Thunderbird со Enigmail и GPG – клиент за безбедна електронска пошта

Содржина

...Loading Table of Contents...

    Mozilla Thunderbird е клиент за електронска пошта, со слободен софтвер со отворен код, кој се користи за примање, испраќање и чување на е-пораки. Enigmail и GnuPG ќе ви овозможат проверка на автентичноста, дигитални потписи и шифрирање, за да се обезбеди приватноста и безбедноста на вашата електронска комуникација.

    Почетна страница

    Системски барања

    • Сите верзии на Windows

    Верзии кои се користат во ова упатство

    • Thunderbird 31.0
    • Enigmail 1.7
    • GNU Privacy Guard (GnuPG) 1.4.18
    • TorBirdy 0.1.2

    Последна преработка на ова поглавје

    • септември 2014

    Лиценца

    • Слободен софтвер со отворен код

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете:

    • Можност да администрирате различни кориснички сметки на е-пошта со една единствена програма
    • Можност да читате и составувате пораки откако ќе се исклучите од интернет
    • Можност да користите криптографија со асиметричен (јавен) клуч за да ја задржите приватноста на вашата електронска пошта

    Други програми компатибилни со GNU Linux, Mac OS и Microsoft Windows:

    Клиентот за електронска пошта Mozilla Thunderbird е достапен за GNU Linux, Mac OS, Microsoft Windows и други оперативни системи. Администрирањето на неколку кориснички сметки на е-пошта е комплексна задача од дигитална гледна точка; притоа, се препорачува за оваа цел да го користите Mozilla Thunderbird. Предностите во однос на безбедноста со Thunderbird, програма со слободен и отворен код која работи на повеќе платформи, се дури и поважни Ако ги споредиме со неговите комерцијални еквиваленти како Microsoft Outlook. Меѓутоа, ако сакате да користите некоја друга програма наместо Mozilla Thunderbird, ги препорачуваме следните слободни алтернативни решенија со отворен код:

    • Claws Mail достапна за GNU Linux и Microsoft Windows;
    • Sylpheed достапна за GNU Linux, Mac OS и Microsoft Windows;
    • Alpine достапна за GNU Linux, Mac OS и Microsoft Windows.

    Забелешка: Иако препорачуваме да го користите Enigmail/GnuPG за да го олесните користењето со Thunderbird, вие сеуште можете да користите самостојни алатки за енкрипција како што се gpg4usb заедно со Thunderbird. Ве молиме прочитајте го делот gpg4usb за да криптирате вашата е-мејл адреса на друг начин користете ја методата за криптирање со јавен клуч.

    Преземање на Thunderbird, Enigmail и GnuPG

    • Прочитајте го краткиот вовед од Практичното упатство
    • Кликнете на иконата Thunderbird подолу за да ја отворите веб-страницата www.mozilla.com/thunderbird
    • Кликнете на врската за Free Download(Преземи бесплатно) за да ја зачувате датотеката за инсталација, пронајдете ја датотеката, а потоа кликнете два пати на неа
    • Кликнете на иконата Enigmail подолу за да ја отворите врската enigmail.net/download
    • *Десен клик на врската Download v1.7 за Thunderbird 31 и зачувајте го неговиот додаток на вашата работна површина (Desktop)
    • Кликнете на GnuPG иконата подолу за да ја отворите страницата за преземање ftp://ftp.gnupg.org/gcrypt/binary/
    • Лизгајте надолу додека ја најдете последната датотека со назив gnupg-w32cli-1.4.X.exe (пр. gnupg-w32cli-1.4.18.exe), и кликнете на неа за да ја зачувате датотеката за инсталација
    • Продолжете со делот 4.1 Thunderbird во ова упатство за да започнете со инсталација на Enigmail и GnuPG
    • *Кликнете на иконата TorBirdy подолу и преземете го додатокот на вашиот компјутер
    • По инсталацијата, можете да ги избришете сите програми за инсталација или додатоци, кои сте ги зачувале на компјутерот

    Thunderbird: Enigmail: GnuPG: TorBirdy:

    1.1 Нешта кои треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    Mozilla Thunderbird е клиент за електронска пошта, со слободен софтвер со отворен код, кој се користи за примање, испраќање и чување на е-пораки. Клиент за електронска пошта е компјутерска апликација која ви овозможува да ги преземате и администрирате вашите е-пораки без интернет-прелистувач. Можете да администрирате неколку кориснички сметки на е-пошта, користејќи само една програма. За да го користите Thunderbird мора веќе да имате постоечка корисничка сметка на е-пошта. Ако сакате, може да создадете и корисничка сметка на RiseUp.

    Enigmail е додаток развиен за Thunderbird. Им овозможува на корисниците да пристапат до функциите за проверка на автентичноста и шифрирање, кои ги овозможува GNU Privacy Guard (GnuPG).

    GnuPG е програма за криптографија со асиметричен (јавен) клуч, која се користи за генерирање и администрирање со паровите на клучеви кои ќе се користат за шифрирање и дешифрирање на пораките, со цел вашата електронска комуникација да е приватна и безбедна. GnuPG мора да се инсталира за Enigmail да функционира, како што ќе опишеме понатаму во ова поглавје.

    Како да го инсталирате Thunderbird

    Листа на делови на оваа страна:

    2.0 Како да го инсталирате Thunderbird

    За да започнете со инсталација Thunderbird, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на ; може да се појави дијалог-рамката Open File - Security Warning . Ако тоа се случи, кликнете на (Стартувај) за да го активирате прозорецот:

    Слика 1: Лентата која ги прикажува напредокот на отпакувањето

    Откако датотеките на Thunderbird fсе комплетно отпакувани, ќе се појави прозорецот Welcome to the Mozilla Thunderbird Setup Wizard(Добредојдовте во волшебникот за инсталација на Mozilla Thunderbird).

    Чекор 2. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот на Mozilla Thunderbird - Setup Type (Вид на инсталација).

    Чекор 3. Кликнете на на прозорецот Choose setup options (Одбери опции за поставки). Поставките се стандардни

    Чекор 4. Кликнете на (Следно) за да ги прифатите стандардните поставки и да го активирате прозорецот:

    Слика 2: Прозорецот Summary (Резиме) на Mozilla Thunderbir

    Чекор 5. Кликнете на (Инсталирај) за да започнете со процесот на инсталација. Ќе се појави прозорецот кој го прикажува напредокот на инсталацијата на Mozilla Thunderbird - Installing. Откако ќе биде комплетиран процесот на инсталација, ќе се појави прозорецот:

    Слика 3: Прозорецот за комплетирање на процесот на инсталација на Mozilla Thunderbird

    Чекор 6. Кликнете на (Заврши) за да го комплетирате процесот на инсталација.

    Совет: Thunderbird автоматски ќе стартува ако е избрано полето Launch Mozilla Thunderbird now (Стартувај го Mozilla Thunderbird сега) како што е прикажано на Слика 3 погоре. За да ја отворите програмата во иднина, два пати кликнете на иконата на Thunderbird на работната околина, или изберете > Programs (Програми) > Mozilla Thunderbird > Mozilla Thunderbird.

    2.1 Како да ги исклучите опциите за глобално пребарување и индексирање во Thunderbird

    Предупредување: Опциите Global Search (Глобално пребарување) and Indexer (Индексирање) во Thunderbird мора да бидат исклучени за неговото работење да биде на највисоко ниво. Во зависност од количината и големината на вашите е-пораки, може да ја намали брзината на вашиот систем, со постојаното и непотребно презапишување на информации на вашиот тврд диск. Како што вашиот диск станува сè пополн, така побавни ќе стануваат многу неповрзани системски операции.

    За да ги исклучите опциите Global Search (Глобално пребарување) и Indexer (Индексирање) треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете Tools (Алатки) > Options во конзолата Thunderbird за да го активирате прозорецот Options (Опции).

    Чекор 2. Кликнете на (Напредна конфигурација) за да ја активирате соодветната картичка на следниот начин:

    Слика 4: Прозорецот Options (Опции) ја прикажува картичката Advanced (Напредна конфигурација)

    Чекор 3. Кликнете на Enable Global Search (Глобално пребарување) и Indexer (Индексирање) полето за избор во делот за Advanced Configuration (Напредна конфигурација) за да ја исклучите оваа опција како што е прикажано подолу:

    Слика 5: Делот за Advanced Configuration (Напредна конфигурација)

    Откако успешно сте ја исклучиле оваа опција, подготвени сте да регистрирате корисничка сметка на е-пошта во Thunderbird.

