TrueCrypt - безбедно чување датотеки

Содржина

...Loading Table of Contents...

    Truecrypt ги одржува вашите датотеки безбедни, така што го спречува секој што сака да ги отвори ако ја нема точната лозинка. Функционира како електронски сеф, што можете да го користите за безбедно да ги заклучите вашите датотеки.

    На 28 мај 2014 TrueCrypt развивачите на веб страницата почнаа да ги информират корисниците дека развојот на TrueCrypt е прекинат од сега. Околностите зад оваа ситуација не се јасни сеуште. Програмерите на веб-страната нудат нова верзија 7.2 на TrueCrypt со неколку отстранети функционалности. И покрај ова ново издание ви препорачуваме да продолжите да ја користите постарата верзија 7.1a (види ги инструкциите за Симнување), се додека не дознаеме повеќе за она што се случи и кои се идните планови за развојот на TrueCrypt. За алтернативи на TrueCrypt Ве молиме, погледнете во "GNU Linux, Mac OS и други Microsoft Windows компатибилен програми" секцијата подолу.

    Почетна страница

    www.truecrypt.org

    Системски барања

    • Windows 2000/XP/2003/Vista/7
    • Администраторски права се потребни за инсталација и создавање партиции, но не и за пристап до постоечките партиции

    Верзија што се користи во ова упатство

    • 7.1a

    Последна преработка на ова поглавје

    • Мај 2014

    Лиценца

    • Слободен софтвер со отворен код

    Пренослива верзија

    Задолжителна литература

    Што ќе добиете:

    • Можност ефективно да ги заштитите вашите датотеки од натрапници или неовластен пристап
    • Можност лесно и безбедно да чувате копии на вашите важни датотеки

    Други програми компатибилни со GNULinux, MacOS и Microsoft Windows:

    Забелешка: Исто така ја препорачуваме за TrueCrypt за GNU Linux и Mac OS.

    Многу GNU Linux дистрибуции, на пример Ubuntu, поддржуваат шифрирање и дешифрирање на целиот диск како стандардна функција. Можете да одлучите да го користите кога го инсталирате системот. Исто така, можете да ја додадете функцијата за шифрирање на вашиот Linux систем со употреба на интеграција на dm-crypt и cryptsetup and LUKS. Друг пристап е со употреба на ScramDisk for Linux SD4L, програма со бесплатен и слободен софтвер со отворен код, која врши шифрирање -дешифрирање за време на работењето.

    За Mac OS можете да го користите FileVault, кој е дел од оперативниот систем, да обезбеди шифрирање и дешифрирање за време на работењето за содржината на вашата домашна папка, и сите под-папки.

    Постојат многу програми за шифрирање за Microsoft Windows. Ние ги препорачуваме следниве:

    • DiskCryptor е бесплатно решение за енкрипција со отворен код, кој нуди енкрипција на сите диск партиции, вклучувајќи ја и партицијата на системот.
    • AxCrypt е бесплатна програма со отворен код која може да криптира одделни датотеки.

    На MS Windows 7 Ultimate или ентерпрајз-верзија или MS Windows 8 Про и ентерпрајз-верзиите ќе го најдете на располагање BitLocker за да го криптирате целиот диск. Имајте на ум дека BitLocker е во сопственост на Microsoft, затворен, комерцијален софтвер кој не е независно ревидиран за да се утврди какво ниво на заштита на приватноста нуди за вашите информации

    Преземање на TrueCrypt

    • Поради нејасната ситуација во однос на развојот на TrueCrypt, и недостатокот на јасноста околу најновата верзија понудени на програмерскиот веб-сајт (види објаснување од страна), ние нудиме архивирана верзија 7.1a на програмите за инсталација подолу.
    • Кликнете на линкот подолу, како на вашиот оперативен систем за да ја преземете програмата за инсталирање.
    • Зачувајте ја датотеката за инсталирање на компјутерот, потоа пронајдете ја и кликнете два пати брзо на неа.
    • Откако успешно ќе го инсталирате TrueCrypt, можете да ја избришете програмата за инсталирање од компјутерот.

    TrueCrypt:

    • MS Windows version (верификација на потпис)

    • Mac OS X version (верификација на потпис)
    • Linux 32 bit version (верификација на потпис)
    • Linux 64 bit version (верификација на потпис)
    • Linux console 32 bit version (верификација на потпис)
    • Linux console 64 bit version (верификација на потпис)
    • Source Code (верификација на потпис)
    • Историја на верзии
    • Јавен GPG клуч на TrueCrypt Фондацијата: keys.mozilla.org копија (локална копија). Погледнете ги инструкциите како да го верифицирате софтверските потписи од Tor проект.

    • Погледнете исто така: https://truecrypt.ch/downloads/

     

    1.1 Нешта кои треба да ги знаете за оваа алатка пред да започнете

    TrueCrypt ќе ги заштити вашите податоци од неовластен пристап со нивно заклучување со лозинка што вие ја создавате. Ако ја заборавите лозинката, ќе го изгубите пристапот до вашите податоци! TrueCrypt користи процес наречен шифрирање за да ги заштити вашите датотеки. Имајте предвид дека употребата на шифрирање е нелегална во некои држави. Наместо да шифрира одредени датотеки, TrueCrypt создава заштитена област, наречена партиција (анг. Volume), на компјутерот. Вашите датотеки можете безбедно да ги чувате во оваа шифрирана партиција (анг. Volume).

    TrueCrypt нуди можност да создадете стандардна шифрирана партиција„standard encrypted volume“ или скриена партиција „hidden volume“. И двете ќе ја одржуваат доверливоста на вашите датотеки, но скриената партиција ќе ви овозможи да ги скриете важните информации зад помалку чувствителните податоци, за да ги заштитите, дури и ако сте принудени да го откриете постоењето на TrueCrypt партицијата. Овој водич детално ги објаснува и двете видови на партиции.

