вашиот контакт и допрете во горниот дел од екранот.

    Чекор 2: Допрете во паѓачкото мени.

    Чекор 3: Ќе добиете отпечаток од 66 знаци од вашиот идентитет на TextSecure и од идентитетот на вашите контакти. Тие треба да си ги прочитате меѓусебно и да проверите дали и двајцата ги имате истите отпечатоци еден за друг, или во живо или преку медиум за да потврдите визуелно или звучно со кого разговарате.

    Слика 12: Отпечатоци за TextSecure

    3.1.2 Скенирање отпечатоци

    Забелешка: За да ги проверите отпечатоците со скенирање, треба да имате Barcode Scanner (Скенер на баркодови) на вашиот телефон. Ако не е достапна на вашиот телефон кога скенирате, TextSecure ќе ја преземе и инсталира апликацијата за вас.

    Двете страни ќе треба да ги извршат следниве чекори.

    Чекор 1: Отворете постоен разговор со вашиот контакт и допрете во горниот дел на екранот.

    Чекор 2: Допрете од паѓачкото мени.

    Чекор 3: Ќе добиете отпечаток со 66 знаци од вашиот идентитет на TextSecure и од идентитетот на вашите контакти.

    Чекор 4 Допрете на двата телефона.

    Чекор 5: На вашиот телефон допрете а вашиот контакт треба да допре . Телефонот на вашиот контакт ќе прикаже QR-код, а вашиот телефон ќе го отвори Barcode Scanner (Скенер на баркодови).

    Чекор 6: Користете Barcode Scanner (Скенер на баркодови) на вашиот телефон за да го скенирате QR-кодот на вашиот контакт.

    Слика 13 и 14: QR-кодот на вашиот контакт / Скенер на баркодови

    Чекор 7: Откако QR-кодот ќе се скенира успешно, TextSecure ќе провери дали идентитетот е важечки.

    Слика 15: Идентитетот на TextSecure е проверен

    Чекор 8: Откако ќе го проверите идентитетот на TextSecure на вашиот идентитет, тој треба да ги повтори горенаведените чекори за да го провери вашиот идентитет.

    3.2 Извезување на пораките

    Забелешка: Иако TextSecure ви дозволува да ги извезувате пораките, пораката во датотеката за резервна копија нема да се шифрира и треба да преземете дополнителни чекори за да ја заштитите нејзината содржина.

    Чекор 1: Допрете во горниот десен агол на главниот екран на TextSecure за да се прикаже менито и изберете .

    Чекор 2: Во следниот екран ќе се отворат опциите за извезување, допрете .

    Чекор 3: Во екранот за извезување, допрете .

    Чекор 4: Потврдете дека сакате да ги извезете нешифрираните пораки во складот на вашиот телефон со допирање на .

    Чекор 5: TextSecure ќе потврди дека извезувањето завршило, прикажувајќи ја пораката . Во складот на телефонот ќе најдете датотека со назив Textsecure.xml што ги содржи вашите нешифрирани пораки.

    Слика 16 и 17: Екрани за извезување на TextSecure и за потврда на извезувањето