    2.2 Како да регистрирате корисничка сметка за електронска пошта во Thunderbird

    Прозорецот за System Integration (Системска интеграција) ќе се појави на првата најава. Овој прозорец може да се постави на Користи Thunderbird како стандарден клиент за: Email. Алтернативно, можете да изберете * Прескокни интеграција *

    Чекор 1. На прозорецот Добредојдовте во Thunderbird кликнете на опцијата Прескокни го ова и користи го мојот постоечки е-мејл така што ќе го прикажи следниот екран:

    Слика 6: Добредојдовте во Thunderbird

    Чекор 2. Внесете го вашето име, адреса на е-пошта и лозинка во соодветните полиња за текст; кликнете на полето за да ја исклучите опцијата Remember my password (Запамети ја мојата лозинка) како на Слика 7 подолу.

    Слика 7: Прозорецот Mail Account Setup (Поставување на корисничката сметка за е-пошта)

    Чекор 3. Кликнете на (Продолжи) за да го активирате прозорецот:

    Слика 8: Прозорецот за поставките на корисничката сметка на е-пошта со вклучена опција за IMAP (далечински папки)

    IMAP и POP протоколи: Опис и употреба

    Интернет - протоколите за пристап до пораки (IMAP) и Post Office Protocol (POP) се два различни методи кои се користат за да се зачуваат и примаат е-пораките.

    • Internet Message Access Protocol (IMAP): Кога го користите протоколот IMAP сите ваши папки (вклучувајќи ги Inbox (Примени пораки), Drafts (Нацрт-пораки), Templates (Веќе-готови пораки), Sent (Испратени пораки), Trash (Ѓубре) и други) се наоѓаат на сервер за електронска пошта. Притоа, можете да пристапите до овие папки од друг компјутер. Сите пораки ќе се чуваат на серверот, и на почетокот на компјутерот ќе бидат преземени само насловите и насловните ленти (кои содржат информации како датумот и времето, темата на пораката, името на испраќачот, итн.) Целосните пораки ќе бидат преземени кога ќе ги отворите. Thunderbird може да се конфигурира да чува копии од пораките од сите или некои од папките на компјутерот, за да можете да работите со нив кога не сте приклучени на интернет (т.е. без да користите интернет врска). Во IMAP кога ги бришете пораките или папките, ги бришете и на вашиот личен компјутер и сервер.

    • Post Office Protocol version 3 (POP3): Кога го користите POP3 само папката Inbox (Примени пораки) е на серверот; сите други пораки се лоцирани само на вашиот личен компјутер; Можете да изберете помеѓу тоа да оставите пораки во папката Inbox (Примени пораки) на серверот откако сте ги презеле на компјутерот, или можете да ги избришете од серверот. Ако пристапите на вашата корисничка сметка на е-пошта од друг компјутер, ќе можете да ги видите само пораките во папката Inbox (Примени пораки) (нови пораки и стари пораки кои не сте ги избришале). Имајте на ум дека во зависност од конфигурацијата на серверот копиите од вашите испратени пораки може да се чуваат на серверот во папката Испратени. Вреди да проверите сами.

    Чекор 4. Кликнете на за да ја создадете вашата сметка, и да ја активирате конзолата на Thunderbird со прикажана корисничка сметка на е-пошта во страничната лента од лево на следниот начин:

    Слика 9: Главниот кориснички интерфејс на Mozilla Thunderbird ја прикажува новосоздадената корисничка сметка на Riseup

    Забелешка: За да додадете друга корисничка сметка на е-пошта, кликнете на Local Folders > Accounts > Create a new account: Email за да ја активирате Слика 7 во овој дел, и повторете ги од чекор 2 до чекор 4.

    Откако успешно сте ги регистрирале вашите кориснички сметки на е-пошта во Thunderbird,следниот пат кога ќе го отворите главниот кориснички интерфејс, ќе ви биде побарана вашата лозинка за секоја од корисничките сметки, како што е прикажано подолу:

    Слика 10: Прозорецот за лозинка за серверот на електронска пошта

    Забелешка: Иако функциите за запишување или „паметење“ на лозинки генерално не се препорачуваат од гледна точка на приватноста и безбедноста на интернет, Thunderbird ја поддржува опцијата Главна лозинка. Оваа функција ви овозможува да користите една лозинка за да ги заштитите сите лозинки за различните кориснички сметки, која се внесува за време на процесот на инсталација. За повеќе информации за оваа функција, погледнете во делот за 3.3 3.3 Како да ги конфигурирате картичките за безбедност во Thunderbird - картичката за лозинка.

    2.3 Како да регистрирате корисничка сметка за блогови, известувања за нови веб содржини и групи за новости

    За да создадете и регистрирате корисничка сметка за блогови, известувања за нови содржини и групи за новости, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете ја вашата сметка од левата страна и кликнете на Accounts (Сметки) > Feeds (Фидови) за да го активирате прозорецот Feed Account Wizard (Волшебник за сметки за фид) подолу:

    Слика 11: Прозорецот Feed Account Wizard (Волшебник за сметки за фид) - Account Name (Име на корисничка сметка)

    Чекор 2. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот:

    Слика 12: Прозорецот Account Wizard (Волшебник за корисничка сметка) – Congratulations (Честитки)

    Чекор 3. Кликнете на (Заврши) за да го комплетирате процесот на воспоставување на корисничка сметка и да се вратите на конзолата Thunderbird.

    Сега откако соодветно сте го конфигурирале Thunderbird за оптимална употреба, продолжете кон следната делот за Како да ги конфигурирате поставувањата за безбедност во Thunderbird.

    Како да ги конфигурирате поставувањата за безбедност во Thunderbird

    Листа на делови на оваа страница:

    3.0 Нешто повеќе за поставувањата за безбедност во Thunderbird

    Во контекст на Mozilla Thunderbird, безбедноста генерално се однесува на заштита на компјутерот од штетни и злонамерни електронски пораки. Некои од нив можеби се само комерцијални пораки, но други може да содржат шпионски софтвер и вируси. Постојат неколку поставки кои мора да се конфигурираат, исклучат или вклучат во склоп на Mozilla Thunderbird за да се зголеми неговата способност да го заштити вашиот систем од напади кои се пренесуваат преку е-пораки. Исто така од навистина суштинско значење e да имате инсталирано противзлонамерен софтвер и заштитен ѕид.

    За повеќе информации за спречување на штетни или злонамерни напади, погледнете во делот за Брошура со совети за употреба поглавје 1. 1. Како да го заштитите компјутерот од злонамерен софтвер и хакери за повеќе информации за алатките како Avast, Comodo Firewall и Spybot.

    3.1 Како да го исклучите окното за преглед во Thunderbird

    Конзолата на Thunderbird е поделена во три области: Левата странична лента ги прикажува папките за вашите кориснички сметки, десната страна прикажува листа на пораки, а долното окно прикажува преглед на избраната е-порака. Штом ќе се селектира некоја порака, прегледот автоматски се појавува.

    Забелешка:Ако некоја е-порака содржи одреден злонамерен софтвер, тогаш ова окно би можело да ја активира; затоа добра идеа е да ја исклучите оваа опција.

    Слика 1: Главниот кориснички интерфејс на Thunderbird

    За да го исклучите окното за преглед, направете го следниот чекор:

    Чекор 1. Кликнете на за да се прикаже Менито на Thunderbird и изберете Options (Опции) > Layout (Изглед) >Message Pane F8 (Окно за приказ на порака F8) за да ја исклучите на следниот начин:

    Слика 2: Менито Опции), со под-менито Layout (Изглед) и избрана опција за Message Pane (Окно за приказ на порака)

    Со ова ќе исчезне Oкното за приказ на пораките, и од овој момент ќе морате два пати да кликнете на е-порака за да ја прочитате нејзината содржина. Ако некоја е-порака се чини сомнителна (има неочекуван или нерелевантен наслов на темата, или доаѓа од непознат испраќач), сега можете истата да ја избришете без да мора да видите дел од нејзината содржина.

    3.2 Како да ја исклучите HTML функцијата во Thunderbird

    Thunderbird ви овозможува да го користите јазикот HyperText Markup Language (HTML)за да составувате и читате пораки. Ова ви овозможува да примате и испраќате пораки, во кои имате функции за форматирање на боите, фонтовите, буквите, итн. Меѓутоа, HTML е истиот јазик кој се користи за веб-страниците; прегледувањето на пораки со HTML формат, може да ве изложи на злонамерни е-пораки кои претставуваат подеднакво сериозна закана како некои веб-страници.

    За да ја исклучите опцијата за HTML форматирање, направете го следниот чекор:

    Чекор 1. Кликнете на за да се прикаже Менито Thunderbird и одберете Options (Опции) > View (Преглед) > Message Body As (Текст на пораката како) > Plain Text (Обичен текст) на следниот начин:

    Слика 3: Менито за преглед со подменито за содржината на пораката и избрана опција за едноставен текст

    3.3 Како да ги конфигурирате опциите за сигурност

    Thunderbird има два вградени филтри за несакани пораки кои можат да ви помогнат да одредите кои од пораките што ги добивате имаат комерцијален карактер. Стандардно овие два филтри се исклучени, така што вие морате да ги вклучите пред употреба. Дури и откако ги вклучите, и понатаму ќе добивате несакани е-пораки, но Thunderbird автоматски ќе ги сортира во папката со непотребна пошта Junk.