    Како да инсталирате TrueCrypt и да создавате стандардни партиции

    Листа на делови на оваа страна:

    Како да го инсталирате TrueCryrpt

    Чекор 1.. Два пати кликнете на ; може да се појави дијалог-рамката Open File – Security Warning. Ако тоа се случи, кликнете на (Стартувај) за да го активирате прозорецот со лиценцата на TrueCrypt.

    Чекор 2.. Изберете ја опцијата I accept and agree to be bound by the license terms (Ги прифаќам и се согласувам да бидам обврзан(а) со условите на лиценцата) за да го вклучите копчето Accept (Прифати); кликнете на (Прифати) за да го активирате прозорецот:

    Слика 1: Wizard Mode (Режим на волшебник) во стандардниот режим за Install (Инсталација)

    • Install Режим за инсталација: Оваа опција е за корисници кои не сакаат да го скријат фактот дека на нивниот компјутер користат TrueCrypt.

    • Extract Режим за отпакување: Оваа опција е за корисници кои сакаат да носат пренослива верзија на TrueCrypt на УСБ-меморија и не сакаат да го имаат TrueCrypt инсталиран на нивниот компјутер.

    Забелешка: Некои од опциите (на пример, целосно шифрирање на партиција или диск) нема да функционираат кога TrueCrypt не е инсталиран.

    Забелешка: Иако тука се препорачува стандардниот режим за инсталација „Install“, можете подоцна сепак да го користите TrueCrypt во преносниот режим. За да дознаете нешто повеќе за употреба на режимот TrueCryptTraveller, погледнете во делот за Преносна верзија на TrueCrypt.

    Чекор 3.. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот:

    Слика 2: Прозорецот со опции за поставувања „Setup Options“

    Чекор 4. Кликнете на (Инсталирај) за да го активирате прозорецот за инсталација „Install“, за да започнете со инсталација на TrueCrypt на вашиот систем.

    Чекор 5. Кликнете на and then за да го активирате прозорецот:

    Слика 3: Дијалог-прозорецот на TrueCrypt за поставување

    Чекор 6. Кликнете на (Да) за да ја стартувате веб страницата на TrueCrypt и да ја завршите инсталацијата на TrueCrypt.

    Забелешка: На сите корисници им се препорачува да ги погледнат помошните материјали на TrueCrypt по завршувањето на ова упатство.

    2.1 Нешто повеќе за TrueCrypt

    TrueCrypt е програма која ги обезбедува вашите датотеки така што ги спречува сите кои ја немаат точната лозинка да пристапат до нив. Функционира како електронски сеф и ви овозможува да ги заклучите вашите датотеки за до нив да има пристап само личност која ја има точната лозинка. TrueCrypt функционира така што ви овозможува да поставите партиции или делови на компјутерот, каде што безбедно можете да чувате датотеки. Кога создавате податоци во овие партиции или префрлате податоци во нив, TrueCrypt автоматски ќе ги шифрира овие информации. Како што ги отворате или извлекувате податоците, таа автоматски ги дешифрира за употреба. Овој процес се нарекува шифрирање за време на работењето.

    2.2 Како да создадете стандардна партиција

    TrueCrypt ви овозможува да создавате два вида партиции: скриени (Hidden) и стандардни (Standard). Во овој дел ќе научите како да создадете Стандардна партиција во која можете да ги чувате вашите датотеки.

    За да започнете со користење на TrueCrypt за да создадете стандардна партиција, треба да ги следите следните чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на или изберете Start > Programs > TrueCrypt > TrueCrypt за да го отворите TrueCrypt.

    Чекор 2. Изберете диск од листата во окното TrueCrypt на следниот начин:

    Слика 4: The Конзолата на TrueCrypt

    Чекор 3. Кликнете на (Создај партиција) за да го активирате волшебникот за создавање партиции на следниов начин:

    Слика 5: Прозорецот со волшебникот за создавање партиции

    Има три опции за шифрирање на стандардна партиција на Слика 5. Во ова поглавје ќе ја користиме само опцијата Create an encrypted file container (Создај шифрирано складиште на датотеки). Погледнете во документацијата за TrueCrypt за описот на другите две опции.

    Чекор 4. Кликнете на (Следно) да го активирате прозорецот:

    Слика 6: Прозорецот за одредување на типот на партиција „Volume Type“

    Прозорецот со волшебникот за создавање партиции за избор на тип партиција „True Crypt Volume Creation Wizard Volume Type“ ви дозволува да специфицирате дали сакате да создадете стандардна (Standard) или скриена (Hidden) TrueCrypt партиција.

    Важно: За повеќе информации за Како да создадете скриена партиција, погледнете во делот за скриени партиции.

    Чекор 5. Изберете ја опцијата Standard TrueCryptVolume (стандардна партиција).

    Чекор 6. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот:

    Слика 7: Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции) - Volume Location (Окното за локација на партиции)

    Можете да специфицирате каде би сакале да го зачувате стандардната партиција на прозорецот Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции) – Volume Location (Локација на партицијата). Оваа датотека може да биде зачувана како секоја друга датотека.

    Чекор 7. Внесете го името на датотеката во текстуалното поле или кликнете на (Избери датотека) за да го активирате прозорецот:

    Слика 8: Прозорецот за навигација Specify Path and File Name (Избери патека и име на датотека)

    Забелешка: Една партиција од TrueCrypt е содржана во нормална датотека. Ова значи дека може да се премести, да се копира или дури и да се избрише! Треба да ја запаметите и локацијата и името на датотеката. Меѓутоа, морате да изберете ново име за партицијата која ќе ја создадете (исто така погледнете во 2.3 Како да создадете стандардна партиција на УСБ-меморија). Во ова упатство ќе ја создадеме нашата стандардна партиција во папката MyDocuments (Мои документи), и ќе ја именуваме датотеката MyVolume (Моја партиција) како што е прикажано на Слика 8 погоре.

    Совет: Можете да користите кое било име или наставка на датотека. На пример, вашата стандардна партиција можете да ја именувате recipes.doc, така што ќе личи на Word документ, или holidays.mpg, така што ќе личи на филм. Ова е еден од начините кои можат да помогнат да го скриете постоењето на стандардната партиција.

    Чекор 8. Кликнете на (Зачувај) за да го затворите прозорецот Specify Path and File Name (Избери патека и име на датотека) и да се вратите на прозорецот Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции) на следниот начин:

    Слика 9: True Crypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции) го прикажува окното со локацијата на партицијата

    Чекор 9. Кликнете на (Следно) за да ја активирате Слика 10.

    2.3 Како да создадете стандардна партиција на УСБ-меморија

    За да создадете стандардна партиција TrueCrypt на УСБ-меморија, направете ги чекорите 1 до 7 во делот за 2.2 Како да создадете стандардна партиција, каде што го активирате прозорецот Select a True Crypt Volume (Изберете партиција од TrueCrypt). Наместо да изберете My Documents (Мои документи) како локација за вашите датотеки, пронајдете ја и изберете ја УСБ-меморијата. Потоа, внесете име на датотеката и таму создајте ја стандардната партиција.

    2.4 Како да создадете стандардна партиција (продолжува)

    Во оваа фаза подготвени сте да изберете специфичен метод на шифрирање (или алгоритам) за да ги кодирате податоците кои ќе се чуваат во стандардната партиција.

    Слика 10: Окното Encryption Options (Опции за шифрирање) на Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции)

    Забелешка: Тука не морате да ги менувате стандардните опции. Сите алгоритами претставени во двете опции тука се сметаат за безбедни.

    Чекор 10. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот TrueCrypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции):

    Слика 11: Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции) го прикажува окното Volume Size (Големина на партицијата)

    Окното за големината на партицијата ви дозволува да ја специфицирате големината на стандардната партиција. Во овој пример, таа е поставена на 10 мегабајти. Меѓутоа, вие можете да одредите друга големина. Размислете за големината на видовите на документи и датотеки кои би сакале да ги зачувате, а потоа одредете соодветна големина на партицијата за нив.

    Совет: Ако сакате подоцна да направите резервна копија на стандардната партиција на ЦД, тогаш треба да изберете големина од 700 MB или помалку.

    Чекор 11. Внесете ја одредената големина за партицијата во полето за текст, и потоа кликнете на (Следно) да го активирате прозорецот:

    Слика 12: True Crypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции) со окното Volume Password (Лозинка за партицијата)

    Важно: Избирањето безбедна и силна лозинка е една од најважните задачи при создавањето на стандардна партиција.обрата лозинка ќе ја заштити шифрираната партиција, и колку посилна лозинка изберете, толку подобро. Не морате да ги создадете сопствените лозинки, дури и да ги паметите, ако користите програма за создавање лозинки како KeePass. Погледнете во делот за KeePass, за да дознаете повеќе информации за создавање и чување на лозинки.

    Чекор 12. Внесете ја вашата лозинка и потоа уште еднаш your password into the Confirm (Потврди).

    Важно: Копчето Next (Следно) ќе остане исклучено, сè додека лозинките во двете полиња не се совпаднат. Ако вашата лозинка не е особено безбедна или сигурна, ќе видите предупредување кое ве известува за ова. Променете ја! Иако TrueCrypt сѐ уште ќе работи со секоја лозинка што сте ја избрале, вашите податоци нема да бидат многу сигурни.

    Чекор 13. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот:

    Слика 13: True Crypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции) со окното Volume Format (Формат на партицијата)

    TrueCrypt сега е подготвен да создаде стандардна партиција. Некое време движете го покажувачот од глувчето во прозорецот TrueCrypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции). Колку подолго го движите глувчето, толку е подобар квалитетот на кодот за шифрирање.

    Чекор 14. Кликнете на (Форматирај) за да започнете со создавање стандардна партиција.

    TrueCrypt сега ќе создаде датотека со име My Volume (Моја партиција) во папката My Documents (Мои документи) како што било одредено од претходно. Оваа датотека ќе содржи стандардна партиција на TrueCrypt од 10 мегабајти, што можете да ја користите за безбедно да ги чувате вашите датотеки. .

    Откако стандардната партиција ќе биде успешно создадена, ќе се појави следнава дијалог-рамка:

    Слика 14: Прозорец со порака дека партицијата на TrueCrypt е успешно создадена

    Чекор 15. Кликнете на да го комплетирате процесот на создавање стандардна партиција и вратете се на конзолата на. TrueCrypt.

    Чекор 16. Кликнете на (Излези) за да го затворите True Crypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции).

    Како да ја поставите стандардната партиција

    Листа на делови на оваа страна:

    3.0 Како да ја поставите стандардна партиција

    Во TrueCrypt, поставувањето на стандардна партиција се однесува на овозможувањето на употребата на стандардната партиција. Во овој дел ќе научите како да ја поставите новосоздадената стандардна партиција.

    За да започнете со поставување на стандардна партиција, треба да ги следите следниве чекори:

    Чекор 1. Два пати кликнете на или изберете Start>Programs (Програми) >TrueCrypt>TrueCrypt за да го отворите TrueCrypt.

    Чекор 2. Изберете некој диск од листата на следниот начин:

    Слика 1: Конзолата на TrueCrypt

    Во овој пример стандардната партиција ќе биде поставена како M: drive.

    Забелешка: На Слика 11, дискот M:е избран за поставување на стандардната партиција; меѓутоа, можете да изберете било кој од наведените дискови.

    Чекор 3. Кликнете на

    Ќе се појави прозорецот за избор на TrueCrypt партиција:

    Слика 2: Прозорецот за избор на True Crypt партиција

    Чекор 4. Изберете ја датотеката на стандардна партиција што сте ја создале, потоа кликнете на (Отвори) за да ја затворите Слика 2 и да се вратите на конзолата TrueCrypt.