    Измамите со е-пораки – исто така наречени phishing е-пораки – вообичаено се обидуваат да ве натераат да кликнете на врска која е вградена во пораката. Најчесто овие врски го насочуваат вашиот прелистувач до веб страница која ќе се обиде да го зарази компјутерот со вирус. Во други случаи, врската ќе ве однесе на веб-страница која не е легитимна, за да ве измамат да го внесете вашето вистинско корисничко име и лозинка, која потоа може да се користат или се продаваат од страна на луѓе или субјекти за комерцијални или злонамерни цели.

    Thunderbird може да ви помогне да ги идентификувате и да ве предупреди за содржината на таквите е-пораки. Дополнителните алатки кои би можеле да ви помогнат да спречите инфекција од злонамерни веб-страници се опишани во делот за Други корисни додатоци на Mozilla во поглавјето за Firefox.

    Првата група на контроли за безбедност и несакани пораки се наоѓаат во прозорецот Options (Опции) – Security (Опции за безбедност) и поголемиот број од овие опции за приватност и безбедност можат да се конфигурираат од ова место. За да пристапите до нив, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете Menu (Мени) > Options (Опции) за да го активирате прозорецот со Options (Опции).

    Чекор 2. Кликнете на за да го активирате прозорецот:

    Слика 4: Прозорецот за Security (Безбедност) со неговите картички

    Картичка Junk (Непотребна е-пошта)

    Чекор 1. Изберете ги релевантните опции во картичката Junk (Непотребна е-пошта) како што е прикажано на Слика 4 погоре, за да му дозволите на Thunderbird да ги брише пораките кои сте ги одредиле како непотребни. Дополнителните поставки за непотребна е-пошта ќе бидат опишани понатаму во овој дел.

    Картичката за Email Scams (Измами со е-пораки)

    Чекор 1. Изберете ја опцијата Tell me if the message I'm reading is a suspected email scam (Извести ме ако пораката која ја читам наликува на несакана измама преку е-порака) за да му овозможите на Thunderbird да ги анализира пораките во потрага по измами, на следниот начин:

    Слика 5: Картичката за измами со е-пораки

    Картичката за Anti-Virus (Антиврус)

    Чекор 1. Кликнете на картичката Anti-Virus (Антивирус) за да го активирате прозорецот:

    Слика 6: Картичката Anti-Virus (Антивирус)

    Оваа опција му овозможува на вашиот анти-вирусен софтвер да ги скенира и изолира индивидуалните пораки додека пристигнуваат. Без ова поставување, можно е целата папка Inbox (Примени пораки) да биде ставена „под карантин“ ако примите заразна порака.

    Забелешка: Тука е претпоставено дека имате инсталирано функционална антивирусна програма. Погледнете во делот за Avast за повеќе информации за тоа како да инсталирате и конфигурирате антивирусен софтвер.

    Картичката Passwords (Лозинки)

    Чекор 2. Кликнете на картичката Passwords (Лозинки) за да го активирате прозорецот:

    Figure 7: The Passwords tab

    Важно: Се препорачува вашите лозинки да ги одржувате приватни и сигурни со софтвер кој е дизајниран конкретно за оваа цел; погледнете во делот за KeyPass за повеќе информации.

    Забелешка: Опциите во картичката за лозинки ќе функционираат само ако сте ја избрале опцијата за Password tab will only work if you checked the Remember password (Памети ја лозинката) првиот прозорец со Поставки на корисничката сметка на е-пошта кога сте ги регистрирале вашите кориснички сметки на е-пошта со Thunderbird.

    Чекор 1. Кликнете на за да го активирате прозорецот:

    Слика 8: Прозорецот со зачувани лозинки

    Прозорецот со Saved Passwords (Зачувани лозинки) ви овозможува да ги отстраните или прегледате сите соодветни лозинки за секоја од вашите кориснички сметки. Меѓутоа, за да ја максимизирате вашата приватност и безбедност, можете да поставите Главна лозинка за сите ваши лозинки од кориснички сметки да бидат недостапни за оние кои се запознаени со опциите за лозинки на Thunderbird.

    Чекор 3. Изберете ја опцијата Use a master password (Користи главна лозинка) како што е прикажано на Слика 7 за да го овозможите копчето Change Master Password...(Промени ја главната лозинка...).

    Чекор 4. Кликнете на tза да го активирате прозорецот:

    Слика 9: Прозорецот за промена на главната лозинка

    Чекор 5. Внесете соодветно тешка лозинка која само вие ќе ја паметите, а потоа кликнете на за да ја потврдите како ваша Главна лозинка.

    Картичката Web Content (Веб-содржини)

    Колаче „cookie“ е мало парче текст кое вашиот веб-прелистувач го користи за да идентификува или провери одредена веб-страница. Картичката Web Content (Веб-содржини) ви овозможува да специфицирате кои колачиња од кои блогови, известувања за нови содржини и групи за новости се доверливи и безбедни.

    Чекор 1. Кликнете на за да прикаже Web Content (Веб содржини) опциите како што следува:

    Слика 10: Картичката Privacy (Приватност)

    Чекор 2. Изберете ја ставката I close Thunderbird (Го затворам Thunderbird) во опцијата Keep until: (Задржи до) за да ги избришете колачињата секој пат кога ќе го затворите Thunderbird за дополнителна сигурност.

    3.4 Како да го овозможите филтерот за непотребната е-пошта во подесувањата на корисничката сметка

    Вториот тип на Thunderbird филтер на несакана пошта е достапен преку прозорецот Account Settings (Поставувања за кориснички сметки) - Junk Settings (Поставувања за несаканите пораки). Стандардно, овие филтри се исклучени, и така секогаш кога ќе сакате да ги користите, морате прво да ги вклучите. Секој пат кога ќе стасаат несакани е-пораки Thunderbird автоматски ќе ги подреди во папките за ѓубре на различните кориснички сметки.

    Чекор 1. Изберете Tools (Алатки) > Account Settings (Поставувања за кориснички сметки) за да го активирате прозорецот Account Settings (Поставувања за кориснички сметки).

    Чекор 2. Изберете ја опцијата Junk Settings (Поставувања за несаканите пораки) на конкретна корисничка сметка на Gmail или RiseUp од страничната лента.

    Чекор 3. Вклучете ја опцијата Junk Settings (Поставувања за несаканите пораки) така што вашиот прозорец за параметри за корисничката сметка – параметри за несакани пораки ќе изгледа на следниот начин:

    Слика 11: Прозорецот Account Settings (Поставувања за кориснички сметки) – Junk Settings (Поставувања за несаканите пораки)

    Чекор 4. Кликнете на за да ја комплетирате конфигурацијата на прозорецот Account Settings (Поставувања за кориснички сметки).

    Забелешка: Опциите Junk Settings (Поставувања за несаканите пораки) мора да се конфигурираат посебно за секоја корисничка сметка. Како такви, несаканите е-пораки за корисничка сметка на Gmail или RiseUp ќе бидат сместени во папката Deleted (Избришани пораки). Како алтернатива можете да одредите во која Локална папка ќе се префрлаат несаканите пораки од сите кориснички сметки.

    Слика 12: Прозорецот Account Settings (Поставувања за кориснички сметки) -– Junk Settings (Поставувања за несаканите пораки), со поставувањата на една централна папка за несакани пораки/ѓубре

    Чекор 1. Изберете ја опцијата Junk Settings (Поставувања за несаканите пораки) директно под ставката Local Folders (Локални папки) на страничната лента.

    Чекор 2. Изберете ја ставката Local Folders (Локални папки) од паѓачката листа на ""Junk" folder on:(Папката за несакани пораки на:) како што е прикажано на Слика 13.

    Чекор 3. Кликнете на за да ја комплетирате конфигурацијата во прозорецот Account Settings (Поставувања за кориснички сметки).

    Сега кога успешно ги конфигуриравте сортираните опции за безбедност и параметри за несакана пошта во Thunderbird, , продолжете кон следниот дел, Како да го користите Enigmail со GnuPG во Thunderbird.

    Како да го користите Enigmail со GnuPG во Thunderbird

    Листа на делови на оваа страна:

    4.0 Преглед на Enigmail, GnuPG и приватна криптографија со асиметричен (јавен) клуч

    Enigmail е додаток за Mozilla Thunderbird кој ви овозможува да ја заштитите приватноста на вашата електронска комуникација. Enigmail е само интерфејс кој ви дозволува да ја користите GnuPG програмата за шифрирање од Thunderbird. Интерфејсот на Engimail е претставен како Enigmail во лентата со алатки на конзолата на Thunderbird.