    Чекор 5. Кликнете на (Постави) за да го активирате прозорецот Enter password (Внеси лозинка) на следниов начин:

    Слика 3: Прозорецот Enter password (Внеси лозинка)

    Чекор 6. Внесете ја лозинката во полето Password (Лозинка):

    Чекор 7. Кликнете на за да почнете со поставување на стандардната партиција.

    Забелешка: Ако лозинката која сте ја внесале не е точна, TrueCrypt ќе побара повторно да ја внесете лозинката и да кликнете на . Ако лозинката е точна, стандардната партиција ќе биде поставена на следниов начин:

    Слика 4: Конзолата на TrueCrypt ја прикажува ново поставената стандардна партиција

    Чекор 8. Два пати кликнете на означениот запис во TrueCrypt или кликнете два пати на соодветната буква за дискот на прозорецот My Computer (Мојот компјутер) за да пристапите до стандардната партиција (сега поставена на дискот M: на компјутерот)..

    Слика 5: Пристапување до стандардната партиција преку прозорецот My Computer (Мојот компјутер)

    Забелешка: Успешно е поставена стандардната партиција My Volume (Моја партиција) на виртуелниот диск M: Овој виртуелен диск се однесува како вистински диск, со исклучок на тоа дека комплетно шифриран. Сите датотеки автоматски ќе бидат шифрирани ако ги копирате, префрлате или зачувате на овој виртуелен диск (процес познат како шифрирање за време на работењето).

    Можете да ги копирате датотеките од и во стандардната партиција исто како што би ги копирале на секој друг нормален диск (на пример, со повлекување и пуштање). Кога пренесувате една датотека надвор од стандардната партиција, таа автоматски се дешифрира. Спротивно на тоа, ако префрлите една датотека во стандардната партиција, TrueCrypt автоматски ќе ја шифрира. Ако падне оперативниот систем на компјутерот или одненадеж се исклучи, TrueCrypt веднаш ќе ја затвори стандардната партиција.

    Важно: Откако сте ги префрлиле датотеките во TrueCrypt партицијата, уверете се дека на компјутерот или УСБ-меморијата не останале никакви траги од каде потекнуваат тие датотеки. Погледнете во поглавје 6. Како да се уништат чувствителни информации.

    3.1 3.1 Како да се отстрани стандардната партиција

    Во TrueCrypt, да се отстрани стандардна партиција, едноставно значи дека на тој начин таа партиција нема да биде достапна за употреба.

    За да се затвори или отстрани стандардната партиција и да се направат датотеките достапни само на некој што ја знае лозинката, треба да ги следите следниве чекори:

    Чекор 1. Изберете ја партицијата од листата на поставени партиции во главниот прозорец на TrueCrypt на следниов начин:

    Чекор 1. Изберете ја партицијата од листата на поставени партиции во главниот прозорец на TrueCrypt на следниов начин:

    Слика 17: Избирање на стандардната партиција што треба да се отстрани

    Чекор 2. Кликнете на (Отстрани) за да ја отстраните или затворите стандардната партиција на TrueCrypt.

    Важно: Уверете се дека сте ја отстраниле TrueCrypt партицијата, пред да го оставите компјутерот во режим Standby (Во мирување) или Hibernate (Хибернација). Уште подобро би било секогаш да го исклучувате компјутерот или лаптопот ако планирате да го оставите некаде каде што не внимавате на него. Ова ќе ги спречи сите кои ќе се обидат да ја добијат лозинката за вашата партиција.

    За да вратите некоја датотека која се наоѓа во стандардната партиција, откако сте ја затвориле или отстраниле, ќе морате повторно да ја поставите.

    Како да создадете резервна копија на партиција

    Редовното создавање резервни копии на вашите документи, датотеки и папки е навистина важно. Имањето на резервна копија на партицијата од TrueCrypt е од суштинско значење, и (за среќа) е многу лесно да се направи. Не заборавајте дека партицијата мора да е отстранета од листата, пред да направите резервна копија.

    Чекор 1. Отидете до датотеката за стандардна партиција (на Слика 1 подолу, која се наоѓа во папката My Documents (Мои документи)).

    Слика 1: Прозорецот My Documents (Мои документи) со датотеката My Volume (Моја партиција)

    Чекор 2. Зачувајте а датотеката на надворешен мемориски уред, како ЦД, ДВД или УСБ-меморија.

    Совет: Ако имате голем број податоци кои сакате да ги шифрирате и архивирате повеќе пати, зошто да не создадете нова стандардна партиција кој е иста големина како едно ЦД или ДВД? Ова би можеле да го користите како техника на безбедно чување.

    Пред да направите резервна копија на стандардната партиција на пренослив уред, уверете се дека капацитетот на уредот е соодветен на големината на партицијата.

    <table border=1> <tbody> <tr> <td>Медиум со резервна копија</td> <td>Предложена големина на партицијата на TrueCrypt</td> </tr> <tr> <td>ЦД</td> <td>700mb </td> </tr> <tr> <td>ДВД</td> <td>3900mb </td> </tr> <tr> <td>УСБ-меморија</td> <td>Предложени се 25% од комплетниот капацитет (на пр. за УСБ-меморија од 128MB, искористете 30MB за стандардната партиција)</td> </tr> </tbody> </table>

    Скриени партиции

    Листа на теми на оваа страна:

    5.0 Нешто повеќе за скриени партиции

    Во TrueCrypt, една скриена партиција се чува во склоп на шифрираната стандардна партиција, но нејзиното постоење е скриено. Дури и кога ќе ја „поставите“ стандардната партиција, не е возможно ниту да се пронајде, ниту да се докаже постоењето на скриената партиција. Ако сте присилени да ја откриете вашата лозинка и локацијата на стандардната партиција, тогаш може да се дознае нејзината содржина, но не и постоењето на скриената партиција во неа.