    Engimail е базиран на криптографија со асиметричен (јавен) клуч. Во овој метод, секој поединец мора да создаде свој сопствен пар клучеви. Првиот клуч е познат како приватен клуч. Заштитен е со лозинка или тајна фраза, се чува на безбедно место и никогаш не се споделува со никого.

    Вториот клуч е познат како јавниот клуч. Овој клуч може да се сподели со кој било од вашите соговорници. Откако ќе го добиете јавниот клуч на вашиот соговорник можете да за почнете да испраќате шифрирани е-пораки до оваа личност. Само таа/тој ќе може да ги дешифрира и прочита вашите пораки, бидејќи тој/таа е единствената личност која има пристап до соодветниот приватен клуч.

    Исто така, ако испратите копија на вашиот личен јавен клуч до вашите контакти, и во тајност го чувате соодветниот приватен клуч, само вие ќе можете да ги читате шифрираните пораки од тие контакти.

    Enigmail исто така ви дозволува да прикачувате дигитални потписи на вашите пораки. Примателот на вашата порака, кој има вистинска копија од вашиот јавен клуч ќе биде во можност да потврди дека е-пораката доаѓа од вас, и дека нејзината содржина не е изменета од трето лице. Исто така, Ако вие го имате јавниот клуч на вашиот соговорник, можете да го проверите дигиталниот потпис на неговите пораки.

    4.1 Како да ги инсталирате Enigmail и GnuPG

    Погледнете во делот за преземање за инструкции за тоа како да ги преземете Enigmail и GnuPG.

    4.1.1 Како да го инсталирате GnuPG

    Инсталацијата на GnuPG е навистина едноставна и се одвива како сите други инсталации на софтвер како и до сега и може да се направи со следење на следните чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на за да започнете со процесот на инсталација. Може да се појави дијалог-рамката Open File - Security Warning. Ако тоа се случи, кликнете на (Стартувај) за да го активирате прозорецот:

    Слика 1: GNU Privacy Guard Setup Wizard (Волшебник за инсталација на GNU Privacy Guard)

    Чекор 2. Кликнете на за да го активирате прозорецот GNU Privacy Guard Setup (Инсталација на GNU Privacy Guard) - License Agreement (Договор за лиценца); и откако ќе го прочитате, кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот GNU Privacy Guard Setup (Инсталација на GNU Privacy Guard) за Choose Components (Избор на компоненти).

    Чекор 3. Кликнете на (Следно) за да ги прифатите стандардните поставувања и да го активирате прозорецот GNU Privacy Guard Setup (Инсталација на GNU Privacy Guard) - Install Options (Опции за инсталација) - GnuPG Language Selection (Избор на јазик за GnuPG).

    Чекор 4. Кликнете на (Следно) за да го прифатите en-English (англиски)како стандардниот јазик, и да го активирате прозорецот Choose Install Location (Избор на локација за инсталација).

    Чекор 5. Кликнете на (Инсталирај) за да ја прифатите стандардната патека на инсталација и да го активирате прозорецот Choose Start Menu Folder (Избор на папка од менито Start).

    Чекор 6. Кликнете на (Инсталирај) за да започнете да ги отпакувате и инсталирате различните GnuPG пакети. По завршувањето на овој процес ќе се појави прозорецот за Завршена инсталација.

    Step 7. Кликнете на (Следно) а потоа на (Заврши) за да ја комплетирате инсталацијата на GnuPG програмата.

    4.1.2 Како да го инсталирате додатокот Enigmail

    Откако успешно ќе го инсталирате софтверот GnuPG, подготвени сте да го инсталирате додатокот Enigmail.

    За да започнете со инсталација на Enigmail, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Отворете го Thunderbird, а потоа кликнете на за да се појави Thunderbird менито и изберете додатоци за да го активирате прозорецот Управување со додатоци.

    Step 2. Кликнете на од левата страна - Ако Enigmail додатокот се уште не е детектиран, ќе видите порака Вие немате инсталирано додатоци од овој тип

    Чекор 3. Доколку Enigmail додатокот се појави во главниот панел на Додатоци кликнете на . Доколку не се појави, кликнете на и одберете Инсталирај Додаток од датотеката како што е прикажано подолу:

    Слика 3: Мени Алатки за сите Додатоци

    Чекор 4. Отворете го фолдерот каде што ги зачувавте Enigmail надградбите (најверојатно во папката за Превземања) како што е прикажано во екранот подолу:

    Слика 4: Прозорецот Select an extension to install (Избете надградба за инсталација)

    Чекор 5. Кликнете на (Отвори) за да го активирате прозорецот:

    Слика 5: Прозорецот за инсталација на софтвер

    Важно: Пред да го изведете чекор 6, осигурите се дека е зачувана вашата досегашна работа на интернет!

    Чекор 6. Кликнете на Инсталирај сега) а потоа кликнете на (Повторно стартувај) за да ја комплетирате инсталацијата на додатокот Enigmail.

    За да проверите дали вашата инсталација на додатокот Enigmail била успешна, вратете се на главниот кориснички интерфејс на Thunderbird, кликнете на и проверете дали Enigmail се појавува како опција, како што следи:

    Слика 6: Лентата со алатки на Thunderbird со означен Enigmail

    4.1.3 Како да потврдите дека функционираат додатоците Enigmail и GnuPG

    Пред да започнете да ги користите Enigmail и GnuPG да ја проверите автентичноста и да ги шифрирате вашите е-пораки, мора прво да бидете сигурни дека постои комуникација меѓу двете.

    Чекор 1. Изберете ја патеката Enigmail > Preferences (Параметри) за да го прикажете прозорецот Enigmail Preferences (Параметри) на следниот начин:

    Слика 7: Прозорецот со параметри за Enigmail

    Ако успешно сте го инсталирале GnuPG, ќе биде видлива во делот за Files and Directories (Датотеки и директориуми); Ако не е така, може да добиете известување во скок-прозорец:

    Слика 8: Скок-прозорецот со порака за Enigmail

    Совет: Ако сте ја добиле оваа порака, може да значи дека не го имате инсталирано или сте го инсталирале GnuPG на различна локација. Доколку сте го инсталирале GnuPG на различна локација, Изберете ја опцијата Override with (Заменете ја со) за да го вклучите копчето Browse... (Пребарај...), а потоа кликнете на за да го активирате прозорецот* Locate GnuPG program (Пронајди ја програмата GnuPG)* и рачно пронајдете ја локацијата на датотеката gpg.exe на компјутерот, инаку вратете се назад во делот 4.1 Како да ги инсталирате Enigmail и GnuPG.

    Чекор 2. Кликнете на за да се вратите на конзолата на Thunderbird.

    4.2 Како да создадете парови клучеви и да го конфигурирате Enigmail да работи со вашите кориснички сметки на е-пошта

    Откако сте потврдиле дека Enigmail и GnuPG работат правилно, можете да конфигурирате една или повеќе кориснички сметки на е-пошта и да го искористите Enigmail за да созадете еден или повеќе парови на приватен/јавен клуч.

    4.2.1 Како да го користите волшебникот на Enigmail да генерирате пар на клучеви

    Engimail ви овозможува два начини на генерирање на пар приватен-јавен клуч; првиот го користи Enigmail Setup Wizard (Волшебникот за поставување на Enigmail) и вториот го користи прозорецот Key Management (Управување со клучевите).

    За да создадете пар клучеви кога прв пат го користите Enigmail Setup Wizard (Волшебникот за поставување на Enigmail), треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Доколку прозорецот Setup Wizard (Волшебникот за поставување) не е активиран изберете Enigmail > Setup Wizard за да го отворите прозорецот Enigmail Setup Wizard (Волшебникот за поставување на Enigmail) на следниот начин:

    Слика 9: Почетен екран на прозорецот Enigmail Setup Wizard (Волшебникот за поставување на Enigmail)

    Чекор 2. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот. Забелешка - овој прозорец ќе се појави доколку поставите клучни парирања за друга сметка

    Слика 10: Прозорецот Select Identities(Избор на идентитети)

    Чекор 3. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот:

    Слика 11: Прозорец Digitally Sign Your Outgoing Emails (Дигитално потпишете ги излезните е-пораки)

    Чекор 4. Кликнете на за да го активирате прозорецот:

    Слика 12: Прозорец Encrypt Your Outgoing Emails (Шифрирај ги појдовните е-пораки)

    Чекор 5. Кликнете на за да го активирате прозорецот:

    Слика 13: Поставувања – Изменете ги поставувањата на е-пошта за да го подобрите работењето на Enigmail

    Чекор 6. Кликнете на за да го активирате прозорецот Create Key - Create A Key To Sign (Создај клуч за потпишување) и Encrypt Email (Шифрирање на е-пораките).