    Замислете актовка со тајна преграда. Во актовката чувате документи кои не ви пречи да бидат земени или изгубени, додека во посебната тајна преграда ги чувате важните и приватни документи. Поентата на тајните прегради (особено оние кои се добро дизајнирани) е да го скријат сопственото постоење и притоа, и документите во него.

    5.1 Како да создадете скриена партиција

    Создавањето на скриена партиција во TrueCrypt е слично на создавањето на стандардната партиција во TrueCrypt; дури некои од окната и прозорците се исти.

    Чекор 1. Отворете го TrueCrypt.

    Чекор 2. Кликнете на (Создај партиција) за да го активирате True Crypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции).

    Чекор 3. Кликнете на (Следно) за да ја прифатите стандардната опција Create an encrypted file container(Создај шифрирано складиште на датотеки).

    Чекор 4. Изберете ја опцијата Hidden TrueCrypt volume (Скриена партиција на TrueCrypt) на следниот начин:

    Слика 1: True Crypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции) со вклучена опција Hidden True Crypt volume (Скриена партиција наTrueCrypt)

    Чекор 5. Кликнете на (Следно) да го активирате прозорецот:

    Слика 2: Прозорецот True Crypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции) – Избор на режим „Mode“

    • Direct mode (Директен режим): Оваа опција ви овозможува да создадете скриена партиција во склоп на постоечката стандардна партиција.

    • Normal mode (Нормален режим): Оваа опција ви овозможува да создадете комплетно нова стандардна партиција во која можете да ја чувате скриената партиција.

    Во овој пример, ќе го користиме Direct mode (Директен режим).

    Забелешка: Ако повеќе би сакале да започнете нова стандардна партиција, тогаш повторете го процесот од делот за 2.2 Како се создава стандардна партиција.

    Чекор 6. Изберете ја опцијата Direct Mode (Директен режим), а потоа кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот True Crypt Volume Creation – Volume Location.

    Забелешка: Уверете се дека стандардната партиција е отстранета пред да ја изберете.

    Чекор 7. Кликнете на (Избери датотека) за да го активирате прозорецот:

    Слика 3: True Crypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции) - Прозорецот Select a True Crypt Volume (Изберете партиција)

    Чекор 8. Лоцирајте ја датотеката на партицијата користејќи го прозорецот Select a TrueCrypt Volume (Изберете партиција ) како што е прикажано на Слика 3.

    Чекор 9. Кликнете на (Отвори) за да се вратите на True Crypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции).

    Чекор 10. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот Enter password (Внеси лозинка).

    Чекор 11. Внесете ја лозинката која сте ја користеле кога бил создадена стандардната партиција во полето за Password (Лозинка), за да го активирате прозорецот:

    Слика 4: The True Crypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции)– Окното со порака за скриена партиција „Hidden Volume“

    Чекор 12. Кликнете на (Следно) откако сте ја прочитале пораката, за да го активирате прозорецот Hidden Volume Encryptions Options (Опции за шифрирање на скриената партиција).

    Забелешка: Не ги менувајте стандардните поставки Encryption Algorithm (Алгоритам на шифрирањето) и Hash Algorithm (Тарабна функција).

    Чекор 13. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот:

    Слика 5: Прозорецот True Crypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции)- Hidden Volume Size (Големина на скриената партиција)

    Ќе бидете замолени да ја одредите големината на скриената партиција .

    Забелешка: Размислете за видот документи, нивната количина и големина, кои треба да се чуваат. Оставете простор и за стандардната партиција. Ако ја изберете максималната големина достапна за скриената партиција, нема да можете да додадете нови датотеки во оригиналната стандардна партиција.

    Ако стандардната партиција е 10 мегабајти (MB) и вие одредите големина од 5 MB за скриената партиција (како што е прикажано на Слика 6 погоре), ќе имате две партиции (една скриена и една стандардна партиција), секоја приближно по 5 MB.

    Проверете дали информациите кои ги чувате во стандардната партиција ја надминуваат границата поставена на 5 MB. Ова е така бидејќи програмата TrueCrypt самата автоматски не го забележува постоењето на скриена партиција, и ненамерно би можеле да го избришете. Ако ја надминете вашата претходно одредена големина ризикувате да ги изгубите сите датотеки кои ги чувате во скриената партиција.

    Чекор 14. Внесете ја посакуваната големина на скриена партиција во соодветното поле за текст, како што е прикажано на Слика 6.

    Чекор 15. Кликнете на (Следно) за да го активирате прозорецот Hidden Volume Password (Лозинка на скриената партиција).

    Сега морате да создадете различна лозинка за скриената партиција, од онаа која ја користите да го заштитите стандардната партиција. Повторно, не заборавајте да изберете силна лозинка. Погледнете во поглавјето за KeePass за да дознаете нешто повеќе за создавањето на силни лозинки.

    Совет: Ако знаете дека ќе бидете принудени да ја откриете содржината на вашите TrueCrypt партиции, тогаш зачувајте ги вашите лозинки за стандардната партиција во KeePass, и создајте силна лозинка, која треба да ја паметите само за скриената партиција. Ова ќе ви помогне да го заштитите скриената партиција, бидејќи нема да оставите никакви траги за неговото постоење.

    Чекор 16. Создајте лозинка и внесете ја два пати, а потоа кликнете на (Следно) да го активирате прозорецот:

    Слика 6: True Crypt Volume Creation Wizard (Волшебникот за создавање партиции)– Окно Hidden Volume Format (Формат на скриената партиција)

    Не ги изменувајте стандардните опции File System (Систем на датотеки) и Cluster (Кластер).

    Чекор 17. Придвижете го покажувачот на глувчето по прозорецот за да ја зголемите криптографската сила на шифрирањето, а потоа кликнете на за да ја форматирате скриената партиција.

    Откако скриената партиција била форматирана, ќе се појави прозорецот:

    Слика 7: Прозорецот на TrueCrypt „VolumeCreationWizard“ (Волшебникот за создавање партиции) со порака

    Забелешка: Слика 8 потврдува дека успешно сте создале скриена партиција и ве предупредува за можната закана да ги избришете датотеките во скриената партиција кога зачувувате датотеки во стандардната партиција.

    Чекор 18. Кликнете на за да го активирате прозорецот Hidden Volume Created (Создадена скриена партиција), а потоа кликнете на (Излези) и вратете се на конзолата на TrueCrypt.

    Скриената партиција сега е создадена во склоп на стандардната партиција. Можете да чувате документи во скриената партиција, кои ќе останат невидливи, дури и за некој кој ја имал лозинката за таа стандардна партиција.

    5.2 Како да ја поставите скриената партиција

    Методот на поставување или создавање скриената партиција за употреба, е исто како за стандардната партиција; единствената разлика е дека ќе ја користите лозинката која сте ја создале само за скриената партиција.

    За да ја поставите или отворите скриената партиција, треба да ги следите следниве чекори:

    Чекор 1. Изберете диск од листата (во овој пример, дискот K):

    Слика 8: Диск за поставување избран во прозорецот True Crypt Volume

    Чекор 2. Кликнете на (Избери датотека) за да го активирате прозорецот Select a TrueCrypt Volume (Избери партиција).

    Чекор 3. Отидетедо вашата датотека, а потоа изберете ја со TrueCrypt партиција (истата датотека како кај стандардната партиција).

    Чекор 4. Кликнете на (Отвори) за да се вратите на TrueCrypt конзолата.

    Чекор 5. Кликнете на (Постави) за да го активирате прозорецот Enter Password for (Внеси лозинка) на следниот начин:

    Слика 9: Прозорецот Enter Password (Внеси лозинка)

    Чекор 6. Внесете ја лозинката која сте ја употребиле да го создадете скриената партиција, а потоа кликнете на .

    Скриената партиција сега е поставен (или отворен) на следниот начин:

    Слика 10: Главниот прозорец на TrueCrypt ја прикажува ново поставената скриена партиција

    Чекор 7. Два пати кликнете на горенаведениот запис или пристапете до него преку прозорецот My Computer (Мојот компјутер).

    5.3 Совети како безбедно да ја користите функцијата скриен диск „HiddenDisk“

    Целта на функцијата скриен диск е да се избегне потенцијално опасна ситуација, со која изгледа како да ги предавате вашите криптирани датотеки, кога некој во позиција на моќ бара да ги види, без всушност да сте принудени да ги откриете вашите најчувствителни информации. Покрај тоа што ги заштитува вашите податоци, ова може да ви овозможи да избегнете понатамошно загрозување вашата безбедност или изложување на вашите колеги и партнери во лоша ситуација. За оваа техника за да биде ефективна, мора да создадете ситуација каде лицето кое бара да ги види вашите датотеки, ќе биде задоволно од она што сте му го покажале и ќе ве остави на мира.

    За да го постигнете ова, добро е да имплементирате некои од следните предлози:

    • Пополнете ја стандардната партиција со некои доверливи документи кои не ви пречи да бидат видени. Овие информации мора да се доволно чувствителни за да има смисла нивното чување во шифрирана партиција.

    • Бидете свесни дека некој што сака да ги види датотеки, можеби знае нешто повеќе за скриените партиции. Меѓутоа, ако точно го користите TrueCrypt, оваа личност нема да може да докаже дека скриената партиција постои, нешто што ќе му даде повеќе веродостојност на вашето тврдење.

    • Ажурирајте ги датотеките во стандардната партиција еднаш седмично. Со ова ќе постигнете илузија дека навистина ги користите тие датотеки.

    Секогаш кога ќе поставите партиција на TrueCrypt, можете да одберете да ја вклучите функцијата Protect hidden volume against damage caused by writing to outer volume (Заштити ја скриената партиција од штета предизвикана со пишувањето во надворешниот партиција). Ова е навистина важна функција и ви овозможува да додадете нови „датотеки-мамки“ на стандардната партиција без да ризикувате дека случајно ќе ги избришете шифрираните документи од скриената партиција, или дека случајно врз нив ќе преснимите други документи.

    Како што споменавме порано, надминувањето на границата за складирање на стандардната партиција може да ги уништи скриените датотеки. Не овозможувајте ја функцијата Protect hidden volume (Заштити ја скриената партиција) кога ќе морате да ја поставите TrueCrypt партицијата, бидејќи таа бара да ја внесете тајната лозинка на скриената партиција и тоа јасно ќе го открие постоењето на тој партиција. Меѓутоа, кога приватно ќе ги ажурирате лажните датотеки, секогаш треба да ја овозможите оваа опција.

    За да ја користите функцијата Protect hidden volume (Заштити ја скриената партиција), треба да ги следите следниве чекори:

    Чекор 1. Кликнете на (Опции за поставување) на прозорецот Enter Password (Внеси лозинка), прикажан на Слика 10, погоре. Ова ќе го активира прозорецот Mount Options (Опции за поставување), на следниов начин:

    Слика 11: Прозорецот Mount Options (Опции за поставување)

    Чекор 2. Изберете ја опцијата Protect hidden volume against damage caused by writing to outer volume (Заштити ја скриената партиција од штета предизвикана со пишувањето во надворешниот партиција)

    Чекор 3. Внесете ја вашата лозинка за скриената партиција, а потоа кликнете на .

    Чекор 4. Кликнете на (Постави) за да ја поставите стандардната партиција. Откако успешно сте ја поставиле, ќе можете да додадете лажни датотеки без да ја оштетите скриената партиција.

    Чекор 5. Кликнете на (Отстрани) за да ја отстраните стандардната партиција, или таа да биде недостапна за употреба , откако сте завршиле со уредување на нејзината содржина.

    Запомнете: Ова треба да го направите само кога ги ажурирате датотеките во стандардната партиција. Ако сте присилени да ја откриете стандардната партиција пред некој друг, не треба да ја користите функцијата Protect hidden volume (Заштити ја скриената партиција).