    Забелешка: Првиот пат кога ќе се обидете да создадете клуч за е-мејл сметка, екранот No OpenPGP Key Found (не е пронајден OpenPGP клучот) ќе се појави.

    Чекор 7. Изберете сакам да се создадам нов пар клучеви за најавување и шифрирање на мојот е-маил

    Чекор 8. Внесете силна лозинка во двете полиња за лозинка

    Слика 15: Прозорците Create Key (Создај клуч) - Create a Key To Sign (Создај клуч за потпишување) и прозорецот Encrypt Email (Шифрирање на е-пораките)

    Чекор 9. Кликнете на за да го активирате прозорецот Summary, кој во суштина ги рефлектира поставувањата кои сте ги одредиле за време на создавањето на паровите клучеви.

    Чекор 10. Кликнете на за да го стартувате создавањето на паровите клучеви, како што е прикажано во следниот екран:

    Слика 16: Генерирање на клучеви – прозорецот Вашите клучеви сега се генерираат

    Забелешка: Секој пар клучеви генерирани автоматски со Enigmail Setup Wizard (Волшебникот за поставување на Enigmail) се базирани на 4096-битна структура, и имаат рок на траење од 5 години.

    Чекор 11. Откако клучот ќе биде генериран, ќе биде побарано да се создаде сертификат за отповикување. Кликнете на како што е прикажано во следниот екран:

    Слика 17: Потврда на Enigmail

    Забелешка: Ако знаете дека непријателски или злонамерни лица имаат добиено неовластен пристап до вашиот приватен клуч или немате пристап до овој клуч, вие може да испратите сертификат за отповикување до вашите контакти за да ги известите дека не треба да го користат вашиот соодветен јавен клуч. Имајте на ум дека можеби ќе треба да го направите ова, ако вашиот компјутер е изгубен, украден или конфискуван. Се препорачува да го зачувате и да го заштитите вашиот сертификат за отповикување.

    Чекор 12. Ќе ви биде побарано да ја внесете лозинката со која сте поврзани со вашите новосоздадени клучеви. Потоа одете на локацијата каде може да го зачувате сертификатот безбедно и кликнете на следниот екран:

    Слика 18: Креирај & Зачувај сертификат за отповикување

    Чекор 13. Кликнете на за да се заврши генерирањето на парот клучеви и сертификатот за отповикување.

    4.2.2 Како да создадете дополнителни парови на клучеви и сертификати за отповикување за друга корисничка сметка за е-пошта

    Стандардна практика е да имате посебни парови клучеви за секоја сметка на електронска пошта. Можно е користење на истиот пар клучеви за секоја е-мејл сметка, но може да биде збунувачки за вашите контакти. Можно е да додадете повеќе од една е-мејл сметка на еден пар клучеви (не го дискутираме тоа во ова поглавје) што носи некои употребливи предности, но, исто така, ги поврзува сите овие е-мејл сметки со еден човек кое може да биде непожелно.

    Следете ги чекорите подолу, ако сакате да се генерираат дополнителни парови на клучеви за други е-мејл сметки.

    Чекор 1. Изберете ја патеката Enigmail > Key Management (Управување со клучевите) за да го активирате прозорецот:

    Слика 19: Менито на Enigmail за генерирање на клучеви, и избрана ставка New Key Pair (Нов пар клучеви)

    Забелешка: Изберете ја опцијата Display All Keys by Default (Секогаш покажувај ги сите клучеви) за да го видите парот на клучеви генериран со употреба на OpenPGP Setup Wizard (Волшебникот за поставување на OpenPGP) за вашата прва корисничка сметка, како што е прикажано на Слика 19 погоре и Слика 23 подолу.

    Чекор 2. Изберете ја патеката Generate (Генерирај) > New Key Pair (Нов пар на клучеви) од прозорецот Key Management (Управување со клучевите) како што е прикажано на Слика 19 погоре, за да го активирате прозорецот:

    Слика 20: Прозорецот Generate OpenPGP Key screen (Создај клучеви со OpenPGP)

    Чекор 3. Изберете корисничка сметка на е-пошта од паѓачката листа Account / User ID (Корисничка сметка/Кориснички идентитет) и изберете ја опцијата Use generated key for the selected identity (Користи генериран клуч за избраниот идентитет). Потоа создајте тајна фраза за да го заштитите вашиот приватен клуч.

    Забелешка: Како што може да се заклучи од самото име, тајната фраза е само една подолга лозинка. Enigmail ве поттикнува да внесете лозинка која е подолга и побезбедна од стандардните лозинки.

    Важно: Секогаш создавајте парови на клучеви со тајна фраза и никогаш не ја вклучувајте опцијата „no passphrase“ (без лозинка).

    Слика 21: Прозорецот Generate OpenPGP Key (Генеритај OpenPGP клуч), со картичката - Key Expiry (Рок на траење на клучот)

    Забелешка: Времетраењето на валидноста на пар клучеви зависи најмногу од вашите потреби во однос на приватноста и безбедноста; колку почесто ги менувате вашите парови на клучеви, толку потешко е да се компромитира новиот пар клучеви. Меѓутоа, секој пат кога ќе смените некој пар клучеви, ќе морате да го испратите на вашите соговорници и да го потврдите со секој од нив.

    Чекор 4. Внесете го соодветниот број, а потоа изберете ја посакуваната единица на време (денови, месеци или години) за кои парот клучеви ќе остане валиден.

    Чекор 5. Кликнете на за да го активирате Enigmail прозорецот за потврдување.

    Чекор 6. Ќе биде побарано да се генерира сертификат како што е прикажано на слика 17.

    Чекор 7. Кликнете на tза да го активирате прозорецот за навигација Create & Save Revocation Certificate (Создај и зачувај сертификат за повраќање).

    Забелешка: Ако знаете дека некој непријателски или злонамерен субјект добил неовластен пристап до вашиот јавен клуч, или пак вие сте изгубиле пристап до овој клуч, можете да го испратите сертификатот за отповикување до вашиот контакт, за да ги известите да не го користат вашиот соодветен јавен клуч. Имајте на ум дека ќе мора да го направите ова ако компјутерот е изгубен, украден или одземен. Ве советуваме да направите резервни копии и да ги заштитите вашите сертификати за отповикување.

    Чекор 8. Пребарајте на безбедно место за да ги зачувате сертификатите како што е прикажано во екранот подолу и кликнете на . Тогаш треба да внесете лозинка која ќе се поврзува со вашиот новосоздаден клуч.

    Слика 22: Креирај и Зачувај сертификат за отповикување

    Чекор 9. Кликнете на tза да го завршите создавањето на парот клучеви и сертификатот за отповикување и да се вратите на прозорецот:

    Слика 23: Прозорецот на Enigmail за Key Management (Управување со клучевите)

    Забелешка: Изберете ја опцијата Display All Keys by Default (Секогаш прикажувај ги сите клучеви) за да ги прикажете сите парови на клучеви и нивните кориснички сметки, ако сте комплетно сами во безбедна околина.

    Откако успешно сте создале пар клучеви и соодветни сертификати за отповикување, сега сте подготвени да ги размените јавните клучеви со соговорникот кому му верувате.

    4.2.3 Како да го конфигурирате Enigmail за употреба со вашата корисничка сметка на е-пошта

    За да го конфигурирате Enigmail за употреба со некоја конкретна корисничка сметка на е-пошта, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Кликнете на за да се прикаже Менито Thunderbird и изберете Options (Опции) > Account Settings (Поставувања за кориснички сметки).

    Чекор 2. Изберете ја ставката OpenPGP Security (Безбедност на OpenPGP) од страничната лента како што следи:

    Слика 24: Прозорецот Подесувања на сметка - OpenPGP Security (Безбедност на OpenPGP)

    Чекор 3. Изберете ја Enable OpenPGP support (Овозможи поддршка на OpenPGP) и изберете ја опцијата Use email address of this identity to identify OpenPGP key (Користи ја адресата на е-пошта на овој OpenPGP клуч).

    Чекор 4. Кликнете на за да се вратите на конзолата Thunderbird.

    4.3 Како да ги размените асиметричните (јавни) клучеви

    Пред да започнете испраќање на шифрирани е-пораки еден на друг, вие и вашите дописници морате да ги размените јавните клучеви. Исто така мора да ја потврдите валидноста на секој клуч кој ќе го прифатите, дека тој навистина припаѓа на наводниот испраќач.