    Пренослива верзија на TrueCrypt

    6.1 Разлики меѓу инсталираната и преносливата верзија на TrueCrypt

    Со оглед на тоа дека преносливите алатки не се инсталирани на локалниот компјутер, нивното постоење и употреба може да остане незабележано. Сепак, имајте предвид дека вашиот надворешен уред или УСБ-меморија, како и преносливите алатки се безбедни колку што е компјутерот што ќе го користите, па може да се случи да бидете изложени на рекламен софтвер, злонамерен софтвер, шпионски софтвер и вируси.

    Како и со многу од преносливите софтверски алатки наведени тука, преносливата верзија на TrueCrypt ви овозможува да користите моќна и едноставна алатка за шифрирање, без да бидете забележани. Имањето на пренослива верзија на TrueCrypt на пренослив уред или УСБ-меморија ви овозможува да го користите од различни работни станици.

    Има многу малку разлики помеѓу инсталираната и преносливата верзија на TrueCryp, од кои главната е дека преносливата верзија на TrueCrypt не дозволува шифрирање на целиот диск или системскиот диск.

    За повеќе информации во однос на разликите меѓу TrueCrypt и преносливата верзија на TrueCrypt погледнете на следната страница: http://www.truecrypt.org.

    За повеќе информации во однос на разликите меѓу TrueCrypt и преносливата верзија наTrueCrypt, погледнете на следната страница: http://www.truecrypt.org [94]

    6.2 Преземање, отпакување и употреба на преносливата верзија наTrueCrypt

    Забелешка: Папката во која ќе треба да се отпакува преносливата верзија наTrueCrypt треба да се создаде рачно на преносливата верзија на уред или УСБ-меморија пред процесот на отпакување.

    Чекор 1. Побарајте ја преносната верзија на уред или УСБ-меморија, во кој ќе ја отпакувате програмата преносливата верзија на TrueCrypt, а потоа со десен клик активирајте го соодветното мени.

    Чекор 2. Изберете ја ставката New (Нова) да ја активирате нејзината подпапка, а потоа Изберете ја ставката Folder (Папка) од под менито, како што е прикажано на Слика 1 подолу:

    Слика 1: Папката Windows explorer и папките во неа

    Чекор 3. Внесете го името на папката.

    Забелешка: На оваа папка можете да ѝ дадете помалку очигледно име за да го скриете постоењето на програмата преносливата верзија на TrueCrypt.

    Преносливата верзија на TrueCrypt може да биде отпакувана од истата архива како верзијата која се инсталира. За да ја преземете преносливата верзија на TrueCrypt, изведете ги скоро сличните следни чекори:

    Чекор 1. Отворете ја веб-локацијата www.truecrypt.org/downloads

    Чекор 2. Два пати кликнете на ; ; можно е да се отвори прозорецот Open File - Security Warning (Отвори Датотека - Безбедносно предупредување); доколку се отвори, кликнете на за да го активирате волшебникот за инсталација на TrueCrypt.

    Чекор 5. Изберете ја опцијата Extract (Отпакувај) а да ја отпакувате преносливата верзија на TrueCrypt на пренослив диск или УСБ-меморија, како што е прикажано на Слика 3 подолу:

    Слика 3: Режимот за волшебник – Прозорец за избор на режим

    Чекор 6. Кликнете на за да ги активирате следните два прозорци:

    Кликнете на и соодветно за да го активирате прозорецот Extraction Options (Опции за отпакување) на следниов начин:

    Слика 4: Прозорецот ExtractionOptions (Опции за отпакување)

    Чекор 7. Кликнете на (Пребарувај) за да го активирате прозорецот Browse for Folders (Пребарувај папки) на следниов начин:

    Слика 5: Прозорецот Browse for Folders (Пребарувај папки)

    Чекор 8. Пронајдете ја вашата целна папка на или надворешниот диск или УСБ-меморија, и потоа кликнете на , , за да се вратите до прозорецот за Extraction Options (Опции за отпакување) на следниов начин:

    Слика 6: Прозорецот Extraction Options (Опции за отпакување)ја прикажува целната папка

    Чекор 9. Кликнете на (Отпакувај) за да започнете со отпакување на TrueCrypt ва вашиот надворешен диск или УСБ-меморија; неколку секунди подоцна, ќе се појават следниве прозорци:

    Слика 7: Скок дијалог-прозорец на TrueCrypt за потврда дека отпакувањето е завршено „ExtractionComplete“

    Чекор 10. Кликнете на и потоа кликнете на (Заврши) за да го завршите процесот на инсталација.

    Ако опцијата (отвори ја локацијата кога ќе завршиш) е вклучена (а вообичаено е), ќе се појави прозорецот:

    Слика 8: Пример на отпакувана пренослива верзија на TrueCrypt на пренослив диск

    Чекор 11. Пронајдете го и потоа два пати кликнете на за да ја стартувате преносливата верзија наTrueCrypt.

    Од сега натаму, за понатамошни инструкции за употреба на TrueCrypt погледнете во поглавјето за TrueCrypt во Практичното упатство.

    6.3 Како да ги елиминирате сите траги дека сте ја отпакувале преносливата верзија на TrueCrypt

    Важно: Откако успешно сте ја отпакувале преносливата верзија наTrueCrypt на вашиот надворешен/пренослив диск, мората да ја избришете инсталациската датотека од компјутерот за да ги елиминирате сите траги за тоа дека сте ја презеле и инсталирале преносливата верзија на TrueCrypt.

    Чекор 1. Пронајдете ја папката во која сте ја зачувале преземената пренослива верзија наTrueCrypt, а потоа со десен клик на инсталационата датотека ќе го активирате Windows скок-мени; потоа изберете ја наредбата Delete (Избриши) за да ја префрлите во вашата Recycle Bin (Корпа за отпадоци).

    Чекор 2. Два пати кликнете на да го отворите нејзиниот соодветен прозорец, а потоа изберете и избришете ја датотеката.