    4.3.1 Како да испратите јавен клуч користејќи го Enigmail

    За да испратите јавен клуч користејќи гo Enigmail и вие и вашиот соговорник треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Отворете го Thunderbird а потоа кликнете на за да напишете нова порака.

    Чекор 2. Изберете ја опцијата од менито Enigmail > Attach My Public Key (Приложи го мојот јавен клуч).

    Забелешка: Во овој метод, окното Attachments: (Прилози) не се прикажува веднаш, туку ќе се појави штом ќе ја испратите пораката.

    Ако би сакале да испратите некој друг јавен клуч, изберете ја опцијата од менито Enigmail > Attach Public Key...(Приложи го јавниот клуч) а потоа изберете го клучот кој би сакале да го испратите.

    Слика 25: Окното за пишување на пораки го прикажува приложениот јавен клуч на окното Attachments (Прилози).

    Чекор 3. Кликнете на (Испрати) за да ја испратите вашата порака со приложениот јавен клуч.

    4.3.2 Како да внесете јавен клуч со Enigmail

    И вашиот соговорник и вие треба да ги направите истите чекори кога ги внесувате меѓусебните јавни клучеви.

    Чекор 1. Изберете и отворете ја е-пораката која го содржи јавниот клуч на вашиот соговорник. Прилогот ќе се прикаже слично на следново:

    Чекор 2. Кликнете на на приложената датотека погоре . Enigmail ќе ја детектира порака која содржи јавен клуч и ќе ве прашува за увоз на клуч како што следува:

    Слика 26: Enigmail Потврда за Увоз на јавен клуч

    Чекор 3. Кликнете на за да го внесете јавниот клуч на вашиот соговорник.

    Откако успешно сте го внеле јавниот клуч, ќе се појави следната порака:

    Слика 27: Прозорецот на Enigmail го прикажува јавниот клуч на вашиот соговорник

    За да потврдите дека сте го добиле јавниот клуч на вашиот соговорник, направете го следниот чекор:

    Чекор 1. Изберете ја патеката Enigmail > Key Management (Управување со клучевите) за да го прикажете прозорецот на Enigmail Key Management (Управување со клучевите) на следниот начин:

    Слика 28: Прозорецот на Enigmail Key Management (Управување со клучевите)со ново внесениот јавен клуч

    Имајте на ум дека опцијата Display All Keys by Default (Прикачи ги сите клучеви стандардно) треба да биде селектирана за да може да ги гледате клучевите

    4.4 Како да ја проверите автентичноста и потпишете пар на клучеви

    На крајот морате да потврдите дека внесениот клуч навистина припаѓа на личноста која наводно го испратила, а потоа да ја потврдите неговата „валидност“. Ова е важен чекор кој вие и вашите контакти треба да го следите за секој јавен клуч кој ќе го добиете.

    4.4.1 Како да проверите пар на клучеви

    Чекор 1. Контактирајте со вашиот соговорник преку некој друг медиум за комуникација. Можете да користите телефон, СМС пораки, Voice over Internet Protocol (VoIP) или било кој друг метод, но мора да сте апсолутно сигурни дека навистина зборувате со правилната личност. Поради оваа причина е најдобро да го пренесете клучот преку телефонски разговор или средба во живо, ако тоа ви се вклопува во распоредот и можете безбедно да ги договорите.

    Чекор 2. Вие и вашиот соговорник треба да ги потврдите „отпечатоците“ на јавните клучови кои сте ги размениле. Еден отпечаток е уникатна серија на броеви и букви, која го идентификува секој од клучевите. Можете да го користите прозорецот на Enigmail Key Management (Управување со клучевите) за да го видите отпечатокот на паровите клучеви кои сте ги создале и јавните клучеви кои сте ги внеле.

    За да го видите отпечатокот на конкретен пар клучеви, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Изберете Enigmail > Key Management (Управување со клучевите) а потоа со десен клик на некој од клучевите, активирајте го скок-менито:

    Слика 29: Менито за Key Management (Управување со клучевите) Enigmail со избрана ставка Key Properties (Својства на клучевите)

    Чекор 2. Изберете ја ставката Key Properties (Својства на клучевите) за да го активирате прозорецот:

    Слика 30: Прозорецот Key Properties (Својства на клучевите)

    Вашиот соговорник треба да ги повтори истите чекори. Потврдете си еден на друг дека отпечатоците од клучевите кои сте ги размениле се поклопуваат со оригиналот на испраќачот. Ако не се поклопуваат, повторно разменете ги вашите јавни клучеви и повторете го процесот на валидација.

    Забелешка: Самиот отпечаток не е тајна и може да биде зачуван за понатамошна верификација ако имате потреба од тоа.

    4.4.2 Како да потпишете валиден јавен клуч

    Откако сте утврдиле дека клучот на даден соговорник се поклопува со вашиот, истиот морате да го потпишете, за да потврдите дека овој клуч го сметате за валиден.

    Клучевите за потпишување може да ја изложи врската помеѓу вас и вашиот соговорник кога ќе испратите потпишан клуч на некој друг или извезете до серверот за клучеви. За да се спречи тоа секогаш изберете ја опцијата подолу Локален потпис

    За да потпишете правилно проверен јавен клуч, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Одберете Enigmail > Key Management (Управување со клучевите) за да го отворите прозорецот Key Management (Управување со клучевите).

    Чекор 2. Со десен клик на јавниот клуч на вашиот соговорник од прозорецот Key Management (Управување со клучевите) (погледни ја сликата 29 погоре) и и одберете ја ставката Sign Key од менито за да го активирате прозорецот:

    Слика 31: Прозорецот за потпишување на клуч во Enigmail

    Чекор 3. Изберете ја опцијата I have done very careful checking (Внимателно проверив), селектирајте Локален потпис (не можат да се извезуваат), а потоа кликнете на за да го комплетирате потпишувањето на јавниот клуч на вашиот соговорник. Може да ви биде побарано да внесете лозинка на вашиот приватен клуч.

    4.4.3 Како да ги администрирате вашите парови клучеви

    Прозорецот Enigmail Key Management (Управување со клучевите) се користи за создавање, проверка и потпишување на различни парови клучеви. Меѓутоа, можете да изведувате други задачи кои се поврзани со управување на клучевите, меѓу кои спаѓаат (погледнете ја слика 29 погоре):

    • Manage User IDs (Уреди ги корисничките називи) Оваа ставка ви дозволува да поврзувате повеќе од една адреса на е-пошта со единствен пар клучеви.
    • Change Expiration Date (Промена на датумот на истекување) ви овозможува да го промените рокот на траење на вашиот пар клучеви.
    • Change Passphrase (Смени ја тајната фраза) Оваа ставка ви овозможува да ја смените тајната фраза што го штити вашиот пар клучеви.
    • Generate & Save Revocation Certificate (Генерирај и зачувај го сертификатот за отповикување) Оваа ставка ви овозможува да создадете нов сертификат за отповикување, ако сте го изгубиле оној кој сте го создале претходно.

    4.5 Како да шифрирате и дешифрирате е-пораки

    Важно: Насловот на секоја е-порака. т.е. нејзината Subject (Тема) и наменети примачи (вклучувајќи ги сите информации во полињата To, CC и BCC - не може да се шифрира и ќе биде испратен како отворен текст. За да ја осигурите приватноста и безбедноста на вашите е-пораки, темата или насловот на вашата порака треба да не опишува или открива чувствителни информации. Покрај ова силно се советува да ги ставите сите адреси во полето BCC кога праќате пораки до групи луѓе.

    Кога шифрирате е-пораки со прилози, се препорачува да се користи опцијата PGP/MIME, бидејќи со неа шифрирањето ќе ги опфати сите датотеки приложени со вашата порака.

    Note that any encrypted email you send with Thunderbird/Enigmail/GnuPG is automatically encrypted to your key along with the chosen recipients of this email, so you are able to decrypt emails in your sent folder.

    4.5.1 Како да шифрирате порака

    Штом вие и вашиот соговорник успешно сте ги внеле, провериле и потпишале меѓусебните јавни клучеви, подготвени сте да започнете да испраќате шифрирани пораки и да ги дешифрирате оние кои сте ги добиле. За да ја шифрирате содржината на вашата е-порака до вашиот утврден соговорник, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Отворете го Thunderbird и кликнете на за да започнете со пишувањето на порака.

    Чекор 2. За да ја шифрирате пораката кликнете на Enigmail -> Пораката нема да биде шифрирана и одберете Присилно Шифрирање како што е прикажано во следниот приказ:

    Слика 33:Опција за присилно шифрирање

    Чекор 3. За да ја потпишете пораката кликнете Enigmail -> Пораката нема да биде потпишана и одберете Присилно потпишување

    Забелешка: За да потврдите дека вашата порака ќе биде шифрирана и потпишана, осигурујте се дека следните две икони ќе се појават како означени на долниот десен агол од окното со пораки, како што следи:

    Слика 34: Овозможено Шифрирање и потпис

    Чекор 4. Кликнете на за да ја испратите пораката. Ќе бидете прашани да ја вметнете лозинката за да го користите вашиот личен клуч за потпис на пораката.

    Опционален чекор 5. Доколку прикачувате датотека на вашата порака, можеби ќе треба да ја изберете опцијата Шифрирај / потпиши порака како целина и да ја испратите со користење на PGP / MIME и кликнете на копчето Во ред, во следниот екран:

    Слика 35: Enigmail бара од вас

    Забелешка: Кога ќе го криптирате секој прилог одделно (втора опција во Слика 35 погоре) имињата на прикачените датотеки не се енкриптирани и се испраќаат како чист текст! Ова може да резултира во протекување на чувствителни информации! Користење на PGP / MIME гарантира дека сите е-мејл текстови, прикачени датотеки и нивните имиња се шифрираани и скриени.

    4.5.2 Како да дешифрирате порака

    Кога ќе примите и отворите шифрирана порака, Enigmail/OpenPGP автоматски ќе се обиде да ја дешифрира истата откако ќе ја примите. Ова ќе го активира прозорецот:

    Слика 36: Барањето „Please type in your OpenPGP passphrase or your SmartCard PIN“ (Внесете вашата тајна фраза или ПИН на паметна картичка)

    Чекор 1. Внесете ја вашата тајна фраза како што е прикажано погоре.

    Откако сте ја внеле вашата тајна фраза за приватниот клуч, пораката ќе се дешифрира и прикаже на следниот начин:

    Слика 37: Ново дешифрираната порака во окното со пораки.

    Сега успешно ја дешифриравте оваа порака. Со повторување на чекорите опишани во делот за 4.5 Како да шифрирате и дешифрирате е-пораки, секој пат кога вие и вашиот соговорник ќе размените пораки, можете да имате приватен, проверен канал за комуникација, без разлика кој се обидува да ја набљудува вашата размена на пораки.

    4.5.3 Extending Security Options (Опции за Проширување на безбедност)

    Кога го користите Enigmail и GnuPG за да ја обезбедите вашата приватност затоа е многу важно да се осигурате дека секој е-мејл кој го испраќате е криптиран. Ова особено вклучува одговори на енкриптирани пораки, нацрти на е-мејл пораки кои сакате да ги криптирате и цитати од претходно енкриптирани пораки.

    Секогаш вклучете шифрирање (како во делот погоре 4.5.1 Како да криптирате порака) пред да почнете да пишувате. На овој начин можете да се осигурате дека нацртите на пораките ќе бидат напишани само на серверот за електронска пошта во шифрирана форма.

    Ние, исто така препорачуваме да го конфигурирате Enigmail да ве предупредува пред да испратите енкриптирани е-мејл пораки. Чекорите подолу покажат како да го направите ова:

    Чекор 1. Кликнете на Enigmail > мени со Параметри и изберете ја картичката за испраќање.

    Чекор 2. Одберете Потврди пред испраќање - Ако е енкриптирано и кликнете OK

    Слика 38: Enigmail Параметри – Потврди пред испраќање

    За секој шифриран е-мејл кој го испраќате ќе бидете предупредени дека е-мејл пораката ќе биде пратена нешифрирана како што е прикажано подолу. Доколку се обидете да испратите шифрирана порака, кликнете Откажи и следете ги чекорите во делот 4.5.1. погоре.

    Слика 39: Enigmail потврда

    Имајте на ум дека Наслов, До, СС (копија) и ВСС (скриена копија) полињата не се никогаш шифрирани.

    Пренослива верзија наThunderbird со GPG и Enigmail

    5.1 Разлики меѓу инсталираната и преносливата верзија на Thunderbird

    Главната придобивка на користењето на Преносливата верзија на Thunderbird е тоа што можете да чувате локални копии на вашите е-пораки на преносен уред или УСБ-меморија. Покрај ова, и самата Пренослива верзија на програмата Thunderbird, како и сите локални копии на вашите пораки, можат да се скријат во шифрирана партиција на TrueCrypt. Така ја подобрувате безбедноста на вашите кориснички сметки на е-пошта и адреси кои ги користите. Меѓутоа, имајте на ум дека вашиот надворешен уред или УСБ-меморија и преносливи алатки се подеднакво безбедни како и компјутерот што го користите и може да ризикувате да бидете изложени на рекламен софтвер, злонамерен софтвер, шпионски софтвер и вируси.

    Забелешка: За да ја одржите приватноста и безбедноста на вашата електронска комуникација, се препорачува да ја преземете и отпакувате и преносливата верзија на GnuPG - GnuPG Пренослива верзија на– како што е објаснето на крајот од оваа страница.

    5.2 Како да ја преземете и отпакувате преносливата верзија Thunderbird

    Чекор 1. Кликнете на http://portableapps.com/apps/internet/Thunderbird_portable за да бидете пренасочени кон соодветната веб страница за преземање.

    Чекор 2. Кликнете на за да ја активирате страницата за преземање Source Forge.

    Чекор 3. Кликнете на за да ја зачувате инсталационата датотека за на компјутерот; а потоа пронајдете ја.

    Чекор 4. Два пати кликнете на ; може да се појави дијалог-рамката Отвори датотека - Безбедносно предупредување. Ако тоа се случи, кликнете на за да го активирате прозорецот:

    Слика 1: Прозорецот за инсталација на пренослива верзија на Mozilla Thunderbird

    Чекор 5. Кликнете на за да го активирате прозорецот:

    Слика 2: Прозорецот Choose Install Location (Избор на локација за инсталација)

    Чекор 6. Кликнете на за да го активирате прозорецот Browse for Folder (Пребарај папка) како што следи:

    Слика 3: Прозорецот Browse for Folder (Пребарај папка)

    Чекор 7. Пронајдете го потребниот надворешен диск или УСБ-меморија, како што е прикажано на Слика 3 погоре, потоа кликнете на за да ја потврдите локацијата на датотеката со Преносливата верзија на Mozilla Thunderbird а потоа вратете се на прозорецот Choose Install Location (Избор на локација за инсталација).

    Чекор 8. Кликнете на за да го активирате прозорецот за Инсталација и да почнете со отпакување на датотеката Пренослива верзија на Mozilla Thunderbird, а потоа кликнете на (Заврши) за да го комплетирате процесот на отпакување.

    Чекор 9. Пронајдете го надворешниот диск или УСБ-меморија каде што била зачувана датотеката Пренослива верзија на Mozilla Thunderbird.

    Чекор 10. Два пати кликнете за да ја отворите вашата преносна верзија на уред или УСБ-меморија, и тоа треба да изгледа на следниот начин:

    Слика 4: Ново-инсталираниата пренослива верзија на Mozilla Thunderbird со папката за преносната верзија на Thunderbird

    5.3 Како да ја преземете и отпакувате преносливата верзија на GPG for Thunderbird

    Чекор 1. Кликнете на http://portableapps.com/support/thunderbird_portable#encryption за да бидете пренасочени на локацијата за преземање.

    Чекор 2. Кликнете на за да го активирате прозорецот за преземање на GPG_for_Thunderbird_Portable_1.4.16.paf.exe, а потоа кликнете на (Зачувај ја датотеката) за да ја зачувате датотеката за инсталација а потоа пронајдете ја.

    Чекор 3. Два пати кликнете на ; може да се појави дијалог-рамката Отвори датотека - Безбедносно предупредување dialog box may appear. Ако тоа се случи, кликнете на за да го активирате прозорецот:

    Слика 6: Прозорецот Installer Language (Јазик на инсталацијата)

    Чекор 4. Кликнете на за да го активирате прозорецот Пренослива верзија на GPG за Thunderbird а потоа кликнете на за да го активирате прозорецот:

    Слика 7: Прозорецот Choose Install Location (Избери локација на инсталацијата)

    Чекор 5. Кликнете на (Пребарај) за да го активирате прозорецот Browse for Folder (Пребарај папка):

    Слика 8: Прозорецот Browse for Folder (Пребарај папка)

    Чекор 6. Пребарајте во истата папка каде ја имате зачувано преносливата верзија на Thunderbird а потоа кликнете за да се вратите на прозорецот Изберете локација за инсталација (Слика 7) и потоа За да започне отпакувањето на преносливата верзија наGnuPG, а потоа кликнете откако завршил процесот на отпакување.

    5.4 Како да го преземете и инсталирате Enigmail

    Enigmail е додаток за Mozilla Thunderbird кој ви овозможува да ја заштитите приватноста на вашата електронска комуникација. Enigmail е само интерфејс кој ви овозможува да ја користите програмата за шифрирање GnuPG во склоп на Thunderbird. Интерфејсот Engimail е претставен во конзолата со алатки на Thunderbird.