    Забелешка: Ако ги имате инсталирано CCleaner или Eraser можете да ги искористите за да ги елиминирате сите траги дека некогаш сте ја презеле и инсталирале преносливата верзија на TrueCrypt.

    Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    7.0 Најчести прашања и општа проверка на знаењето

    П: Дали ќе морам цело време да внесувам лозинки во TrueCrypt?

    О: Не, само еднаш треба да ја внесете лозинката, кога ќе ја отворате стандардната партиција. Откако ќе го направите тоа, можете да ја отворите која било датотека во неа, без да морате да ја внесувате лозинката постојано.

    П: Дали можам лесно да го деинсталирам TrueCrypt ако повеќе не сакам да го користам? И ако го направам тоа, дали моите датотеки ќе останат шифрирани?

    О: Да, TrueCrypt може лесно да се отстрани со избирање на Start > All Programs (Програми) > Truecrypt > Uninstall Truecrypt.

    Не заборавајте да ги преместите сите ваши датотеки од партицијата, пред да ја отстраните програмата, во спротивно, НЕМА да можете да пристапите до нив повторно. Ако ја префрлите партицијата на друг компјутер, сè уште ќе ви треба вашата лозинка и програмата TrueCrypt за да пристапите до неа.

    П: Дали со различните верзии на Windows ќе се појават различни прозорци при стартување и користење на TrueCrypt?

    О: Нивниот изглед ќе биде малку различен, но содржината ќе остане иста.

    П: Какви видови информации треба да се шифрираат?

    О: Во најдобар случај, би требало да ги шифрирате сите ваши документи, слики и кои било други датотеки кои содржат приватни и чувствителни информации. Ако го изгубите компјутерот, или ви го земат, информациите во вашата TrueCrypt партиција ќе останат безбедни.

    П: Колку безбедни ќе бидат нашите датотеки?

    О: TrueCrypt бил тестиран и ревидиран независно од експерти за безбедност, за да се провери како работи и дали ги извршува функциите кои се вели дека ги има. Вкупните резултати покажуваат дека TrueCrypt нуди навистина високо ниво на заштита. Избирање на силна лозинка е од суштинско значење за безбедноста на вашиот партиција.

    Функцијата на TrueCrypt за скриен диск, нуди уникатно ниво на безбедност за информациите кои се зачувани на компјутерот. Корисникот треба да има одлично разбирање на програмата и нејзините основни функции, како и стручна проценка на сопствената безбедносна ситуација, и кога може да ја користи функцијата на скриен диск.

    П: Потсети ме повторно, како да ја поставам мојата стандардна партиција, а не скриената?

    О: Сè зависи од тоа која лозинка ја внесувате во полето за лозинка. Ако ја внесувате лозинката за стандардна партиција, тогаш TrueCrypt ќе ја постави таа стандардна партиција. Ако ја внесете лозинката за скриената партиција, тогаш TrueCrypt ќе ја постави таа скриена партиција. Ако некој бара да ја отворите вашата TrueCrypt партиција за да видат какви информации имате таму, ќе ја отворите стандардната партиција. Ова би требало да биде доволно за да се спасите и да не бидете во неволја.

    П: Is it possible to inadvertently damage or delete the hidden volume?

    О: Да. Ако продолжите да додавате датотеки кон стандардната партиција во TrueCrypt, сè додека не се потроши празниот простор (кој е потребен за да постои скриената партиција), тогаш вашата скриена партиција автоматски ќе биде презапишана. Постои опција во менито на TrueCrypt која може да ја заштити скриената партиција од презапишување, но со вклучувањето на оваа опција може да се потенцира постоењето на таа скриена партиција за некој натрапник, кога таа партиција е отворен.

    П: Дали можам да ја сменам големината на скриената партиција откако ќе ја создадам?

    О: Не. Ќе морате да создадете друга скриена партиција и самите да ги преместите датотеките на неа.

    П: Дали може да користам алатки како chkdsk, Disk Defragmenter, и слични на нив, врз датотеките кои се содржат во прикачената партиција на TrueCrypt?

    О: Партициите на TrueCrypt се однесуваат како вистински физички дискови, и затоа е возможно на нивната содржина да се користи која било алатка за проверка на системот/поправање/дефрагментирање.

    П: Дали е возможно да се смени лозинката за скриена партиција?

    О: Да. Функцијата за промена на лозинката се однесува и на стандардните и на скриените партиции. Само внесете ја лозинката за скриената партиција во полето 'Current Password'(Тековна лозинка) на прозорецот 'Volume Password Change (Смени ја лозинката на партицијата)'.

    П: Кога треба да ја користам функцијата на скриен диск?

    О: Користете ја функцијата скриен диск на TrueCrypt кога имате потреба да го скриете постоењето на одредени информации на компјутерот. Запомнете дека ова е поинаку од употребата на стандардната партиција, каде што го заштитувате пристапот до информации.

    За детални прашања и одговори и дополнителни информации за TrueCrypt погледнете во делот детални прашања и одговори за TrueCrypt.

    7.1 Проверка на знаењето за стандардна партиција

    • Што е шифрирање ?
    • Што е стандардна партиција?
    • Како можете да создадете стандардна партицијана УСБ-меморија ?
    • Кои се различните начини да се отстрани стандардната партиција?
    • Како можете да одберете и да одржувате добра лозинка за стандардната партиција?
    • Кои се можностите за создавање резервна копија на стандардната партиција?
    • Какви методи постојат за да се скрие постоењето на стандардната партиција на компјутерот?

    7.2 Проверка на знаењето за скриена партиција

    • Која е главната разлика меѓу стандардна партиција и скриена партиција ?
    • Каков вид датотеки треба да чувате во стандардната партиција, ако имате и скриена партиција?
    • Каде се наоѓа скриената партиција?
    • Која е идеалната големина за еден скриена партиција ?
    • Кои се предностите и недостатоците ако ја заштитите скриената партиција од случајно бришење?