    Чекор 1. Кликнете на https://www.enigmail.net/download/ за да бидете пренасочени кон страницата за преземање.

    Чекор 2. Одберете Кој е вашиот оперативен систем? (пр. Windows) и Кој мејл клиент го користите? (пр. Thunderbird 31) и кликнете на линкот Download Enigmail x.x.x (e.g. Download Enigmail 1.7.2) to activate the enigmail-1.7.2-tb-win.xpi download window, and then click to save the it to your computer.

    Чекор 3. Отворете ја папката за Пренослива верзија на Thunderbird а потоа, два пати кликнете на за да ја отворите Преносливата верзија на Thunderbird.

    Чекор 4. Кликнете на on за да се прикаже Менито на Thunderbird а потоа Одберете додаток во конзолата на Преносливата верзија на Thunderbird како што следи:

    Слика 10: Главната конзола на преносливата верзија на Thunderbird со избрана ставка Add-ons (Додатоци)

    Ова ќе го активира прозорецот:

    Слика 11: Прозорецот Add-ons (Додатоци) на преносливата верзија на Thunderbird

    Чекор 5. Доколку додатокот за Enigmail се појави на главнот панел за Додатоци кликнете . Доколку не се појави, кникнете на и одберете Install Add-on from File (Инсталирај додаток од датотеката) како што е прикажано подолу:

    Слика 12: Алатки за менито на Сите Додатоци

    Чекор 6. Навигирајте до папката каде што сте го зачувале додатокот Enigmail (најверојатно во вашата папка Превземања) и изберете ја датотеката додаток.

    Чекор 7. Кликнете на во папката Софтверски инсталации.

    Чекор 8. Кликнете на за да се заврши Enigmail инсталацијата и рестартирајте ја Преносливата верзија на Thunderbird.

    Откако успешно ги применивте горенаведените чекори, ве молиме погледнете го поглавјето Thunderbird за да почнете да ги регистрирате вашите кориснички сметки и да ги прилагодите за користење.

    Torbirdy - додавање на дигитална анонимност и заобиколување на Thunderbird

    6.1 Како да инсталирате TorBirdy за Thunderbird

    Откако ќе го симнете TorBirdyна вашиот компјутер, почнете да го инсталирате TorBirdy со вршење на следните чекори:

    Чекор 1. Отворете го Thunderbird, потоа кликнете на за да се прикаже Thunderbird менито и одберете Додатоци за да го активирате прозорецот за Менаџирање на додатоците.

    ��екор 2. Кликнете на во лентата на левиот агол.

    Чекор 3. Кликнете на и одберете Инсталирај Додаток од Датотеката како што е прикажано подолу:

    Слика 1: Алатки за менито на Сите Додатоци

    Чекор 4. Одете во папката каде што го имате зачувано TorBirdy додатокот (најверојатно во вашата папка Превземања) како што е прикажано во наредниот приказ:

    Слика 2: Одберете екстензија за инсталација

    Чекор 5. Кликнете на за да го активирате следниот прозорецот:

    Слика 3: Прозорецот за инсталација на софтвер

    Важно: Пред да го направите следниот чекор осигурајте се дека сите ваши пораки се испратени или зачувани!

    Чекор 6. Кликнете на а потоа кликнете на за да се рестартира програмата Thunderbird и завршете ја инсталацијата на додатокот TorBirdy.

    6.2 Како да го користите TorBirdy во Thunderbird

    Пред да можете да користите TorBirdy со Thunderbird, треба да бидете сигурни дека Tor прелистувачот работи и успешно сте поврзани со Tor мрежата. Доколку сеуште не сте го поставиле Tor прелистувачот ве молиме погледнете го делот Tor Прелистувач - Дигитална анонимност и заобиколување пред да продолжите понатаму.

    6.2.1 Овозможете го TorBirdy за Thunderbird

    Следете ги чекорите подолу за да го стартувате Прелистувачот Tor и отворите Thunderbird преку Tor мрежата

    Чекор 1: Одете во папката на Tor Прелистувачот, и потоа два пати кликнете на за да го активирате следниот прозорец:

    Слика 8: Прозорецот со Tor статус

    Забелешка: Се препорачува да се затвори било кој Firefox прозорец кој сте го отвориле пред стартувањето на Tor прелистувачот

    Неколку моменти подоцна, Tor прелистувачот ќе отвори нов прозорец за прелистување кој ќе го прикажува следново:

    Слика 9: Tor прелистувач; успешно поврзан со Tor мрежата

    Сега сте поврзани на Tor мрежата преку Tor прелистувачот.

    Чекор 2: Стартувајте го Thunderbird и внесете ја вашата лозинка во конзолата. Статусот на TorBirdy ќе биде прикажан во десниот агол на прозорецот на Thunderbird како што е нагласено подолу

    Слика 10: TorBirdy овозможен за Tor

    6.2.2 Потврдете TorBirdy се поврзува користејќи Tor

    Следете ги чекорите подолу за да ги тестирате и потврдите поставките на TorBirdy

    Чекор 1: Кликнете на за да го активирате наредното мени:

    Слика 11: Менито за опции на TorBirdy

    Чекор 2: Одберете Отвори прилагодувања за TorBirdyза да го отворите прозорецот подолу. Кликнете на пораката со предупредување за TorBirdy напредните поставки

    Слика 12: Прозорецот со Поставки на TorBirdy

    Чекор 3: Кликнете на . Ако успешно сте поврзани преку Tor мрежата, ќе ја видите следнава порака (ИП адресите ќе се променат)

    Слика 13: прозорецот Дали Вие користите Tor?

    Забелешка Доколку го стартувавте Прелистувачот Tor или Прелистувачот Tor не се поврзува на мрежата на Tor како што е прикажано во делот 6.2.1 погоре, нема да бидете во можност да го поврзате вашиот е-мејл сервер и може да ја видите следнава порака откако ќе го стартувате Thunderbird:

    Слика 14: Прозорецот Врската е Одбиена

    Вреди да се напомене дека некои е-мејл провајдери како што е Google Mail можат да ја одбијат врската со е-мејл серверите преку Tor мрежата.

    6.3 Оневозможи го TorBirdy за Thunderbird

    Можете да го исклучите TorBirdy додатокот ако сакате да го отворите Thunderbird без TorBirdy преку следниве чекори:

    Чекор 1. Отворете го Thunderbird, потоа кликнете на за да се прикаже Менито на Thunderbird и одберете додаток за да се активира прозорецот Менаџер на додатоци

    Чекор 2. Кликнете на во левиот агол

    Чекор 3: Кликнете на on oна екранот подолу:

    Слика 15: Оневозможете ја екстензијата TorBirdy

    Чекор 4: Кликнете на за да го рестартирате Thunderbird и склучите оневозможување на TorBirdy.

    Најчесто поставувани прашања и општа проверка на знаењето

    7. Најчесто поставувани прашања

    Q: Што ќе се случи ако го инсталирам само Enigmail, а не GnuPG?

    A: Одговорот е едноставен, Enigmail нема да функционира. Сепак софтверот на GnuPG е оној кој го овозможува механизмот за шифрирање кој го користи Enigmail.

    Q: Колку кориснички сметки на е-пошта можам да регистрирам во Thunderbird?

    A: Колку сакате, толку! Thunderbird е администратор на кориснички сметки и лесно може да се справи со 20 или повеќе кориснички сметки на е-пошта!

    Q: Мојот пријател има корисничка сметка на Gmai и Riseup. Дали треба да го убедам да ги инсталира Thunderbird, Enigmail и GnuPG?

    A: Тоа би било идеално. Само бидете сигурни дека ќе ги конфигурира сите параметри за безбедност на комплетно истиот начин како вас. Тогаш и двајцата можете да имате ефикасен начин на комуникација во приватност и безбедност!

    Q: Потсетете ме уште еднаш, кои делови од е-пораката ги шифрира Enigmail?

    A: Enigmail ја шифрира содржината на пораката. Не го шифрира насловот на пораката, вашата адреса или името кое сте го избрале за вашата корисничка сметка на е-пошта. Така, ако се обидувате да испратите доверлива порака, уверете се дека насловот нема да ве издаде! И, ако сакате да останете анонимни, избегнете да го прикажувате или дури и користите вашето вистинско име кога ја создадете вашата корисничка сметка на е-пошта.

    Q: Сè уште не ја разбирам целта на тоа дигитално да ги потпишувам моите пораки.

    A: Дигиталниот потпис докажува дека вие сте вистинскиот испраќач на одредена порака и дека пораката не била изменета при праќањето до примачот кој сте го одредиле. Размислувајте за него како електронскиот еквивалент на восочниот печат на плик, кој содржи навистина важно писмо.